20 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/20-godini/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 15:11:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 20 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/20-godini/ 32 32 Македонија во првите 20-те земји во светот и петта во ЕУ чии високообразовани и стручни кадри заминуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-vo-prvite-20-te-zemji-vo-svetot-i-petta-vo-eu-chii-visokoobrazovani-i-struchni-kadri-zaminuvaat/ Tue, 08 Oct 2024 12:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=824224

Во последните десетина години 40 отсто од високообразовниот и стручен кадар заминува од земјата. Македонија е во топ 20 земји со емиграција на високобразовните и стручни кадри, а на петто место во рамки на Европската унија, истакна денеска државниот ревизор Максим Ацевски пред собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски прашања.

Ацевски презентираше извадоци од Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија изразувајќи надеж дека барем дел од препораките содржани во него ќе бидат имлементирани со цел намалување на одливот.

ДЗР во извештајот заклучува дека со спроведената ревизија и применета ревизорска методологија и прибраните ревизорски докази стекнале уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата. Проценките од извршената анализа на ангажираниот експерт на ДЗР покажуваат дека во периодот 2013-2021 година просечно годишно мигрираат по околу 2.500 високообразовани кадри, за кои државата просечно годишно инвестирала по околу пет милијарди денари или вкупно за анализираниот период потрошила 44,7 милијарди денари. Се посочува дека одливот на високообразованите кадри ја чини државата 0,8 проценти од годишниот БДП.

Дали овие податоци се реални имајќи предвид одредени отстапувања, рече Ацевски, не би можел да кажам, но бројот на високообразовните кадри што заминуваат е висок.

Според извештајот, вкупниот ефект на опортунитетниот трошок во однос на изгубен БДП кој не е генериран заради годишната емиграција на вкупното население од државата се проценува на 5,15 проценти од БДП на годишно ниво. Доколку на ова се додаде реално изгубената инвестиција во образованието во овие кадри која во просек изнесува 3,19 проценти годишно од БДП, вкупниот негативен економски ефект рефлектира вкупна загуба од 8,34 проценти од БДП на годишно ниво.

По истекувањето на периодот на важност на Националната стратегија за вмрежување и соработка со високообразовани и стручни кадри 2013-2020 година не е усвоен нов стратешки документ кој го опфаќа проблемот поврзан со одлив на мозоци односно сеопфатна стратегија за економската миграција, со мерки и активности поврзани со намалувањето на одливот на високообразован кадар, со што би се намалиле и негативни ефекти во областа на економскиот развој на земјата и научноистражувачката дејност. Се констатира дека мерките од Стратегијата не се целосно имплементирани.

Ацевски истакна дека државата не успеала да формира единствена база на податоци за да има бројка на одлив на високообразовани и стручни кадри. Како пример посочува дека во 2023 /2024 имало околу 23.000 слободни места за упис на државните универзитети, а се запишале само 10.000. Според државниот ревизор, недостасува и точен мониторинг и колку реално студенти можат да запишат универзитетите.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека бројката што се презентира е поразителна, потенцирајќи дека за задржување на кадарот во земјата е потребен мултиресорки пристап така што таа може да зборува само за образованието.

Добро е што државата имала Стратегија за спречување на одливот на мозоци, но за жал, не го постигнала ефектот кој бил предвиден при креирањето. Нема да се навраќаме назад и да бараме виновници. Како нова Влада преку мултиресорски пристап ќе се фокусираме на креирање нови мерки и активности со кои ќе го намалиме заминувањето на квалификуваниот и високообразован кадар, рече Јаневска.

Посочи дека со универзитетите веќе се разговара за промени со цел поквалитетен образовен систем, осовременување на студиските програми за да бидат интересни за младите, но и усогласување со потребите на пазарот на трудот.

Затоа ќе ги ревидираме квотите за упис на факултетите, врз основа на реална анализа на состојбите во општеството и утврдување на тоа што ни недостига, рече Јаневска.

