2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/2022/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Dec 2022 09:52:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/2022/ 32 32 2022 кризна – но и година на значајни реформи во јавните финансии https://arhiva3.republika.mk/kolumni/2022-krizna-no-i-godina-na-znachajni-reformi-vo-javnite-finansii/ Sat, 17 Dec 2022 09:52:10 +0000 https://republika.mk/?p=586780

Фатмир Бесими

За да се надмине оваа совршена бура и за да светот се врати на патеката на развојот потребни се промени на микро и макроекономски план, како во напредните, така и во земјите во развој, посочува претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас во своето обраќање на универзитетот Стендфорд во септември на оваа година. Вистина е дека од секоја криза треба да се научат лекции и да се бараат начини како да се надминат системските празнини. Оваа колумна е посветена токму на оваа тема, како да го направиме системот подобар, каде застанавме и каде продолжуваме.

Годината која изминува на светот му донесе крупни економски предизвици. На економски план, оваа, 2022 година, светот бездруго ќе ја памети по највисокиот раст на инфлацијата повеќе децении наназад. Енергетската криза и ценовните притисоци кои се појавија кон крајот на минатата година, продолжија и годинава и се засилија со почетокот на војната во Украина. Од почетокот на пандемијата наваму, светската економија постојано е изложена на шокови. Како што ќе се надмине еден предизвик, доаѓа следниот и носителите на политики во изминатите три години се во позиција постојано да се насочени кон решавање на кризи. Како и најголем дел од владите во светот, така и нашата, своите капацитети ги насочи кон управување и амортизирање на ризиците кои ги донесе светската криза, на задржување на макроекономската и социјалната стабилност, преку поддршка на граѓаните и стопанството (7 пакети на антикризни мерки од почетокот на пандемијата).

Но, не ги ставивме во втор план реформите во јавните финансии. Напротив, истовремено продолживме да работиме на нив, во полза на зајакнување на системот и поставување на солидна основа за забрзување на економскиот раст. Во 2022 година, завршени се повеќе крупни реформи во јавните финансии. Усвоен е новиот Закон за буџети (Organic Budget Law), врз основа на законот изработен е првиот среднорочен буџет, а се воспостави и рамка за фискален совет и фискални правила. Започната е реформата на даночниот систем врз основа на истоимената стратегија, која се заснова на концептот на проширување на даночна база преку ревидирање на даночните трошоци и намалување на сивата економија. Останавме доследни на заложбата за постепена фискална консолидација со Предлог-буџетот за 2023 година, а исто така во оваа насока донесен е и Планот за фискална одржливост со кој се предвидени мерки за рационализирање на расходите. Усвоени се законските измени со кои се зајакнува фискалната децентрализација, со што на општините им се ставаат на располагање повеќе средства, поголема финансиска автономија, но и се бара поголема отчетност и транспарентност од нив. Во финална подготовка се и новите закони за зајакнување на институционалните капацитети на важни институции во областа на јавните финансии и државната ревизија, односно Законот за управата за јавните приходи и Законот за државна ревизија, во насока на зголемување на нејзината независност. Според ова, можеме да кажеме дека 2022 година ја одбележаа реформите во јавните финансии.

Реформската агенда мора да продолжи и покрај кризата

Реформите во јавните финансии имаат за цел подолгорочно и поквалитетно планирање на буџетските програми и буџетите, одржливост и континуитет во спроведување на политиките, поправичен модел гледано од аспект на приходите, расходите и начинот на финансирање (како се полни буџетот и како и каде се трошат парите на граѓаните) и следење и мерење на резултатите. Еден од главните столбови на реформите во јавните финансии се транспарентноста и отчетноста, како и алоцирањето на јавните средства таму каде што даваат најголеми резултати според приоритетите на утврдување на оптималните политики во интерес на граѓаните и стопанството, концептот на „Вредност на парите“ (Value for money) и воведување на т.н. клучни индикатори на успешност (Key Performance Indicators).

Реформите во јавните финансии се неопходни за да може да зборуваме за побрзо закрепнување од кризата, а понатаму и забрзување на економскиот раст. Ова се и препораките на меѓународните финансиски институции. Одржливи резултати, во било која сфера, може да се постигнат само доколку постои систем. Ние веќе сме во напредна фаза на изградба на системот на „паметни“ финансии, кој се базира на јасна стратегија, одржливост, одговорност, реформи и транспарентност. Ваквиот систем ќе ни помогне да обезбедиме нови инвестиции, нови работни места и подобар живот за граѓаните преку паметен, одржлив и инклузивен раст.

Добро е реформската агенда да се спроведува во кризните епизоди, бидејќи тие најдобро ни покажуваат каде во системот има потреба од промена. Симболот за криза во кинескиот јазик, се пишува со два знаци - едниот е опасност, а другиот можност, што би значело дека треба да сме свесни за заканите, но и да ја препознаеме шансата како да се подобриме.

Реформски пакет - осум столба за унапредување на јавните финансии

Новото стратешко буџетирање е многу важен реформски чекор. Истото е дел од поголем реформски сет со кој ќе креираме нов и подобар систем на јавни финансии. Согласно Програмата за управување со реформи во јавните финансии, реформите ги темелиме врз осум столба. Првиот се однесува на зајакнување на капацитетите за економска анализа; вториот на мобилизација на приходите преку даночната и царинската политика; третиот е планирање и буџет; четвртиот се однесува на јавните набавки; петтиот на системот на интегрирани јавни финансии; шестиот столб се однесува на јавната внатрешна финансиска контрола; седмиот на надворешната контрола и парламентарниот надзор; додека осмиот столб се однесува на управувањето со јавните финансии на локално ниво.

Јакнење на аналитичките капацитети за подобар перформанс на јавните финансии

За подобро проектирање, планирање, реализација и мерење, првенствено неопходно е подобрувањето на капацитетите за економска анализа. Квалитетните податоци и правилното дијагностицирање на состојбите, се основа за носење на вистински одлуки. Oд особено значење е зголемувањето на аналитичкиот капацитет за предвидување на приходите и креирање даночни политики и следење на даночната администрација за подобрување на ефикасноста во наплатата на приходите.

Исто така, дел од приоритетите е воведување на сеопфатна оценка на фискалниот ризик, со цел обезбедување информации во врска со можните закани по фискалната позиција на земјата и обезбедување интегриран пристап за управување со ваквите ризици. Анализата на фискалниот ризик ќе придонесе кон подобро сфаќање на позицијата на јавни финансии и на тој начин обезбедување поддршка за претпазливи фискални политики, како и зајакнување на отчетноста за управување со ризикот. Во овие рамки е и определбата за воведување на фискален совет, утврдена со новиот Закон за буџетите. Воспоставувањето на фискален совет ќе обезбеди подобрување на одржливоста на јавните финансии преку независна оценка на фискалната политика, економските стратегии и нивното спроведување, како и оценка на основните и макроекономски и буџетски проекции употребени во изработката на стратешки документи поврзани со јавните финансии. Во овие рамки спаѓа и воведувањето на фискалните правила како внимателно одбрани и поставени таргети за индикаторите на ризиците на долгот, кои ќе обезбедат одржливост на фискалната политика.

Подобрување на мобилизација на приходите

Вториот столб се однесува на мобилизацијата на приходи, кои ќе го обезбедат неопходниот фискален простор за маневрирање и зголемена потрошувачка во насока на поттикнување на раст на среден рок, вклучително кај инфраструктурата, здравството и образованието. Приоритетите се насочени кон раст на стабилноста, ефикасноста и квалитетот на целокупниот систем на приходи во земјата со цел да се обезбеди одржливо и добро управување со јавните финансии, професионална услуга на даночните обврзници, усогласеност на даноците и поддршка на легалната трговија преку зајакнување на механизмите за контрола.

Во оваа насока е и Стратегијата за даночна реформа, која се однесува на воведување на праведен, ефикасен и ефективен даночен систем, кој ќе биде основа за забрзување на економскиот раст и постигнувањето на одделните цели на развиено и модерно општество. Стратегијата се базира на пет приоритети. Првиот се однесува на поголема праведност во оданочувањето, чија цел е да се обезбеди секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плаќа својот праведен удел од данокот. Вториот приоритет се однесува на поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите. Третиот се однесува на зголемената даночна траснапрентност, со цел да се подобри правната рамка за транспарентност и размена на информации, соработката меѓу финансиските институции и даночната администрација, поголем поттик на даночните обврзници да ги пријавуваат сите релевантни информации. Четвртиот приоритет се однесува на подобар квалитет на услугите, односно поедноставување и забрзување на постапките и намалување на административниот товар. Последниот, петтиот приоритет се однесува на воведување еколошко (“зелено“) оданочување, со цел стимулирање на даночните обврзници да го намалат своето однесување и активностите кои придонесуваат за загадување, а од друга страна стимулирање кон користење на обновливи извори на енергија, заштита на природните ресурси и поттикнување одржлив економски развој, како и подобрување на квалитетот на животот.

