21 јуни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/21-juni/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Jun 2022 12:25:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 21 јуни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/21-juni/ 32 32 21 јуни e Ден на најстарото езеро во Европа – Охридското Езеро https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/21-juni-e-den-na-najstaroto-ezero-vo-evropa-ohridskoto-ezero/ Tue, 21 Jun 2022 12:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=518050

Во светот постојат само дваесеттина древни езера (езера постари од 1 милион години), од нив на
eвропскиот континент се наоѓаат две – Охридското и Преспанското Езеро, информираат од Еколошкото здружение на граѓаниte „Фронт 21/42“.

Вредностите на Охридското Езеро, како што додаваат од таму, се од планетарен размер – како дом на над 1.200 вида, според единица површина – Охридското Езеро има убедливо највисок индекс на биодиверзитет од сите езера на светот; над 200 од тие видови се ендемски, ги нема на ниедно друго место; Охридското Езеро е музеј на живи фосили, древни видови, кои во неговите води постојат над 2 милиона години и кои се бесценет извор за научни истражувања на еволуцијата на видовите.

„Живееме во време кога за ваквите вредности (и многу други што ги поседува Охридското Езеро) има значителен пазар: во светот патуваат сè повеќе еколошки освестени луѓе во потрага по уникатна и богата природа, недопрена убавина, мир и спокој; со над 100 вида птици што се гнездат тука, Охридското Езеро може да биде на мапата на Британското здружение на набљудувачите на птици (една од најмоќните и најбогати организации во светот); неговите вредности се достојни за научните истражувања на докторандите на највидните светски универзитети, за документарен филм на сер Дејвид Атенборо. За жал, патот за развој, кој од осамостојувањето на Македонија до денес континуирано го избираат нашите носители на власт, е пат што води до уништување на вредностите, кои може да бидат во центарот на една многу поинаква, одржлива и вистински развиена економија. Во име на развој акцентот и понатаму е на урбанизација и на она малку од брегот што е останато недопрено (сега под етикетата на контролирана урбанизација, која е во согласност со Планот за управување со Охридскиот Регион), се носат закони за заштита, кои во суштина обезбедуваат терен за понатамошно уништување (како тој за Студенчишкото Блато, за легализација на дивоградбите итн.), се дава позитивно мислење за проформа документи, кои ‘стручно’ проценуваат дека планираната урбанизација нема да има негативно влијание врз природата (како извештајот СОЖС за ‘Горица север’ и многу други), во фиока се чуваат документи што може да стават крај на уништувањето (како ефективен закон за управување со Охридскиот Регион)“, е наведено во информацијата.

И покрај алармантното предупредување на Мисијата на УНЕСКО од 2020 година дека продолжувањето на трансформацијата води до точка по која нема враќање, нашата земја останува посветена на фарсата, додека вредностите неповратно се губат. И Бернската конвенција во својата последна одлука од април 2022 година им порача на македонските власти дека „краткорочните финансиски придобивки нема да донесат долгорочен успех откога природата и убавината на овие области неповратно ќе се уништат“. Сè уште нема ниту еден сигнал дека ваквите пораки стигнале до кое било одговорно лице во земјата, посочуваат од ова здружение.

„Во 2016 година објавивме меѓународна петиција со цел да ги спречиме тогашните штетни проекти – петицијата ја потпишаа илјадници луѓе од сите страни на светот, голем дел од нив оставајќи дополнителни пораки; една од пораките што најточно го сумира пристапот на Македонија кон Охридскиот Регион е од потписник од Велика Британија, која сбило уште еднакво е валидна: „Тоа е како да ги исечете дрвата за да направите паркинг за сите оние што ќе дојдат да ја видат шумата“, додаваат од таму.

„На некои идни генерации, кои можеби ќе препознаваат и ценат вистински вредности и ќе знаат како да развиваат економија благодарение токму на негувањето на тие вредности, сè повеќе им ги одземаме можностите, заедно со правото да уживаат и се инспирираат од убавините што сè уште колку толку ги имаме затоа што ни ги оставиле претходните генерации. Денес, на неговиот ден, додека сè уште го имаме, да го прославиме природниот феномен со кој имаме чест да живееме. А на носителите на одлуки да им порачаме: сè уште не е предоцна да се
спаси шумата. Денес, нека биде денот кога засекогаш ќе го напуштите патот што води до неповратно уништување на највредното природно богатство во државата“, се истакнува во пишаната информација од Еколошкото здружение на граѓаните „Фронт 21/42“.