Стипендирањето во голема мера треба да стимулира упис на дефицитарни струки, па оттука и стипендиите на МОН веројатно ќе подлежат на ревизија. Зборувајќи за шангајските стипендии, министерката кажа дека очигледно е потребно реобмислување на начинот на кој тие се даваат и на начинот кој студентите треба да возвратат.

Веќе се консултираме со повеќе студенти кои имаат искористено ваков тип на стипендија. Имаат интересни идеи кои ги размислуваме во моментов. Најчесто нотираат потреба за поголемо поврзување со компаниите во Македонија, бидејќи администрацијата нуди ограничени можности“, рече Јаневска, додавајќи дека Министерството прави дигитален регистар за евиденција на сите стипендисти, заради полесно лоцирање, вмрежување...

Младите, како што посочи Јаневска, треба да добијат повеќе можности за учество и развој во науката и затоа се планираат повеќе пари и враќање на финансирањето на научно – истражувачките проекти со апликативни цели, како и нивно вклучување во наставно – научните тимови во рамки на образовните установи каде недостига персонал.

Ќе се прошируваат и можностите за вмрежување на младите со младите од други земји преку Хоризонт, Еразмус и други програми за образование и наука.

Ценам дека обврска е не само на институциите на системот, туку и на бизнис заедницата, на граѓанскиот сектор и на секој општествен чинител кој може да помогне, да даде придонес во справувањето со предизвикот како да ги задржиме младите во Македонија и да им овозможиме добра иднина тука, додаде Јаневска.

Според пратеникот од СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, треба да се посочат мерки, но и да се каже колку и во што треба да се вложи за да се задржат младите во земјата.

Осврнувајќи се на еден од примерите за тоа колку е вложено за обука на млади лица во хабовите за отворање стартапи, Ковачевски праша каков бил ефектот од нив бидејќи нема отворена компанија. Посочи дека за отворање компании е потребен пазар, а ние сме мал пазар од само милион луѓе.

Пратеникот Бојан Стојановски и претседател на Комисијата смета дека не може повеќе да се бега од темата и да се прават стратегии без ефект, туку дека треба мултисекторски да се работи на намалување на трендот на иселување, којшто е глобален.

Темата да влезе во институциите каде што се носат одлуки. Во овој дел е опфатено само образованието, треба да се вклучат и другите институции, министерството за труд, финансии...потребен е систем на мерки, рече Стојановски.

 

The post Македонија во првите 20-те земји во светот и петта во ЕУ чии високообразовани и стручни кадри заминуваат appeared first on Република.