Како дел од даночната реформа Владата усвои законски измени во Законот за данок за добивка, Законот за данок на личен доход и Законот за ДДВ, а во насока на проширување на даночната база и поголема праведност. Понатаму ќе го разгледуваме моделот за оданочување на семеен доход, како модел за праведно оданочување. Исто така, започнавме консултации за евентуално воведување на данок за екстра профит, по примерот на многу економии, кои го препознаа како „праведен„ начин на обезбедување на потребните дополни средства.

Буџетирање и набавки

Третиот столб се однесува на планирањето и буџетот, реформи кои во најголем дел се опфатени со новиот Закон за буџети. За реформите во буџетот е пишувано многу во изминатиот период, затоа сега само ќе напоменам дека со него суштински се подобрува управувањето со јавните финансии, пред се преку среднорочното буџетско планирање како еден од најголемите приоритети на Владата во процесот на пристапување во Европската Унија.

Пазарот на јавни набавки кај нас достигна 8% од БДП и 23% од државниот буџет во 2020 година. Оттаму унапредувањето на системот на јавни набавки ќе придонесе кон подобро управување со јавните финансии, правна сигурност за сите учесници во системот на јавни набавки, поттикнување на конкуренцијата и одржлив економски раст. Искористувањето на целиот потенцијал на платформата за е-набавки треба да биде во сржта на напорите за подобрување на транспарентноста и зголемување на довербата во системот на јавни набавки. Исто така, потребно е зајакнување на институционалниот капацитет и унапредување на статистичките податоци и анализа на отворени податоци. Преку Стратегија за развој на системот за јавни набавки во Република Македонија 2022-2026 година се дефинираат мерки за понатамошно унапредување на системот за јавни набавки.

Централизирана заедничка веб-платформа за интегрирани и ефикасни јавни финансии

Петтиот столб во реформата на јавните финансии е исто така дел од новиот Закон за буџети, а се однесува на Интегрираниот информациски систем за управување со финансии- ИФМИС. Овој систем треба да ја подобри ефикасноста и транспарентноста на операциите на управувањето со јавните финансии преку транзиција од постоечките фрагментирани и исклучени системи на централизирана заедничка платформа базирана на веб. ИФМИС се очекува да ја поддржи измената на правната и институционалната буџетска рамка и да одговори на постојните предизвици преку проширување на опфатот на следење на извршувањето на буџетот и фискалното известување, опфаќајќи ги сите фази од циклусот на расходите (од набавка до плаќање), како и навремено добивање на консолидирана слика за јавните расходи. ИФМИС ќе овозможи, меѓу другото, воспоставување на повеќегодишна буџетска рамка, воведување на функција за управување со јавните инвестиции поврзана со идниот систем за јавно-приватни инвестиции, автоматизиран систем за надзор над обврските, вклучувајќи повеќегодишни обврски и централизирани податоци за преземените обврски, управувањето со основните средства и управувањето со долгот. Понатаму, неговото интегрирање ќе овозможи сеопфатна и навремена достапноста до податоците за јавни финансии, што ќе придонесе кон зголемена ефикасност во проeктирањето на ликвидноста и управувањето со финансиските текови во однос на буџетот.

Во рамки на овој столб е предвидено и зајакнување на сметководството на буџетите и буџетските корисници со примена на нови сметководствени практики, односно воведување на модифицираното готовинско сметководство. Преку овие активности ќе работиме на подобрување на финансиското известување и реално прикажување на преземените и неподмирените обврски на буџетите и буџетските корисници. Во контекст на зајакнувањето на капацитетите е и воведувањето на Академијата за јавни финансии преку која ќе се вршат обуки и ќе се полагаат испити за овластени сметководители во јавниот сектор. Еден од предизвиците во следните три години ќе биде да се обучат и сертифицираат сите сметководители од јавниот сектор.

Сепак, улогата на Академијата за јавните финансии ќе биде многу поширока од сметководствените обуки и сертифицирање. Имено, преку Академијата ќе се обезбеди континуирана едукација на јавната администрација во областа на управувањето со јавните финансии и создавање модерна и компетентна администрација за давање квалитетни и брзи услуги за граѓаните и бизнисите. Исто така, сертификацијата и лиценцирањето за внатрешните ревизори и финансиските инспектори во досегашниот период се спроведуваше парцијално и без одреден континуитет. Преку Академијата ќе се обезбеди континуитет кај овие процеси и нивно спроведување од страна на Академијата.

Зајакнување на јавната внатрешна финансиска контрола

Шестиот столб од Програмата за управување со реформите во јавните финансии се однесува на јавната внатрешна финансиска контрола. Зајакнувањето на ефективноста на системот на јавна внатрешна финансиска контрола ќе ја постигнеме преку зголемување на ефективноста на внатрешните контроли, зајакнување на ефективноста на внатрешната ревизија во јавниот сектор и унапредување на функцијата на финансиската инспекција. Преку планираните мерки и активности, ќе се подобри законската и подзаконската регулатива со што ќе се воведат модели за следење на ефикасноста и успешноста на финансиските инспектори и нивно наградување, како и мерење на зголемувањето на додадената вредност на функцијата на финансиската инспекција.

Надворешна контрола и надзор

Седмиот столб е надворешната контрола и парламентарен надзор. Нашите приоритети како Влада се насочени кон зајакнувањето на независноста и ефикасноста на државната ревизија, со цел подобро управување со јавни финансии и поголема транспарентност и отчетност за користењето на јавни средства преку зајакнување на правната рамка за надворешна ревизија со постигнување на уставна независност на Државниот завод за ревизија и зајакнување на финансиската и оперативната независност во согласност со принципите. Со воспоставување на ефективен механизам за разгледување на ревизорските извештаи во Собранието, ќе се зајакнат ефектите од ревизијата, отчетноста и транспарентноста во користењето на јавните средства.

Фискална децентрализација

Заложбата за децентрализација на локалните самоуправи, подобрувањето на нивниот капацитет и зголемувањето на транспарентноста и отчетноста е исто така еден од приоритетите во реформите на јавните финансии, односно осмиот и последен столб врз основа на кој се темели реформата. Во оваа неодамна го донесовме и измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со кој се прават клучни реформи во насока на обезбедување на повеќе средства за локалните власти преку зголемување на уделот во наплатените даноци во општината од страна на централната власт, но исто така и во насока на зголемување на отчетноста и транспарентноста. Општините се надлежни за многу важни области директно поврзани со животот на граѓаните, како образованието, социјалната заштита, животната средина, комуналните услуги и затоа е клучно да имаат стабилни финансии. Оттаму, со оваа реформа значително се засилува нивниот фискален капацитет, но и истовремено се задолжуваат на поголема фискална дисциплина, отчетно и транспарентно работење.

Зголемувањето на финансиската дисциплина на општините, може да се постигнат преку реално планирање на приходите и расходите, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи, редовно сервисирање на обврските, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување финансиска нестабилност и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија. Зголемувањето на контролата од страна на државата ќе се обезбеди преку надзорите спроведени од Финансиската инспекција во поглед на почитувањето на одредбите на Законот за пријавување и евиденција на обврските, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Законот за финансиска дисциплина, а зголемувањето на транспарентноста на општините преку објавување на финансиските извештаи на транспарентен и разбирлив начин.

Инвестициите во човечките ресурси - клучни за спроведување на реформата

Кај секој од столбовите од особено значење е јакнење на човечките капацитети за да можат да ги спроведат реформите. На пример, тимот на Министерството за финансии, како надлежна институција за реформскиот процес во јавните финансии, од почетокот на кризата напоредно работи и на редовните активности и на дизајнирање на одделни мерки за справување со кризата, обезбедување на средства во едни специфични услови, но и на реформската агенда за унапредување на системот на јавните финансии. Оттаму, иако од целиот контекст е очигледно, ќе нагласам уште еднаш - инвестициите во човечките ресурси ќе биде клучно во спроведувањето на амбициозната агенда. А кога основите ќе се постават и кога ќе изградиме од темел еден подобар систем на јавни финансии, економијата која ќе ја градиме врз него ќе биде поотпорна, поодржлива и побрзо растечка. Крајната цел останува иста - забрзан раст за економски развој и подобар стандард за живот за нашите граѓани во нашата земја.

