2024 година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/2024-godina/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 13:00:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 2024 година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/2024-godina/ 32 32 Францускиот поет Жан Пјер Симеон е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/frantsuskiot-poet-zhan-pjer-simeon-e-dobitnik-na-zlaten-venets-na-strushkite-vecheri-na-poezijata-za-2024-godina/ Thu, 21 Mar 2024 12:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=756995

Добитник на „Златен венец“ за 2024 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет, Жан Пјер Симеон.

Одлуката беше соопштена на свечениот настан во Македонската академија на науките и уметностите, на кој покрај прогласувањето на лауреатите на СВП, беше одбележан 21 март-Светскиот ден на поезијата со поетско читање во кое учествуваа истакнати поети- членови на Македонскиот П.Е.Н Центар, како и други истакнати македонски поети од различни генерации

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 22 до 26 август годинава.

Жан Пјер Симеон е ценет поет, со широк распон на својот творечки потенцијал, реализиран во неколку жанровски подрачја. Тој e сестран автор, комплексна творечка фигура и поливалентна личност: интелектуалец, ерудит, поет, уредник, есеист, прозаист, драмски автор, хуманист. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и драгоцената закрила, на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната - како суверено кралство, во кое живее и опстојува власта на Љубовта и Убавината. Во песните на Симеон од почетниот период одѕвонува една самосвојна дидактика на Љубовта - а која стреми и досега отаде (похотливата и голосетилна) еротика „на прва рака“, се вели во образолжението на одлуката која ја прочита проф. д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на СВП.

Поетот, драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон е роден 1950 година во Париз. Како професор по модерна книжевност, тој објавил повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси. Тој е иницијатор на Неделата на поезијата во Клермон-Феран во 1986 година. Од 2001 до 2017 година бил уметнички директор на Пролетта на поетите. Од 2001 до 2019 година бил придружен поет на Националниот народен театар во Вилербан. Тој е претседател на жирито за доделување на наградата Аполинер. Во моментов е директор на колекцијата Поезија во Галимар.

Жан-Пјер Симеон предавал на Институтот за универзитетско образование на учители во Оверњ, на Високата национална школа за уметности и техники на театарот, како и на Париската школа за политички науки.

Неговите збирки поезија се објавени во издавачките куќи Шејн (Cheyne éditeur) и Галимар (Gallimard), а неговите театарски пиеси се во издание на Солитер ентампестиф (Solitaires Intempestifs).

За свето поетско творештво, Жан-Пјер Симеон е добитник на многу награди меѓу кои: наградата Морис Сев во 1981 година, наградата Антонен Арто во 1984 година, наградата Аполинер во 1994 година, наградата Макс Жакоб во 2006 година, меѓународната награда Лучијан Блага во Романија, Големата награда на Мон Сен Мишел за целокупното свое творештво, Меѓународната награда за современа поезија ( International Contemporary poetry award) во Кина во 2021 година, Големата награда за поезија на Француската академија во 2022 година.

Жан-Пјер Симеон е одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература. Поезијата на Жан Пјер Симеон е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поеткиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на Струшките вечери на поезијата, во 2010 година во препев на Јордан Плевнеш.

Во поздравното обраќање до македонската јавност, Жан Пјер Симеон вели:

Се осмелив пред неколку години да напишам есеј под наслов „Поезијата ќе го спаси светот“. Таа безусловна афирмација од насловот им се чинеше дека е смешна на многумина на земјината топка кои веруваат дека Поезијата е само еден шармантен орнамент, една јазична игра која може да ги интересира само неколкумина остроумни лингвисти. Меѓутоа, јас сум цврсто определен да мислам дека највозвишената Поезија, од видот на она пеење што е отелотворено во поетските опуси на венценосците од Струга, во оваа земја Македонија, што ги овенча бесмртните поети од многу меридијани- е израз на една меморијална и универзална визија, која единствено може да и даде смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет.
Која е таа желба, таа надеж, тој толку силен елан што е обликуван низ вековите да им се спротивставува и да ги демантира најголемите насилија на Историјата. Токмy поезијата е вистинска одбрана на Човекот и неговата вознемирена и безгранично отворена совест, која сака да го пронајде своето соодветно место, исполнето со неговата простосмртна желба по Срцето на Непознатото,за да го направи свет животот во сите негови безгранични пространства.

Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година која што СВП во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка е германската поетеса Катрин Пиц за нејзината стихозбирка „Вакви денови имало отсекогаш“.

Директорот на СВП, Тодорче Тасевски ја објави соработката на Струшките вечери на поезијата со Делегацијата на ЕУ којашто од оваа година ќе биде покровител на наградите „Енхалон“ и „Млада Струга“ преку Јуроп Хаус-Струга (Europe House-Struga), најновата членка на мрежата на Јуроп Хаус (Europe House).

Возобновената награда „Млада Струга“ ќе се доделува за необјавен поетски ракопис на млад поет или поетеса што дотогаш немаат објавено поетска збирка. Добитникот ќе биде избран по распишан конкурс, а освен паричен износ, наградата вклучува и објавување на поетската збирка како дел од изданијата на СВП и учество на Фестивалот, по урнек на поранешниот конкурс на Книжевната младина на Македонија.

Наградата „Енхалон“ се доделува за најдобра прочитана песна во рамки на „Ноќите без интерпункција“, дел од програмата на Фестивалот кадешто учествуваат претежно помлади поети.

По завршувањето на прогласувањето на лауреатите следуваше традиционалното поетско читање на членови на Македонскиот ПЕН центар, како и други истакнати македонски поети во чест на 21 март- Светскиот ден на поезијата.

Поетскотото послание за 2024 година го прочита истакнатата македонска писателка Оливера Ќорвезироска по што следуваше настапот на истакнати македонски поети од различни генерации.

The post Францускиот поет Жан Пјер Симеон е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Добитник на „Златен венец“ за 2024 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет, Жан Пјер Симеон. Одлуката беше соопштена на свечениот настан во Македонската академија на науките и уметностите, на кој покрај прогласувањето на лауреатите на СВП, беше одбележан 21 март-Светскиот ден на поезијата со поетско читање во кое учествуваа истакнати поети- членови на Македонскиот П.Е.Н Центар, како и други истакнати македонски поети од различни генерации Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 22 до 26 август годинава.
Жан Пјер Симеон е ценет поет, со широк распон на својот творечки потенцијал, реализиран во неколку жанровски подрачја. Тој e сестран автор, комплексна творечка фигура и поливалентна личност: интелектуалец, ерудит, поет, уредник, есеист, прозаист, драмски автор, хуманист. Поезијата на Симеон, зад себе го има благородниот контекст и драгоцената закрила, на една богата поетска традиција, каква што е француската, којашто ја краси возвишениот парнасовски идеал на песната - како суверено кралство, во кое живее и опстојува власта на Љубовта и Убавината. Во песните на Симеон од почетниот период одѕвонува една самосвојна дидактика на Љубовта - а која стреми и досега отаде (похотливата и голосетилна) еротика „на прва рака“, се вели во образолжението на одлуката која ја прочита проф. д-р Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на СВП.
Поетот, драматург и есеист, Жан-Пјер Симеон е роден 1950 година во Париз. Како професор по модерна книжевност, тој објавил повеќе збирки поезија, романи, книги за деца и театарски пиеси. Тој е иницијатор на Неделата на поезијата во Клермон-Феран во 1986 година. Од 2001 до 2017 година бил уметнички директор на Пролетта на поетите. Од 2001 до 2019 година бил придружен поет на Националниот народен театар во Вилербан. Тој е претседател на жирито за доделување на наградата Аполинер. Во моментов е директор на колекцијата Поезија во Галимар. Жан-Пјер Симеон предавал на Институтот за универзитетско образование на учители во Оверњ, на Високата национална школа за уметности и техники на театарот, како и на Париската школа за политички науки. Неговите збирки поезија се објавени во издавачките куќи Шејн (Cheyne éditeur) и Галимар (Gallimard), а неговите театарски пиеси се во издание на Солитер ентампестиф (Solitaires Intempestifs). За свето поетско творештво, Жан-Пјер Симеон е добитник на многу награди меѓу кои: наградата Морис Сев во 1981 година, наградата Антонен Арто во 1984 година, наградата Аполинер во 1994 година, наградата Макс Жакоб во 2006 година, меѓународната награда Лучијан Блага во Романија, Големата награда на Мон Сен Мишел за целокупното свое творештво, Меѓународната награда за современа поезија ( International Contemporary poetry award) во Кина во 2021 година, Големата награда за поезија на Француската академија во 2022 година. Жан-Пјер Симеон е одликуван со орденот Командант од редот на уметности и литература. Поезијата на Жан Пјер Симеон е првично приопштена на македонски јазик, благодарение на поеткиот избор „Човекот во срцето на светот“, објавен во едицијата „Плејади“ на Струшките вечери на поезијата, во 2010 година во препев на Јордан Плевнеш. Во поздравното обраќање до македонската јавност, Жан Пјер Симеон вели:
Се осмелив пред неколку години да напишам есеј под наслов „Поезијата ќе го спаси светот“. Таа безусловна афирмација од насловот им се чинеше дека е смешна на многумина на земјината топка кои веруваат дека Поезијата е само еден шармантен орнамент, една јазична игра која може да ги интересира само неколкумина остроумни лингвисти. Меѓутоа, јас сум цврсто определен да мислам дека највозвишената Поезија, од видот на она пеење што е отелотворено во поетските опуси на венценосците од Струга, во оваа земја Македонија, што ги овенча бесмртните поети од многу меридијани- е израз на една меморијална и универзална визија, која единствено може да и даде смисла на човечката авантура во овој безмилосен свет. Која е таа желба, таа надеж, тој толку силен елан што е обликуван низ вековите да им се спротивставува и да ги демантира најголемите насилија на Историјата. Токмy поезијата е вистинска одбрана на Човекот и неговата вознемирена и безгранично отворена совест, која сака да го пронајде своето соодветно место, исполнето со неговата простосмртна желба по Срцето на Непознатото,за да го направи свет животот во сите негови безгранични пространства.
Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година која што СВП во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка е германската поетеса Катрин Пиц за нејзината стихозбирка „Вакви денови имало отсекогаш“. Директорот на СВП, Тодорче Тасевски ја објави соработката на Струшките вечери на поезијата со Делегацијата на ЕУ којашто од оваа година ќе биде покровител на наградите „Енхалон“ и „Млада Струга“ преку Јуроп Хаус-Струга (Europe House-Struga), најновата членка на мрежата на Јуроп Хаус (Europe House). Возобновената награда „Млада Струга“ ќе се доделува за необјавен поетски ракопис на млад поет или поетеса што дотогаш немаат објавено поетска збирка. Добитникот ќе биде избран по распишан конкурс, а освен паричен износ, наградата вклучува и објавување на поетската збирка како дел од изданијата на СВП и учество на Фестивалот, по урнек на поранешниот конкурс на Книжевната младина на Македонија. Наградата „Енхалон“ се доделува за најдобра прочитана песна во рамки на „Ноќите без интерпункција“, дел од програмата на Фестивалот кадешто учествуваат претежно помлади поети. По завршувањето на прогласувањето на лауреатите следуваше традиционалното поетско читање на членови на Македонскиот ПЕН центар, како и други истакнати македонски поети во чест на 21 март- Светскиот ден на поезијата. Поетскотото послание за 2024 година го прочита истакнатата македонска писателка Оливера Ќорвезироска по што следуваше настапот на истакнати македонски поети од различни генерации.

