2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/2024/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jul 2024 11:37:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/2024/ 32 32 Македонија годинава ќе нема кандидат за Оскар, соопштија од Друштвото на филмски работници https://arhiva3.republika.mk/scena/film/makedonija-godinava-ke-nema-kandidat-za-oskar-soopshtija-od-drushtvoto-na-filmski-rabotnitsi/ Tue, 23 Jul 2024 11:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=799516

Македонскиот филм е заглавен во „кал“. Не се сервисираат проектите кои се во развој, во продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси сите регионални и меѓународни соработки, а Македонија годинава нема да има ни кандидат за Оскар, едноставно затоа што нема филм кој ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, се вели во соопштението на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) испратено до медиумите.

Како што велат од ДФРМ, она на што Друштвото предупредувало подолго време, а поради што всушност биле во отворен конфликт со министрите за култура, особено со министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, е дека паушалното и безумно кратење на буџетот за филм ќе ги афектира проектите во годините пред нас, што како што истакнуваат тие, за жал станува реалност.

Погубните деструктивни политики, мотивирани од незнаење, поточно елементарно непознавање на филмската дејност и реваншизмот кон оние кои со години се борат за подобри услови за производство на филм, ја доведоа македонската кинематографија до колопас. Покрај безумните и нелогични кратења кон најголемиот амбасадор на нашата култура – филмот, овие состојби се и последица на она на кое јавноста е сведок веќе подолго време – очајната ПР капмања која се води против Друштвото на филмските работници, токму од оној за кого не важат правилата, законите, професионална етика и принципот на колегијалност. Друштвото на филмски работници на Македонија стана предмет на подмолни анонимни пријави, за кусо потоа да се обелодени нивниот подносител и автор. А само затоа што ДФРМ и фелата отворено и недвосмислено станаа против добивање на државни средства на сметка пред завршување на конкурсните процедури пропишани со закон, против испумпување милионски суми пари на сопствени сметки надвор од земјава за наводен равој или промоција како и против неколегијалното однесување, саможивноста и алчноста, посочуваат во соопштението од ДФРМ.

Како што истакнуваат понатаму од ДФРМ, тие искрено веруваат дека институциите на системот ќе се одважат, ќе ги расветлат и казнат криминалите кои со години тежат и го влечат македонскиот филм во бездна и ќе докажат дека во нашата земја нема простор за манипулации со јавноста и политичките структури, злоупотреба на моќ и лажно употребување на терминот „политички прогон” во земјава и надвор од неа, сè со цел да се скријат сторените дела.

И во оваа прилика, уште еднаш бараме од министерот Зоран Љутков да ја откочи „зарибаната“ филмска машина и да им овозможи на авторите и филмските работниците да снимаат, а нашите филмови да одат напред. Да ги расчисти сите дилеми присутни во јавноста и да воспостави принципи на либералност, транспарентност и еднаквост, како елементарен предуслов на секоја демократска држава и секоја современа кинематографија, додаваат од ДФРМ.

 

 

The post Македонија годинава ќе нема кандидат за Оскар, соопштија од Друштвото на филмски работници appeared first on Република.