 

The post 21 јуни e Ден на најстарото езеро во Европа – Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>

Во светот постојат само дваесеттина древни езера (езера постари од 1 милион години), од нив на eвропскиот континент се наоѓаат две – Охридското и Преспанското Езеро, информираат од Еколошкото здружение на граѓаниte „Фронт 21/42“. Вредностите на Охридското Езеро, како што додаваат од таму, се од планетарен размер – како дом на над 1.200 вида, според единица површина – Охридското Езеро има убедливо највисок индекс на биодиверзитет од сите езера на светот; над 200 од тие видови се ендемски, ги нема на ниедно друго место; Охридското Езеро е музеј на живи фосили, древни видови, кои во неговите води постојат над 2 милиона години и кои се бесценет извор за научни истражувања на еволуцијата на видовите. „Живееме во време кога за ваквите вредности (и многу други што ги поседува Охридското Езеро) има значителен пазар: во светот патуваат сè повеќе еколошки освестени луѓе во потрага по уникатна и богата природа, недопрена убавина, мир и спокој; со над 100 вида птици што се гнездат тука, Охридското Езеро може да биде на мапата на Британското здружение на набљудувачите на птици (една од најмоќните и најбогати организации во светот); неговите вредности се достојни за научните истражувања на докторандите на највидните светски универзитети, за документарен филм на сер Дејвид Атенборо. За жал, патот за развој, кој од осамостојувањето на Македонија до денес континуирано го избираат нашите носители на власт, е пат што води до уништување на вредностите, кои може да бидат во центарот на една многу поинаква, одржлива и вистински развиена економија. Во име на развој акцентот и понатаму е на урбанизација и на она малку од брегот што е останато недопрено (сега под етикетата на контролирана урбанизација, која е во согласност со Планот за управување со Охридскиот Регион), се носат закони за заштита, кои во суштина обезбедуваат терен за понатамошно уништување (како тој за Студенчишкото Блато, за легализација на дивоградбите итн.), се дава позитивно мислење за проформа документи, кои ‘стручно’ проценуваат дека планираната урбанизација нема да има негативно влијание врз природата (како извештајот СОЖС за ‘Горица север’ и многу други), во фиока се чуваат документи што може да стават крај на уништувањето (како ефективен закон за управување со Охридскиот Регион)“, е наведено во информацијата. И покрај алармантното предупредување на Мисијата на УНЕСКО од 2020 година дека продолжувањето на трансформацијата води до точка по која нема враќање, нашата земја останува посветена на фарсата, додека вредностите неповратно се губат. И Бернската конвенција во својата последна одлука од април 2022 година им порача на македонските власти дека „краткорочните финансиски придобивки нема да донесат долгорочен успех откога природата и убавината на овие области неповратно ќе се уништат“. Сè уште нема ниту еден сигнал дека ваквите пораки стигнале до кое било одговорно лице во земјата, посочуваат од ова здружение. „Во 2016 година објавивме меѓународна петиција со цел да ги спречиме тогашните штетни проекти – петицијата ја потпишаа илјадници луѓе од сите страни на светот, голем дел од нив оставајќи дополнителни пораки; една од пораките што најточно го сумира пристапот на Македонија кон Охридскиот Регион е од потписник од Велика Британија, која сбило уште еднакво е валидна: „Тоа е како да ги исечете дрвата за да направите паркинг за сите оние што ќе дојдат да ја видат шумата“, додаваат од таму. „На некои идни генерации, кои можеби ќе препознаваат и ценат вистински вредности и ќе знаат како да развиваат економија благодарение токму на негувањето на тие вредности, сè повеќе им ги одземаме можностите, заедно со правото да уживаат и се инспирираат од убавините што сè уште колку толку ги имаме затоа што ни ги оставиле претходните генерации. Денес, на неговиот ден, додека сè уште го имаме, да го прославиме природниот феномен со кој имаме чест да живееме. А на носителите на одлуки да им порачаме: сè уште не е предоцна да се спаси шумата. Денес, нека биде денот кога засекогаш ќе го напуштите патот што води до неповратно уништување на највредното природно богатство во државата“, се истакнува во пишаната информација од Еколошкото здружение на граѓаните „Фронт 21/42“.  

The post 21 јуни e Ден на најстарото езеро во Европа – Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>