]]>

Во последните десетина години 40 отсто од високообразовниот и стручен кадар заминува од земјата. Македонија е во топ 20 земји со емиграција на високобразовните и стручни кадри, а на петто место во рамки на Европската унија, истакна денеска државниот ревизор Максим Ацевски пред собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетски прашања. Ацевски презентираше извадоци од Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност на мерките за спречување на одливот на високообразовни и стручни кадри“ подготвен од Државниот завод за ревизија изразувајќи надеж дека барем дел од препораките содржани во него ќе бидат имлементирани со цел намалување на одливот. ДЗР во извештајот заклучува дека со спроведената ревизија и применета ревизорска методологија и прибраните ревизорски докази стекнале уверување дека активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата. Проценките од извршената анализа на ангажираниот експерт на ДЗР покажуваат дека во периодот 2013-2021 година просечно годишно мигрираат по околу 2.500 високообразовани кадри, за кои државата просечно годишно инвестирала по околу пет милијарди денари или вкупно за анализираниот период потрошила 44,7 милијарди денари. Се посочува дека одливот на високообразованите кадри ја чини државата 0,8 проценти од годишниот БДП. Дали овие податоци се реални имајќи предвид одредени отстапувања, рече Ацевски, не би можел да кажам, но бројот на високообразовните кадри што заминуваат е висок. Според извештајот, вкупниот ефект на опортунитетниот трошок во однос на изгубен БДП кој не е генериран заради годишната емиграција на вкупното население од државата се проценува на 5,15 проценти од БДП на годишно ниво. Доколку на ова се додаде реално изгубената инвестиција во образованието во овие кадри која во просек изнесува 3,19 проценти годишно од БДП, вкупниот негативен економски ефект рефлектира вкупна загуба од 8,34 проценти од БДП на годишно ниво. По истекувањето на периодот на важност на Националната стратегија за вмрежување и соработка со високообразовани и стручни кадри 2013-2020 година не е усвоен нов стратешки документ кој го опфаќа проблемот поврзан со одлив на мозоци односно сеопфатна стратегија за економската миграција, со мерки и активности поврзани со намалувањето на одливот на високообразован кадар, со што би се намалиле и негативни ефекти во областа на економскиот развој на земјата и научноистражувачката дејност. Се констатира дека мерките од Стратегијата не се целосно имплементирани. Ацевски истакна дека државата не успеала да формира единствена база на податоци за да има бројка на одлив на високообразовани и стручни кадри. Како пример посочува дека во 2023 /2024 имало околу 23.000 слободни места за упис на државните универзитети, а се запишале само 10.000. Според државниот ревизор, недостасува и точен мониторинг и колку реално студенти можат да запишат универзитетите. Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека бројката што се презентира е поразителна, потенцирајќи дека за задржување на кадарот во земјата е потребен мултиресорки пристап така што таа може да зборува само за образованието.
Добро е што државата имала Стратегија за спречување на одливот на мозоци, но за жал, не го постигнала ефектот кој бил предвиден при креирањето. Нема да се навраќаме назад и да бараме виновници. Како нова Влада преку мултиресорски пристап ќе се фокусираме на креирање нови мерки и активности со кои ќе го намалиме заминувањето на квалификуваниот и високообразован кадар, рече Јаневска.
Посочи дека со универзитетите веќе се разговара за промени со цел поквалитетен образовен систем, осовременување на студиските програми за да бидат интересни за младите, но и усогласување со потребите на пазарот на трудот.
Затоа ќе ги ревидираме квотите за упис на факултетите, врз основа на реална анализа на состојбите во општеството и утврдување на тоа што ни недостига, рече Јаневска.
Стипендирањето во голема мера треба да стимулира упис на дефицитарни струки, па оттука и стипендиите на МОН веројатно ќе подлежат на ревизија. Зборувајќи за шангајските стипендии, министерката кажа дека очигледно е потребно реобмислување на начинот на кој тие се даваат и на начинот кој студентите треба да возвратат.
Веќе се консултираме со повеќе студенти кои имаат искористено ваков тип на стипендија. Имаат интересни идеи кои ги размислуваме во моментов. Најчесто нотираат потреба за поголемо поврзување со компаниите во Македонија, бидејќи администрацијата нуди ограничени можности“, рече Јаневска, додавајќи дека Министерството прави дигитален регистар за евиденција на сите стипендисти, заради полесно лоцирање, вмрежување...
Младите, како што посочи Јаневска, треба да добијат повеќе можности за учество и развој во науката и затоа се планираат повеќе пари и враќање на финансирањето на научно – истражувачките проекти со апликативни цели, како и нивно вклучување во наставно – научните тимови во рамки на образовните установи каде недостига персонал. Ќе се прошируваат и можностите за вмрежување на младите со младите од други земји преку Хоризонт, Еразмус и други програми за образование и наука.
Ценам дека обврска е не само на институциите на системот, туку и на бизнис заедницата, на граѓанскиот сектор и на секој општествен чинител кој може да помогне, да даде придонес во справувањето со предизвикот како да ги задржиме младите во Македонија и да им овозможиме добра иднина тука, додаде Јаневска.
Според пратеникот од СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, треба да се посочат мерки, но и да се каже колку и во што треба да се вложи за да се задржат младите во земјата. Осврнувајќи се на еден од примерите за тоа колку е вложено за обука на млади лица во хабовите за отворање стартапи, Ковачевски праша каков бил ефектот од нив бидејќи нема отворена компанија. Посочи дека за отворање компании е потребен пазар, а ние сме мал пазар од само милион луѓе. Пратеникот Бојан Стојановски и претседател на Комисијата смета дека не може повеќе да се бега од темата и да се прават стратегии без ефект, туку дека треба мултисекторски да се работи на намалување на трендот на иселување, којшто е глобален.
Темата да влезе во институциите каде што се носат одлуки. Во овој дел е опфатено само образованието, треба да се вклучат и другите институции, министерството за труд, финансии...потребен е систем на мерки, рече Стојановски.
 