]]>

Македонскиот филм е заглавен во „кал“. Не се сервисираат проектите кои се во развој, во продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси сите регионални и меѓународни соработки, а Македонија годинава нема да има ни кандидат за Оскар, едноставно затоа што нема филм кој ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, се вели во соопштението на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) испратено до медиумите. Како што велат од ДФРМ, она на што Друштвото предупредувало подолго време, а поради што всушност биле во отворен конфликт со министрите за култура, особено со министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, е дека паушалното и безумно кратење на буџетот за филм ќе ги афектира проектите во годините пред нас, што како што истакнуваат тие, за жал станува реалност.
Погубните деструктивни политики, мотивирани од незнаење, поточно елементарно непознавање на филмската дејност и реваншизмот кон оние кои со години се борат за подобри услови за производство на филм, ја доведоа македонската кинематографија до колопас. Покрај безумните и нелогични кратења кон најголемиот амбасадор на нашата култура – филмот, овие состојби се и последица на она на кое јавноста е сведок веќе подолго време – очајната ПР капмања која се води против Друштвото на филмските работници, токму од оној за кого не важат правилата, законите, професионална етика и принципот на колегијалност. Друштвото на филмски работници на Македонија стана предмет на подмолни анонимни пријави, за кусо потоа да се обелодени нивниот подносител и автор. А само затоа што ДФРМ и фелата отворено и недвосмислено станаа против добивање на државни средства на сметка пред завршување на конкурсните процедури пропишани со закон, против испумпување милионски суми пари на сопствени сметки надвор од земјава за наводен равој или промоција како и против неколегијалното однесување, саможивноста и алчноста, посочуваат во соопштението од ДФРМ.
Како што истакнуваат понатаму од ДФРМ, тие искрено веруваат дека институциите на системот ќе се одважат, ќе ги расветлат и казнат криминалите кои со години тежат и го влечат македонскиот филм во бездна и ќе докажат дека во нашата земја нема простор за манипулации со јавноста и политичките структури, злоупотреба на моќ и лажно употребување на терминот „политички прогон” во земјава и надвор од неа, сè со цел да се скријат сторените дела.
И во оваа прилика, уште еднаш бараме од министерот Зоран Љутков да ја откочи „зарибаната“ филмска машина и да им овозможи на авторите и филмските работниците да снимаат, а нашите филмови да одат напред. Да ги расчисти сите дилеми присутни во јавноста и да воспостави принципи на либералност, транспарентност и еднаквост, како елементарен предуслов на секоја демократска држава и секоја современа кинематографија, додаваат од ДФРМ.
   

The post Македонија годинава ќе нема кандидат за Оскар, соопштија од Друштвото на филмски работници appeared first on Република.

]]>
Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година ќе биде отворен до 1 јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konkursot-za-nagradata-pegaz-za-2024-godina-ke-bide-otvoren-do-1-juli/ Thu, 27 Jun 2024 09:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=791215

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ.

Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

„Пегаз“ е резултат на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

The post Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година ќе биде отворен до 1 јули appeared first on Република.

]]>

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ. Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. „Пегаз“ е резултат на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

The post Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година ќе биде отворен до 1 јули appeared first on Република.

]]>
Почнува пријавувањето за јубилејниот 20. Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pochnuva-prijavuvaneto-za-jubilejniot-20-skopski-maraton/ Thu, 28 Mar 2024 07:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=759578

Од денеска, 28 март во 9 часот почнува пријавувањето за најмасовната атлетска манифестација, Скопскиот Виз Ер маратон чие јубилејно, 20. издание ќе се одржи на 6 октомври 2024 година.

Пријавувањето ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во 4 стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката, соопшти организаторот.

Исто така, учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон - ЕУ за спорт и трката на 5км.

За повеќе информации поврзани со условите за учество, отворете ја официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон, на следниот линк http://skopskimaraton.com.mk/uslovizaucestvo.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Организатор на Виз Ер Скопски Маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“и АК „Скопски Маратон“, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе бидат испратени во период од 10 до 20 Октомври 2024 на е – пошта адресите кои учесниците ќе ги остават при процесот на пријавување.

Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.

Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници.

The post Почнува пријавувањето за јубилејниот 20. Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

Од денеска, 28 март во 9 часот почнува пријавувањето за најмасовната атлетска манифестација, Скопскиот Виз Ер маратон чие јубилејно, 20. издание ќе се одржи на 6 октомври 2024 година. Пријавувањето ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани.
Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во 4 стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката, соопшти организаторот.
Исто така, учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон - ЕУ за спорт и трката на 5км. За повеќе информации поврзани со условите за учество, отворете ја официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон, на следниот линк http://skopskimaraton.com.mk/uslovizaucestvo. Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ. Организатор на Виз Ер Скопски Маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“и АК „Скопски Маратон“, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе бидат испратени во период од 10 до 20 Октомври 2024 на е – пошта адресите кои учесниците ќе ги остават при процесот на пријавување. Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024. Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници.

