20 илјади евра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/20-iljadi-evra/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Dec 2022 11:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 20 илјади евра Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/20-iljadi-evra/ 32 32 Го запалила каминот, ама не знаела дека сопругот таму криел 20 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/go-zapalila-kaminot-ama-ne-znaela-deka-soprugot-tamu-kriel-20-iljadi-evra/ Thu, 29 Dec 2022 11:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=591453

Бизарен случај се случи во Рим, откако Италијанец одлучил, без да ѝ каже на сопругата, да си ја сокрие заштедата – обврзници во износ од 20.000 евра во каминот, бидејќи мислел дека тоа е безбедно место коешто крадците никогаш нема да го пребараат. Меѓутоа, она што го превидел е дека жената може да реши да го запали каминот…

Мојата сопруга не знаеше дека јас ги бев сокрил (парите) таму. Секоја година, пред да го запалиме огнот, ги преместувам парите. Сега, кога ги видов пламените јазици, ќе се онесвестев, раскажува несреќниот Марио.

Според него, не очекувал каминот да се запали уште неколку дена, со оглед на тоа што температурата во Рим не бара дополнително греење. Но, сопругата решила малку порано да создаде божиќно-новогодишна атмосфера…

Кога сопругот ѝ кажал што има во каминот, било предоцна.

 

The post Го запалила каминот, ама не знаела дека сопругот таму криел 20 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Бизарен случај се случи во Рим, откако Италијанец одлучил, без да ѝ каже на сопругата, да си ја сокрие заштедата – обврзници во износ од 20.000 евра во каминот, бидејќи мислел дека тоа е безбедно место коешто крадците никогаш нема да го пребараат. Меѓутоа, она што го превидел е дека жената може да реши да го запали каминот…
Мојата сопруга не знаеше дека јас ги бев сокрил (парите) таму. Секоја година, пред да го запалиме огнот, ги преместувам парите. Сега, кога ги видов пламените јазици, ќе се онесвестев, раскажува несреќниот Марио.
Според него, не очекувал каминот да се запали уште неколку дена, со оглед на тоа што температурата во Рим не бара дополнително греење. Но, сопругата решила малку порано да создаде божиќно-новогодишна атмосфера… Кога сопругот ѝ кажал што има во каминот, било предоцна.  

The post Го запалила каминот, ама не знаела дека сопругот таму криел 20 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Босански министер во кафеана си ја заборавил чантата со 20.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bosanski-minister-vo-kafeana-si-ja-zaboravil-chantata-so-20-000-evra/ Tue, 08 Mar 2022 08:42:44 +0000 https://republika.mk/?p=469370

Министер од Босна и Херцеговина останал без 20 илјади евра кога во ресторан во Бања Лука заборавил торба со толкава сума кеш, јавија локалните медиуми.

Министерот за транспорт и врски во Советот на министри на БиХ, Војин Митровиќ, ја потврди оваа информација, а фактот дека со себе имал сума еквивалентна на три години просечна плата во неговата земја го објасни со тврдењето дека штотуку тргнал на пат за Белград каде требало да изврши авансно плаќање за купување стан.

Поради таа причина со мене имав 20.000 евра. Инаку, никогаш не носам премногу готовина, а камоли толку. Имав и голема торба и му ја дадов на возачот, а малата торбичка во која беа тие пари, моите документи и документите на сопругата, дипломатскиот пасош и сите платежни картички остана на масата, изјави Митровиќ за порталот инсајдер.ин.

Без парите и документите останал откако ја платил сметката во ресторанот и потоа заборавил на чантата. Тој вели дека се сетил дури кога влегол во автомобилот. Веднаш се вратил во ресторанот, но чантата веќе ја немало и никој не знаел каде е. Сè пријавил во полиција која сега го истражува случајот.

Министерот се надева дека надзорните камери ќе откријат каде завршиле неговите пари.

The post Босански министер во кафеана си ја заборавил чантата со 20.000 евра appeared first on Република.

]]>

Министер од Босна и Херцеговина останал без 20 илјади евра кога во ресторан во Бања Лука заборавил торба со толкава сума кеш, јавија локалните медиуми. Министерот за транспорт и врски во Советот на министри на БиХ, Војин Митровиќ, ја потврди оваа информација, а фактот дека со себе имал сума еквивалентна на три години просечна плата во неговата земја го објасни со тврдењето дека штотуку тргнал на пат за Белград каде требало да изврши авансно плаќање за купување стан.
Поради таа причина со мене имав 20.000 евра. Инаку, никогаш не носам премногу готовина, а камоли толку. Имав и голема торба и му ја дадов на возачот, а малата торбичка во која беа тие пари, моите документи и документите на сопругата, дипломатскиот пасош и сите платежни картички остана на масата, изјави Митровиќ за порталот инсајдер.ин.
Без парите и документите останал откако ја платил сметката во ресторанот и потоа заборавил на чантата. Тој вели дека се сетил дури кога влегол во автомобилот. Веднаш се вратил во ресторанот, но чантата веќе ја немало и никој не знаел каде е. Сè пријавил во полиција која сега го истражува случајот. Министерот се надева дека надзорните камери ќе откријат каде завршиле неговите пари.

The post Босански министер во кафеана си ја заборавил чантата со 20.000 евра appeared first on Република.

]]>