The post Францускиот поет Жан Пјер Симеон е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Што го очекува светот во 2024 година? Три војни ќе доминираат, една допрва се очекува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shto-go-ochekuva-svetot-vo-2024-godina-tri-vojni-ke-dominiraat-edna-doprva-se-ochekuva/ Wed, 10 Jan 2024 12:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=731558

Во светот ќе доминират три војни оваа година – Русија против Украина, сега веќе трета година, Израел против Хамас, сега во третиот месец, и САД против самите себе, конфликт подготвен да започне во секој момент, според годишниот извештај на консултантска компанија за политички ризик Eurasia group.

Претседателските избори во САД ќе претставуваат најголем политички ризик за светот во 2024 година, без разлика кој ќе победи, а институциите на најмоќната демократија сигурно ќе ги трпат последиците, објави групата Евроазија, наведувајќи дека изборите на 5 ноември ќе ја тестираат американската демократија на ниво што нацијата не го доживеала 150 години, мислејќи на граѓанска војна во земјата, објави Гласот на Америка.

Со исходот од гласањето во суштина фрлање паричка, барем засега, единствената сигурност е континуираната штета на општественото битие на Америка, политичките институции и меѓународната положба“, се вели во извештајот.

Се додава дека ако републиканскиот фаворит Доналд Трамп повторно загуби од претседателот Џозеф Бајден, магнатот со недвижности веројатно повторно ќе се соочи со обвинувања за масовна измама и ќе поттикне тешка кампања на заплашување против изборните службеници.

Групата Евроазија го рангираше насилството на Блискиот Исток како втор најголем глобален ризик, а војната меѓу Израел и Хамас веројатно ќе биде само првата фаза во поширокиот конфликт во 2024 година. Групата проценува дека се влошува.

Третиот најголем ризик ќе биде Украина, а во извештајот се наведува истата прогноза како и за Блискиот исток: се влошува.

Групата Евроазија укажува дека оваа година Украина ќе изгуби значителен меѓународен интерес и поддршка, а особено за САД – таа стана далеку втор и сè по трет или помал приоритет и покрај стотиците илјади жртви, милиони раселени и убиени луѓе.

Други ризици вклучуваат вештачка интелигенција и бавноста со која владите ширум светот не успеваат да го регулираат развојот на ВИ.

Алијансата и меѓусебната поддршка на Русија, Иран и Северна Кореја се исто така високи на списокот со ризици. Веднаш зад неа е Кина, како и нејзината економија.

 

The post Што го очекува светот во 2024 година? Три војни ќе доминираат, една допрва се очекува appeared first on Република.

]]>

Во светот ќе доминират три војни оваа година – Русија против Украина, сега веќе трета година, Израел против Хамас, сега во третиот месец, и САД против самите себе, конфликт подготвен да започне во секој момент, според годишниот извештај на консултантска компанија за политички ризик Eurasia group. Претседателските избори во САД ќе претставуваат најголем политички ризик за светот во 2024 година, без разлика кој ќе победи, а институциите на најмоќната демократија сигурно ќе ги трпат последиците, објави групата Евроазија, наведувајќи дека изборите на 5 ноември ќе ја тестираат американската демократија на ниво што нацијата не го доживеала 150 години, мислејќи на граѓанска војна во земјата, објави Гласот на Америка.
Со исходот од гласањето во суштина фрлање паричка, барем засега, единствената сигурност е континуираната штета на општественото битие на Америка, политичките институции и меѓународната положба“, се вели во извештајот.
Се додава дека ако републиканскиот фаворит Доналд Трамп повторно загуби од претседателот Џозеф Бајден, магнатот со недвижности веројатно повторно ќе се соочи со обвинувања за масовна измама и ќе поттикне тешка кампања на заплашување против изборните службеници. Групата Евроазија го рангираше насилството на Блискиот Исток како втор најголем глобален ризик, а војната меѓу Израел и Хамас веројатно ќе биде само првата фаза во поширокиот конфликт во 2024 година. Групата проценува дека се влошува. Третиот најголем ризик ќе биде Украина, а во извештајот се наведува истата прогноза како и за Блискиот исток: се влошува. Групата Евроазија укажува дека оваа година Украина ќе изгуби значителен меѓународен интерес и поддршка, а особено за САД – таа стана далеку втор и сè по трет или помал приоритет и покрај стотиците илјади жртви, милиони раселени и убиени луѓе. Други ризици вклучуваат вештачка интелигенција и бавноста со која владите ширум светот не успеваат да го регулираат развојот на ВИ. Алијансата и меѓусебната поддршка на Русија, Иран и Северна Кореја се исто така високи на списокот со ризици. Веднаш зад неа е Кина, како и нејзината економија.  

The post Што го очекува светот во 2024 година? Три војни ќе доминираат, една допрва се очекува appeared first on Република.

]]>
Пресметајте дали 2024 ќе биде ваша година https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/presmetajte-dali-2024-ke-bide-vasha-godina/ Wed, 03 Jan 2024 21:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=729429

Пресметајте кој е вашиот годишен број и што треба да направите во 2024-та година.

Според нумерологијата животниот век се сведува на циклус од 9 години кои започнуваат од нашето раѓање, а завршуваат тогаш кога завршува и нашиот живот. Циклусот одново и одново се повторува.

Секоја година од тој циклус има свое единствено значење и секако насока која може да ви помогне при одредувањето на вашите животни цели и желби.

Како да пресметате кој е вашиот број за 2024-та?

Соберете ги бројките од датумот на вашето раѓање и годината во која влегувате.

На пример, ако сте родени на 12 јуни, треба да го направите следново: 1+2+0+6+2+0+2+4 = 17

Ако добиете само еден број тој го претставува вашиот годишен број. Но, ако добивте двоцифрен број постапката треба уште еднаш да ја повторите.

Така, на пример, бројот 18 кој го добивме во овој случај уште еднаш го собираме 1+7 = 8

Годишниот број е 8.

Годишен број 1

Нови почетоци, акција, животни прилики

Оваа година ве очекуваат големи промени и нови животни прилики и затоа не смеете да ги одолговлекувате одлуките. Ќе имате прилив на нова и силна животна енергија и нови идеи кои ќе морате да ги распоредите во наредните 12 месеци.

Оваа година е година во која сите потреби треба да ги ставите на прво место. Без разлика дали се работи за мали физички промени или пак оние значајните, оваа година треба да си ја посветите на себе.


Годишен број 2

Трпение, односи, баланс, емоции

Оваа година се однесува на сето она што досега сте го постигнале во животот. Оваа година ќе ви се чини како бавна, бидејќи ќе имате чувство како ништо важно да не ви се случува, но бидете претпазливи, зад малите незначајни работи се кријат големи промени.