The post Почнува пријавувањето за јубилејниот 20. Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Ќе добијат сè што ќе посакаат годинава: Овие знаци нема да знаат што да прават со толку пари и љубов https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/ke-dobijat-se-shto-ke-posakaat-godinava-ovie-znatsi-nema-da-znaat-shto-da-pravat-so-tolku-pari-i-lubov/ Tue, 12 Mar 2024 11:28:16 +0000 https://republika.mk/?p=753996

Астролозите нагласуваат 4 хороскопски знаци за кои веруваат дека ќе имаат големи успеси до крајот на 2024 година.

Овен: Иновативен оптимист

Прв на листата е Овенот, харизматичен и огнен знак познат по својот револуционерен дух. Припадниците на овој знак често се благословени со непоколеблив оптимизам кој ги води до успех. Нивната смелост ќе привлече поволни космички енергии отворајќи го патот за просперитет и возбудливи можности.

Лав: Шармер

Родените во овој знак, со кој владее Сонцето, се многу привлечни и харизматични. Нивната привлечност не произлегува само од нивниот надворешен изглед, туку и од внатрешната самодоверба со која зрачат. Тие внесуваат позитивни вибрации во животот на луѓето со кои се дружат. Нивната способност да внесат позитивни вибрации и енергија во животите на другите ќе биде особено ценета во деловниот свет и општествените кругови. Лавовите се во улога на лидери, бидејќи знаат како да ги инспирираат и мотивираат другите.

Лавовите, кои знаат да веруваат и да имаат великодушно срце, често ќе бидат во центарот на вниманието. Нивната отвореност, дружељубивост и храброст прават моќна комбинација која ги отвора вратите за многу можности во наредните денови.

Вага: Трагач по хармонија

Вагите се благословени со вродена способност да пронајдат хармонија и рамнотежна во сите животни аспекти. Тоа во наредните денови ќе им донесе љубов, успех и позитивни односи во нивните животи.

Риби: интуитивни сонувачи

Родените во овој знак се познати по својата интуитивна и имагинативна природа. Токму нивната силна интуиција ќе им овозможи да се истакнат во животните предизвици овие денови. Ќе ги исполнат своите духовни и креативни стремежи.

The post Ќе добијат сè што ќе посакаат годинава: Овие знаци нема да знаат што да прават со толку пари и љубов appeared first on Република.

]]>

Астролозите нагласуваат 4 хороскопски знаци за кои веруваат дека ќе имаат големи успеси до крајот на 2024 година. Овен: Иновативен оптимист Прв на листата е Овенот, харизматичен и огнен знак познат по својот револуционерен дух. Припадниците на овој знак често се благословени со непоколеблив оптимизам кој ги води до успех. Нивната смелост ќе привлече поволни космички енергии отворајќи го патот за просперитет и возбудливи можности. Лав: Шармер Родените во овој знак, со кој владее Сонцето, се многу привлечни и харизматични. Нивната привлечност не произлегува само од нивниот надворешен изглед, туку и од внатрешната самодоверба со која зрачат. Тие внесуваат позитивни вибрации во животот на луѓето со кои се дружат. Нивната способност да внесат позитивни вибрации и енергија во животите на другите ќе биде особено ценета во деловниот свет и општествените кругови. Лавовите се во улога на лидери, бидејќи знаат како да ги инспирираат и мотивираат другите. Лавовите, кои знаат да веруваат и да имаат великодушно срце, често ќе бидат во центарот на вниманието. Нивната отвореност, дружељубивост и храброст прават моќна комбинација која ги отвора вратите за многу можности во наредните денови. Вага: Трагач по хармонија Вагите се благословени со вродена способност да пронајдат хармонија и рамнотежна во сите животни аспекти. Тоа во наредните денови ќе им донесе љубов, успех и позитивни односи во нивните животи. Риби: интуитивни сонувачи Родените во овој знак се познати по својата интуитивна и имагинативна природа. Токму нивната силна интуиција ќе им овозможи да се истакнат во животните предизвици овие денови. Ќе ги исполнат своите духовни и креативни стремежи.

The post Ќе добијат сè што ќе посакаат годинава: Овие знаци нема да знаат што да прават со толку пари и љубов appeared first on Република.

]]>
Георгиевски не успеа да избори пласман на ЛОИ во Париз https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/georgievski-ne-uspea-da-izbori-plasman-na-loi-vo-pariz/ Sat, 09 Mar 2024 15:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=753062

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за учество на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024.

