22 март Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/22-mart/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Mar 2022 08:15:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 22 март Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/22-mart/ 32 32 Фатиме Фетаи за Палермо летна на 22, а плати на 28 март https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fatime-fetai-za-palermo-letna-na-22-a-plati-na-28-mart/ Tue, 29 Mar 2022 07:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=480154

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март. Министерот за правда Никола Тупанчески, иако вети, вчера не покажа никаква уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка, објави порталот МКД.мк.

Прв со одговор се јави министерот Тупанчески кој за неколку медиуми изјави дека се работи за тривијално прашање и дека во Палермо бил на сопствен трошок. Со истиот одговор потоа се јавија и Фетаи и Нанев. Тројцата ветија дека ќе ги објават и уплатниците. Тоа вчера го направи само Фетаи, која е веќе во Порто за денешниот натпревар на македонската репрезентација со Португалија. На уплатницата за аранжманот за Палермо стои дека во ТА „Гуливер“ таа уплатила точно 23.910 денари, а за аранжманот за Порто – 17.085 денари. Ама датумот на двете уплатници е 28 март, неколку дена откако во јавноста се отвори прашањето за тоа на чиј трошок патувале актуелните функционери. За Палермо се леташе на 22 март, а за Порто на 26 март.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fatime-fetai-veli-deka-na-svoj-troshok-bila-vo-italija-sekogash-sama-si-plakjam-koga-odam-na-fudbal/

https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-ministerot-obvinitelkata-i-sudijata-sami-da-kazat-koj-im-gi-podmiril-troshocite-za-patuvanje/

The post Фатиме Фетаи за Палермо летна на 22, а плати на 28 март appeared first on Република.

]]>

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март. Министерот за правда Никола Тупанчески, иако вети, вчера не покажа никаква уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка, објави порталот МКД.мк. Прв со одговор се јави министерот Тупанчески кој за неколку медиуми изјави дека се работи за тривијално прашање и дека во Палермо бил на сопствен трошок. Со истиот одговор потоа се јавија и Фетаи и Нанев. Тројцата ветија дека ќе ги објават и уплатниците. Тоа вчера го направи само Фетаи, која е веќе во Порто за денешниот натпревар на македонската репрезентација со Португалија. На уплатницата за аранжманот за Палермо стои дека во ТА „Гуливер“ таа уплатила точно 23.910 денари, а за аранжманот за Порто – 17.085 денари. Ама датумот на двете уплатници е 28 март, неколку дена откако во јавноста се отвори прашањето за тоа на чиј трошок патувале актуелните функционери. За Палермо се леташе на 22 март, а за Порто на 26 март. https://republika.mk/vesti/makedonija/fatime-fetai-veli-deka-na-svoj-troshok-bila-vo-italija-sekogash-sama-si-plakjam-koga-odam-na-fudbal/ https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovska-ministerot-obvinitelkata-i-sudijata-sami-da-kazat-koj-im-gi-podmiril-troshocite-za-patuvanje/

The post Фатиме Фетаи за Палермо летна на 22, а плати на 28 март appeared first on Република.

]]>