200 млади истражувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/200-mladi-istrazhuvachi/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Dec 2023 14:34:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 200 млади истражувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/200-mladi-istrazhuvachi/ 32 32 За два месеци 200 млади истражувачи собраа над 6.000 податоци за биолошката разновидност во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/za-dva-mesetsi-200-mladi-istrazhuvachi-sobraa-nad-6-000-podatotsi-za-bioloshkata-raznovidnost-vo-makedonija/ Tue, 12 Dec 2023 14:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=722247

За два месеци 200 млади истражувачи од сите региони усепале да соберат над 6.000 податоци за биолошката разновидност во Македонија, соопштија од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Биди Зелен.

Во соработка со нашите еко клубови и нивните ментори-наставници ја промовиравме бесплатната апликација за набљудување на природата iNaturalist, преку која младите можеа да учат за природата во нивната близина и да го разберат начинот на кој може да придонесуваат кон научни истражувања. Преку овие активности се уверивме дека училишните дворови низ државата, како и нашите градини, може уште повеќе да се прилагодат за да ја поддржат биолошката разновидност и со тоа да ги подобрат нашите услови за живот, а и да придонесат кон зачувување на ранливи видови, беше кажано денеска на завршниот настан на проектот „БиоОткритие2023“.

Во Природонаучниот музеј во Скопје беше отворена и изложбата „Нашиот биодиверзитет“ составена од колажи со над 500 фотографии од младите истражувачи кои набљудуваа во својата околина и придонесоа кон проектот. Изложбата ќе може да се посети до 19 декември во Музејот, а потоа ќе може да се погледне и на нови локации.

Иако истражувањата, таканаречените „био блицови“, ги спроведувавме кон крајот на вегетативната сезона истражувачите сепак открија многу различни видови околу себе, поточно над 1000 различни видови на растенија, габи, инсекти, влекачи и цицачи. Младите истражувачи собраа најмногу податоци за видови кои се одгледувани и за животни во заробеништво наместо диви видови, што е јасен индикатор за слабото разбирање на биолошката разновидност како концепт, но и за состојбата на нивната непосредна животна средина.

Најголеми успеси во истражувањата покажаа оние еко клубови кои имаа силна врска со природата и посветени ментори, па така наградите за најмногу набљудувани видови како тим, најмногу набљудувани видови на учесник и најголема разновидност на набљудувани видови од учесник и отидоа кај училиштето ООУ „7 Марси“ од село Челопек и два нивни ученика, наградата за најголема разновидност на набљудувани видови од тим кај извидничкиот одред „Скаут“ од Куманово, а пофалница доби и ученик на ООУ „Александар Македонски“ од Скопје.

Новите технолошки достигнувања, како што е апликацијата iNaturalist, се совршен спој со младите генерации на граѓани истражувачи. Денеска скоро сите ученици имаат свој мобилен телефон кој со малку обука може да стане наставно средство. Оваа апликација може да се користи за собирање и анализирање на податоци за природата, а благодарение на своите милиони корисници и опции за прилагодување таа може да обезбеди и податоци кои се доволно добри да се користат за научни истражувања.

фото: Биди Зелен Скопје

The post За два месеци 200 млади истражувачи собраа над 6.000 податоци за биолошката разновидност во Македонија appeared first on Република.

]]>

За два месеци 200 млади истражувачи од сите региони усепале да соберат над 6.000 податоци за биолошката разновидност во Македонија, соопштија од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Биди Зелен. Во соработка со нашите еко клубови и нивните ментори-наставници ја промовиравме бесплатната апликација за набљудување на природата iNaturalist, преку која младите можеа да учат за природата во нивната близина и да го разберат начинот на кој може да придонесуваат кон научни истражувања. Преку овие активности се уверивме дека училишните дворови низ државата, како и нашите градини, може уште повеќе да се прилагодат за да ја поддржат биолошката разновидност и со тоа да ги подобрат нашите услови за живот, а и да придонесат кон зачувување на ранливи видови, беше кажано денеска на завршниот настан на проектот „БиоОткритие2023“. Во Природонаучниот музеј во Скопје беше отворена и изложбата „Нашиот биодиверзитет“ составена од колажи со над 500 фотографии од младите истражувачи кои набљудуваа во својата околина и придонесоа кон проектот. Изложбата ќе може да се посети до 19 декември во Музејот, а потоа ќе може да се погледне и на нови локации. Иако истражувањата, таканаречените „био блицови“, ги спроведувавме кон крајот на вегетативната сезона истражувачите сепак открија многу различни видови околу себе, поточно над 1000 различни видови на растенија, габи, инсекти, влекачи и цицачи. Младите истражувачи собраа најмногу податоци за видови кои се одгледувани и за животни во заробеништво наместо диви видови, што е јасен индикатор за слабото разбирање на биолошката разновидност како концепт, но и за состојбата на нивната непосредна животна средина. Најголеми успеси во истражувањата покажаа оние еко клубови кои имаа силна врска со природата и посветени ментори, па така наградите за најмногу набљудувани видови како тим, најмногу набљудувани видови на учесник и најголема разновидност на набљудувани видови од учесник и отидоа кај училиштето ООУ „7 Марси“ од село Челопек и два нивни ученика, наградата за најголема разновидност на набљудувани видови од тим кај извидничкиот одред „Скаут“ од Куманово, а пофалница доби и ученик на ООУ „Александар Македонски“ од Скопје. Новите технолошки достигнувања, како што е апликацијата iNaturalist, се совршен спој со младите генерации на граѓани истражувачи. Денеска скоро сите ученици имаат свој мобилен телефон кој со малку обука може да стане наставно средство. Оваа апликација може да се користи за собирање и анализирање на податоци за природата, а благодарение на своите милиони корисници и опции за прилагодување таа може да обезбеди и податоци кои се доволно добри да се користат за научни истражувања. фото: Биди Зелен Скопје

The post За два месеци 200 млади истражувачи собраа над 6.000 податоци за биолошката разновидност во Македонија appeared first on Република.

]]>