The post 2022 кризна – но и година на значајни реформи во јавните финансии appeared first on Република.

]]>

Фатмир Бесими

За да се надмине оваа совршена бура и за да светот се врати на патеката на развојот потребни се промени на микро и макроекономски план, како во напредните, така и во земјите во развој, посочува претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас во своето обраќање на универзитетот Стендфорд во септември на оваа година. Вистина е дека од секоја криза треба да се научат лекции и да се бараат начини како да се надминат системските празнини. Оваа колумна е посветена токму на оваа тема, како да го направиме системот подобар, каде застанавме и каде продолжуваме. Годината која изминува на светот му донесе крупни економски предизвици. На економски план, оваа, 2022 година, светот бездруго ќе ја памети по највисокиот раст на инфлацијата повеќе децении наназад. Енергетската криза и ценовните притисоци кои се појавија кон крајот на минатата година, продолжија и годинава и се засилија со почетокот на војната во Украина. Од почетокот на пандемијата наваму, светската економија постојано е изложена на шокови. Како што ќе се надмине еден предизвик, доаѓа следниот и носителите на политики во изминатите три години се во позиција постојано да се насочени кон решавање на кризи. Како и најголем дел од владите во светот, така и нашата, своите капацитети ги насочи кон управување и амортизирање на ризиците кои ги донесе светската криза, на задржување на макроекономската и социјалната стабилност, преку поддршка на граѓаните и стопанството (7 пакети на антикризни мерки од почетокот на пандемијата). Но, не ги ставивме во втор план реформите во јавните финансии. Напротив, истовремено продолживме да работиме на нив, во полза на зајакнување на системот и поставување на солидна основа за забрзување на економскиот раст. Во 2022 година, завршени се повеќе крупни реформи во јавните финансии. Усвоен е новиот Закон за буџети (Organic Budget Law), врз основа на законот изработен е првиот среднорочен буџет, а се воспостави и рамка за фискален совет и фискални правила. Започната е реформата на даночниот систем врз основа на истоимената стратегија, која се заснова на концептот на проширување на даночна база преку ревидирање на даночните трошоци и намалување на сивата економија. Останавме доследни на заложбата за постепена фискална консолидација со Предлог-буџетот за 2023 година, а исто така во оваа насока донесен е и Планот за фискална одржливост со кој се предвидени мерки за рационализирање на расходите. Усвоени се законските измени со кои се зајакнува фискалната децентрализација, со што на општините им се ставаат на располагање повеќе средства, поголема финансиска автономија, но и се бара поголема отчетност и транспарентност од нив. Во финална подготовка се и новите закони за зајакнување на институционалните капацитети на важни институции во областа на јавните финансии и државната ревизија, односно Законот за управата за јавните приходи и Законот за државна ревизија, во насока на зголемување на нејзината независност. Според ова, можеме да кажеме дека 2022 година ја одбележаа реформите во јавните финансии. Реформската агенда мора да продолжи и покрај кризата Реформите во јавните финансии имаат за цел подолгорочно и поквалитетно планирање на буџетските програми и буџетите, одржливост и континуитет во спроведување на политиките, поправичен модел гледано од аспект на приходите, расходите и начинот на финансирање (како се полни буџетот и како и каде се трошат парите на граѓаните) и следење и мерење на резултатите. Еден од главните столбови на реформите во јавните финансии се транспарентноста и отчетноста, како и алоцирањето на јавните средства таму каде што даваат најголеми резултати според приоритетите на утврдување на оптималните политики во интерес на граѓаните и стопанството, концептот на „Вредност на парите“ (Value for money) и воведување на т.н. клучни индикатори на успешност (Key Performance Indicators). Реформите во јавните финансии се неопходни за да може да зборуваме за побрзо закрепнување од кризата, а понатаму и забрзување на економскиот раст. Ова се и препораките на меѓународните финансиски институции. Одржливи резултати, во било која сфера, може да се постигнат само доколку постои систем. Ние веќе сме во напредна фаза на изградба на системот на „паметни“ финансии, кој се базира на јасна стратегија, одржливост, одговорност, реформи и транспарентност. Ваквиот систем ќе ни помогне да обезбедиме нови инвестиции, нови работни места и подобар живот за граѓаните преку паметен, одржлив и инклузивен раст. Добро е реформската агенда да се спроведува во кризните епизоди, бидејќи тие најдобро ни покажуваат каде во системот има потреба од промена. Симболот за криза во кинескиот јазик, се пишува со два знаци - едниот е опасност, а другиот можност, што би значело дека треба да сме свесни за заканите, но и да ја препознаеме шансата како да се подобриме. Реформски пакет - осум столба за унапредување на јавните финансии Новото стратешко буџетирање е многу важен реформски чекор. Истото е дел од поголем реформски сет со кој ќе креираме нов и подобар систем на јавни финансии. Согласно Програмата за управување со реформи во јавните финансии, реформите ги темелиме врз осум столба. Првиот се однесува на зајакнување на капацитетите за економска анализа; вториот на мобилизација на приходите преку даночната и царинската политика; третиот е планирање и буџет; четвртиот се однесува на јавните набавки; петтиот на системот на интегрирани јавни финансии; шестиот столб се однесува на јавната внатрешна финансиска контрола; седмиот на надворешната контрола и парламентарниот надзор; додека осмиот столб се однесува на управувањето со јавните финансии на локално ниво. Јакнење на аналитичките капацитети за подобар перформанс на јавните финансии За подобро проектирање, планирање, реализација и мерење, првенствено неопходно е подобрувањето на капацитетите за економска анализа. Квалитетните податоци и правилното дијагностицирање на состојбите, се основа за носење на вистински одлуки. Oд особено значење е зголемувањето на аналитичкиот капацитет за предвидување на приходите и креирање даночни политики и следење на даночната администрација за подобрување на ефикасноста во наплатата на приходите. Исто така, дел од приоритетите е воведување на сеопфатна оценка на фискалниот ризик, со цел обезбедување информации во врска со можните закани по фискалната позиција на земјата и обезбедување интегриран пристап за управување со ваквите ризици. Анализата на фискалниот ризик ќе придонесе кон подобро сфаќање на позицијата на јавни финансии и на тој начин обезбедување поддршка за претпазливи фискални политики, како и зајакнување на отчетноста за управување со ризикот. Во овие рамки е и определбата за воведување на фискален совет, утврдена со новиот Закон за буџетите. Воспоставувањето на фискален совет ќе обезбеди подобрување на одржливоста на јавните финансии преку независна оценка на фискалната политика, економските стратегии и нивното спроведување, како и оценка на основните и макроекономски и буџетски проекции употребени во изработката на стратешки документи поврзани со јавните финансии. Во овие рамки спаѓа и воведувањето на фискалните правила како внимателно одбрани и поставени таргети за индикаторите на ризиците на долгот, кои ќе обезбедат одржливост на фискалната политика. Подобрување на мобилизација на приходите Вториот столб се однесува на мобилизацијата на приходи, кои ќе го обезбедат неопходниот фискален простор за маневрирање и зголемена потрошувачка во насока на поттикнување на раст на среден рок, вклучително кај инфраструктурата, здравството и образованието. Приоритетите се насочени кон раст на стабилноста, ефикасноста и квалитетот на целокупниот систем на приходи во земјата со цел да се обезбеди одржливо и добро управување со јавните финансии, професионална услуга на даночните обврзници, усогласеност на даноците и поддршка на легалната трговија преку зајакнување на механизмите за контрола. Во оваа насока е и Стратегијата за даночна реформа, која се однесува на воведување на праведен, ефикасен и ефективен даночен систем, кој ќе биде основа за забрзување на економскиот раст и постигнувањето на одделните цели на развиено и модерно општество. Стратегијата се базира на пет приоритети. Првиот се однесува на поголема праведност во оданочувањето, чија цел е да се обезбеди секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плаќа својот праведен удел од данокот. Вториот приоритет се однесува на поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите. Третиот се однесува на зголемената даночна траснапрентност, со цел да се подобри правната рамка за транспарентност и размена на информации, соработката меѓу финансиските институции и даночната администрација, поголем поттик на даночните обврзници да ги пријавуваат сите релевантни информации. Четвртиот приоритет се однесува на подобар квалитет на услугите, односно поедноставување и забрзување на постапките и намалување на административниот товар. Последниот, петтиот приоритет се однесува на воведување еколошко (“зелено“) оданочување, со цел стимулирање на даночните обврзници да го намалат своето однесување и активностите