25 мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/25-maj/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 07:56:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 25 мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/25-maj/ 32 32 Концерт на Културно уметнички работници во МКЦ на 25 мај https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-kulturno-umetnichki-rabotnitsi-vo-mkts-na-25-maj/ Wed, 22 May 2024 07:56:29 +0000 https://republika.mk/?p=780687

Оваа сабота, на 25 мај 2024 година, во Младинскиот Културен Центар ќе се одржи концерт по повод 25 годишнината од активната работа на рок групата Културно Уметнички Работници. Јубилејот ќе биде одбележан и со публикување на новата плоча со наслов „25 МАЈ“, која што всушност претставува концертен албум со „бест оф“ материјал на бендот, снимен во живо на 25.05.2021 година во Киното Фросина во МКЦ.

Тон-снимател на албумот е Ненад Трифуновски Трипе, миксот и мастерингот се на Дени Крстев од студиото „1060“, а издавачи се „Корпус Деликти Рекордс“ и „Кичма Рекордс“.

Kонцертот се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Во својата 25 годишна кариера, „Работниците“ имаат објавено 6 студиски албуми, 1 анплагд албум, а концертниот албум „25 МАЈ“ ќе биде нивно првио издание објавено и на плоча. Покрај тоа сите изданија на бендот се дигитално објавени и може да се превземат од платформата Бендкамп, а може да се преслушуваат и на сите останати стриминг платформи. На концертот „Работниците“ ќе се претстават со двочасовен сет и репертоар од сите нивни изданија.

Групата „Културно уметнички работници“ постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во Кафе барот „Браво“ помеѓу членовите на групите „Тотално Опуштање“, „No Name Nation“, „Бомбашки Процес“, „Жолтица на Бродот Баунти“ и „Рок Агресори“. Имено членовите на овие групи решија заеднички, со здружени сили да допринесат за промовирање и ширење на рок културата во Македонија. Од 1999 година, кога е формирана, па се до сега, групата „Културно уметнички работници“ има одржано голем број на самостојни концерти и има свирено на сите позначајни фестивали во Македонија и регионот, како што се: Alarma Punk Jazz Festival 2023, Sofia; Taksirat 2018; D-Festival Dojran 2018; Dok’N’Ritam 2017, Belgrad; D-Festival 2015, Dojran; Vola Open Air 2013, Vratza; Pivo Lend, Skopje, 2008, 2014, 2015, 2023; Alarma Punk Jazz Festival 2009, Sofia; Exit Festival 2008, Novi Sad; Gitarijada 2005, Zajecar; Fusion Festival 2003, Prespa; Alarm festival 2002, Ohrid; Rock Fest 2000, Skopje; Taksirat 1999, Skopje. „Работниците“ до сега сцената ја делеле со бендови како: Kud Idijoti, Let 3, Elektricni Orgazam, Rambo Amadeus, Zabranjeno Pusenje, Riblja Corba, Darko Rundek...

The post Концерт на Културно уметнички работници во МКЦ на 25 мај appeared first on Република.

]]>

Оваа сабота, на 25 мај 2024 година, во Младинскиот Културен Центар ќе се одржи концерт по повод 25 годишнината од активната работа на рок групата Културно Уметнички Работници. Јубилејот ќе биде одбележан и со публикување на новата плоча со наслов „25 МАЈ“, која што всушност претставува концертен албум со „бест оф“ материјал на бендот, снимен во живо на 25.05.2021 година во Киното Фросина во МКЦ. Тон-снимател на албумот е Ненад Трифуновски Трипе, миксот и мастерингот се на Дени Крстев од студиото „1060“, а издавачи се „Корпус Деликти Рекордс“ и „Кичма Рекордс“. Kонцертот се реализира со поддршка на Министерството за култура. Во својата 25 годишна кариера, „Работниците“ имаат објавено 6 студиски албуми, 1 анплагд албум, а концертниот албум „25 МАЈ“ ќе биде нивно првио издание објавено и на плоча. Покрај тоа сите изданија на бендот се дигитално објавени и може да се превземат од платформата Бендкамп, а може да се преслушуваат и на сите останати стриминг платформи. На концертот „Работниците“ ќе се претстават со двочасовен сет и репертоар од сите нивни изданија. Групата „Културно уметнички работници“ постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во Кафе барот „Браво“ помеѓу членовите на групите „Тотално Опуштање“, „No Name Nation“, „Бомбашки Процес“, „Жолтица на Бродот Баунти“ и „Рок Агресори“. Имено членовите на овие групи решија заеднички, со здружени сили да допринесат за промовирање и ширење на рок културата во Македонија. Од 1999 година, кога е формирана, па се до сега, групата „Културно уметнички работници“ има одржано голем број на самостојни концерти и има свирено на сите позначајни фестивали во Македонија и регионот, како што се: Alarma Punk Jazz Festival 2023, Sofia; Taksirat 2018; D-Festival Dojran 2018; Dok’N’Ritam 2017, Belgrad; D-Festival 2015, Dojran; Vola Open Air 2013, Vratza; Pivo Lend, Skopje, 2008, 2014, 2015, 2023; Alarma Punk Jazz Festival 2009, Sofia; Exit Festival 2008, Novi Sad; Gitarijada 2005, Zajecar; Fusion Festival 2003, Prespa; Alarm festival 2002, Ohrid; Rock Fest 2000, Skopje; Taksirat 1999, Skopje. „Работниците“ до сега сцената ја делеле со бендови како: Kud Idijoti, Let 3, Elektricni Orgazam, Rambo Amadeus, Zabranjeno Pusenje, Riblja Corba, Darko Rundek...

