2030 година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/2030-godina/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Oct 2022 19:40:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 2030 година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/2030-godina/ 32 32 Мицкоски: Би сакал брзо да влеземе во ЕУ, но ниту еден сериозен политичар не може да гарантира дека Македонија ќе влезе во ЕУ до 2030 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-bi-sakal-brzo-da-vlezeme-vo-eu-no-nitu-eden-seriozen-politichar-ne-moze-da-garantira-deka-makedonija-kje-vleze-vo-eu-do-2030-godina/ Mon, 17 Oct 2022 19:39:48 +0000 https://republika.mk/?p=562273

Има многу референтни статии на сериозни медиуми на кои се повикуваат на извори од ЕУ дека проширување во следни 15 години ќе нема. Знам на една моја средба со претставник од влијателна држава од ЕУ, на која што го поставив тоа прашање дали ни гарантираат дека до 2030 година Македонија ќе стане членка на ЕУ и ако се случат сите работи, тој грчеше рамења и рече дека не може да гарантира. Ова го тврдам најодговорно, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ.

Мицкоски истакна дека таков тип на гаранција никој не може да даде ниту еден сериозен политичар и дека тоа го прават политичари кои се занимаваат со лажни вести, полни со неуспех, криминал кои немаат што друго да понудат.

Тоа може да го прават луѓе, политичари кои се занимаваат со лажни вести., кои немаат друга автентична политика, ниту економска, ниту социјална па дури ниту меѓународна и практично како коцкар кој изгубил се, фрлаат се на една карта длабоко во ноќта, а тоа е во нивниот случај да го лажат народот бидејќи ништо друго не им преостанува освен тоа, за да си го оправдаат своето предавство, неуспехот на политиките, многу криминал, корупција, лош здравствен систем, катастрофално образование, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека би сакал и порано тоа да го направиме, да можеме достоинствено да седнеме да испреговараме, и реформираме и порано од 2030 година, но власта не оддалечува.

Затоа што од 2000 година кога го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација поминаа многу години, две децении за позади нас, многу генерации се иселија, некои се родија и сега се на факултет или ја напуштија Македонија, а зборуваат за европскиот сон. Јас би сакал да се случи многу порано, но од ова што можам денеска да го видам, ова на владата не е европско однесување, полно си криминал, лоши политики, отсуство на реформи и тоа само не оддалечува од тој пати, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Би сакал брзо да влеземе во ЕУ, но ниту еден сериозен политичар не може да гарантира дека Македонија ќе влезе во ЕУ до 2030 година appeared first on Република.

]]>

Има многу референтни статии на сериозни медиуми на кои се повикуваат на извори од ЕУ дека проширување во следни 15 години ќе нема. Знам на една моја средба со претставник од влијателна држава од ЕУ, на која што го поставив тоа прашање дали ни гарантираат дека до 2030 година Македонија ќе стане членка на ЕУ и ако се случат сите работи, тој грчеше рамења и рече дека не може да гарантира. Ова го тврдам најодговорно, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ. Мицкоски истакна дека таков тип на гаранција никој не може да даде ниту еден сериозен политичар и дека тоа го прават политичари кои се занимаваат со лажни вести, полни со неуспех, криминал кои немаат што друго да понудат.
Тоа може да го прават луѓе, политичари кои се занимаваат со лажни вести., кои немаат друга автентична политика, ниту економска, ниту социјална па дури ниту меѓународна и практично како коцкар кој изгубил се, фрлаат се на една карта длабоко во ноќта, а тоа е во нивниот случај да го лажат народот бидејќи ништо друго не им преостанува освен тоа, за да си го оправдаат своето предавство, неуспехот на политиките, многу криминал, корупција, лош здравствен систем, катастрофално образование, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски посочи дека би сакал и порано тоа да го направиме, да можеме достоинствено да седнеме да испреговараме, и реформираме и порано од 2030 година, но власта не оддалечува.
Затоа што од 2000 година кога го потпишавме договорот за стабилизација и асоцијација поминаа многу години, две децении за позади нас, многу генерации се иселија, некои се родија и сега се на факултет или ја напуштија Македонија, а зборуваат за европскиот сон. Јас би сакал да се случи многу порано, но од ова што можам денеска да го видам, ова на владата не е европско однесување, полно си криминал, лоши политики, отсуство на реформи и тоа само не оддалечува од тој пати, нагласи Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Би сакал брзо да влеземе во ЕУ, но ниту еден сериозен политичар не може да гарантира дека Македонија ќе влезе во ЕУ до 2030 година appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Реално е до 2030-та година да станеме членка на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-jas-sum-realen-optimist-do-2030-ta-godina-mozeme-da-staneme-chlenka-na-eu/ Sat, 24 Sep 2022 12:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=553791

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за „Гласот на Америка“, истакна дека скрининг процесот за пристапување на Македонија во Европската Унија, очекувано е да заврши за 14 месеци, а согласно темпото со кое се работи, реално е членството во Унијата да биде 2030 година. Премиерот истакна дека пристапот на Владата кон отпочнување на преговорите е многу сериозен, формирана е преговарачката структура, во преговорите е вклучена академската заедница, невладиниот сектор, деловната заедница. Клучен е и фактот што Македонија која 17 години имаше статус кандидат, во последните 5 години Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери работеа на усогласување на законодавството со ЕУ.

Ние во моментов имаме 45% усогласено наше законодавство со европското и со отпочнувањето на преговорите многу сериозно пристапивме кон оваа тема, веќе имаме направено преговарачка структура која беше официјализирана од страна на Владата. Имаме назначено главен преговарач тоа е вицепремиерот за европски интеграции. Главен советник на преговарачкиот тим којшто е поранешен главен преговарач и постојан претставник на Република Хрватска што значи дека донесовме едно значајно искуство. Вклучени се во преговорите и академската заедница, невладиниот сектор, деловната заедница итн. Сметам дека реално е за 14 месеци да заврши скрининг процесот и потоа да отпочне како што е и процедурата за поглавјата и до 2030 година согласно со темпото со коешто почна да се работи сметам дека е реално Македонија да стане членка на ЕУ”, вели претседателот на Владата, во интервјуто.

Премиерот потенцира дека Македонија беше држава која најбрзо се интегрира и во НАТО, тој додаде дека во земјава ќе бидат активирани сите прогресивни сили кои се за членство во ЕУ.

Ние исто така бевме оптимисти при комплетното усогласување после влегувањето во НАТО и бевме држава која најбрзо ја направи интеграцијата во НАТО структурите од сите претходно кои влегувале во НАТО. Затоа сум реален оптимист дека до 2030 година можеме да станеме членка на ЕУ вклучително на тоа што планираме да ги активираме сите прогресивни сили во државата кои се за членство во ЕУ”, рече претседателот на Владата за Гласот на Америка.

The post Ковачевски: Реално е до 2030-та година да станеме членка на ЕУ appeared first on Република.