250 изведба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/250-izvedba/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jan 2022 07:42:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 250 изведба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/250-izvedba/ 32 32 Јубилејна 250. изведба на „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jubilejna-250-izvedba-na-crvenkapa-na-teatarot-za-deca-i-mladinci/ Thu, 20 Jan 2022 07:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=446904

Театарот за деца и младинци – Скопје денеска ќе одбележи уште еден значаен јубилеј. Станува збор за 250. изведба на култната претстава „Црвенкапа“.

Од Театарот информираат дека претставата „Црвенкапа“ премиерно била изведена на 7 декември 2001 година.

Автор на драматизацијата е Александар Поповиќ, кој создаде уникатна верзија на познатата бајка од Шарл Перо, а режијата е на Димитар Христов. Цели 20-тина години, претставата „Црвенкапа“ едуцира, забавува и поучува илјадници дечиња и денес таа продолжува да ги радува детските срца и да ја пренесува пораката за победата на доброто, чесноста, искреноста и пожртвуваноста. Од почетоците до денес, актерката Ана Левајковиќ – Бошков, се појавува како единствената Црвенкапа која неуморно и со посебен актерски сензибилитет ја толкува истоимената улога. Заедно со неа, од почетоците до денес публиката има можност да ги гледа брилијантните улоги на Владимир Лазовски, кој го толкува забавниот Волк и Драган Довлев, во улогата на Ловецот. Во останатите улоги, низ 20-тите години се појавија повеќемина актери, посочуваат од Театарот.

На претставата работеа и Иван Ивановски, кој го направи преводот на текстот од српски јазик, заедно со посебните сонгови што се користат. Сценографијата е на Живоин Трајановиќ, а костимите ги работеше Лира Грабул. Автор на музиката е Љупчо Мирковски, а кореограф е Сања Шутевска. Низ годините како инспициент на претставата беше Ѓурко Стојановски, а сега е Ѓуро Дракулоски.

The post Јубилејна 250. изведба на „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Театарот за деца и младинци – Скопје денеска ќе одбележи уште еден значаен јубилеј. Станува збор за 250. изведба на култната претстава „Црвенкапа“. Од Театарот информираат дека претставата „Црвенкапа“ премиерно била изведена на 7 декември 2001 година.