24 Мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/24-maj/ За подобро да се разбереме Sun, 19 May 2024 11:15:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 24 Мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/24-maj/ 32 32 Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvata-ofitsijalna-poseta-na-silanovska-davkova-vo-stranstvo-ke-bide-vatikan-i-rim/ Sun, 19 May 2024 09:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=779749

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја реализира во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј.

На 23 мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциско, а потоа и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Засега нема потврда, но се прави обид за средба со бугарскиот претседател Румен Раде кој со своја делегација ќе биде на чествувањето во Рим. Ваква пракса се воспостави откако двете држави го потпишаа договорот за добрососедство.

Во делегацијата на Сиљановска Давкова ќе бидат и четворица претставници од Министерството за култура, предводени од заменик министерот Онур Али. Делегацијата ќе ја сочинуваат и членови на Кабинетот на претседателката, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, а делегацијата на МПЦ-ОА ќе ја предводи митрополит Тимотеј. Носителка на културната програма ќе биде националната установа Камерен оркестар, но во намален состав.

The post Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета во странство ќе ја реализира во Ватикан и во Рим, каде што ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј.
На 23 мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциско, а потоа и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.
Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Засега нема потврда, но се прави обид за средба со бугарскиот претседател Румен Раде кој со своја делегација ќе биде на чествувањето во Рим. Ваква пракса се воспостави откако двете држави го потпишаа договорот за добрососедство. Во делегацијата на Сиљановска Давкова ќе бидат и четворица претставници од Министерството за култура, предводени од заменик министерот Онур Али. Делегацијата ќе ја сочинуваат и членови на Кабинетот на претседателката, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, а делегацијата на МПЦ-ОА ќе ја предводи митрополит Тимотеј. Носителка на културната програма ќе биде националната установа Камерен оркестар, но во намален состав.

The post Првата официјална посета на Сиљановска Давкова во странство ќе биде Ватикан и Рим appeared first on Република.

]]>
Петков: 24 мај е најсветлиот празник што нè прави горди што сме Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-24-maj-e-najsvetliot-praznik-shto-ne-pravi-gordi-shto-sme-bugari/ Tue, 24 May 2022 10:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=506363

Бугарскиот премиер Кирил Петков им го честита Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука, образованието и културата и словенската литература, пренесуваат медиумите на таа земја.

Светите браќа Кирил и Методиј и го оставија во аманет на Бугарија најголемиот и највредниот дар – пишувањето „А“ и „Б“ кои денес ги користат над 200 милиони луѓе, азбука преку која ја оставаме најсветлата трага во светската историја.

24 мај е најсветлиот празник што нè прави горди што сме Бугари!“, нагласи премиерот.

The post Петков: 24 мај е најсветлиот празник што нè прави горди што сме Бугари appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков им го честита Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука, образованието и културата и словенската литература, пренесуваат медиумите на таа земја. Светите браќа Кирил и Методиј и го оставија во аманет на Бугарија најголемиот и највредниот дар – пишувањето „А“ и „Б“ кои денес ги користат над 200 милиони луѓе, азбука преку која ја оставаме најсветлата трага во светската историја. 24 мај е најсветлиот празник што нè прави горди што сме Бугари!“, нагласи премиерот.  

The post Петков: 24 мај е најсветлиот празник што нè прави горди што сме Бугари appeared first on Република.

]]>
Честитка од Џафери по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-dzaferi-po-povod-24-maj-denot-na-sveti-kiril-i-metodij/ Tue, 24 May 2022 08:52:42 +0000 https://republika.mk/?p=506318

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери упати честитка по повод денешниот празник – 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, искажувајќи верба дека дека и патот на нашата земја ќе биде светол како што е и нивното дело.