Оваа година на прво место ви е љубовта, односите со другите и вашите искрени емоции. Оние кои се во врска ќе откријат дали е вистинската, а оние кои се слободни можат да запознаат некоја посебна личност со која ќе остварат силна врска.


Годишен број 3

Социјализација, комуникација, креативност

За разлика од втората година која се чини како фрустрирачки бавна, третата година е поенергична и динамична. Во оваа година на виделина доаѓаат сите оние работи кои сте ги направиле и промените од првата година.

Во оваа година треба повеќе време да поминувате во друштво. Поврзете се со старите пријатели и работете на нови познанства. За возврат ве очекува  позитивна енергија, веселби и забава. Уживајте во сè што ви носи животот.


Годишен број 4

Ред, труд, планирање, вложување

Оваа година е посветена на сето она кое е потребно за вашиот живот да стане подобар и поквалитетен. Токму затоа, организацијата и планирањето се важен фактор поради кој вашиот живот ќе тргне кон подобро.

Оваа година важно е да се грижите за вашето здравје, да се одлучите за штедење, промени во вашиот дом, исплаќање на долговите, образование и некој друг облик на надградување на потенцијалите. Плановите од оваа година долгорочно ќе ви се исплатат.


Годишен број 5

Авантура, напредок, промени

Четвртата година ја одбележавте во големи промени, планови, тешка работа, а петата година носи очекувани и неочекувани промени кои ќе се појават во разни облици. За некои тоа значи преселување, нова работа, нова врска, а за другите промени на животните ставови и размислувањата.

На било кој начин, ќе ви се отворат нови можности и затоа добро е да избегате од рутината и да пробате нешто ново, различно.


Годишен број 6

Љубов, семејство, одговорност

Оваа година ќе ви биде обележана со несебичност и важно е да се посветите на другите и да ја истакнете вашата одговорност. Вашето рамо за плачење понудете го на најблиските и бидете отворени за помош.

Шестата година е во знакот на љубовта, па ако не сте во врска можете да се заљубите и да започнете нова. Оние кои веќе се во врска ќе отидат чекор нанапред. Ако имате проблеми и несогласувања, оваа година е идеална за да ги разрешите.


Годишен број 7

Преиспитување, личен и духовен раст

Седмата година е посветена исклучиво на вас. Во овој период важно е да направите анализа на самите себе за да сфатите кои сте, што сте и што сакате. Во оваа година не треба да одите нанапред, туку да застанете, направите чекор наназад и да размислите за сè што сте направиле и што сакате да направите.

Во оваа година добро е да работите на своите потенцијали. Пронајдете некое ново хоби или пак, подобрете ги вашите вештини. Што и да правите, важно е да бидете среќни и исполнети.


Годишен број 8

Моќ, финансии, кариера

Оваа година е во знакот на работата, кариерата, финансиите и правните работи. За некои тоа се работните прилики или напредокот на постоечкото работно место, а за другите во облик на пораст на трошоците и намалување на финансиските приливи.

Животот како што сте го воделе досега и сè она што сте го вложувале во себе оваа година ќе се покаже. Но, исто така, треба да бидете внимателни при донесувањето на финансиските одлуки, бидејќи ако не се брзоплети можат да ви донесат големи проблеми.

Годишен број 9

Трансформации, завршетоци

Оваа година е последна од животниот циклус и е фокусирања на завршување на сè она што досега сте го планирале и постигнале, како и подготовка за нов почеток. Најважно во овој дел од животната трансформација е сè да оставите зад себе.

Оваа година е идеална за „чистење“ на животот, за сè да тргне напред и кон подобро. Иако 9-та година претставува завршеток, таа е истовремено и симбол за повторно раѓање. Затоа, наредните 12 месеци треба да завршите сè што сте работеле досега.

The post Пресметајте дали 2024 ќе биде ваша година appeared first on Република.

]]>

Пресметајте кој е вашиот годишен број и што треба да направите во 2024-та година. Според нумерологијата животниот век се сведува на циклус од 9 години кои започнуваат од нашето раѓање, а завршуваат тогаш кога завршува и нашиот живот. Циклусот одново и одново се повторува. Секоја година од тој циклус има свое единствено значење и секако насока која може да ви помогне при одредувањето на вашите животни цели и желби. Како да пресметате кој е вашиот број за 2024-та? Соберете ги бројките од датумот на вашето раѓање и годината во која влегувате. На пример, ако сте родени на 12 јуни, треба да го направите следново: 1+2+0+6+2+0+2+4 = 17 Ако добиете само еден број тој го претставува вашиот годишен број. Но, ако добивте двоцифрен број постапката треба уште еднаш да ја повторите. Така, на пример, бројот 18 кој го добивме во овој случај уште еднаш го собираме 1+7 = 8 Годишниот број е 8.

Годишен број 1

Нови почетоци, акција, животни прилики Оваа година ве очекуваат големи промени и нови животни прилики и затоа не смеете да ги одолговлекувате одлуките. Ќе имате прилив на нова и силна животна енергија и нови идеи кои ќе морате да ги распоредите во наредните 12 месеци. Оваа година е година во која сите потреби треба да ги ставите на прво место. Без разлика дали се работи за мали физички промени или пак оние значајните, оваа година треба да си ја посветите на себе.

Годишен број 2

Трпение, односи, баланс, емоции Оваа година се однесува на сето она што досега сте го постигнале во животот. Оваа година ќе ви се чини како бавна, бидејќи ќе имате чувство како ништо важно да не ви се случува, но бидете претпазливи, зад малите незначајни работи се кријат големи промени. Оваа година на прво место ви е љубовта, односите со другите и вашите искрени емоции. Оние кои се во врска ќе откријат дали е вистинската, а оние кои се слободни можат да запознаат некоја посебна личност со која ќе остварат силна врска.

Годишен број 3

Социјализација, комуникација, креативност За разлика од втората година која се чини како фрустрирачки бавна, третата година е поенергична и динамична. Во оваа година на виделина доаѓаат сите оние работи кои сте ги направиле и промените од првата година. Во оваа година треба повеќе време да поминувате во друштво. Поврзете се со старите пријатели и работете на нови познанства. За возврат ве очекува  позитивна енергија, веселби и забава. Уживајте во сè што ви носи животот.

Годишен број 4

Ред, труд, планирање, вложување Оваа година е посветена на сето она кое е потребно за вашиот живот да стане подобар и поквалитетен. Токму затоа, организацијата и планирањето се важен фактор поради кој вашиот живот ќе тргне кон подобро. Оваа година важно е да се грижите за вашето здравје, да се одлучите за штедење, промени во вашиот дом, исплаќање на долговите, образование и некој друг облик на надградување на потенцијалите. Плановите од оваа година долгорочно ќе ви се исплатат.

Годишен број 5

Авантура, напредок, промени Четвртата година ја одбележавте во големи промени, планови, тешка работа, а петата година носи очекувани и неочекувани промени кои ќе се појават во разни облици. За некои тоа значи преселување, нова работа, нова врска, а за другите промени на животните ставови и размислувањата. На било кој начин, ќе ви се отворат нови можности и затоа добро е да избегате од рутината и да пробате нешто ново, различно.

Годишен број 6

Љубов, семејство, одговорност Оваа година ќе ви биде обележана со несебичност и важно е да се посветите на другите и да ја истакнете вашата одговорност. Вашето рамо за плачење понудете го на најблиските и бидете отворени за помош. Шестата година е во знакот на љубовта, па ако не сте во врска можете да се заљубите и да започнете нова. Оние кои веќе се во врска ќе отидат чекор нанапред. Ако имате проблеми и несогласувања, оваа година е идеална за да ги разрешите.

Годишен број 7

Преиспитување, личен и духовен раст Седмата година е посветена исклучиво на вас. Во овој период важно е да направите анализа на самите себе за да сфатите кои сте, што сте и што сакате. Во оваа година не треба да одите нанапред, туку да застанете, направите чекор наназад и да размислите за сè што сте направиле и што сакате да направите. Во оваа година добро е да работите на своите потенцијали. Пронајдете некое ново хоби или пак, подобрете ги вашите вештини. Што и да правите, важно е да бидете среќни и исполнети.

Годишен број 8

Моќ, финансии, кариера Оваа година е во знакот на работата, кариерата, финансиите и правните работи. За некои тоа се работните прилики или напредокот на постоечкото работно место, а за другите во облик на пораст на трошоците и намалување на финансиските приливи. Животот како што сте го воделе досега и сè она што сте го вложувале во себе оваа година ќе се покаже. Но, исто така, треба да бидете внимателни при донесувањето на финансиските одлуки, бидејќи ако не се брзоплети можат да ви донесат големи проблеми.

Годишен број 9

Трансформации, завршетоци Оваа година е последна од животниот циклус и е фокусирања на завршување на сè она што досега сте го планирале и постигнале, како и подготовка за нов почеток. Најважно во овој дел од животната трансформација е сè да оставите зад себе. Оваа година е идеална за „чистење“ на животот, за сè да тргне напред и кон подобро. Иако 9-та година претставува завршеток, таа е истовремено и симбол за повторно раѓање. Затоа, наредните 12 месеци треба да завршите сè што сте работеле досега.