кои придонесуваат за загадување, а од друга страна стимулирање кон користење на обновливи извори на енергија, заштита на природните ресурси и поттикнување одржлив економски развој, како и подобрување на квалитетот на животот. Како дел од даночната реформа Владата усвои законски измени во Законот за данок за добивка, Законот за данок на личен доход и Законот за ДДВ, а во насока на проширување на даночната база и поголема праведност. Понатаму ќе го разгледуваме моделот за оданочување на семеен доход, како модел за праведно оданочување. Исто така, започнавме консултации за евентуално воведување на данок за екстра профит, по примерот на многу економии, кои го препознаа како „праведен„ начин на обезбедување на потребните дополни средства. Буџетирање и набавки Третиот столб се однесува на планирањето и буџетот, реформи кои во најголем дел се опфатени со новиот Закон за буџети. За реформите во буџетот е пишувано многу во изминатиот период, затоа сега само ќе напоменам дека со него суштински се подобрува управувањето со јавните финансии, пред се преку среднорочното буџетско планирање како еден од најголемите приоритети на Владата во процесот на пристапување во Европската Унија. Пазарот на јавни набавки кај нас достигна 8% од БДП и 23% од државниот буџет во 2020 година. Оттаму унапредувањето на системот на јавни набавки ќе придонесе кон подобро управување со јавните финансии, правна сигурност за сите учесници во системот на јавни набавки, поттикнување на конкуренцијата и одржлив економски раст. Искористувањето на целиот потенцијал на платформата за е-набавки треба да биде во сржта на напорите за подобрување на транспарентноста и зголемување на довербата во системот на јавни набавки. Исто така, потребно е зајакнување на институционалниот капацитет и унапредување на статистичките податоци и анализа на отворени податоци. Преку Стратегија за развој на системот за јавни набавки во Република Македонија 2022-2026 година се дефинираат мерки за понатамошно унапредување на системот за јавни набавки. Централизирана заедничка веб-платформа за интегрирани и ефикасни јавни финансии Петтиот столб во реформата на јавните финансии е исто така дел од новиот Закон за буџети, а се однесува на Интегрираниот информациски систем за управување со финансии- ИФМИС. Овој систем треба да ја подобри ефикасноста и транспарентноста на операциите на управувањето со јавните финансии преку транзиција од постоечките фрагментирани и исклучени системи на централизирана заедничка платформа базирана на веб. ИФМИС се очекува да ја поддржи измената на правната и институционалната буџетска рамка и да одговори на постојните предизвици преку проширување на опфатот на следење на извршувањето на буџетот и фискалното известување, опфаќајќи ги сите фази од циклусот на расходите (од набавка до плаќање), како и навремено добивање на консолидирана слика за јавните расходи. ИФМИС ќе овозможи, меѓу другото, воспоставување на повеќегодишна буџетска рамка, воведување на функција за управување со јавните инвестиции поврзана со идниот систем за јавно-приватни инвестиции, автоматизиран систем за надзор над обврските, вклучувајќи повеќегодишни обврски и централизирани податоци за преземените обврски, управувањето со основните средства и управувањето со долгот. Понатаму, неговото интегрирање ќе овозможи сеопфатна и навремена достапноста до податоците за јавни финансии, што ќе придонесе кон зголемена ефикасност во проeктирањето на ликвидноста и управувањето со финансиските текови во однос на буџетот. Во рамки на овој столб е предвидено и зајакнување на сметководството на буџетите и буџетските корисници со примена на нови сметководствени практики, односно воведување на модифицираното готовинско сметководство. Преку овие активности ќе работиме на подобрување на финансиското известување и реално прикажување на преземените и неподмирените обврски на буџетите и буџетските корисници. Во контекст на зајакнувањето на капацитетите е и воведувањето на Академијата за јавни финансии преку која ќе се вршат обуки и ќе се полагаат испити за овластени сметководители во јавниот сектор. Еден од предизвиците во следните три години ќе биде да се обучат и сертифицираат сите сметководители од јавниот сектор. Сепак, улогата на Академијата за јавните финансии ќе биде многу поширока од сметководствените обуки и сертифицирање. Имено, преку Академијата ќе се обезбеди континуирана едукација на јавната администрација во областа на управувањето со јавните финансии и создавање модерна и компетентна администрација за давање квалитетни и брзи услуги за граѓаните и бизнисите. Исто така, сертификацијата и лиценцирањето за внатрешните ревизори и финансиските инспектори во досегашниот период се спроведуваше парцијално и без одреден континуитет. Преку Академијата ќе се обезбеди континуитет кај овие процеси и нивно спроведување од страна на Академијата. Зајакнување на јавната внатрешна финансиска контрола Шестиот столб од Програмата за управување со реформите во јавните финансии се однесува на јавната внатрешна финансиска контрола. Зајакнувањето на ефективноста на системот на јавна внатрешна финансиска контрола ќе ја постигнеме преку зголемување на ефективноста на внатрешните контроли, зајакнување на ефективноста на внатрешната ревизија во јавниот сектор и унапредување на функцијата на финансиската инспекција. Преку планираните мерки и активности, ќе се подобри законската и подзаконската регулатива со што ќе се воведат модели за следење на ефикасноста и успешноста на финансиските инспектори и нивно наградување, како и мерење на зголемувањето на додадената вредност на функцијата на финансиската инспекција. Надворешна контрола и надзор Седмиот столб е надворешната контрола и парламентарен надзор. Нашите приоритети како Влада се насочени кон зајакнувањето на независноста и ефикасноста на државната ревизија, со цел подобро управување со јавни финансии и поголема транспарентност и отчетност за користењето на јавни средства преку зајакнување на правната рамка за надворешна ревизија со постигнување на уставна независност на Државниот завод за ревизија и зајакнување на финансиската и оперативната независност во согласност со принципите. Со воспоставување на ефективен механизам за разгледување на ревизорските извештаи во Собранието, ќе се зајакнат ефектите од ревизијата, отчетноста и транспарентноста во користењето на јавните средства. Фискална децентрализација Заложбата за децентрализација на локалните самоуправи, подобрувањето на нивниот капацитет и зголемувањето на транспарентноста и отчетноста е исто така еден од приоритетите во реформите на јавните финансии, односно осмиот и последен столб врз основа на кој се темели реформата. Во оваа неодамна го донесовме и измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, со кој се прават клучни реформи во насока на обезбедување на повеќе средства за локалните власти преку зголемување на уделот во наплатените даноци во општината од страна на централната власт, но исто така и во насока на зголемување на отчетноста и транспарентноста. Општините се надлежни за многу важни области директно поврзани со животот на граѓаните, како образованието, социјалната заштита, животната средина, комуналните услуги и затоа е клучно да имаат стабилни финансии. Оттаму, со оваа реформа значително се засилува нивниот фискален капацитет, но и истовремено се задолжуваат на поголема фискална дисциплина, отчетно и транспарентно работење. Зголемувањето на финансиската дисциплина на општините, може да се постигнат преку реално планирање на приходите и расходите, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи, редовно сервисирање на обврските, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување финансиска нестабилност и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија. Зголемувањето на контролата од страна на државата ќе се обезбеди преку надзорите спроведени од Финансиската инспекција во поглед на почитувањето на одредбите на Законот за пријавување и евиденција на обврските, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Законот за финансиска дисциплина, а зголемувањето на транспарентноста на општините преку објавување на финансиските извештаи на транспарентен и разбирлив начин. Инвестициите во човечките ресурси - клучни за спроведување на реформата Кај секој од столбовите од особено значење е јакнење на човечките капацитети за да можат да ги спроведат реформите. На пример, тимот на Министерството за финансии, како надлежна институција за реформскиот процес во јавните финансии, од почетокот на кризата напоредно работи и на редовните активности и на дизајнирање на одделни мерки за справување со кризата, обезбедување на средства во едни специфични услови, но и на реформската агенда за унапредување на системот на јавните финансии. Оттаму, иако од целиот контекст е очигледно, ќе нагласам уште еднаш - инвестициите во човечките ресурси ќе биде клучно во спроведувањето на амбициозната агенда. А кога основите ќе се постават и кога ќе изградиме од темел еден подобар систем на јавни финансии, економијата која ќе ја градиме врз него ќе биде поотпорна, поодржлива и побрзо растечка. Крајната цел останува иста - забрзан раст за економски развој и подобар стандард за живот за нашите граѓани во нашата земја.