Георгиевски загуби во четвртфиналето на квалификациите во Софија, Бугарија.

Во денешната четвртфинална борба Георгиевски беше поразен од Белорусинот Плонес.

Така, Георгиевски нема да има можност да го брани сребрениот медал освоен на ЛОИ во Токио пред три години.

На квалификациите во Софија утре ќе настапи македонската таеквондиста Милијана Релјиќ. Борбите почнуваат од 10 часот.

The post Георгиевски не успеа да избори пласман на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски не успеа да обезбеди норма за учество на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024. Георгиевски загуби во четвртфиналето на квалификациите во Софија, Бугарија. Во денешната четвртфинална борба Георгиевски беше поразен од Белорусинот Плонес. Така, Георгиевски нема да има можност да го брани сребрениот медал освоен на ЛОИ во Токио пред три години. На квалификациите во Софија утре ќе настапи македонската таеквондиста Милијана Релјиќ. Борбите почнуваат од 10 часот.

The post Георгиевски не успеа да избори пласман на ЛОИ во Париз appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро, имаме сила за големи промени и успеси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-2024-godina-da-sozdademe-idnina-vo-koja-sekoj-ke-se-chuvstvuva-podobro-imame-sila-za-golemi-promeni-i-uspesi/ Sun, 31 Dec 2023 08:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=728422

Секој од нас пред Нова Година пишувал честитки или писмо до своите најблиски, до своите херои. Во пресрет на годината на промените пишувам честитка и писмо до Вас, мои сограѓани, бидејќи Вие сте моите херои, се вели во новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски”

Издржавте многу, не само оваа година, 30тина години Вие со својата сила и умешност ги крепите и семејствата и државата. Вие сте силата на Македонија.

Неспособноста на власта е поразителна, проблемите се големи, а моралот е погазен. Криминалот и корупцијата разјадуваат. Премногу е! Никогаш не било полошо. Вие мои сограѓани заслужувате подобро.

Имајќи полна почит и доверба во Вас, јас Ве замолувам за доверба, за заедно да ги надминеме овие тешки времиња. Време е, светлината да ја победи темнината, да се вратат надежта, моралот и насмевките.

Верувам во вас. Природно е да имаме по некоја разлика, но сите имаме иста цел, и таа не обединува, а тоа е обновена Македонија. Имаме сила за големи успеси и квалитет во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро. Ќе има повисок стандард, ќе има ред и поредок, морал и правда, промоција на националните и државни интереси.

Добрите дела, вербата во луѓето и во Бога, и стремежот за промени ни даваат мотив и сила. И знам дека ќе успееме!

2024 година ќе биде годината на промените.

И да, не чека многу работа, но и голема победа за секој еден од вас!

Прославете ги празниците во љубов, пријатно опкружување и добро расположение. Сетете се на сите кои ги сакате и замислете убави желби за секого кого го познавате. Ви гарантирам дека следуваат поубави времиња!

Мои сограѓани, Ви посакувам добро здравје и подобар живот, многу убави моменти Вам и Вашите блиски, многу среќа, радост и насмевки.

Од се срце Ви посакувам промени и иднина.

Среќна, весела и успешна 2024 година!

https://youtu.be/RW0QsIMvHLg?si=2Bls6MXTY5V24rnv

The post Мицкоски: Во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро, имаме сила за големи промени и успеси appeared first on Република.