The post Концерт на Културно уметнички работници во МКЦ на 25 мај appeared first on Република.

]]>
„Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ostaveni-se-samite-na-sebe-se-dvizhat-kade-sakaat-i-pravat-shto-sakaat-delikventi-od-dom-za-detsa-go-napadnale-sinot-na-petse-superhiks/ Tue, 28 Mar 2023 11:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=624615

Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи, пишува Петар Младеновски од „Суперхикс“, кој преку „Фејсбук“ објави дека во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, неговиот малолетен син бил нападнат додека играл сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.

Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседстото знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм...)
Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, 2-ца од интервентна и подоцна 3-ца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме, раскажува Младеновски.

Вели -  тука следува изненадувањето!

Од полицајците добивмо инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени.
Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо.
Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив, пишува Младеновски, кој објави и фотографии од напаѓачите.

Тој додава дека ја исконтактирал и директорката на Домот, а добил повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.

Верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски.
Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова.
Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто.
Драги соседи бидете внимателни и чувајте ги вашите деца и себе!, пишува Младеновски.

 

The post „Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс appeared first on Република.

]]>

Два дена се мислам дали да реагирам ама очигледно ова не смее да се премолчи, пишува Петар Младеновски од „Суперхикс“, кој преку „Фејсбук“ објави дека во неделата вечерта, некаде околу 21 часот, неговиот малолетен син бил нападнат додека играл сам кошарка на кошот во Парк Капиштец од страна на 4 малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.
Прописно е исшамаран и исклоцан без никаква причина (оние кои не знаат од соседстото знаат многу добро колку мирно и повлечено дете е мојот син) а се обиделе и да му го украдат баскетот. Добивме повик од него дека е нападнат и веднаш се упатив кон местото на случката но таму јас не успеав да ги затекнам. Трчајќи во правец на катната гаража кај Беверли Хилс истите беа препознаени од син ми и успеав некако да фатам и задржам еден од нив по што мирно и спокојно дојдоа и останатите по што повикавме полиција. Немаа никаков проблем да останат и да не избегаат(хм...) Морам да признаам дека полицијата (станица Беко, 2-ца од интервентна и подоцна 3-ца во униформа) бргу реагираа и се појавија на местото каде бевме, раскажува Младеновски.
Вели -  тука следува изненадувањето!
Од полицајците добивмо инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти и сторители на десетици дела..но, дека истите се штитеници од Домот за деца ( од она што подоцна го дознав, деца со девијантно и проблематично однесување) за кој искрен да бидам прв пат слушам иако живеам на неполни 700м од куќата, “25 Мај“ кој се наоѓа на улицата Елисие Поповски во близина на Водњанска и дека истите никако не можат кривично да одговараат за сторените дела ниту да бидат некако приведени. Имено, истите се дел од некаков, ајде да го наречам “дом-куќа-семејство“ и живеат 6-мина во објектот (од вработените дознавам дека се сите проблематични и дела се вршат катадневно на територијата на Општина Центар и пошироко) и се по мој впечаток буквално ОСТАВЕНИ САМИ НА СЕБЕ и се движат каде сакаат и прават што сакаат. Исто така дознавам дека имаат и официјално назначени старатели ама истите се во Штип, Битола итн итн..и не знам на кој начин и по што се овие лица старатели на овие деца. Едноставно ништо не разбирам и ова е несфатливо. Мојот син има последици од настанот и трауми кои ќе ги влече подолго време. Но ние ќе продолжиме со пријава на делото во полиција и со прибирање на сите извештаи од лекари, психијатри итн (иако е веќе дадена и изјавата ама реакција нема никаква за жал, барем за сега..) и со преземање на сите можни дејствија за расчистување на случајот и некаква реакција овие малолетнички банди кои очигледно оперираат подолго време низ Центар да се стават под некаква контрола бидејќи ова ќе им се случува и на останатите од соседтсвото и нема тука да запре. Едноствано овие деца ама НИКОЈ НЕ ГИ КОНТРОЛИРА. Не знам каков живот ги чека искрено, ама ова не е во ред и е тажно и за нив, пишува Младеновски, кој објави и фотографии од напаѓачите.
Тој додава дека ја исконтактирал и директорката на Домот, а добил повик и од кабинетот на министерката Јована Тренчевска.
Верувам и лично ќе се заинтересира за случајов и оваа не баш пријатна состојба и самата ќе се запознае со случајот и реагира. Би сакал со случајот да бидат запознаени (бидејќи ова веќе станува опасно, Капиштец станува Бронкс а важеше за една од најмирните населби некогаш) Општина Центар и Горан Герасимовски. Очекуваме помош и од полицијата и од сите кои се надлежни да постапат по ова. Не се чувствуваме безбедни во сопствената населба и Паркот Капиштец. Ова не е прв инцидент. Се намножија низ годините. Реакцијата е млака или ја нема воопшто. Драги соседи бидете внимателни и чувајте ги вашите деца и себе!, пишува Младеновски.
 

The post „Оставени се самите на себе, се движат каде сакаат и прават што сакаат“: Деликвенти од Дом за деца го нападнале синот на Пеце Суперхикс appeared first on Република.

]]>