The post Пресметајте дали 2024 ќе биде ваша година appeared first on Република.

]]>
Што нè очекува во 2024: Четири милијарди луѓе ќе излезат на гласање во 40 земји, пет избори ќе го одредат патот по кој ќе оди светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shto-ne-ochekuva-vo-2024-chetiri-milijardi-luge-ke-izlezat-na-glasane-vo-40-zemji-pet-izbori-ke-go-odredat-patot-po-koj-ke-odi-svetot/ Mon, 01 Jan 2024 19:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=728598

Во 2024 година ќе се одржат избори во околу 40 земји во кои живее повеќе од половина од светското население. Повеќе од четири милијарди луѓе ќе излезат на гласање и ќе го одредат патот по кој ќе оди светот во иднина.

Изборите што ќе се одржат во 2024 година ќе ја разнишаат глобалната стабилност, смета колумнистот на Си-Ен-Ен, Дејвид Анделман.

Според него, гласачите во 2023 година доживеаја длабоки шокови, но не е ни блиску до она што можеме да го очекуваме во новата година.

Во тој контекст, Анделман забележува дека во светот има тренд на незадоволство од демократијата и дека расте популарноста на екстремно десничарските ставови, партии и политичари.

Избори ќе се одржат во Бангладеш, Индонезија, Пакистан, Јужна Африка, Мексико, во девет европски земји, а на Балканот во Хрватска и Македонија.

Сепак, се издвојуваат пет изборни трки кои ќе ја одбележат годината – Тајван, Русија (17 март), Индија (април и мај), Европскиот парламент (од 6 до 9 јуни) и САД (5 ноември).

Во однос на изборите во Тајван кои ќе бидат на почетокот на годината, први од клучните пет, како што се издвојуваат, може да доведат до ескалација на тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј.

Сега лидер во изборната трка е Лаи Чинг-те, кој планира - доколку победи - да ја продолжи проамериканската политика на актуелниот претседател. Другите кандидати, напротив, се за почеток на преговори со Пекинг или барање „златна средина“.

Според Анделман, со тројца претседателски кандидати, тесниот фаворит и кандидат на владејачката Демократска напредна партија (ДПП) Лаи Чинг-те ја вознемири Кина со неговото ветување дека ќе продолжи со решителната одбрана на суверенитетот на островот, поставена од актуелниот претседател Цаи Инг-вен. Неговиот најблизок соработник, Хоу Ју-Их од опозицискиот Куоминтанг (КМТ), сака да започне разговори со Пекинг. Аутсајдерот Ко Вен-је од Тајванската народна партија (ТПП) и поранешен градоначалник на Тајпеј нуди средина поблиску до помирувањето. „Ако гласачите се согласат со статус кво, очекувајте Пекинг да го засили притисокот“, вели Анделман.

Во март се закажани изборите во Русија, каде што Владимир Путин е голем фаворит повторно да стане руски претседател во 2024 година. Тој се надева дека ќе го продолжи своето 24-годишно владеење за уште шест години.

На 8 декември Путин објави дека се кандидира за петти мандат, кој ќе го задржи на власт до 2030 година.

Во 2020 година, тој го измени уставот за да може теоретски да остане на власт до 2036 година, што би можело да му овозможи да владее подолго од Јосиф Сталин.

Нема сомнеж во планираниот доживотен мандат на рускиот претседател Владимир Путин. Неговиот реизбор е само лист од смоква. До крајот на мандатот, Путин ќе има 78 години и ќе го престигне советскиот лидер Јосиф Сталин како најдолг руски владетел по Катерина Велика, пишува Анделман.

Засега се чини дека има само еден официјален противник - Алексеј Нечаев, бизнисмен кој случајно е член на политичката коалиција на Путин, Серуски народен фронт.

Анделман вели дека може да има хаос во Русија, како што беше во 2018 година по претседателските избори, но и дека стотици илјади потенцијални граѓани против Путин ја напуштиле земјата.

Со многу реална можност дека ова би можеле да бидат последни избори за рускиот претседател - со оглед на неговата возраст - охрабрениот Путин би можел да го сврти своето внимание на уште поширок и дестабилизирачки обид за повторно составување на советската империја по изборите. И не треба да се исклучи директен конфликт со НАТО, пишува колумнистот на Си-Ен-Ен.

Реизборот на Путин, како што истакнува, ќе значи многу за односот на силите во светот во наредните години.

Речиси една милијарда Индијци ќе бидат повикани на гласање во април-мај, кога најнаселената држава во светот ќе излезе на избори на кои премиерот Нарендра Моди и неговата националистичка партија БЈП бараат трет мандат.

Политичката кариера и успехот на Моди, како што истакнуваат аналитичарите, се засноваат на поддршката на индиските Хиндуси и поттикнувањето непријателство кон големото муслиманско малцинство во земјата.

И покрај сузбивањето на граѓанските слободи, тој доаѓа како јасен фаворит, а неговите поддржувачи му признаваат за зајакнувањето на позицијата на неговата земја на глобалната сцена.

Следниот месец Моди ќе отвори голем хинду храм, кој ќе се издигне на пепелта на старата џамија како симболична потврда за доминација на Моди и за цела хинду Индија, пишува Анделман.

На изборите за Европскиот парламент, први по Брегзит, закажани за јуни, право на глас ќе имаат 400 милиони луѓе.

Гласањето ќе биде тест за поддршка на десничарските популисти. Темелите на потенцијално огромен десничарски пресврт се градат со години. Десничарските европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) се предвидува да имаат одличен резултат.

Во Европа се очекува големо поместување надесно. Таму десничарските ставови брзо добиваат на популарност, а десничарскиот блок станува се посилен. Европската конзервативна и реформистичка десница би можела дури да стане трета по големина група во новиот Европски парламент. Тие ќе покренат прашања за понатамошната помош за Украина, санкциите против Русија (веќе ставени на вето од Унгарија и Словачка), ограничувањата за имиграцијата, откажувањето од контролата на климата, правдата и владеењето на правото низ ЕУ и промените во пристапот на Европа кон Кина“, вели Анделман.

Како и да е, Брисел може да се охрабри од Полска, каде што поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск се врати на власт на про-ЕУ платформа.

Десетици милиони Американци ќе гласаат за претседател на 5 ноември во натпревар кој би можел да го задржи актуелниот Џо Бајден на власт до 86-тата година од животот.

Но, анкетите покажуваат дека повеќето гласачи мислат дека демократот, „кој е склон кон гафови“, е премногу стар за да биде врховен командант.

Кампањата на Бајден претрпе нов удар откако Претставничкиот дом предводен од републиканците гласаше за отворање формална истрага за импичмент за тоа дали тој неправилно профитирал од надворешните работи на неговиот син додека беше потпретседател под Барак Обама.

Трамп влегува во трката за номинација на Републиканската партија како јасен фаворит, и покрај повеќекратните криминални судења со кои се соочува.

Коментаторот на Си-Ен-Ен вели дека Трамп дури и ако не биде избран за претседател, гласањето и кампањата до 5 ноември би можеле да ја урнат структурата на демократијата во САД. А, ако биде избран, „тоа може да има последици за големи делови од светот“.

Изборната победа на Доналд Трамп во 2024 година може да ги поткопа темелите на демократијата во Соединетите Американски Држави и во целиот свет, вели Анделман.

Тој исто така тврди дека победата на Трамп многу ќе влијае на НАТО и на општата реторика на САД. Посебно не му се допаѓа што поранешниот претседател за време на изборната кампања го цитираше Путин и ги пофали севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Каде ќе биде светот за една година од сега, ќе го одредат милијардите гласачи кои ќе ја посетат или избегнуваат гласачката кутија со различен степен на слобода и транспарентност - и политичарите кои ќе покажат колку ги почитуваат изборите што ги направиле нивните луѓе. Се надеваме дека добро ќе размислат и ќе гласаат мудро, истакнува коментаторот на Си-Ен-Ен.

Анделман заклучува дека гласачите во 2024 година ќе ја одредат формата на светот во кој ќе живееме.

The post Што нè очекува во 2024: Четири милијарди луѓе ќе излезат на гласање во 40 земји, пет избори ќе го одредат патот по кој ќе оди светот appeared first on Република.

