26 јули Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/26-juli/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jul 2023 07:05:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 26 јули Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/26-juli/ 32 32 „26 Јули, 1963“ – изложба на фотографии, видео проекција и други меморабилии за Скопје во КСП Центар- Јадро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/26-juli-1963-izlozhba-na-fotografii-video-proektsija-i-drugi-memorabilii-za-skopje-vo-ksp-tsentar-jadro/ Wed, 26 Jul 2023 07:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=665353

5 часот и 17 минути, 26 јули 1963 година  се време и датум кои се врежани како голема лузна на ткивото на нашиот град. Под урнатините на старото Скопје загинале 1.070 жители, а биле повредени над 4.000. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава.  

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. По неколку дена почнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет. Дури 87 држави во светот испратиле некаква помош во Скопје и помогнале тој да се изгради повторно, поради што градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

По земјотресот градот почнал да се гради според модерните проекти на јапонецот Кензо Танге и на Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е „Музеј на Град Скопје“ и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Во КСП Центар-Јадро, овој месец во кој се навршуваат 60 години од катастрофалниот скопски земјотрес го одбележуваме со два настани: „26 Јули, 1963“ - изложба на фотографии, видео проекција и други меморабилии за Скопје во организација на Општина Центар и „Сведоштва за земјотресот“ од Нестор Несторовски во организација на неговата ќерка Солунка Зоксимовска.

„26 Јули, 1963“ - изложба на фотографии, видео проекција и други меморабилии за Скопје

26.07.2023

Отворање на изложбата: 10ч.

За да го одбележи овој јубилеј, Општина Центар во соработка со КСП Центар-Јадро   ја организира изложбата „26 Јули, 1963“ .

Изложбата е концепирана како мултимедијален настан на кој посетителите  ќе можат да погледнат документарен филм за Скопје,  макети од централното градско подрачје, албуми со приватни фотографии како и историски фотографии од неколку периоди од развојот на Скопје со акцент на територијата на Општина Центар, предземјотресениот период, катаклизмичниот постземјотресен  период како  и обновениот Центар.

Изложбата ќе ја отвори градоначалникот на Општина Центар , Горан Герасимовски.

„Сведоштва за земјотресот“  читање и  проекција на документарен филм

Настан во организација на Солунка Зоксимовска

27.07.2023 во 20ч

Невидената трагедија што му се случи на Скопје во земјотресот од 26 јули 1963 сѐ уште се раскажува низ многубројни драматични приказни, кои некои запишувачи ги нарекуваат и скопски вистинити легенди.

На овој настан, Солунка Зоксимовска ќе ги претстави записите на нејзиниот татко, Нестор Несторовски, единствен преживеан од зградата  на  бул. ЈНА  во која што тој живеел. Меѓу загинатите се и неговата сопруга и двете деца на возраст од 13 и 14 години, Солуна и Мишко.

Сведоштвата започнуваат со настаните што се случиле два дена пред земјотресот а завршуваат со извлекувањето на Нестор од урнатините на зградата. По претставувањето на записите ќе следува проекција на документарен филм во продукција на Македонската радио телевизија кој се базира на  потресната приказна и сведоштвата на Несторовски.

The post „26 Јули, 1963“ – изложба на фотографии, видео проекција и други меморабилии за Скопје во КСП Центар- Јадро appeared first on Република.

]]>

Пенов: 26 јули – симбол на човечката истрајност и солидарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/penov-26-juli-simbol-na-chovechkata-istrajnost-i-solidarnost/ Tue, 25 Jul 2023 13:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=665164

Денеска сочувствуваме, но и се гордееме со подвизите на луѓето кои што во тие тешки денови и во годините потоа покажаа дека  човечноста и разумот се најголемата, непобедлива сила. Дека има времиња во кои што императив е опстанокот и напредокот, и тогаш, секое беспоштедно себе давање не е жртва, напротив, тогаш се раѓаат хероите на своето време и секој повод поврзан со одбележувањето на најтрагичниот настан во поновата историја на Скопје буди измешани емоции, на голема болка, но и на восхит и гордост, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов по повод одбележувањето на 60 годишнината од Скопскиот земјотрес на форумот во организација на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

-Современиците на Скопје од тоа време ни оставија во наследство град кој што има потенцијал да се развива во модерен, функционален, урбан центар, град кој што можеше да биде пример во светот. И е пример за тоа како треба, како не треба и како мора да продолжиме. Одговорноста за нашите животи, за просторот и за условите во кои што живееме, за отпорноста на новите предизвици кои што ќе бидат се поизразени заради брзиот развој, растењето на градовите и климатските промени е само наша. Денеска сочувствуваме, но, благодарение на многуте имени и безимени херои од тоа време, имаме на што и да бидеме горди. Ни оставија наследство кое што не може ниту да се купи ниту да се продаде, зашто е бесценето, наша обврска е да го почитуваме и да го негуваме, истакна министерот.

