2 отсто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/2-otsto/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Jun 2022 12:18:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 2 отсто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/2-otsto/ 32 32 Наталитетот е намален за 2 проценти во 2021 година, најмногу деца се раѓаат во јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/natalitetot-e-namalen-za-2-procenti-vo-2021-godina-najmnogu-deca-se-ragjaat-vo-juli/ Tue, 07 Jun 2022 12:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=512200

Бројот на живородените деца во 2021, во споредба со минатата година, е намален за два проценти. Во Република Македонија минатата година се родени вкупно 18.790 деца, од кои живородени се 18.648, а мртвородени 142, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,1 процент, односно на 100 живородени женски деца 104,5 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец јули, односно 1.735.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 34 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.2 години, a 27.5 години кај првите раѓања.

Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1992 година.

Во 2021 година се регистрирани и 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.546 деца, или 13,7 проценти од вкупниот број на живородените деца припаѓаат на вонбрачните.

 

The post Наталитетот е намален за 2 проценти во 2021 година, најмногу деца се раѓаат во јули appeared first on Република.

]]>

Бројот на живородените деца во 2021, во споредба со минатата година, е намален за два проценти. Во Република Македонија минатата година се родени вкупно 18.790 деца, од кои живородени се 18.648, а мртвородени 142, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,1 процент, односно на 100 живородени женски деца 104,5 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец јули, односно 1.735. Според возраста на мајката, најголемо учество од 34 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.2 години, a 27.5 години кај првите раѓања. Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1992 година. Во 2021 година се регистрирани и 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години. Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.546 деца, или 13,7 проценти од вкупниот број на живородените деца припаѓаат на вонбрачните.  

The post Наталитетот е намален за 2 проценти во 2021 година, најмногу деца се раѓаат во јули appeared first on Република.

]]>