]]>

Во 2024 година ќе се одржат избори во околу 40 земји во кои живее повеќе од половина од светското население. Повеќе од четири милијарди луѓе ќе излезат на гласање и ќе го одредат патот по кој ќе оди светот во иднина. Изборите што ќе се одржат во 2024 година ќе ја разнишаат глобалната стабилност, смета колумнистот на Си-Ен-Ен, Дејвид Анделман. Според него, гласачите во 2023 година доживеаја длабоки шокови, но не е ни блиску до она што можеме да го очекуваме во новата година. Во тој контекст, Анделман забележува дека во светот има тренд на незадоволство од демократијата и дека расте популарноста на екстремно десничарските ставови, партии и политичари. Избори ќе се одржат во Бангладеш, Индонезија, Пакистан, Јужна Африка, Мексико, во девет европски земји, а на Балканот во Хрватска и Македонија. Сепак, се издвојуваат пет изборни трки кои ќе ја одбележат годината – Тајван, Русија (17 март), Индија (април и мај), Европскиот парламент (од 6 до 9 јуни) и САД (5 ноември). Во однос на изборите во Тајван кои ќе бидат на почетокот на годината, први од клучните пет, како што се издвојуваат, може да доведат до ескалација на тензиите меѓу Пекинг и Тајпеј. Сега лидер во изборната трка е Лаи Чинг-те, кој планира - доколку победи - да ја продолжи проамериканската политика на актуелниот претседател. Другите кандидати, напротив, се за почеток на преговори со Пекинг или барање „златна средина“. Според Анделман, со тројца претседателски кандидати, тесниот фаворит и кандидат на владејачката Демократска напредна партија (ДПП) Лаи Чинг-те ја вознемири Кина со неговото ветување дека ќе продолжи со решителната одбрана на суверенитетот на островот, поставена од актуелниот претседател Цаи Инг-вен. Неговиот најблизок соработник, Хоу Ју-Их од опозицискиот Куоминтанг (КМТ), сака да започне разговори со Пекинг. Аутсајдерот Ко Вен-је од Тајванската народна партија (ТПП) и поранешен градоначалник на Тајпеј нуди средина поблиску до помирувањето. „Ако гласачите се согласат со статус кво, очекувајте Пекинг да го засили притисокот“, вели Анделман. Во март се закажани изборите во Русија, каде што Владимир Путин е голем фаворит повторно да стане руски претседател во 2024 година. Тој се надева дека ќе го продолжи своето 24-годишно владеење за уште шест години. На 8 декември Путин објави дека се кандидира за петти мандат, кој ќе го задржи на власт до 2030 година. Во 2020 година, тој го измени уставот за да може теоретски да остане на власт до 2036 година, што би можело да му овозможи да владее подолго од Јосиф Сталин.
Нема сомнеж во планираниот доживотен мандат на рускиот претседател Владимир Путин. Неговиот реизбор е само лист од смоква. До крајот на мандатот, Путин ќе има 78 години и ќе го престигне советскиот лидер Јосиф Сталин како најдолг руски владетел по Катерина Велика, пишува Анделман.
Засега се чини дека има само еден официјален противник - Алексеј Нечаев, бизнисмен кој случајно е член на политичката коалиција на Путин, Серуски народен фронт. Анделман вели дека може да има хаос во Русија, како што беше во 2018 година по претседателските избори, но и дека стотици илјади потенцијални граѓани против Путин ја напуштиле земјата.
Со многу реална можност дека ова би можеле да бидат последни избори за рускиот претседател - со оглед на неговата возраст - охрабрениот Путин би можел да го сврти своето внимание на уште поширок и дестабилизирачки обид за повторно составување на советската империја по изборите. И не треба да се исклучи директен конфликт со НАТО, пишува колумнистот на Си-Ен-Ен.
Реизборот на Путин, како што истакнува, ќе значи многу за односот на силите во светот во наредните години. Речиси една милијарда Индијци ќе бидат повикани на гласање во април-мај, кога најнаселената држава во светот ќе излезе на избори на кои премиерот Нарендра Моди и неговата националистичка партија БЈП бараат трет мандат. Политичката кариера и успехот на Моди, како што истакнуваат аналитичарите, се засноваат на поддршката на индиските Хиндуси и поттикнувањето непријателство кон големото муслиманско малцинство во земјата. И покрај сузбивањето на граѓанските слободи, тој доаѓа како јасен фаворит, а неговите поддржувачи му признаваат за зајакнувањето на позицијата на неговата земја на глобалната сцена.
Следниот месец Моди ќе отвори голем хинду храм, кој ќе се издигне на пепелта на старата џамија како симболична потврда за доминација на Моди и за цела хинду Индија, пишува Анделман.
На изборите за Европскиот парламент, први по Брегзит, закажани за јуни, право на глас ќе имаат 400 милиони луѓе. Гласањето ќе биде тест за поддршка на десничарските популисти. Темелите на потенцијално огромен десничарски пресврт се градат со години. Десничарските европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) се предвидува да имаат одличен резултат. Во Европа се очекува големо поместување надесно. Таму десничарските ставови брзо добиваат на популарност, а десничарскиот блок станува се посилен. Европската конзервативна и реформистичка десница би можела дури да стане трета по големина група во новиот Европски парламент. Тие ќе покренат прашања за понатамошната помош за Украина, санкциите против Русија (веќе ставени на вето од Унгарија и Словачка), ограничувањата за имиграцијата, откажувањето од контролата на климата, правдата и владеењето на правото низ ЕУ и промените во пристапот на Европа кон Кина“, вели Анделман. Како и да е, Брисел може да се охрабри од Полска, каде што поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск се врати на власт на про-ЕУ платформа. Десетици милиони Американци ќе гласаат за претседател на 5 ноември во натпревар кој би можел да го задржи актуелниот Џо Бајден на власт до 86-тата година од животот. Но, анкетите покажуваат дека повеќето гласачи мислат дека демократот, „кој е склон кон гафови“, е премногу стар за да биде врховен командант. Кампањата на Бајден претрпе нов удар откако Претставничкиот дом предводен од републиканците гласаше за отворање формална истрага за импичмент за тоа дали тој неправилно профитирал од надворешните работи на неговиот син додека беше потпретседател под Барак Обама. Трамп влегува во трката за номинација на Републиканската партија како јасен фаворит, и покрај повеќекратните криминални судења со кои се соочува. Коментаторот на Си-Ен-Ен вели дека Трамп дури и ако не биде избран за претседател, гласањето и кампањата до 5 ноември би можеле да ја урнат структурата на демократијата во САД. А, ако биде избран, „тоа може да има последици за големи делови од светот“.
Изборната победа на Доналд Трамп во 2024 година може да ги поткопа темелите на демократијата во Соединетите Американски Држави и во целиот свет, вели Анделман.
Тој исто така тврди дека победата на Трамп многу ќе влијае на НАТО и на општата реторика на САД. Посебно не му се допаѓа што поранешниот претседател за време на изборната кампања го цитираше Путин и ги пофали севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Каде ќе биде светот за една година од сега, ќе го одредат милијардите гласачи кои ќе ја посетат или избегнуваат гласачката кутија со различен степен на слобода и транспарентност - и политичарите кои ќе покажат колку ги почитуваат изборите што ги направиле нивните луѓе. Се надеваме дека добро ќе размислат и ќе гласаат мудро, истакнува коментаторот на Си-Ен-Ен.
Анделман заклучува дека гласачите во 2024 година ќе ја одредат формата на светот во кој ќе живееме.

The post Што нè очекува во 2024: Четири милијарди луѓе ќе излезат на гласање во 40 земји, пет избори ќе го одредат патот по кој ќе оди светот appeared first on Република.

]]>
„Доаѓа надежта!“ порача Николоски споделувајќи ја неговата битка во 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/doaga-nadezhta-poracha-nikoloski-spodeluvajki-ja-negovata-bitka-vo-2023/ Mon, 01 Jan 2024 11:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=728629

„Доаѓа надежта!“ порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски споделувајќи колаж од, како што кажан, неговата битка во изминатата 2023 година, година во којашто цветаше криминалот и корупцијата, а економијата тонеше.

Доаѓа надежта! Посакувам многу поубава, повесела и посреќна 2024 година во којашто ќе правиме убави работи за Македонија!, порача Николоски.

The post „Доаѓа надежта!“ порача Николоски споделувајќи ја неговата битка во 2023 appeared first on Република.

]]>

„Доаѓа надежта!“ порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски споделувајќи колаж од, како што кажан, неговата битка во изминатата 2023 година, година во којашто цветаше криминалот и корупцијата, а економијата тонеше.
Доаѓа надежта! Посакувам многу поубава, повесела и посреќна 2024 година во којашто ќе правиме убави работи за Македонија!, порача Николоски.

The post „Доаѓа надежта!“ порача Николоски споделувајќи ја неговата битка во 2023 appeared first on Република.

]]>
К’смет да се родиш, таксират ако се венчаш: Верувања за престапната 2024 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/k-smet-da-se-rodish-taksirat-ako-se-venchash-veruvana-za-prestapnata-2024-godina/ Mon, 01 Jan 2024 10:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=728502

2024 година е престапна, односно Земјата прави целосна обиколка околу Сонцето за 365 дена и 6 часа, а не само за 365 дена, па имаме ден повеќе - 29 февруари. Но, ако кога станува збор за народните верувања, престапната година со себе носи различни пораки. Во неа не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Среќлии се само децата што се родени во годината. Народот верувал дека сè што се прави во престапна година има кус рок, иако годината има ден повеќе.