]]>

Секој од нас пред Нова Година пишувал честитки или писмо до своите најблиски, до своите херои. Во пресрет на годината на промените пишувам честитка и писмо до Вас, мои сограѓани, бидејќи Вие сте моите херои, се вели во новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во продолжение во целост ви го пренесуваме новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски” Издржавте многу, не само оваа година, 30тина години Вие со својата сила и умешност ги крепите и семејствата и државата. Вие сте силата на Македонија. Неспособноста на власта е поразителна, проблемите се големи, а моралот е погазен. Криминалот и корупцијата разјадуваат. Премногу е! Никогаш не било полошо. Вие мои сограѓани заслужувате подобро. Имајќи полна почит и доверба во Вас, јас Ве замолувам за доверба, за заедно да ги надминеме овие тешки времиња. Време е, светлината да ја победи темнината, да се вратат надежта, моралот и насмевките. Верувам во вас. Природно е да имаме по некоја разлика, но сите имаме иста цел, и таа не обединува, а тоа е обновена Македонија. Имаме сила за големи успеси и квалитет во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро. Ќе има повисок стандард, ќе има ред и поредок, морал и правда, промоција на националните и државни интереси. Добрите дела, вербата во луѓето и во Бога, и стремежот за промени ни даваат мотив и сила. И знам дека ќе успееме! 2024 година ќе биде годината на промените. И да, не чека многу работа, но и голема победа за секој еден од вас! Прославете ги празниците во љубов, пријатно опкружување и добро расположение. Сетете се на сите кои ги сакате и замислете убави желби за секого кого го познавате. Ви гарантирам дека следуваат поубави времиња! Мои сограѓани, Ви посакувам добро здравје и подобар живот, многу убави моменти Вам и Вашите блиски, многу среќа, радост и насмевки. Од се срце Ви посакувам промени и иднина. Среќна, весела и успешна 2024 година! https://youtu.be/RW0QsIMvHLg?si=2Bls6MXTY5V24rnv

The post Мицкоски: Во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро, имаме сила за големи промени и успеси appeared first on Република.

]]>
Годишен хороскоп: Подеми и падови за Водолијата во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/godishen-horoskop-podemi-i-padovi-za-vodolijata-vo-2024-godina/ Mon, 25 Dec 2023 18:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=726407

Прочитајте го годишниот хороскоп за Водолија и дознајте што ви носи 2024 година кога се во прашање љубовта, здравјето и работата! Еве како ќе ви изгледа 2024 година!

За Водолиите, 2024 година носи подеми и падови, авантуристички дух и зголемена грижа за вашето тело. Ќе мора повеќе да балансирате помеѓу работата и личниот живот. Прочитајте го деталниот годишен хороскоп за Водолија во 2024 година!

Годишен хороскоп за љубовта во 2024 година

Многу страст, емоции и нови луѓе влегуваат во вашиот љубовен живот во текот на 2024 година. Водолиите, познати по својата независна и слободна природа, ќе доживеат година исполнета со возбудливи средби и продлабочување на постоечките врски. Без разлика дали сте во долга врска или уживате во возбудата на новата љубов, љубовниот хороскоп за 2024 година ви носи многу романса.

Урамнотежувањето на потребата за изолација и времето за сам со вашата желба за интимност може да биде проблем. Ефективната комуникација ќе биде вашата ѕвезда водилка во љубовните прашања во 2024 година. Планирајте креативни состаноци, спонтани авантури или едноставно негувајте ги моментите кога сте заедно со партнерот. Овие искуства ќе ја зајакнат вашата врска и ќе ја одржат вашата љубов жива.

Годишен хороскоп за работа во 2024 година

Оваа година, вашата кариера изгледа како сложен мозаик, со парчиња успех, иновации и неколку предизвици. Вашиот начин на размислување, хуманиот дух и способноста да ги прифатите промените се вашето тајно оружје. Очекувајте можности за развој на кариерата, креативни откритија и остварување на вашите долгорочни желби.. Урамнотежувањето на вашата желба за нови работи и вашата желба за стабилност може да ви создаде конфузија. Деловниот хороскоп за 2024 година ве советува повеќе да се дружите со професионалци и луѓе од вашата сфера и да апсорбирате знаење. Комуникацијата ќе биде вашата ѕвезда водилка на деловното поле.

Годишен хороскоп за здравје

Во 2024 година, вашата физичка и ментална благосостојба ќе блесне. Вашето прогресивно размислување, љубовта кон иновациите и хуманиот дух се вашите тајни оружја за постигнување оптимално здравје. Оваа година нуди можности за подобрување на вашата физичка кондиција и емоционална состојба.

Вградувањето на физичката активност во секојдневната рутина ќе биде ваш сојузник во 2024. Исто така, ѕвездите ве советуваат да се фокусирате на исхраната. Слушајте што му се допаѓа на вашето тело, а што не. Во средината на годината ќе имате неопислива желба да го доведете вашето тело до совршенство. Обидете се да не претерувате и секогаш консултирајте се со експерти.