The post Македонија во првите 20-те земји во светот и петта во ЕУ чии високообразовани и стручни кадри заминуваат appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се зрели за во опозиција, но се плашат како ќе преживеат после 20 годишната власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dui-se-zreli-za-vo-opozitsija-no-se-plashat-kako-ke-prezhiveat-posle-20-godishnata-vlast/ Sat, 03 Jun 2023 14:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=647433

ДУИ почна да се идентификува со Данела Арсовска, што е и логично, бидејќи се коалиција во Градот Скопје. Но имаат заедничко и што не ја говорат вистината, а и кога се фатени во небрано глумат жртви, вели ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

ДУИ секогаш кога некој говори за нивниот криминал се вадат на националистичка карта и се кријат зад Албанците, а во исто време им бркнуваат во џебовите и ги крадат.

ДУИ како и нивниот приврзок СДС нека се охрабрат и нека излезат на избори, па ќе се види кој колку вреди и колку поддршка има од граѓаните. ДУИ е зрела за опозиција. Тоа ги плаши нив, бидејќи не знаат дали и како ќе преживеат доколку не се на власт, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од ДУИ велат дека и по пет години Христијан Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски.

Соочен со драстичен пад на рејтингот и недоверба на повеќе од една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кон него, како и четири пати помал рејтинг од азилантот Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува со патетичен национализам, надминат повеќе од две децении, да опстанат на политичката сцена со копирање на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во напорите за доведување на ДУИ во опозиција и претставување како квазипатриоти, реагираат од ДУИ.

Според нив, сите градоначалници на општините од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваат како Данела Арсовска, но се уште немаат храброст како Данела да го оспорат булингот што им го прави Мицкоски.

Затоа, Мицкоски и по 5 години е под сенка на Груевски и падна под 320.000 гласови на парламентарни избори, што се одразува и на внатрепартиските рејтинзи каде најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ за лидер го сметаат Никола Груевски, а не Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на ДУИ.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се зрели за во опозиција, но се плашат како ќе преживеат после 20 годишната власт appeared first on Република.

]]>

ДУИ почна да се идентификува со Данела Арсовска, што е и логично, бидејќи се коалиција во Градот Скопје. Но имаат заедничко и што не ја говорат вистината, а и кога се фатени во небрано глумат жртви, вели ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.
ДУИ секогаш кога некој говори за нивниот криминал се вадат на националистичка карта и се кријат зад Албанците, а во исто време им бркнуваат во џебовите и ги крадат. ДУИ како и нивниот приврзок СДС нека се охрабрат и нека излезат на избори, па ќе се види кој колку вреди и колку поддршка има од граѓаните. ДУИ е зрела за опозиција. Тоа ги плаши нив, бидејќи не знаат дали и како ќе преживеат доколку не се на власт, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Од ДУИ велат дека и по пет години Христијан Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски.
Соочен со драстичен пад на рејтингот и недоверба на повеќе од една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кон него, како и четири пати помал рејтинг од азилантот Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува со патетичен национализам, надминат повеќе од две децении, да опстанат на политичката сцена со копирање на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во напорите за доведување на ДУИ во опозиција и претставување како квазипатриоти, реагираат од ДУИ.
Според нив, сите градоначалници на општините од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваат како Данела Арсовска, но се уште немаат храброст како Данела да го оспорат булингот што им го прави Мицкоски.
Затоа, Мицкоски и по 5 години е под сенка на Груевски и падна под 320.000 гласови на парламентарни избори, што се одразува и на внатрепартиските рејтинзи каде најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ за лидер го сметаат Никола Груевски, а не Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на ДУИ.
 