Порано, многу се внимавало на ваквите непишани правила. Во народот се верува дека бракот склучен во престапна година ќе трае кратко иако годината има ден повеќе. Оние што планирале венчавки или свадби чекале цела година. Но, ако се случело младоженците да немаат време за чекање (ако биле печалбари или пак пред време очекувале принова), за да не ги бие малер на свадбата принесувале леб или погача месени со брашно од минатата година. Во дамнина вообичаено во секоја куќа се чувало старо брашно, „за не дај Боже“. Според некои народни верувања есента била најдобро време за брак, се избегнувал периодот за божикните и велигденските пости, а не се склучувале бракови во престапните години

Касмет е да се родиш на 29 февруари

Можноста да се родите на 29 февруари е 1 спрема 1.461, математички пресметано значи да имате 0,068 отсто среќа.

Дамите запросуваат

Во многу западни земји постои обичај на 29 февруари дамите да можат да го запросат својот партнер. Според последната анкета, дури 25 отсто од жените се изјасниле дека не би им било срам да клекнат на колена и да ја побараат раката на оној што го сакаат. Дури 50 отсто од мажите не би се бунеле кога тоа навистина би се случило, а речиси 16 отсто мислат дека со тоа ќе им падне огромен товар од срцето зашто до сега не ја запросиле својата партнерка од страв да не бидат одбиени.

Потпишете го договорот, на 29 февруари!

Според народните верувања, целата престапна година не е добра за започнување нови бизниси. Но астрологијата пак вели дека 29 февруари е идеален за нова работа. Имено, среќната поставеност на Сонцето и Јупитер треба да се искористи за потпишување договори, зашто ќе „паѓаат“ исклучително добри деловни понуди.

Брак и развод

Според верувањата, во престапните години не треба да се венчаваме на 29 февруари, ни во текот на месец мај. Не смее ни да се разведуваме. Ако постои и најмала можност да го сочуваме своето семејство, подобро е да го направиме тоа. Старите луѓе забележале дека оние кои се разведуваат во Престапна година, потоа потешко си создаваат ново семејство.

Црквата не се согласува

Избегнувањето на венчавка во престапна година според Црквата е неправилно верување. Според црковните верувања секоја година е благословена од Господ, а верувањето дека венчавка не се прави во престапна година е суеверие.

Дожд

Кога падне првиот дожд во Престапна година, е добро човек да се прошета под капките дожд за среќа и успех.

Планови

Не треба да ги споделуваме плановите за иднината, бидејќи нема да имаме среќа;

Зошто постои престапна година?!

Секоја четврта година е престапна, а на идејата да се синхронизираат календарската со сончевата година први дошле старите Египѓани (иако и старите Бабилонци знаеле дека календарот е компромис), во 238 година пред новата ера. Подоцна оваа идеја ја презеле Римјаните, кога Јулиј Цезар одлучил ден плус да биде 29 февруари, и тоа секоја четврта година.

Сепак, и таа модернизација имала свој недостаток. Календарската година повторно била подолга од сончевата точно за 11 минути. До 16 век, токму поради тоа, се собрале 10 дена вишок. За календарот повторно да се приспособи, во 1582 папата Грегориј 13-ти едноставно ги испуштил тие десет дена модернизирајќи го уште еднаш календарот. Според тој нов календар, еден век има точно 36.524,25 дена, што е многу блиску до природните временски мерења. Но остануваат уште мали разлики во однос на сончевата година.

По Грегоријанскиот каленендар, престапна е секоја година во која последните две цифри може да се поделат со 4 без остаток. И тука постои еден строг исклучок. Имено, годините што се деливи со 100, а не со 400, не се престапни. Затоа во 1700, 1800, 1900 година немаше 29 февруари, а нема да го има ниту во 2100 година. Спротивно на тоа, 2000 година беше престапна.

 

The post К’смет да се родиш, таксират ако се венчаш: Верувања за престапната 2024 година appeared first on Република.

]]>

2024 година е престапна, односно Земјата прави целосна обиколка околу Сонцето за 365 дена и 6 часа, а не само за 365 дена, па имаме ден повеќе - 29 февруари. Но, ако кога станува збор за народните верувања, престапната година со себе носи различни пораки. Во неа не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Среќлии се само децата што се родени во годината. Народот верувал дека сè што се прави во престапна година има кус рок, иако годината има ден повеќе.

Порано, многу се внимавало на ваквите непишани правила. Во народот се верува дека бракот склучен во престапна година ќе трае кратко иако годината има ден повеќе. Оние што планирале венчавки или свадби чекале цела година. Но, ако се случело младоженците да немаат време за чекање (ако биле печалбари или пак пред време очекувале принова), за да не ги бие малер на свадбата принесувале леб или погача месени со брашно од минатата година. Во дамнина вообичаено во секоја куќа се чувало старо брашно, „за не дај Боже“. Според некои народни верувања есента била најдобро време за брак, се избегнувал периодот за божикните и велигденските пости, а не се склучувале бракови во престапните години

Касмет е да се родиш на 29 февруари

Можноста да се родите на 29 февруари е 1 спрема 1.461, математички пресметано значи да имате 0,068 отсто среќа.

Дамите запросуваат

Во многу западни земји постои обичај на 29 февруари дамите да можат да го запросат својот партнер. Според последната анкета, дури 25 отсто од жените се изјасниле дека не би им било срам да клекнат на колена и да ја побараат раката на оној што го сакаат. Дури 50 отсто од мажите не би се бунеле кога тоа навистина би се случило, а речиси 16 отсто мислат дека со тоа ќе им падне огромен товар од срцето зашто до сега не ја запросиле својата партнерка од страв да не бидат одбиени.

Потпишете го договорот, на 29 февруари!

Според народните верувања, целата престапна година не е добра за започнување нови бизниси. Но астрологијата пак вели дека 29 февруари е идеален за нова работа. Имено, среќната поставеност на Сонцето и Јупитер треба да се искористи за потпишување договори, зашто ќе „паѓаат“ исклучително добри деловни понуди.

Брак и развод

Според верувањата, во престапните години не треба да се венчаваме на 29 февруари, ни во текот на месец мај. Не смее ни да се разведуваме. Ако постои и најмала можност да го сочуваме своето семејство, подобро е да го направиме тоа. Старите луѓе забележале дека оние кои се разведуваат во Престапна година, потоа потешко си создаваат ново семејство.

Црквата не се согласува

Избегнувањето на венчавка во престапна година според Црквата е неправилно верување. Според црковните верувања секоја година е благословена од Господ, а верувањето дека венчавка не се прави во престапна година е суеверие.

Дожд

Кога падне првиот дожд во Престапна година, е добро човек да се прошета под капките дожд за среќа и успех.

Планови

Не треба да ги споделуваме плановите за иднината, бидејќи нема да имаме среќа;

Зошто постои престапна година?!

Секоја четврта година е престапна, а на идејата да се синхронизираат календарската со сончевата година први дошле старите Египѓани (иако и старите Бабилонци знаеле дека календарот е компромис), во 238 година пред новата ера. Подоцна оваа идеја ја презеле Римјаните, кога Јулиј Цезар одлучил ден плус да биде 29 февруари, и тоа секоја четврта година. Сепак, и таа модернизација имала свој недостаток. Календарската година повторно била подолга од сончевата точно за 11 минути. До 16 век, токму поради тоа, се собрале 10 дена вишок. За календарот повторно да се приспособи, во 1582 папата Грегориј 13-ти едноставно ги испуштил тие десет дена модернизирајќи го уште еднаш календарот. Според тој нов календар, еден век има точно 36.524,25 дена, што е многу блиску до природните временски мерења. Но остануваат уште мали разлики во однос на сончевата година. По Грегоријанскиот каленендар, престапна е секоја година во која последните две цифри може да се поделат со 4 без остаток. И тука постои еден строг исклучок. Имено, годините што се деливи со 100, а не со 400, не се престапни. Затоа во 1700, 1800, 1900 година немаше 29 февруари, а нема да го има ниту во 2100 година. Спротивно на тоа, 2000 година беше престапна.
 

The post К’смет да се родиш, таксират ако се венчаш: Верувања за престапната 2024 година appeared first on Република.

]]>
Овие хороскопски знаци ќе заработат најмногу пари во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/ovie-horoskopski-znatsi-ke-zarabotat-najmnogu-pari-vo-2024-godina/ Sun, 03 Dec 2023 16:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=719003

Ако се прашувате кого ќе го фаворизираат ѕвездите во однос на парите во 2024 година, откриваме дека станува збор за луѓето родени во знакот на Овен, Близнаци, Скорпија и Бик.

ОВЕН

До 26 мај 2024 година, Јупитер престојува во вашата втора куќа, па затоа треба да го искористите првиот дел од 2024 година за да ја зголемите вашата заработка. Можете лесно да инвестирате во некакво производство бидејќи Јупитер ќе ви помогне да се збогатите. Со присуството на Уран во Бик, научивте дека понекогаш треба да ризикувате.

БЛИЗНАЦИ

Јупитер, планетата на среќата, влегува во вашиот знак на крајот на мај и затоа можете да очекувате позитивен пресврт во вториот дел од 2024 година. Парите ќе се лепат за вас, а вашиот бизнис ќе се прошири.

СКОРПИЈА

Јупитер влегува во вашата осма куќа во мај, па можете да сметате на добивање спонзорство, односно повеќе пари за одреден проект. Ќе бидете во одлична позиција да располагате со туѓ имот. Исто така, ќе успеете да го решите и прашањето за наследството.