Оддавањето достојна почит кон нивниот лик и дело како основоположници на словенската книжевност и писменост е должност и задоволство за секој што ја знае важноста и неопходноста од описменувањето на секој поединец и заедница. Тоа е влог во градењето на здраво општество, напредна држава и сигурна иднина за идните поколенија. Во ова време кога секојдневно се соочуваме со предизвици кои влијаат врз редовноста и квалитетот на образовниот процес, треба да ја имаме пред себе големата слика и јасната визија за тоа каде сакаме и како сакаме да стигнеме до крајната цел, односно со посветен труд и безрезервен ангажман на сите кои се дел од образовниот процес, учениците, просветните работници, образовните институции и се разбира, законодавците. Да создадеме поволни услови и мотивација за секој да го даде најдоброто од себе за најдоброто од сите нас, за иднината на нашата младина и напредокот на Македонија, пишува Џафери во честитката.

The post Честитка од Џафери по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј appeared first on Република.

Мицкоски: Сесловенските просветители Кирил и Методиј со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-seslovenskite-prosvetiteli-kiril-i-metodij-so-svoeto-delo-se-vtemelija-vo-velikanite-na-evropskata-i-svetskata-civilizacija/ Tue, 24 May 2022 08:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=506313

Денес Македонија го чествува празникот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, кои со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација. До ден денес Македонците и светот им се благодарни на нашите просветители, чествувајќи го нивното дело, напиша во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

Нивната света мисија за просветувањето и продуховување на словенските народи, како што посочи, е само показател за силниот човечки дух и исконскиот порив да се зачува јазичната, културната и идентитетската посебност.

Во денешно време кога Македонија се соочува со негирање на македонскиот идентитет, култура и историја, потребна ни е сплотеност и обединување на македонските граѓани со цел да ги победиме лошите политики, да ги направиме промените во Македонија и да обезбедиме подобра иднина. Не смееме да дозволиме тргување со нашиот идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство што е заложбина и аманет на нашите предци. Светлиот пример на нашите просветители истовремено е и аманет да продолжиме на патот за обезбедување подобро образование и научна работа, напиша Мицкоски во честитката.

The post Мицкоски: Сесловенските просветители Кирил и Методиј со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација appeared first on Република.

]]>

Денес Македонија го чествува празникот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, кои со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација. До ден денес Македонците и светот им се благодарни на нашите просветители, чествувајќи го нивното дело, напиша во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Нивната света мисија за просветувањето и продуховување на словенските народи, како што посочи, е само показател за силниот човечки дух и исконскиот порив да се зачува јазичната, културната и идентитетската посебност.
Во денешно време кога Македонија се соочува со негирање на македонскиот идентитет, култура и историја, потребна ни е сплотеност и обединување на македонските граѓани со цел да ги победиме лошите политики, да ги направиме промените во Македонија и да обезбедиме подобра иднина. Не смееме да дозволиме тргување со нашиот идентитет, и наша обврска е да се избориме за почитување на нашето наследство што е заложбина и аманет на нашите предци. Светлиот пример на нашите просветители истовремено е и аманет да продолжиме на патот за обезбедување подобро образование и научна работа, напиша Мицкоски во честитката.
 
The post Мицкоски: Сесловенските просветители Кирил и Методиј со своето дело се втемелија во великаните на европската и светската цивилизација appeared first on Република.

]]>
Радев: На 24 мај сите сме Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-na-24-maj-site-sme-bugari/ Tue, 24 May 2022 08:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=506307

На 24 мај сите сме Бугари. Вака ја започнал честитката претседателот Румен Радев до бугарскиот народ по повод 24 мај – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и, – според него – на бугарската азбука, просветата и културата и словенската литература, пренесоа медиуми.

Денес има седум милиони Бугари во Бугарија. Милиони други се надвор од татковината. Но, секогаш постои невидлива татковина што секој ја носи со себе каде и да оди. Тоа е бугарскиот јазик. Од раѓање сме предодредени да размислуваме и чувствуваме на богат, звучен, нијансиран и изразен мајчин јазик. Јазикот нè инспирира, јазикот нè утешува Јазикот е нашиот дом и надеж во тешките и осамени моменти, особено далеку од татковината, вели Радев.