 

The post Годишен хороскоп: Подеми и падови за Водолијата во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Прочитајте го годишниот хороскоп за Водолија и дознајте што ви носи 2024 година кога се во прашање љубовта, здравјето и работата! Еве како ќе ви изгледа 2024 година! За Водолиите, 2024 година носи подеми и падови, авантуристички дух и зголемена грижа за вашето тело. Ќе мора повеќе да балансирате помеѓу работата и личниот живот. Прочитајте го деталниот годишен хороскоп за Водолија во 2024 година! Годишен хороскоп за љубовта во 2024 година Многу страст, емоции и нови луѓе влегуваат во вашиот љубовен живот во текот на 2024 година. Водолиите, познати по својата независна и слободна природа, ќе доживеат година исполнета со возбудливи средби и продлабочување на постоечките врски. Без разлика дали сте во долга врска или уживате во возбудата на новата љубов, љубовниот хороскоп за 2024 година ви носи многу романса. Урамнотежувањето на потребата за изолација и времето за сам со вашата желба за интимност може да биде проблем. Ефективната комуникација ќе биде вашата ѕвезда водилка во љубовните прашања во 2024 година. Планирајте креативни состаноци, спонтани авантури или едноставно негувајте ги моментите кога сте заедно со партнерот. Овие искуства ќе ја зајакнат вашата врска и ќе ја одржат вашата љубов жива. Годишен хороскоп за работа во 2024 година Оваа година, вашата кариера изгледа како сложен мозаик, со парчиња успех, иновации и неколку предизвици. Вашиот начин на размислување, хуманиот дух и способноста да ги прифатите промените се вашето тајно оружје. Очекувајте можности за развој на кариерата, креативни откритија и остварување на вашите долгорочни желби.. Урамнотежувањето на вашата желба за нови работи и вашата желба за стабилност може да ви создаде конфузија. Деловниот хороскоп за 2024 година ве советува повеќе да се дружите со професионалци и луѓе од вашата сфера и да апсорбирате знаење. Комуникацијата ќе биде вашата ѕвезда водилка на деловното поле. Годишен хороскоп за здравје Во 2024 година, вашата физичка и ментална благосостојба ќе блесне. Вашето прогресивно размислување, љубовта кон иновациите и хуманиот дух се вашите тајни оружја за постигнување оптимално здравје. Оваа година нуди можности за подобрување на вашата физичка кондиција и емоционална состојба. Вградувањето на физичката активност во секојдневната рутина ќе биде ваш сојузник во 2024. Исто така, ѕвездите ве советуваат да се фокусирате на исхраната. Слушајте што му се допаѓа на вашето тело, а што не. Во средината на годината ќе имате неопислива желба да го доведете вашето тело до совршенство. Обидете се да не претерувате и секогаш консултирајте се со експерти.  

The post Годишен хороскоп: Подеми и падови за Водолијата во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Ни следуваат многу продолжени викенди: Еве кои ќе бидат неработни денови во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ni-sleduvaat-mnogu-prodolzheni-vikendi-eve-koi-ke-bidat-nerabotni-denovi-vo-2024-godina/ Fri, 27 Oct 2023 08:25:03 +0000 https://republika.mk/?p=695433

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2024 година.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

Погледнете кои ќе бидат продолжени викенди во претстојната година и испланирајте ги вашите следни авантури:

За сите граѓани на РМ:
01 јануари (понеделник), Нова Година,
07 јануари (недела), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,
10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
1 мај (среда), Ден на трудот,
06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
02 август (петок), Ден на Републиката,
8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден,
11 октомври (петок), Ден на народното востание,
23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед
06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ,
19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница
22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница
27 јануари (сабота), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница
08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница
23 мај (четврток), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница
12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница
28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница
21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