The post 2022 кризна – но и година на значајни реформи во јавните финансии appeared first on Република.

]]>
Оваа недела ќе биде најмоќната до крајот на 2022 https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ovaa-nedela-kje-bide-najmokjnata-do-krajot-na-2022/ Tue, 06 Dec 2022 11:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=582515

Оваа недела започнува со бројот 5, а нумерологот и астролог Стефан Драгојловиќ открива што може да очекуваме во наредните денови.

Неделата во која влеговме започнува со бројот 5, што значи дека ова е една од ретките прилики во годината кога можеме да направиме сè. Како што откри нумерологот и астролог Стефан Драгојловиќ во емисијата „150 минути“ на Prva, доаѓаат денови кои носат многу пари и кога можеме да влијаеме на нашата судбина.

„Оваа недела започнува со бројот 5. Многу интересен понеделник бидејќи е прв овој месец, но самиот овој 12-ти месец е многу специфичен. Бројот 12 е мистичен, историски и религиски, има 12 хороскопски знаци и воопшто ова бројот често се повторува. Меѓутоа, вчера беше петтиот ден од 12-тиот месец, ова е и неделата на бројот 5. Затоа, кога ќе го собереме сето тоа, имаме ангел чувар кој е посебен затоа што го открива клучот на универзумот со сите негови сили, а тоа е многу ретко“, изјави нумерологот и додаде:

„Треба да бидеме во мир и да се смириме, да ги исфрлиме сите негативни чувства, сè што нè загрижува, мачи, сите оптоварувања што ги имаме. Ангелите чувари никогаш не се мешаат во нашите одлуки додека не го побараме тоа. Ова е недела на врска и поврзаност и со луѓе, и со ангели.Треба да се поврземе и да кажеме што сакаме, а можеме да посакуваме што сакаме. Ништо не е премногу, сè ни е дозволено, од полагање испит до екстремно големи желби. Не смееме да се ограничуваме. Ако сакате да бидете милионер, кажете го тоа јасно“, рече Драгојловиќ и откри дека заштитниот код треба да биде напишан со сина боја.

„Оваа недела дава многу пари. Секој треба да го запише заштитниот код 8655. Ова е шифрата што оваа недела ги штити луѓето од магии, зли духови и разни блокади. Мораме да внимаваме што зборуваме, бидејќи оваа недела во влијае да можеме да баксузираме некого. Ќе ја имаме оваа ситуација околу Божиќ и Велигден. Кога бројот ќе се повтори со бројот на неделата, тоа е двојно зголемена енергија на одредена планета и тогаш можеме да правиме што сакаме. Ова се случува неколку пати годишно, но тоа е моментот кога можеме да влијаеме на судбината и да ги искористиме максималните капацитети во однос на нашите животи“, вели астрологот.

 

The post Оваа недела ќе биде најмоќната до крајот на 2022 appeared first on Република.

]]>

Оваа недела започнува со бројот 5, а нумерологот и астролог Стефан Драгојловиќ открива што може да очекуваме во наредните денови. Неделата во која влеговме започнува со бројот 5, што значи дека ова е една од ретките прилики во годината кога можеме да направиме сè. Како што откри нумерологот и астролог Стефан Драгојловиќ во емисијата „150 минути“ на Prva, доаѓаат денови кои носат многу пари и кога можеме да влијаеме на нашата судбина. „Оваа недела започнува со бројот 5. Многу интересен понеделник бидејќи е прв овој месец, но самиот овој 12-ти месец е многу специфичен. Бројот 12 е мистичен, историски и религиски, има 12 хороскопски знаци и воопшто ова бројот често се повторува. Меѓутоа, вчера беше петтиот ден од 12-тиот месец, ова е и неделата на бројот 5. Затоа, кога ќе го собереме сето тоа, имаме ангел чувар кој е посебен затоа што го открива клучот на универзумот со сите негови сили, а тоа е многу ретко“, изјави нумерологот и додаде: „Треба да бидеме во мир и да се смириме, да ги исфрлиме сите негативни чувства, сè што нè загрижува, мачи, сите оптоварувања што ги имаме. Ангелите чувари никогаш не се мешаат во нашите одлуки додека не го побараме тоа. Ова е недела на врска и поврзаност и со луѓе, и со ангели.Треба да се поврземе и да кажеме што сакаме, а можеме да посакуваме што сакаме. Ништо не е премногу, сè ни е дозволено, од полагање испит до екстремно големи желби. Не смееме да се ограничуваме. Ако сакате да бидете милионер, кажете го тоа јасно“, рече Драгојловиќ и откри дека заштитниот код треба да биде напишан со сина боја. „Оваа недела дава многу пари. Секој треба да го запише заштитниот код 8655. Ова е шифрата што оваа недела ги штити луѓето од магии, зли духови и разни блокади. Мораме да внимаваме што зборуваме, бидејќи оваа недела во влијае да можеме да баксузираме некого. Ќе ја имаме оваа ситуација околу Божиќ и Велигден. Кога бројот ќе се повтори со бројот на неделата, тоа е двојно зголемена енергија на одредена планета и тогаш можеме да правиме што сакаме. Ова се случува неколку пати годишно, но тоа е моментот кога можеме да влијаеме на судбината и да ги искористиме максималните капацитети во однос на нашите животи“, вели астрологот.  

The post Оваа недела ќе биде најмоќната до крајот на 2022 appeared first on Република.

]]>
Борко Ристовски е еден од петте водители на годинашниот „Макфест“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/borko-ristovski-e-eden-od-pette-voditeli-na-godinashniot-makfest/ Fri, 21 Oct 2022 09:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=563968

Вечерва во Штип започнува 37. издание на еден од најреномираните фестивали во македонската музичка историја „Макфест“ 2022.

На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, вечерва ќе се одржи првата фестивалска вечер посветена на младите ѕвезди.

Ова  издание на фестивалот ќе биде различно по многу работи. Втората вечер ќе биде ревијална, нема да има победници.

Новина е што фестивалот ќе го водат дури пет водители. Двајца главни водители ќе бидат Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, додека, пак, во улога на презентери-ѕвезди ќе бидат Лила Филиповска, Миланка Рашиќ, Јана Бурчевска и познатиот ракометар Борко Ристовски.

 

The post Борко Ристовски е еден од петте водители на годинашниот „Макфест“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Штип започнува 37. издание на еден од најреномираните фестивали во македонската музичка историја „Макфест“ 2022. На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, вечерва ќе се одржи првата фестивалска вечер посветена на младите ѕвезди. Ова  издание на фестивалот ќе биде различно по многу работи. Втората вечер ќе биде ревијална, нема да има победници. Новина е што фестивалот ќе го водат дури пет водители. Двајца главни водители ќе бидат Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, додека, пак, во улога на презентери-ѕвезди ќе бидат Лила Филиповска, Миланка Рашиќ, Јана Бурчевска и познатиот ракометар Борко Ристовски.  

The post Борко Ристовски е еден од петте водители на годинашниот „Макфест“ appeared first on Република.

]]>
Одржливоста – тема на Ликовната колонија „Галичник 2022“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odrzlivosta-tema-na-likovnata-kolonija-galichnik-2022/ Fri, 19 Aug 2022 13:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=542052

Триесет и третото издание на Ликовната колонија „Галичник“ ќе се одржи од 21 до 28 август во селото Галичник.

Годинава тема на колонијата е одржливоста, а разговарање, размислување и дејствување, регионално и пошироко, по ова прашање е целта на учесниците: Марта Стисјак (Полска), Правдолуб Иванов (Бугарија), Ласе Лоренцен (Данска), Зоран Тодоровиќ (Србија), Валентин Стефаноф (Бугарија), Нина Ковачева (Бугарија), и македонските уметници Игор Сековски, Славица Јанешлиева и Гоце Наневски.

Како што истакнува Ана Франговска, организатор и куратор на Ликовната колонија „Галичник“, одново станува збор за одлична селекција на уметници, сите со веќе завидни биографии и огромно искуство во современата уметност во светот, претставници на своите земји на престижното Венециско биенале и секако уметници со исклучително меѓународно излагачко реноме.