БИК

Од 26 мај 2024 година, почнувате да се збогатувате! Лесно ќе заработите преку маркетинг. Ќе ви биде полесно да заработите отколку во претходните години.

 

The post Овие хороскопски знаци ќе заработат најмногу пари во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Ако се прашувате кого ќе го фаворизираат ѕвездите во однос на парите во 2024 година, откриваме дека станува збор за луѓето родени во знакот на Овен, Близнаци, Скорпија и Бик. ОВЕН До 26 мај 2024 година, Јупитер престојува во вашата втора куќа, па затоа треба да го искористите првиот дел од 2024 година за да ја зголемите вашата заработка. Можете лесно да инвестирате во некакво производство бидејќи Јупитер ќе ви помогне да се збогатите. Со присуството на Уран во Бик, научивте дека понекогаш треба да ризикувате. БЛИЗНАЦИ Јупитер, планетата на среќата, влегува во вашиот знак на крајот на мај и затоа можете да очекувате позитивен пресврт во вториот дел од 2024 година. Парите ќе се лепат за вас, а вашиот бизнис ќе се прошири. СКОРПИЈА Јупитер влегува во вашата осма куќа во мај, па можете да сметате на добивање спонзорство, односно повеќе пари за одреден проект. Ќе бидете во одлична позиција да располагате со туѓ имот. Исто така, ќе успеете да го решите и прашањето за наследството. БИК Од 26 мај 2024 година, почнувате да се збогатувате! Лесно ќе заработите преку маркетинг. Ќе ви биде полесно да заработите отколку во претходните години.  

The post Овие хороскопски знаци ќе заработат најмногу пари во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Пет хороскопски знаци имаат најголеми шанси за свадба во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/pet-horoskopski-znatsi-imaat-najgolemi-shansi-za-svadba-vo-2024-godina/ Thu, 09 Nov 2023 18:48:04 +0000 https://republika.mk/?p=699958

Ѕвездите покажуваат дека припадниците на овие пет хороскопски знаци имаат најголеми шанси да ја овековечат љубовта во 2024 година:

Овен

Овенот е знак на огнен и авантуристички темперамент и не е лесно да се контролира. Сепак, токму овој дух ќе го направи неодолив следната година, па потенцијалниот партнер лесно може да падне на колена. Најголеми шанси за свадба има во првата половина од годината. Ако кажете да, следува среќен период.

Бик

Бикот е познат по својата стабилност, но хороскопот предвидува многу турбуленции во 2024 година. На љубовен план, можен е крај на љубовната врска, но тоа ќе доведе до потенцијален брак. Кога партнерите ќе се разделат, страстите стивнуваат и тие трезвено размислуваат колку љубов и почит чувствуваат еден за друг, што ќе ги врати во уште похармоничен сојуз. Следува помирување, па свадба.

Рак

Ракот е еден од најчувствителните знаци во хороскопот, секогаш подготвен да помогне. Подготвеноста да се грижите за партнерот и да му се посветите може да дојде до израз во 2024 година. Астролозите тврдат дека на патување може да ви се случат значајни работи, па доколку тоа се случи со партнерот, очекувајте предлог за брак.

Скорпија

Скорпијата се води од страста, а токму тоа ќе го привлече вашиот партнер во 2024 година. Романтиката и уживањето ве водат до големи ветувања, а хороскопот најавува најмногу шанси за брак на оние кои веќе еднаш застанале пред матичар. Заборавете на она што тогаш не функционираше, овој пат - повеќе среќа!

Јарец

Упорниот и амбициозен Јарец е незапирлив кога ќе фрли нишан на нешто, а за 2024 година решил да го среди својот брачен статус. Ако е можеби малку збунет кога се во прашање емоциите, чувството на меѓусебно почитување и разбирање сигурно ќе го убеди дека е време за брак.

 

The post Пет хороскопски знаци имаат најголеми шанси за свадба во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Ѕвездите покажуваат дека припадниците на овие пет хороскопски знаци имаат најголеми шанси да ја овековечат љубовта во 2024 година:

Овен

Овенот е знак на огнен и авантуристички темперамент и не е лесно да се контролира. Сепак, токму овој дух ќе го направи неодолив следната година, па потенцијалниот партнер лесно може да падне на колена. Најголеми шанси за свадба има во првата половина од годината. Ако кажете да, следува среќен период.

Бик

Бикот е познат по својата стабилност, но хороскопот предвидува многу турбуленции во 2024 година. На љубовен план, можен е крај на љубовната врска, но тоа ќе доведе до потенцијален брак. Кога партнерите ќе се разделат, страстите стивнуваат и тие трезвено размислуваат колку љубов и почит чувствуваат еден за друг, што ќе ги врати во уште похармоничен сојуз. Следува помирување, па свадба.

Рак

Ракот е еден од најчувствителните знаци во хороскопот, секогаш подготвен да помогне. Подготвеноста да се грижите за партнерот и да му се посветите може да дојде до израз во 2024 година. Астролозите тврдат дека на патување може да ви се случат значајни работи, па доколку тоа се случи со партнерот, очекувајте предлог за брак.

Скорпија

Скорпијата се води од страста, а токму тоа ќе го привлече вашиот партнер во 2024 година. Романтиката и уживањето ве водат до големи ветувања, а хороскопот најавува најмногу шанси за брак на оние кои веќе еднаш застанале пред матичар. Заборавете на она што тогаш не функционираше, овој пат - повеќе среќа!

Јарец

Упорниот и амбициозен Јарец е незапирлив кога ќе фрли нишан на нешто, а за 2024 година решил да го среди својот брачен статус. Ако е можеби малку збунет кога се во прашање емоциите, чувството на меѓусебно почитување и разбирање сигурно ќе го убеди дека е време за брак.  

The post Пет хороскопски знаци имаат најголеми шанси за свадба во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Атентат врз Путин, лек за рак и терористи низ Европа: 14 предвидувања на Баба Ванѓа за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/atentat-vrz-putin-lek-za-rak-i-teroristi-niz-evropa-14-predviduvana-na-baba-vanga-za-2024-godina/ Tue, 07 Nov 2023 19:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=698874

14 предвидувања на легендарната пророчица Баба Ванѓа за 2024 година:

1. Откритија во квантната наука

Квантното пресметување ќе доживее револуционерен пробив што ќе го промени начинот на кој ја разбираме технологијата.

2. Глобална економска криза

Војните ќе влијаат на економијата на целата планета и таа влегува во период на криза.

3. Зголемување на сајбер нападите

Сè повеќе луѓе ќе бидат изложени на сајбер напади, а сајбер заканите ќе станат реалност.

4. Откритија во медицинската наука

Примената на вештачката интелигенција ќе најде свое место и во медицината, што ќе резултира со неверојатни откритија за неизлечиви болести.

5. Катастрофи поради климатските промени

Поради глобалното затоплување може да следуваат катастрофални временски услови и природни катастрофи. Така, ураганите, бурите, земјотресите, па дури и вулканите за кои досега се мислеше дека се изумрени - ќе функционираат.

6. Чудотворен лек за рак

Баба Ванѓа истакна дека годината што претстои е клучна за изнаоѓање лекови кои ќе ја спасат планетата од секогаш присутната епидемија на рак.

7. Обид за атентат врз Путин и екстремистички напади во Европа

Таа предвидува и убиство на Путин од некој што е државјанин на неговата земја, додека Европа ќе се соочи со бран терористички напади.

8. Мистериозна болест ќе го погоди Трамп

Доналд Трамп можеби ќе се врати на власт, но ќе го зафати мистериозна болест за која никој досега не слушнал, а многумина ќе шпекулираат дека потекнува од непријателска лабораторија.

9. Колапс на европската економија и катаклизма

Европа би можела да се соочи со економска криза од невидени размери што ќе влијае на глобалната економија.

10. Моќен „змеј“ ја зазема планетата

Баба Ванѓа предвиде дека „змејот“ ќе превземе сè. Дали е тоа нова светска сила или буквално змеј? Дали е тоа вештачка интелигенција?! Или можеби луѓе кои имаат симболи на змеј во нивната традиција.

11. Контакт со вонземјани

Следната година ќе добиеме јасни пораки од вселената и можеби конечно ќе стапиме во контакт со вонземјани.

12. Појава на „дизајнирани“ луѓе

Ова најверојатно се однесува на фактот дека идните родители ќе можат да изберат некои од карактеристиките на своето потомство - од пол, до боја на очите, до начинот на кој бебето се насмевнува.

13. Промена на орбитата

Земјата ќе скршне од својот пат, иако во минимална форма, сепак ќе предизвика катастрофи, но не и крај на цивилизацијата.

14. Употреба на биолошко оружје

Баба Ванѓа најави дека биолошкото оружје ќе има предност во војувањето и ќе предизвика невидени последици меѓу човештвото.

 

 

 

 

 

 

 

The post Атентат врз Путин, лек за рак и терористи низ Европа: 14 предвидувања на Баба Ванѓа за 2024 година appeared first on Република.

