20 роденден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/20-rodenden/ За подобро да се разбереме Mon, 15 May 2023 09:19:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 20 роденден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/20-rodenden/ 32 32 Со шест претстави викендов „Поточиња“ го прослави 20-от роденден https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/so-shest-pretstavi-vikendov-potochina-go-proslavi-20-ot-rodenden/ Mon, 15 May 2023 09:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=640912

Викендов Македонската филхармонија беше исполнета со детски џагор, песни и многу насмевки. Причината беше големиот роденденски јубилеј – 20 години „Поточиња“. Ниту шест претстави не беа доволни да се задоволи интересот на децата, не само од Скопје, туку и од цела Македонија кои сакаа да го посетат роденденското издание.

Над 5.500 посетители во двата фестивалски дена веќе на првите тактови на популарната химна на фестивалот ги пречекаа учесниците со аплауз и еуфорија. Популарниот водител – маскотата Поки (актерот Мартин Јорданоски) дополнително ја загреа атмосферата со најавата на носечката роденденска песна „Викни Хеј!” која публиката веднаш ја прифати и запеа, а потоа се редеа новите детски песни кои веќе на прво слушање ги освоија срцата на децата. Атмосферата достигна највисоко ниво кога хорот „Поточиња“ специјално за оваа пригода го отпеа роденденскиот микс од најголемите хитови на фестивалот изминативе 20 години.

Специјален гостин на фестивалот беше Елена Ристеска која заедно со хорот „Поточиња“ ја изведе заедничката песна „Мамо Благодарам” која никого не остави рамнодушен и разбуди многу емоции како кај децата, така и кај нивните родители.

Фестивалот беше спектакуларно затворен со роденденски марш и дожд од конфети кои ја дополнија целата славеничка атмосфера.

Од организаторот, Пап продукција истакнуваат дека жалат што просторната концертна понуда во градот е ограничена и покрај шесте претстави во Македонска филхармонија, голем дел од заинтересираните посетители не успеаа да дојдат до билет и да бидат дел од јубилејното 20-то роденденско издание „ПОТОЧИЊА 2023“.

 

The post Со шест претстави викендов „Поточиња“ го прослави 20-от роденден appeared first on Република.

]]>

Викендов Македонската филхармонија беше исполнета со детски џагор, песни и многу насмевки. Причината беше големиот роденденски јубилеј – 20 години „Поточиња“. Ниту шест претстави не беа доволни да се задоволи интересот на децата, не само од Скопје, туку и од цела Македонија кои сакаа да го посетат роденденското издание. Над 5.500 посетители во двата фестивалски дена веќе на првите тактови на популарната химна на фестивалот ги пречекаа учесниците со аплауз и еуфорија. Популарниот водител – маскотата Поки (актерот Мартин Јорданоски) дополнително ја загреа атмосферата со најавата на носечката роденденска песна „Викни Хеј!” која публиката веднаш ја прифати и запеа, а потоа се редеа новите детски песни кои веќе на прво слушање ги освоија срцата на децата. Атмосферата достигна највисоко ниво кога хорот „Поточиња“ специјално за оваа пригода го отпеа роденденскиот микс од најголемите хитови на фестивалот изминативе 20 години. Специјален гостин на фестивалот беше Елена Ристеска која заедно со хорот „Поточиња“ ја изведе заедничката песна „Мамо Благодарам” која никого не остави рамнодушен и разбуди многу емоции како кај децата, така и кај нивните родители. Фестивалот беше спектакуларно затворен со роденденски марш и дожд од конфети кои ја дополнија целата славеничка атмосфера. Од организаторот, Пап продукција истакнуваат дека жалат што просторната концертна понуда во градот е ограничена и покрај шесте претстави во Македонска филхармонија, голем дел од заинтересираните посетители не успеаа да дојдат до билет и да бидат дел од јубилејното 20-то роденденско издание „ПОТОЧИЊА 2023“.  

The post Со шест претстави викендов „Поточиња“ го прослави 20-от роденден appeared first on Република.

]]>