21Век Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/21vek/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Sep 2023 07:47:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 21Век Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/21vek/ 32 32 Прв самостоен концерт на скопскиот бенд „21Век“ во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/prv-samostoen-kontsert-na-skopskiot-bend-21vek-vo-mkts/ Fri, 01 Sep 2023 07:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=677788

Скопското музичко трио “21Век” по прославата од пет години од оформувањето, три студиски албуми и илијадници километри поминати за време на нивните настапи надвор од државата, ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Денсинг салата на МКЦ на вечерва, на 1 септември со почеток во 21 часот.

„21Век” е бенд кој го сочинуваат тројца познати музичари од скопската алтернативна сцена: Васко Атанасоски (“Бернајс пропаганда”, “ХаХаХа”, “FxPxOx”), Раде Јордановски (“FxPxOx”) и Дени Крстев (“Бернајс пропаганда”, “Фонија”, “My Tear”). Музиката на 21Век претставува силно експресивна палета на влијанија движејќи се од правци како пост-панк се до македонската традиционална музика. Критичарите, нивната музика ја карактеризираат како “поп музика вкоренета во длабок андерграунд”.

Песната „Ужасно ми фалиш’, прва на албумот „Си нацртав живот” (2021) се задржа долго време на репертоарот на домашните радио фреквенции, а токму албумот го доби епитетот како „највеселиот албум за тешките љубовни јадови”.

Музичкиот состав зад себе има три студиски албуми, “1” (2020) , “2” (2020) и “Си нацртав живот” (2021).

Како локална музичка поддршка на концертот ќе настапат музички групи од новиот домашен млад музички бран, “Мариналеда”, “Red18” и “Vagina Corporation”.

Билети за концертот може да се набават физички на билетарницата на МКЦ или онлајн на линкот bileti.mkc.mk.

 

The post Прв самостоен концерт на скопскиот бенд „21Век“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Скопското музичко трио “21Век” по прославата од пет години од оформувањето, три студиски албуми и илијадници километри поминати за време на нивните настапи надвор од државата, ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Денсинг салата на МКЦ на вечерва, на 1 септември со почеток во 21 часот. „21Век” е бенд кој го сочинуваат тројца познати музичари од скопската алтернативна сцена: Васко Атанасоски (“Бернајс пропаганда”, “ХаХаХа”, “FxPxOx”), Раде Јордановски (“FxPxOx”) и Дени Крстев (“Бернајс пропаганда”, “Фонија”, “My Tear”). Музиката на 21Век претставува силно експресивна палета на влијанија движејќи се од правци како пост-панк се до македонската традиционална музика. Критичарите, нивната музика ја карактеризираат како “поп музика вкоренета во длабок андерграунд”. Песната „Ужасно ми фалиш’, прва на албумот „Си нацртав живот” (2021) се задржа долго време на репертоарот на домашните радио фреквенции, а токму албумот го доби епитетот како „највеселиот албум за тешките љубовни јадови”. Музичкиот состав зад себе има три студиски албуми, “1” (2020) , “2” (2020) и “Си нацртав живот” (2021). Како локална музичка поддршка на концертот ќе настапат музички групи од новиот домашен млад музички бран, “Мариналеда”, “Red18” и “Vagina Corporation”. Билети за концертот може да се набават физички на билетарницата на МКЦ или онлајн на линкот bileti.mkc.mk.  

The post Прв самостоен концерт на скопскиот бенд „21Век“ во МКЦ appeared first on Република.

]]>