Одржливоста, сфатена како процес на пребарување, треба да се однесува на сите димензии на неодржливоста, вклучувајќи ја и нејзината културна димензија. Зборот има неколку контрадикторни дефиниции, особено во зависност од тоа дали некој сака да ги нагласи „границите на (економскиот и индустрискиот) раст“ или верува во чудесната моќ на технологијата бесконечно да ги „заменува“ необновливите природни ресурси. Од културна перспектива, одржливоста може да се сфати како потрага по алтернативни групи на вредности и знаења за светот, реформирање на modi cognoscendi и формирање на разбирање на обрасците што ги поврзуваат економските, социјалните, политичките, културните и еколошките димензии на реалноста. Според тоа, културната димензија има основна вредност за целиот процес на пребарување на одржливоста, посочува Франговска, објаснувајќи ја одбраната тема како многу популарна, но истовремено и многу проблематична именка во современите уметности.

За Франговска квалитативниот императив е структурен елемент на колонијата.

Несебичната посветеност и ентузијазам во име на продолжување на долгогодишната културна традиција на селото Галичник и Реканскиот крај и во име на квалитетната нововременска уметност воопшто и секако аспектот на размена на искуства и знаења и човечки ресурси се главните постулати на колонијата. Колонијата ја потврдува својата тенденција на имплементацијата на предностите на новата ера во античкиот амбиент на прекрасниот Галичник, како додавање на ново ткиво во организам со дефинирана стратиграфија. Хабитусот помеѓу старото и новото се издигнува во синтеза, синергија, надградба, современост со нагласен културен предзнак. Постојаните мешања и меѓу националниот белег, македонската гордост: културата на нашата земја и меѓународниот дух и културата на другите, различните; односот меѓу историјата, природата, фолклорот и традицијата со современата и урбана анемија на постмодерната уметност, ја формираат и дефинираат Ликовната колонија ’Галичник’ како специфика не само на национален, туку и на регионален план, додава таа.

 

The post Одржливоста – тема на Ликовната колонија „Галичник 2022“ appeared first on Република.

]]>

Триесет и третото издание на Ликовната колонија „Галичник“ ќе се одржи од 21 до 28 август во селото Галичник. Годинава тема на колонијата е одржливоста, а разговарање, размислување и дејствување, регионално и пошироко, по ова прашање е целта на учесниците: Марта Стисјак (Полска), Правдолуб Иванов (Бугарија), Ласе Лоренцен (Данска), Зоран Тодоровиќ (Србија), Валентин Стефаноф (Бугарија), Нина Ковачева (Бугарија), и македонските уметници Игор Сековски, Славица Јанешлиева и Гоце Наневски. Како што истакнува Ана Франговска, организатор и куратор на Ликовната колонија „Галичник“, одново станува збор за одлична селекција на уметници, сите со веќе завидни биографии и огромно искуство во современата уметност во светот, претставници на своите земји на престижното Венециско биенале и секако уметници со исклучително меѓународно излагачко реноме.
Одржливоста, сфатена како процес на пребарување, треба да се однесува на сите димензии на неодржливоста, вклучувајќи ја и нејзината културна димензија. Зборот има неколку контрадикторни дефиниции, особено во зависност од тоа дали некој сака да ги нагласи „границите на (економскиот и индустрискиот) раст“ или верува во чудесната моќ на технологијата бесконечно да ги „заменува“ необновливите природни ресурси. Од културна перспектива, одржливоста може да се сфати како потрага по алтернативни групи на вредности и знаења за светот, реформирање на modi cognoscendi и формирање на разбирање на обрасците што ги поврзуваат економските, социјалните, политичките, културните и еколошките димензии на реалноста. Според тоа, културната димензија има основна вредност за целиот процес на пребарување на одржливоста, посочува Франговска, објаснувајќи ја одбраната тема како многу популарна, но истовремено и многу проблематична именка во современите уметности.
За Франговска квалитативниот императив е структурен елемент на колонијата.
Несебичната посветеност и ентузијазам во име на продолжување на долгогодишната културна традиција на селото Галичник и Реканскиот крај и во име на квалитетната нововременска уметност воопшто и секако аспектот на размена на искуства и знаења и човечки ресурси се главните постулати на колонијата. Колонијата ја потврдува својата тенденција на имплементацијата на предностите на новата ера во античкиот амбиент на прекрасниот Галичник, како додавање на ново ткиво во организам со дефинирана стратиграфија. Хабитусот помеѓу старото и новото се издигнува во синтеза, синергија, надградба, современост со нагласен културен предзнак. Постојаните мешања и меѓу националниот белег, македонската гордост: културата на нашата земја и меѓународниот дух и културата на другите, различните; односот меѓу историјата, природата, фолклорот и традицијата со современата и урбана анемија на постмодерната уметност, ја формираат и дефинираат Ликовната колонија ’Галичник’ како специфика не само на национален, туку и на регионален план, додава таа.
 

The post Одржливоста – тема на Ликовната колонија „Галичник 2022“ appeared first on Република.

]]>
„Златна палма“ во Кан за „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-palma-vo-kan-za-triagolnik-na-tagata-na-shvedskiot-reziser-ruben-ostlund/ Mon, 30 May 2022 07:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=508549

„Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд е добиник на „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал. Ова е втора ваква награда за Швеѓанецот кој во 2017 година освои „Златна палма“ за „Сквер“ (The Square).

„Триаголник на тагаа“ е остра општествена сатира за класниот конфликт, со веќе неславна сцена со повраќање и дијареа.

Прифаќајќи ја наградата, Остлунд рече дека сакал публиката да се забавува, но и „да си поставувааат прашања, да излезат по проекцијата и да имаат за што да разговараат“.

Наградата за најдобар режисер ја освои Парк Чан-вук од Јужна Кореја. Парк – познат по трилерот „Олдбој“ од 2003 година – победи со еротската крими-драма Decision to Leave („Одлука за заминување“).

Ова беше силна ноќ за Јужна Кореја – наградата за најдобар актер заврши во рацете на Сонг Канг-хо за „Брокер“. Сонг го привлече меѓународното внимание со неговата изведба во „Паразит“ награден со „Оскар“ во 2019 година.

The post „Златна палма“ во Кан за „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд appeared first on Република.

]]>

„Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд е добиник на „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал. Ова е втора ваква награда за Швеѓанецот кој во 2017 година освои „Златна палма“ за „Сквер“ (The Square). „Триаголник на тагаа“ е остра општествена сатира за класниот конфликт, со веќе неславна сцена со повраќање и дијареа. Прифаќајќи ја наградата, Остлунд рече дека сакал публиката да се забавува, но и „да си поставувааат прашања, да излезат по проекцијата и да имаат за што да разговараат“. Наградата за најдобар режисер ја освои Парк Чан-вук од Јужна Кореја. Парк – познат по трилерот „Олдбој“ од 2003 година – победи со еротската крими-драма Decision to Leave („Одлука за заминување“). Ова беше силна ноќ за Јужна Кореја – наградата за најдобар актер заврши во рацете на Сонг Канг-хо за „Брокер“. Сонг го привлече меѓународното внимание со неговата изведба во „Паразит“ награден со „Оскар“ во 2019 година.

The post „Златна палма“ во Кан за „Триаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд appeared first on Република.

]]>
Конкретни прогнози за 2022: Kој ќе биде најнапнат ден, а кој месец најубав? https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/konkretni-prognozi-za-2022-koj-kje-bide-najnapnat-den-a-koj-mesec-najubav/ Wed, 05 Jan 2022 12:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=440938

Јасмин Боланд е познат астролог кој вели дека 2022-ра ќе биде многу подобра и посреќна година од астролошка гледна точка за разлика од 2021.

За Daily Mail таа открива кои позитивни промени нè очекуваат во наредните 12 месеци, но и на што треба да се фокусираме во текот на целата година.

Според нејзините прогнози, во 2022-ра ќе се исполнат многу желби и, генерално, сите можат да очекуваат подобра година од претходната.

За некои месеци Јасмин споделува и одредени датуми за кои вели дека се најзначајни и најпогодни за правење позитивни промени.

Во продолжение астролошките предвидувања на Јасмин за секој месец од 2022 година:

Јануари

Јасмин вели дека во првиот месец од 2022-ра треба добро да размислите за она што ви е најважно. Следете го вашиот инстинкт и запишете кои се вашите најважни цели, но и грижи.

На овој начин ќе имате појасна слика за вашите приоритети, па ќе можете да им се посветите во наредните месеци.

Според Јасмин, 9-тиот ден од јануари е најзначајниот во месецот и тогаш добро би било да се фокусирате на најважните луѓе од вашиот живот. Односно, да размислите што треба да поправите во односот со нив.