Пенов додаде дека основањето на ИЗИС, со поддршка на УНЕСКО  во 1965 година, беше гаранција дека Скопје ќе се гради на нови, сигурни темели, со почитување на највисоките светски стандарди.

-Во име на таа победа, вредни се да се споменат првите луѓе на градот кои што во тие времиња на најголеми предизвици, покажаа вонредна посветеност и визионерство. Тогашниот претседател на Собранието на Скопје, Благој Попов, кој што ги организираше спасувањето и обновата на Скопје и градоначалникот во следниот мандат, Драгољуб Ставрев кој што имаше визија и кој што даде огромен придонес во изградбата на модерно Скопје, со поддршка на целата меѓународна заедница, рече Пенов.

Министерот за локална самоуправа се заблагодари на постојаниот претставник на УНДП за поддршката во организацијата на големиот број на настани со меѓународно учество по повод одбележувањето на 60 годишнината од скопскиот земјотрес, притоа истакнувајќи ја светската солидарност.

-Генералното Собрание на ОН едногласно ја усвои Резолуцијата за давање помош за реконструкција на тогаш, скоро целосно разурнатото Скопје. Многу сеизмолози, хидролози, урбанисти и архитекти од целиот свет учествуваа во обновата на Скопје. Тоа не се заборава, а тука се да не потсетат улиците-Хелсиншка, Каирска, Осло, основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци, Универзалната сала, Тафталиџе и уште многу други материјални и нематеријални сведоци на денот што не рани, ама не направи и многу посилни, подобри, отворени кон светот и отворени за светот, заклучи министерот за локална самоуправа.

The post Пенов: 26 јули – симбол на човечката истрајност и солидарност appeared first on Република.

]]>

Денеска сочувствуваме, но и се гордееме со подвизите на луѓето кои што во тие тешки денови и во годините потоа покажаа дека  човечноста и разумот се најголемата, непобедлива сила. Дека има времиња во кои што императив е опстанокот и напредокот, и тогаш, секое беспоштедно себе давање не е жртва, напротив, тогаш се раѓаат хероите на своето време и секој повод поврзан со одбележувањето на најтрагичниот настан во поновата историја на Скопје буди измешани емоции, на голема болка, но и на восхит и гордост, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов по повод одбележувањето на 60 годишнината од Скопскиот земјотрес на форумот во организација на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. -Современиците на Скопје од тоа време ни оставија во наследство град кој што има потенцијал да се развива во модерен, функционален, урбан центар, град кој што можеше да биде пример во светот. И е пример за тоа како треба, како не треба и како мора да продолжиме. Одговорноста за нашите животи, за просторот и за условите во кои што живееме, за отпорноста на новите предизвици кои што ќе бидат се поизразени заради брзиот развој, растењето на градовите и климатските промени е само наша. Денеска сочувствуваме, но, благодарение на многуте имени и безимени херои од тоа време, имаме на што и да бидеме горди. Ни оставија наследство кое што не може ниту да се купи ниту да се продаде, зашто е бесценето, наша обврска е да го почитуваме и да го негуваме, истакна министерот. Пенов додаде дека основањето на ИЗИС, со поддршка на УНЕСКО  во 1965 година, беше гаранција дека Скопје ќе се гради на нови, сигурни темели, со почитување на највисоките светски стандарди. -Во име на таа победа, вредни се да се споменат првите луѓе на градот кои што во тие времиња на најголеми предизвици, покажаа вонредна посветеност и визионерство. Тогашниот претседател на Собранието на Скопје, Благој Попов, кој што ги организираше спасувањето и обновата на Скопје и градоначалникот во следниот мандат, Драгољуб Ставрев кој што имаше визија и кој што даде огромен придонес во изградбата на модерно Скопје, со поддршка на целата меѓународна заедница, рече Пенов. Министерот за локална самоуправа се заблагодари на постојаниот претставник на УНДП за поддршката во организацијата на големиот број на настани со меѓународно учество по повод одбележувањето на 60 годишнината од скопскиот земјотрес, притоа истакнувајќи ја светската солидарност. -Генералното Собрание на ОН едногласно ја усвои Резолуцијата за давање помош за реконструкција на тогаш, скоро целосно разурнатото Скопје. Многу сеизмолози, хидролози, урбанисти и архитекти од целиот свет учествуваа во обновата на Скопје. Тоа не се заборава, а тука се да не потсетат улиците-Хелсиншка, Каирска, Осло, основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци, Универзалната сала, Тафталиџе и уште многу други материјални и нематеријални сведоци на денот што не рани, ама не направи и многу посилни, подобри, отворени кон светот и отворени за светот, заклучи министерот за локална самоуправа.

The post Пенов: 26 јули – симбол на човечката истрајност и солидарност appeared first on Република.

]]>