The post Ни следуваат многу продолжени викенди: Еве кои ќе бидат неработни денови во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата на неработни денови за 2024 година. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се: Погледнете кои ќе бидат продолжени викенди во претстојната година и испланирајте ги вашите следни авантури: За сите граѓани на РМ: 01 јануари (понеделник), Нова Година, 07 јануари (недела), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден, 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 1 мај (среда), Ден на трудот, 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (петок), Ден на Републиката, 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден, 11 октомври (петок), Ден на народното востание, 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба, 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски“, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден. За граѓаните од православна вероисповед 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божиќ, 19 јануари (петок), Богојавление (Водици), 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 01 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ. За граѓаните од муслиманска вероисповед 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, За граѓаните припадници на албанската заедница 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука. За граѓаните припадници на српската заедница 27 јануари (сабота), Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница 23 мај (четврток), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

The post Ни следуваат многу продолжени викенди: Еве кои ќе бидат неработни денови во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Трамп ја објави кандидатура за претседателските избори во 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-ja-objavi-kandidatura-za-pretsedatelskite-izbori-vo-2024/ Wed, 16 Nov 2022 07:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=574303

Доналд Трамп, 45-тиот американски претседател, кој ја извршуваше функцијата од 2017 до 2021 година, официјално ја поднесе својата кандидатура за следните претседателски избори во САД во 2024 година.

За 76-годишниот Трамп тоа ќе бидат трети претседателски избори во неговата политичка кариера. Тој победи на прелиминарните избори и стана претседател, додека во 2020 година загуби од Џо Бајден, актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави.

Инаку, во рамките на сопствената партија, Трамп во последните денови имаше препораки да се откаже од кандидатурата бидејќи одредени кандидати што ги поддржа постигнаа лоши резултати на неодамнешните избори за Сенатот.

Соработниците на Трамп поднесоа барање за претседателска кандидатура во 2024 година, додека Трамп прими бројни поддржувачи и обожаватели во неговиот луксузен имот на Флорида, Мар-а-Лаго.

Враќањето на Америка започнува токму сега, им порача републиканскиот кандидат на своите донатори и поддржувачи и најави дека ќе ја започне својата кампања речиси две години пред вистинските избори, кои се закажани за 5 ноември 2024 година.

Ја објавувам мојата кандидатура за претседател за да ја вратам големината и славата на САД. Ова нема да биде мојата кампања, ова ќе биде нашата кампања“, рече Трамп.

Засега не се знае кој ќе биде лидер на демократите на претседателските избори. Според претходните изјави, актуелниот прв човек на САД, Џо Бајден, има намера да се кандидира на нови избори, а својата одлука треба да ја претстави следната година.

 

The post Трамп ја објави кандидатура за претседателските избори во 2024 appeared first on Република.

]]>

Доналд Трамп, 45-тиот американски претседател, кој ја извршуваше функцијата од 2017 до 2021 година, официјално ја поднесе својата кандидатура за следните претседателски избори во САД во 2024 година. За 76-годишниот Трамп тоа ќе бидат трети претседателски избори во неговата политичка кариера. Тој победи на прелиминарните избори и стана претседател, додека во 2020 година загуби од Џо Бајден, актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави. Инаку, во рамките на сопствената партија, Трамп во последните денови имаше препораки да се откаже од кандидатурата бидејќи одредени кандидати што ги поддржа постигнаа лоши резултати на неодамнешните избори за Сенатот. Соработниците на Трамп поднесоа барање за претседателска кандидатура во 2024 година, додека Трамп прими бројни поддржувачи и обожаватели во неговиот луксузен имот на Флорида, Мар-а-Лаго.
Враќањето на Америка започнува токму сега, им порача републиканскиот кандидат на своите донатори и поддржувачи и најави дека ќе ја започне својата кампања речиси две години пред вистинските избори, кои се закажани за 5 ноември 2024 година. Ја објавувам мојата кандидатура за претседател за да ја вратам големината и славата на САД. Ова нема да биде мојата кампања, ова ќе биде нашата кампања“, рече Трамп.
Засега не се знае кој ќе биде лидер на демократите на претседателските избори. Според претходните изјави, актуелниот прв човек на САД, Џо Бајден, има намера да се кандидира на нови избори, а својата одлука треба да ја претстави следната година.  

The post Трамп ја објави кандидатура за претседателските избори во 2024 appeared first on Република.

]]>