The post ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се зрели за во опозиција, но се плашат како ќе преживеат после 20 годишната власт appeared first on Република.

]]>
Ахмети на 20-годишнината на ДУИ: Кој е спремен за уште 20 години нека се строи зад мене https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-na-20-godishninata-na-dui-koj-e-spremen-za-ushte-20-godini-neka-se-stroi-zad-mene/ Sun, 05 Jun 2022 14:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=511441

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во паркот во Чаир организира прослава по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од постоењето.

Лидерот Али Ахмети по своето обраќање ја пресече роденденската торта.

Овој 20 годишен јубилеј е посветен на следните две децении и затоа кој е спремен и подготвен за ова патување, нека го врзе појасот и нека се устрои зад мене, рече Ахмети.

На манифестацијата присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Славица Грковска, владини министри, градоначалници, претставници на Исламската верска заедница, а меѓу гостите е и поранешниот премиер Зоран Заев.

Тој додаде дека мирот и помирувањето во нашата земја беа постигнати во соработка со македонските политички партии со преземање заедничка одговорност за спроведување на Охридскиот договор и постигнување конечно помирување меѓу заедниците

Тој се осврна и на проблемот со Бугарија и истакна дека мора да работиме на позитивен епилог со нашиот сосед Бугарија за нашиот билатерален спор и да ги стесниме просториите за дејствување на злонамерни агенди во земјата и регионот, кои не се совпаѓаат со нашите западни дефиниции.

Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секогаш без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на моите сограѓани. Европа не може биде целосно спокојна без Западен Балкан и тоа треба да биде приоритет на Европската унија колку што е и наш приоритет.

Ахмети ги повика сите учесници во општеството, политичари, институции, медиуми, невладини организации, судство и обвинители, да отворат национален фронт против корупцијата и да ја искоренат, не со зборови, пропаганда и клевети, туку со конкретни обвиненија, без лов на вештерки.

 

The post Ахмети на 20-годишнината на ДУИ: Кој е спремен за уште 20 години нека се строи зад мене appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во паркот во Чаир организира прослава по повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од постоењето. Лидерот Али Ахмети по своето обраќање ја пресече роденденската торта.
Овој 20 годишен јубилеј е посветен на следните две децении и затоа кој е спремен и подготвен за ова патување, нека го врзе појасот и нека се устрои зад мене, рече Ахмети.
На манифестацијата присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Славица Грковска, владини министри, градоначалници, претставници на Исламската верска заедница, а меѓу гостите е и поранешниот премиер Зоран Заев. Тој додаде дека мирот и помирувањето во нашата земја беа постигнати во соработка со македонските политички партии со преземање заедничка одговорност за спроведување на Охридскиот договор и постигнување конечно помирување меѓу заедниците Тој се осврна и на проблемот со Бугарија и истакна дека мора да работиме на позитивен епилог со нашиот сосед Бугарија за нашиот билатерален спор и да ги стесниме просториите за дејствување на злонамерни агенди во земјата и регионот, кои не се совпаѓаат со нашите западни дефиниции. Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секогаш без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на моите сограѓани. Европа не може биде целосно спокојна без Западен Балкан и тоа треба да биде приоритет на Европската унија колку што е и наш приоритет. Ахмети ги повика сите учесници во општеството, политичари, институции, медиуми, невладини организации, судство и обвинители, да отворат национален фронт против корупцијата и да ја искоренат, не со зборови, пропаганда и клевети, туку со конкретни обвиненија, без лов на вештерки.  