Тој порача дека „бугарскиот јазик ќе ги надживее интригите на неговите негатори и неговите блудните роднини кои не го препознаваат своето потекло или сродство со нашиот говор“.

The post Радев: На 24 мај сите сме Бугари appeared first on Република.

Ден на сесловенските просветители: Солунските браќа Кирил и Методиј го описменија целиот словенски свет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/den-na-seslovenskite-prosvetiteli-solunskite-brakja-kiril-i-metodij-go-opismenija-celiot-slovenski-svet/ Tue, 24 May 2022 06:34:28 +0000 https://republika.mk/?p=506281

Денеска се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник.

Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија.

За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј.

Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.

Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид.

Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

The post Ден на сесловенските просветители: Солунските браќа Кирил и Методиј го описменија целиот словенски свет appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. На почетокот Црквата одделно го празнувала споменот на двајцата браќа, на деновите на нивното упокојување Св. Кирил на 27/14 февруари и на Св. Методиј на 19/6 април, но подоцна се увидела потреба за нивен заеднички празник. Родени се во Солун, во семејство на висок византиски службеник. Татко им Лев бил помошник на командантот на Солунската област, а мајка им Марија потекнувала од угледна фамилија. За двајцата браќа најважна е Моравската мисија, којашто е важна и за иднината на сите Словени. Иницијатива за оваа мисија дал моравскиот кнез Ростислав кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземал мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Замолил да му испратат луѓе кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј. Тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината. Кирил починал во Рим на 27/14 февруари 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал на 19/6 април 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград. По смртта на Методиј неговите ученици останале без заштита. На Горазд му се губи трагата, некои од учениците биле продадени како робови, други протерани на југ. Светите Климент и Наум делото на своите учители го продолжиле на брегот на Охридското Езеро во древниот град Охрид. Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.  

The post Ден на сесловенските просветители: Солунските браќа Кирил и Методиј го описменија целиот словенски свет appeared first on Република.

]]>
Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на св. Кирил и Методиј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-vatikan-i-rim-vo-chest-na-sv-kiril-i-metodij/ Mon, 23 May 2022 06:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=505679

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на посетата на Рим и Ватикан, по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, ќе има тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск.

На аудиенцијата кај папата Франциск, заедно со Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевска, како и членовите на делегацијата министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Во делегацијата се и Мартин Попов, шеф на Кабинет на претседателот на Владата, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол на премиерот, Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници, Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Пимен Илиевски, митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски, митрополит на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов, декан на струмичка епархија на Католичката црква, соопшти владината прес-служба.

Како што е најавено, Ковачевски заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе имаат средба и со државниот секретар на Светата Столица Пјетро Паролин и со секретарот за односи со државите Пол Ричард Галагер.

Програмата за 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска делегацијата на Република Македонија ќе ја заокружи со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика Санта Марија Маџоре и со пригодна културно-уметничка програма во која ќе учествуваат и наши истакнати уметници што живеат и работат во Италија.

Како дел од работната посета, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со премиерот на Бугарија Кирил Петков.

Утре, официјалниот дел од програмата започнува со оддавање почит пред гробот на св. Кирил во базиликата Сан Клементе, каде што митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил на кој ќе присуствува целата делегација на Република Македонија предводена од премиерот Ковачевски.

Работниот дел од посетата на Италија во текот на утрешниот ден ја вклучува и средбата на премиерот Димитар Ковачевски со претседателот на Советот на министри на Италија, Марио Драги.

Во културно-уметничката програма, денеска во салата „Балдини“ во Рим ќе се одржи концертот на  реномираниот тенор Благој Нацоски, кој ќе настапи со пијанистот Алесандро Д‘Агостини. На програмата се дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Ќе бидат изведени стихови од: Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.