Февруари

Јасмин советува во февруари да направите листа со животните промени кои знаете дека ќе ве направат среќни.

Размислете што е она што ве кочи во животот и најдете начин да се ослободите од него.

Од астролошка гледна точка, 18-ти е најзначајниот ден од февруари и добро би било да си го посветите на себе.

Март

На почетокот од месецот, Јасмин вели дека гневот ќе доминира, па важно е да останете смирени. Таа советува да бидете искрени кон другите, но да внимавате да не ги повредите.

13 и 23 март ќе бидат најдобрите денови од месецот и тогаш ќе имате можност да решите многу проблеми со саканите.

Јасмин советува во овие денови да се посветите и на вашата духовност со активности како медитација, јога или што било што вам ви одговара.

Април

Во април подгответе се за позитивни промени на поле љубов – некои можно е да ја најдат и својата сродна душа.

Истовремено, април ќе им донесе и патување на многумина, како и исполнување на некоја голема желба.

Сепак, Јасмин предупредува дека постои можност да бидете излажани од некоја блиска личност, па бидете подготвени за тоа.

Првиот и последниот ден од месецот ќе бидат најдобри за да им се посветите на вашите желби.

Мај

Мај ќе биде месец на промени. Конечно ќе се ослободите од она што не ви треба и само ви штети и ќе направите место за нешто што ќе ги во подобри животот.

Јасмин вели дека мај е најдобриот месец да размислите за вашите финансии – како им пристапувате и дали треба да промените нешто.

Ако планирате да почнете со некој нов проект, без разлика дали личен или на работното место, во мај направете ги последните подготовки и обрнете внимание на сите детали.

Јуни

Јуни е месец за потсетување. Размислете кои биле вашите цели и желби на почетокот од годината и до каде сте со нив сега.

Јули

Во јули треба да ги наполните батериите, но и да се наградите за она што ќе го постигнете дотогаш.

Сепак, Јасмин предупредува дека овој период можно е да бидете поемотивни од вообичаено, но не треба да дозволите тоа да ви го наруши мирот.

Август

Јасмин вели дека август ќе биде напнат месец, но токму поради ова ќе можете да воочите дали правите некоја грешка. Нормално, ќе имате можност и да ја поправите.

7-ми август ќе биде најнапнатиот ден и тогаш добро би било да размислите дали напразно ја трошите вашата енергија на нешто или некого.

За да се справите со негативните емоции кои најверојатно ќе доминираат овој месец, Јасмин советува да најдете време за релаксирачка активност.

Септември

Во септември ќе имате втора шанса за она што ви е најважно, без разлика дали тоа е романтична врска, пријателство или нешто од професионалниот живот.

Овој месец добро размислете како ќе ја искористите оваа нова можност и не брзајте пред да преземете нешто.

Октомври

Во октомври фокусирајте се на љубовниот живот и подгответе се за позитивни промени.

Јасмин вели дека 25-ти октомври е најповолниот ден за сериозен разговор со партнерот со кој ќе решите многу дилеми и проблеми.

Ноември

Во ноември можни се промени кои на почетокот ќе ви изгледаат лошо, но со текот на времето ќе сфатите дека сепак ви биле од корист.

Најпрво ќе ви биде тешко да се соочите со овие промени и нема да можете да ги прифатите, но Јасмин вели дека сето ова набрзо ќе се промени.

Декември

Јасмин вели дека декември ќе биде еден од најсреќните месеци за сите и овој период добро би било да се фокусирате на успесите од изминатата година.

Очекувајте среќата да ви се насмевне во секој аспект од животот.

The post Конкретни прогнози за 2022: Kој ќе биде најнапнат ден, а кој месец најубав? appeared first on Република.

]]>

Јасмин Боланд е познат астролог кој вели дека 2022-ра ќе биде многу подобра и посреќна година од астролошка гледна точка за разлика од 2021. За Daily Mail таа открива кои позитивни промени нè очекуваат во наредните 12 месеци, но и на што треба да се фокусираме во текот на целата година.
Според нејзините прогнози, во 2022-ра ќе се исполнат многу желби и, генерално, сите можат да очекуваат подобра година од претходната. За некои месеци Јасмин споделува и одредени датуми за кои вели дека се најзначајни и најпогодни за правење позитивни промени.

Во продолжение астролошките предвидувања на Јасмин за секој месец од 2022 година:

Јануари

Јасмин вели дека во првиот месец од 2022-ра треба добро да размислите за она што ви е најважно. Следете го вашиот инстинкт и запишете кои се вашите најважни цели, но и грижи. На овој начин ќе имате појасна слика за вашите приоритети, па ќе можете да им се посветите во наредните месеци. Според Јасмин, 9-тиот ден од јануари е најзначајниот во месецот и тогаш добро би било да се фокусирате на најважните луѓе од вашиот живот. Односно, да размислите што треба да поправите во односот со нив.

Февруари

Јасмин советува во февруари да направите листа со животните промени кои знаете дека ќе ве направат среќни. Размислете што е она што ве кочи во животот и најдете начин да се ослободите од него. Од астролошка гледна точка, 18-ти е најзначајниот ден од февруари и добро би било да си го посветите на себе.

Март

На почетокот од месецот, Јасмин вели дека гневот ќе доминира, па важно е да останете смирени. Таа советува да бидете искрени кон другите, но да внимавате да не ги повредите. 13 и 23 март ќе бидат најдобрите денови од месецот и тогаш ќе имате можност да решите многу проблеми со саканите. Јасмин советува во овие денови да се посветите и на вашата духовност со активности како медитација, јога или што било што вам ви одговара.

Април

Во април подгответе се за позитивни промени на поле љубов – некои можно е да ја најдат и својата сродна душа. Истовремено, април ќе им донесе и патување на многумина, како и исполнување на некоја голема желба. Сепак, Јасмин предупредува дека постои можност да бидете излажани од некоја блиска личност, па бидете подготвени за тоа. Првиот и последниот ден од месецот ќе бидат најдобри за да им се посветите на вашите желби.

Мај

Мај ќе биде месец на промени. Конечно ќе се ослободите од она што не ви треба и само ви штети и ќе направите место за нешто што ќе ги во подобри животот. Јасмин вели дека мај е најдобриот месец да размислите за вашите финансии – како им пристапувате и дали треба да промените нешто. Ако планирате да почнете со некој нов проект, без разлика дали личен или на работното место, во мај направете ги последните подготовки и обрнете внимание на сите детали.

Јуни

Јуни е месец за потсетување. Размислете кои биле вашите цели и желби на почетокот од годината и до каде сте со нив сега.

Јули

Во јули треба да ги наполните батериите, но и да се наградите за она што ќе го постигнете дотогаш. Сепак, Јасмин предупредува дека овој период можно е да бидете поемотивни од вообичаено, но не треба да дозволите тоа да ви го наруши мирот.

Август

Јасмин вели дека август ќе биде напнат месец, но токму поради ова ќе можете да воочите дали правите некоја грешка. Нормално, ќе имате можност и да ја поправите. 7-ми август ќе биде најнапнатиот ден и тогаш добро би било да размислите дали напразно ја трошите вашата енергија на нешто или некого. За да се справите со негативните емоции кои најверојатно ќе доминираат овој месец, Јасмин советува да најдете време за релаксирачка активност.

Септември

Во септември ќе имате втора шанса за она што ви е најважно, без разлика дали тоа е романтична врска, пријателство или нешто од професионалниот живот. Овој месец добро размислете како ќе ја искористите оваа нова можност и не брзајте пред да преземете нешто.

Октомври

Во октомври фокусирајте се на љубовниот живот и подгответе се за позитивни промени. Јасмин вели дека 25-ти октомври е најповолниот ден за сериозен разговор со партнерот со кој ќе решите многу дилеми и проблеми.

Ноември

Во ноември можни се промени кои на почетокот ќе ви изгледаат лошо, но со текот на времето ќе сфатите дека сепак ви биле од корист. Најпрво ќе ви биде тешко да се соочите со овие промени и нема да можете да ги прифатите, но Јасмин вели дека сето ова набрзо ќе се промени.

Декември

Јасмин вели дека декември ќе биде еден од најсреќните месеци за сите и овој период добро би било да се фокусирате на успесите од изминатата година. Очекувајте среќата да ви се насмевне во секој аспект од животот.

The post Конкретни прогнози за 2022: Kој ќе биде најнапнат ден, а кој месец најубав? appeared first on Република.