The post Ахмети на 20-годишнината на ДУИ: Кој е спремен за уште 20 години нека се строи зад мене appeared first on Република.

]]>
Пред 20 години Кометал Ѓорче Петров стана европски шамион! https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/pred-20-godini-kometal-gjorche-petrov-stana-evropski-shamion/ Thu, 19 May 2022 12:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=504358

На 19 мај 2002 година женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров стана европски клупски првак и се вивна на шампионското европско небо.

Предводени од тренерот Александар Панов, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Андријана Будимир, Лариса Кисељева Милева Велкова, Анжела Платон, Наталија Малахова подоцна Тодоровска, Мирјана Чупиќ, Луминица Дину, Елена Златановска, Ирина Калиниченко, Ања Андрушенко ја донесоа првата ракометна европска титула во Скопје. Се славеше на плоштадот „Македонија“. Каков ден беше тоа. За историја.

Во првиот финален меч во Будимпешта, против Херц, Кометал ЃП загуби со 27-25, а дома , во СРЦ „Кале“ победи со 26-22.

Клубот Кометал ЃП во 2010 година официјално згасна.

https://youtu.be/5840SFHo_6E

The post Пред 20 години Кометал Ѓорче Петров стана европски шамион! appeared first on Република.

]]>

На 19 мај 2002 година женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров стана европски клупски првак и се вивна на шампионското европско небо. Предводени од тренерот Александар Панов, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Андријана Будимир, Лариса Кисељева Милева Велкова, Анжела Платон, Наталија Малахова подоцна Тодоровска, Мирјана Чупиќ, Луминица Дину, Елена Златановска, Ирина Калиниченко, Ања Андрушенко ја донесоа првата ракометна европска титула во Скопје. Се славеше на плоштадот „Македонија“. Каков ден беше тоа. За историја. Во првиот финален меч во Будимпешта, против Херц, Кометал ЃП загуби со 27-25, а дома , во СРЦ „Кале“ победи со 26-22. Клубот Кометал ЃП во 2010 година официјално згасна. https://youtu.be/5840SFHo_6E

The post Пред 20 години Кометал Ѓорче Петров стана европски шамион! appeared first on Република.

]]>
Европарламентот ја одбележува 20-годишнина од еврото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evroparlamentot-ja-odbelezuva-20-godishnina-od-evroto/ Mon, 14 Feb 2022 14:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=458450

Денеска европратениците ќе ја одбележат 20-годишнината од еврото и ќе разговараат со претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за работата на ЕЦБ во минатата година.Сесијата ќе започне со церемонија за одбележување на 20 години од Еврото. Говор ќе имаат претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, комесарот за економија Паоло Џентилони и Ирене Тинагли, претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања.

По церемонијата, европратениците ќе дебатираат со претседателката на ЕЦБ Лагард за работата на Европската централна банка во 2021 година и за состојбата на економијата на ЕУ. Дебатата доаѓа во особено важен момент со пораст на инфлацијата и, во исто време, постпандемиско економско закрепнување кое сè уште е во првите денови.

The post Европарламентот ја одбележува 20-годишнина од еврото appeared first on Република.

]]>

Денеска европратениците ќе ја одбележат 20-годишнината од еврото и ќе разговараат со претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за работата на ЕЦБ во минатата година.Сесијата ќе започне со церемонија за одбележување на 20 години од Еврото. Говор ќе имаат претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, комесарот за економија Паоло Џентилони и Ирене Тинагли, претседателка на Комитетот за економски и монетарни прашања. По церемонијата, европратениците ќе дебатираат со претседателката на ЕЦБ Лагард за работата на Европската централна банка во 2021 година и за состојбата на економијата на ЕУ. Дебатата доаѓа во особено важен момент со пораст на инфлацијата и, во исто време, постпандемиско економско закрепнување кое сè уште е во првите денови.

The post Европарламентот ја одбележува 20-годишнина од еврото appeared first on Република.

]]>