Пред почетокот на концерот ќе се обрати министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).

The post Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на св. Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на посетата на Рим и Ватикан, по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, ќе има тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск. На аудиенцијата кај папата Франциск, заедно со Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевска, како и членовите на делегацијата министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Во делегацијата се и Мартин Попов, шеф на Кабинет на претседателот на Владата, Ана Андреева, секретар за комуникации, односи со јавност и протокол на премиерот, Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници, Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Пимен Илиевски, митрополит на МПЦ-ОА, Јосиф Тодоровски, митрополит на МПЦ-ОА и Зоран Стојанов, декан на струмичка епархија на Католичката црква, соопшти владината прес-служба. Како што е најавено, Ковачевски заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе имаат средба и со државниот секретар на Светата Столица Пјетро Паролин и со секретарот за односи со државите Пол Ричард Галагер. Програмата за 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска делегацијата на Република Македонија ќе ја заокружи со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика Санта Марија Маџоре и со пригодна културно-уметничка програма во која ќе учествуваат и наши истакнати уметници што живеат и работат во Италија. Како дел од работната посета, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со премиерот на Бугарија Кирил Петков. Утре, официјалниот дел од програмата започнува со оддавање почит пред гробот на св. Кирил во базиликата Сан Клементе, каде што митрополитите Пимен и Јосиф ќе одржат молебен во чест на Св. Кирил на кој ќе присуствува целата делегација на Република Македонија предводена од премиерот Ковачевски. Работниот дел од посетата на Италија во текот на утрешниот ден ја вклучува и средбата на премиерот Димитар Ковачевски со претседателот на Советот на министри на Италија, Марио Драги. Во културно-уметничката програма, денеска во салата „Балдини“ во Рим ќе се одржи концертот на  реномираниот тенор Благој Нацоски, кој ќе настапи со пијанистот Алесандро Д‘Агостини. На програмата се дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Ќе бидат изведени стихови од: Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов. Пред почетокот на концерот ќе се обрати министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).

The post Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на св. Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
Изложба и предавање на тема „Современ македонски роман“ во Москва по повод чествувањето на сесловенските просветители https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-i-predavanje-na-tema-sovremen-makedonski-roman-vo-moskva-po-povod-chestvuvanjeto-na-seslovenskite-prosvetiteli/ Sun, 15 May 2022 13:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=502530

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина до крајот на месецов ќе организира серија литературни настани во Москва.

Одбележувањето на големиот празник посветен на Солунските браќа, започнува денеска во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во 16 часот каде Панкина ќе одржи предавање на тема „Современ македонски роман“, а ќе биде отворена и книжната изложба „20 македонски романи на руски“.

Над 300 милиони луѓе во светот зборуваат и пишуваат на словенските јазици. Токму словенскиот збор им дава живот и чувства на словенската душа, на словенските обичаи и начинот на живеење. Писмото што го користиме почна да се шири токму од македонската земjа, благодарение на значајната мисиjа на Солунските браќа. Денес е многу важно дијалогот меѓу народите да се одвива на ниво на културите, на основа што ја содржат во себе како традициите и историјата, така и литературните и уметничките дела, порачува Панкина.

Во рамки на прогрмата, на 18 мај во Московскиот дом на националностите во 17 часот предвидено е да се одржи тркалезна маса „Литература на словенските народи: историjа, традиции, современост“ на која Панкина ќе говори за македонската книжевност.

Во Библиотеката за странска литература на 28 маj во 12 часот ќе се одржи литературна средба „Сто словенски романи“ во рамки на која Панкина ќе ги претстави македонски романи застапени во едициjата: „Вежби за Ибн Паjко“ на Оливера Николова, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски, „Дива лига“ на Влада Урошевиќ, „Недела“ на Ермис Лафазановски, кои се преведените на руски јазик.