]]>
Пет прогнози на Бил Гејтс за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pet-prognozi-na-bil-gejts-za-2022-godina/ Wed, 05 Jan 2022 08:03:16 +0000 https://republika.mk/?p=440740

Што очекува и предвидува во новата 2022 година еден од највлијателните луѓе на Земјата – Бил Гејтс?:

1. mRNA вакцините ќе останат најважниот резултат на пандемијата

Пандемијата веројатно ќе заврши, но технологијата за вакцини mRNA ќе остане. Влијанието на овој научен пробив ќе ја надживее сегашната пандемија, рече Бил Гејтс во обемната блог-објава сумирана од The ​​Infographics Show. Пандемијата, рече тој, ќе стивне во 2022 година. Сепак, стекнатото знаење и новиот метод на развој на вакцини ќе помогнат да се подобри медицината и да се справи со голем број болести кои го мачат човештвото, вклучувајќи го и ракот.

2. Владите ќе работат на регулирање на социјалните медиуми

Светот одамна стана „глобално село“ затоа што можеме да комуницираме со секого и секаде, благодарение на дигиталната технологија. Но, со себе донесе и нови предизвици. Недовербата кон владите е една од нив.

„Довербата е особено важна ако сакаме да ги натераме луѓето да поддржат големи нови иницијативи насочени кон решавање на кризи од големи размери“, рече Гејтс. Тој го наведува индексот на доверба на Edelman за 2021 година, кој покажува дека довербата во владите опаѓа со алармантна стапка во светот. За жал, повеќето луѓе немаат доверба во владите и наместо тоа, дури и ги обвинуваат кога ќе се случи нешто лошо.

Со оглед на тоа што социјалните медиуми се во коренот на растечката недоверба и поделеност во општеството денес, Гејтс ја поддржува идејата дека ќе бидат потребни регулативи за да се одреди како технологијата може да се користи од лице или организација.

3. Дебатата за климата ќе не турка кон напредок

Дискусиите за климата ќе продолжат, а кога учесниците се ентузијасти и посветени, според Бил Гејтс, ќе можеме да имаме општество во кое интроспекцијата и адаптацијата ќе станат основа.

Тој очекува нови обврски за инвестирање во чисти технологии, намалување на емисиите на метан, забрана за уништување на шумите до една деценија и помагање на земјоделците да се прилагодат. Сето ова, според милијардерот, не се случајни елементи; тие ќе бидат резултат на намерна и трудољубива работа на секој заинтересиран за заштита на планетата за да се осигура дека климатските промени се основен принцип во одлуките што се носат.

4. VR и дигитализацијата ќе играат поважна улога

За време на екот на пандемијата, се случија добри работи: почнавме да користиме иновативни технологии за да работиме и да живееме. Можеби утре дојде малку побрзо од очекуваното – барем во однос на технологијата.

Во 2022 година треба да очекуваме поголема дигитализација и поголема примена на технологиите за далечинско работење и е-трговија. Гејтс го нагласува потенцијалот за континуирано експериментирање, што неизбежно ќе доведе до промена на парадигмата во продуктивноста и сè друго.

Во новата реалност, работните места ќе бидат различни, повеќето од нив „далечински“, користејќи дигитална технологија и софтвер за да се направи она што до неодамна се работеше само лично. Технологиите на работното место ќе се развиваат уште повеќе во 2022 година. Виртуелната реалност (VR) ќе менува се повеќе и повеќе индустрии.

5. Образованието ќе ги прифати дигиталните алатки за да „изгради“ нови типови ученици

Од размислувањето на Гејтс е јасно дека персоналниот тренинг наскоро ќе биде минато. Концептот на учење на далечина нема да биде толку туѓ во 2022 година. Се повеќе и повеќе дигитални алатки ќе им помогнат на учениците да учат, без оглед на нивната локација.

Потребен е достапен хардвер и софтвер за да им се овозможи на младите да учат. За Гејтс, голем проблем не е недостатокот на лична комуникација, туку „дигиталниот јаз“ во однос на пристапот до е-учење.

Сè подинамичните наставни програми ќе се прилагодуваат на специфичните потреби на учениците и ќе бидат пофлексибилни како што се зголемува побарувачката за дигитализација, предвидува Гејтс. Сепак, тој нагласи дека физичките училници нема да исчезнат. Впрочем, е-книгите не донесоа смрт на книгите, нели?

 

The post Пет прогнози на Бил Гејтс за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Што очекува и предвидува во новата 2022 година еден од највлијателните луѓе на Земјата – Бил Гејтс?: 1. mRNA вакцините ќе останат најважниот резултат на пандемијата Пандемијата веројатно ќе заврши, но технологијата за вакцини mRNA ќе остане. Влијанието на овој научен пробив ќе ја надживее сегашната пандемија, рече Бил Гејтс во обемната блог-објава сумирана од The ​​Infographics Show. Пандемијата, рече тој, ќе стивне во 2022 година. Сепак, стекнатото знаење и новиот метод на развој на вакцини ќе помогнат да се подобри медицината и да се справи со голем број болести кои го мачат човештвото, вклучувајќи го и ракот. 2. Владите ќе работат на регулирање на социјалните медиуми Светот одамна стана „глобално село“ затоа што можеме да комуницираме со секого и секаде, благодарение на дигиталната технологија. Но, со себе донесе и нови предизвици. Недовербата кон владите е една од нив. „Довербата е особено важна ако сакаме да ги натераме луѓето да поддржат големи нови иницијативи насочени кон решавање на кризи од големи размери“, рече Гејтс. Тој го наведува индексот на доверба на Edelman за 2021 година, кој покажува дека довербата во владите опаѓа со алармантна стапка во светот. За жал, повеќето луѓе немаат доверба во владите и наместо тоа, дури и ги обвинуваат кога ќе се случи нешто лошо. Со оглед на тоа што социјалните медиуми се во коренот на растечката недоверба и поделеност во општеството денес, Гејтс ја поддржува идејата дека ќе бидат потребни регулативи за да се одреди како технологијата може да се користи од лице или организација. 3. Дебатата за климата ќе не турка кон напредок Дискусиите за климата ќе продолжат, а кога учесниците се ентузијасти и посветени, според Бил Гејтс, ќе можеме да имаме општество во кое интроспекцијата и адаптацијата ќе станат основа. Тој очекува нови обврски за инвестирање во чисти технологии, намалување на емисиите на метан, забрана за уништување на шумите до една деценија и помагање на земјоделците да се прилагодат. Сето ова, според милијардерот, не се случајни елементи; тие ќе бидат резултат на намерна и трудољубива работа на секој заинтересиран за заштита на планетата за да се осигура дека климатските промени се основен принцип во одлуките што се носат. 4. VR и дигитализацијата ќе играат поважна улога За време на екот на пандемијата, се случија добри работи: почнавме да користиме иновативни технологии за да работиме и да живееме. Можеби утре дојде малку побрзо од очекуваното – барем во однос на технологијата. Во 2022 година треба да очекуваме поголема дигитализација и поголема примена на технологиите за далечинско работење и е-трговија. Гејтс го нагласува потенцијалот за континуирано експериментирање, што неизбежно ќе доведе до промена на парадигмата во продуктивноста и сè друго. Во новата реалност, работните места ќе бидат различни, повеќето од нив „далечински“, користејќи дигитална технологија и софтвер за да се направи она што до неодамна се работеше само лично. Технологиите на работното место ќе се развиваат уште повеќе во 2022 година. Виртуелната реалност (VR) ќе менува се повеќе и повеќе индустрии. 5. Образованието ќе ги прифати дигиталните алатки за да „изгради“ нови типови ученици Од размислувањето на Гејтс е јасно дека персоналниот тренинг наскоро ќе биде минато. Концептот на учење на далечина нема да биде толку туѓ во 2022 година. Се повеќе и повеќе дигитални алатки ќе им помогнат на учениците да учат, без оглед на нивната локација. Потребен е достапен хардвер и софтвер за да им се овозможи на младите да учат. За Гејтс, голем проблем не е недостатокот на лична комуникација, туку „дигиталниот јаз“ во однос на пристапот до е-учење. Сè подинамичните наставни програми ќе се прилагодуваат на специфичните потреби на учениците и ќе бидат пофлексибилни како што се зголемува побарувачката за дигитализација, предвидува Гејтс. Сепак, тој нагласи дека физичките училници нема да исчезнат. Впрочем, е-книгите не донесоа смрт на книгите, нели?  

The post Пет прогнози на Бил Гејтс за 2022 година appeared first on Република.

]]>