]]>

14 предвидувања на легендарната пророчица Баба Ванѓа за 2024 година: 1. Откритија во квантната наука Квантното пресметување ќе доживее револуционерен пробив што ќе го промени начинот на кој ја разбираме технологијата. 2. Глобална економска криза Војните ќе влијаат на економијата на целата планета и таа влегува во период на криза. 3. Зголемување на сајбер нападите Сè повеќе луѓе ќе бидат изложени на сајбер напади, а сајбер заканите ќе станат реалност. 4. Откритија во медицинската наука Примената на вештачката интелигенција ќе најде свое место и во медицината, што ќе резултира со неверојатни откритија за неизлечиви болести. 5. Катастрофи поради климатските промени Поради глобалното затоплување може да следуваат катастрофални временски услови и природни катастрофи. Така, ураганите, бурите, земјотресите, па дури и вулканите за кои досега се мислеше дека се изумрени - ќе функционираат. 6. Чудотворен лек за рак Баба Ванѓа истакна дека годината што претстои е клучна за изнаоѓање лекови кои ќе ја спасат планетата од секогаш присутната епидемија на рак. 7. Обид за атентат врз Путин и екстремистички напади во Европа Таа предвидува и убиство на Путин од некој што е државјанин на неговата земја, додека Европа ќе се соочи со бран терористички напади. 8. Мистериозна болест ќе го погоди Трамп Доналд Трамп можеби ќе се врати на власт, но ќе го зафати мистериозна болест за која никој досега не слушнал, а многумина ќе шпекулираат дека потекнува од непријателска лабораторија. 9. Колапс на европската економија и катаклизма Европа би можела да се соочи со економска криза од невидени размери што ќе влијае на глобалната економија. 10. Моќен „змеј“ ја зазема планетата Баба Ванѓа предвиде дека „змејот“ ќе превземе сè. Дали е тоа нова светска сила или буквално змеј? Дали е тоа вештачка интелигенција?! Или можеби луѓе кои имаат симболи на змеј во нивната традиција. 11. Контакт со вонземјани Следната година ќе добиеме јасни пораки од вселената и можеби конечно ќе стапиме во контакт со вонземјани. 12. Појава на „дизајнирани“ луѓе Ова најверојатно се однесува на фактот дека идните родители ќе можат да изберат некои од карактеристиките на своето потомство - од пол, до боја на очите, до начинот на кој бебето се насмевнува. 13. Промена на орбитата Земјата ќе скршне од својот пат, иако во минимална форма, сепак ќе предизвика катастрофи, но не и крај на цивилизацијата. 14. Употреба на биолошко оружје Баба Ванѓа најави дека биолошкото оружје ќе има предност во војувањето и ќе предизвика невидени последици меѓу човештвото.              

The post Атентат врз Путин, лек за рак и терористи низ Европа: 14 предвидувања на Баба Ванѓа за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Календар: И 2024-та ни носи многу продолжени викенди https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kalendar-i-2024-ta-ni-nosi-mnogu-prodolzheni-vikendi/ Sat, 28 Oct 2023 07:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=695255

Уште еден државен празник, кој носи продолжен викенд, ни останува во календарот на неработни денови за сите македонски граѓани во 2023 година. Станува збор за денот на Свети Климент Охридски, 8 Декември, кој годинава паѓа во петок.

За припадниците на албанската заедница неработен ден е и 22 ноември, среда, ден кога се одбележува албанската азбука, за граѓаните припадници на турската заедница неработен е
21 декември, четврток, односно Денот на настава на турски јазик, а граѓаните од католичка вероисповед се слободни од работа на 25 декември, понеделник, првиот ден на католички Божик.

По годината полна со продолжени викенди, ни следува иста таква.

Ова се неработните денови во престапната 2024-та:

За сите граѓани на РМ:

1 јануари (понеделник), Нова Година

7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, неработен е следниот ден понеделник

10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

1 Мај (среда), Ден на трудот,

6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

24 Мај (петок) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,

2 Август (петок), Ден на Републиката,

8 Септември (недела), Ден на независноста, неработен е следниот ден

11 Октомври (петок), Ден на народното востание,

23 Октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

8 Декември (недела), Св. Климент Охридски, неработен е следниот ден.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,
19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
3 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
1 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница
22 ноември (среда), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница
27 јануари (сабота), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница
8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница
23 мај (четврток), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница
11 октомври (петок), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница
28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница
21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

The post Календар: И 2024-та ни носи многу продолжени викенди appeared first on Република.

]]>

Уште еден државен празник, кој носи продолжен викенд, ни останува во календарот на неработни денови за сите македонски граѓани во 2023 година. Станува збор за денот на Свети Климент Охридски, 8 Декември, кој годинава паѓа во петок. За припадниците на албанската заедница неработен ден е и 22 ноември, среда, ден кога се одбележува албанската азбука, за граѓаните припадници на турската заедница неработен е 21 декември, четврток, односно Денот на настава на турски јазик, а граѓаните од католичка вероисповед се слободни од работа на 25 декември, понеделник, првиот ден на католички Божик. По годината полна со продолжени викенди, ни следува иста таква.

Ова се неработните денови во престапната 2024-та:

За сите граѓани на РМ: 1 јануари (понеделник), Нова Година 7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, неработен е следниот ден понеделник 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 1 Мај (среда), Ден на трудот, 6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 24 Мај (петок) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, 2 Август (петок), Ден на Републиката, 8 Септември (недела), Ден на независноста, неработен е следниот ден 11 Октомври (петок), Ден на народното востание, 23 Октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 Декември (недела), Св. Климент Охридски, неработен е следниот ден. За граѓаните од православна вероисповед 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (петок), Богојавление (Водици), 3 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед 1 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 25 декември (среда), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница 22 ноември (среда), Ден на албанската азбука. За граѓаните припадници на српската заедница 27 јануари (сабота), Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница 8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите. За граѓаните припадници на влашката заедница 23 мај (четврток), Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница 11 октомври (петок), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

The post Календар: И 2024-та ни носи многу продолжени викенди appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-izborite-ke-bidat-redovni-vo-2024-godina/ Tue, 03 Oct 2023 18:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=687626

СДСМ има и државнички и државотворен капацитет, отворена е за секого и секогаш без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на активности, меѓутоа клучна цел е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година, рече во интервју за Сител Телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за последните внатрепартиски настани и активности.

Вие доколку ја погледнете сликата од самиот состанок забележавте дека таму имаше 3-ца премиери всушност. Еден актуелен, еден поранешен и еден технички премиер, поранешен генерален секретар на партијата, потпретседатели на партијата – луѓе кои имаат големо искуство и партиско но и во извршување на државни функции. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на она што следат како активности, меѓутоа целта клучна е како што беше објавено е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски.

Формирани се и комисиите на СДСМ, предводени од заменик претседателката Сања Лукаревска коишто веќе работат на подготовка на програмата, додаде Ковачевски
-Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година, меѓутоа сметам подготовката на програмата на СДСМ е еден процес во којшто ќе бидат вклучени, покрај партиските комисии и општински организации, пред се и граѓаните. Следуваат активности кои веќе започнаа преку програмски трибини на СДСМ во различни области кои се однесуваат на предлози и идеи од различни заинтересирани групи, целни групи и граѓани кои подоцна ќе бидат вградени во текот на изработката на самата програма за 2024 година, рече претседателот Димитар Ковачевски во интервју за Сител Телевизија.

The post Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година appeared first on Република.

]]>

СДСМ има и државнички и државотворен капацитет, отворена е за секого и секогаш без разлика кој на каква позиција се наоѓа во партијата или во државата. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на активности, меѓутоа клучна цел е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година, рече во интервју за Сител Телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за последните внатрепартиски настани и активности. Вие доколку ја погледнете сликата од самиот состанок забележавте дека таму имаше 3-ца премиери всушност. Еден актуелен, еден поранешен и еден технички премиер, поранешен генерален секретар на партијата, потпретседатели на партијата – луѓе кои имаат големо искуство и партиско но и во извршување на државни функции. Од тој аспект беше формирано едно тело за подготовка на она што следат како активности, меѓутоа целта клучна е како што беше објавено е обединување на сите прогресивни сили се со цел да бидат донесени потребните одлуки за државата а во насока на зачленување на Македонија во ЕУ до 2030 година, рече Ковачевски. Формирани се и комисиите на СДСМ, предводени од заменик претседателката Сања Лукаревска коишто веќе работат на подготовка на програмата, додаде Ковачевски -Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година, меѓутоа сметам подготовката на програмата на СДСМ е еден процес во којшто ќе бидат вклучени, покрај партиските комисии и општински организации, пред се и граѓаните. Следуваат активности кои веќе започнаа преку програмски трибини на СДСМ во различни области кои се однесуваат на предлози и идеи од различни заинтересирани групи, целни групи и граѓани кои подоцна ќе бидат вградени во текот на изработката на самата програма за 2024 година, рече претседателот Димитар Ковачевски во интервју за Сител Телевизија.

The post Ковачевски: Изборите ќе бидат редовни, во 2024 година appeared first on Република.

]]>