Истиот ден, ќе има јавни читања по повод 130-годишнината на Марина Цветаева, а песни во препев на македонски јазик ќе рецитира Олга Панкина. Во рамките на проектот на Панкина насловен „Читаj jа Македониjа!“ ќе се одржи литературна вечер „Нови имиња. Литература на младите“.

Активностите во чест на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј ќе финишираат на 29 маj во московската библиотека „Пабло Неруда“ во 17 часот со промоција на книгата „Господарот на перото. Поезиjа“ на Радован Павловски. Книгата ќе jа промовираат Панкина, која е инициjатор на проектот, составувач и преведувач и Александар Белугин, илустратор на книгата.

The post Изложба и предавање на тема „Современ македонски роман“ во Москва по повод чествувањето на сесловенските просветители appeared first on Република.

]]>

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, руската преведувачка и афирматорка на македонската култура Олга Панкина до крајот на месецов ќе организира серија литературни настани во Москва. Одбележувањето на големиот празник посветен на Солунските браќа, започнува денеска во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во 16 часот каде Панкина ќе одржи предавање на тема „Современ македонски роман“, а ќе биде отворена и книжната изложба „20 македонски романи на руски“.
Над 300 милиони луѓе во светот зборуваат и пишуваат на словенските јазици. Токму словенскиот збор им дава живот и чувства на словенската душа, на словенските обичаи и начинот на живеење. Писмото што го користиме почна да се шири токму од македонската земjа, благодарение на значајната мисиjа на Солунските браќа. Денес е многу важно дијалогот меѓу народите да се одвива на ниво на културите, на основа што ја содржат во себе како традициите и историјата, така и литературните и уметничките дела, порачува Панкина.
Во рамки на прогрмата, на 18 мај во Московскиот дом на националностите во 17 часот предвидено е да се одржи тркалезна маса „Литература на словенските народи: историjа, традиции, современост“ на која Панкина ќе говори за македонската книжевност. Во Библиотеката за странска литература на 28 маj во 12 часот ќе се одржи литературна средба „Сто словенски романи“ во рамки на која Панкина ќе ги претстави македонски романи застапени во едициjата: „Вежби за Ибн Паjко“ на Оливера Николова, „Азбука за непослушните“ на Венко Андоновски, „Разговор со Спиноза“ на Гоце Смилевски, „Дива лига“ на Влада Урошевиќ, „Недела“ на Ермис Лафазановски, кои се преведените на руски јазик. Истиот ден, ќе има јавни читања по повод 130-годишнината на Марина Цветаева, а песни во препев на македонски јазик ќе рецитира Олга Панкина. Во рамките на проектот на Панкина насловен „Читаj jа Македониjа!“ ќе се одржи литературна вечер „Нови имиња. Литература на младите“. Активностите во чест на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј ќе финишираат на 29 маj во московската библиотека „Пабло Неруда“ во 17 часот со промоција на книгата „Господарот на перото. Поезиjа“ на Радован Павловски. Книгата ќе jа промовираат Панкина, која е инициjатор на проектот, составувач и преведувач и Александар Белугин, илустратор на книгата.

The post Изложба и предавање на тема „Современ македонски роман“ во Москва по повод чествувањето на сесловенските просветители appeared first on Република.

]]>
Македонска делегација ќе патува во Рим за 24 Мај, потврди Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonska-delegacija-kje-patuva-vo-rim-za-24-maj-potvrdi-kovachevski/ Fri, 13 May 2022 12:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=501931

Премиерот Димитар Ковачевски денеска повтори дека македонска делегација ќе оди во Ватикан по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители и учители Кирил и Методиј.

Да, има делегација од нашата држава која ќе оди на одбележувањето на 24 Мај во Рим. Ќе имаме наша делегација која ќе патува таму како македонска, рече Ковачевски.

The post Македонска делегација ќе патува во Рим за 24 Мај, потврди Ковачевски appeared first on Република.