18 март Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/18-mart/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 12:23:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 18 март Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/18-mart/ 32 32 ДСЗИ: Од 18 март во градинка деца со три дози вакцини против пертусис https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dszi-od-18-mart-vo-gradinka-detsa-so-tri-dozi-vaktsini-protiv-pertusis/ Fri, 15 Mar 2024 12:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=755122

Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат, Рената Младеновска најави дека денеска ќе ѝ биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести, со што ќе се овозможи од понеделник во градинките да се примаат деца кои ја имаат комплетирано вакцинацијата со три дози против пертусис.

ДСЗИ неделава изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинки во кои, како што рече, е утврдено дека се почитува решението за забрана за прием на нецелосно или делумно вакцинирани деца.

Одговорните лица во самите градинки си ги контролираат и ажурираат податоците од вакциналниот статус на секое дете. Се почитува мерката, така што сега за сега, задоволни сме и од самата соработка и од начинот како се спроведуваат вонредните надзори, изјави Младеновска.

Таа повтори дека во надлежност на ДСЗИ е, согласно сите списоци што им ги праќаат вакциналните пунктови, да ги повикаат родителите на постапка на порамнување или казнување, ако родителот не се согласи да го вакцинира неговото дете.

Засилени се и тие контроли. Сѐ повеќе и секојдневно ни стасуваат списоци каде се содржани деца кои не примиле досега ниту една доза, нагласи директорката на ДСЗИ.

Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска најави дека денеска ќе и биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести со што

Во однос на значително повисокиот процент на вакцинирани деца во внатрешноста од над 95 проценти, наспроти во Скопје каде околу 50 отсто не се вакцинирани, Младеновска оцени дека родителите во градови во внатрешноста се поодговорни.

Мојот заклучок е дека на тие деца кои се во внатрешноста, родителите им се одговорни и го почитуваат редовниот Календар за имунизација и се редовно вакцинирани. Очигледно е дека проблемот е во градот Скопје. Мислам дека овие епидемии ќе нѐ освестат дека треба да се вакцинираат сите деца, сѐ со цел да не ни се случуваат и да не ги враќаме заразните болести, рече Младеновска.

Таа најави дека ДСЗИ ќе продолжи со инспекциите и во наредниот период.

Ќе мора да ја решиме оваа состојба зашто не е во ред да враќаме заразни болести, веќе сме 21. век, порача Младеновска.

Комисијата за заразни болести вчера препорача децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината да може да посетуваат градинка, но, под услов да се ревакцинираат за шест месеци.

Како што соопшти денеска министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири денеска се пристигнати вакцините против пертусис и за возрасни.

Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава, изјави попладнево Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни

Предност при вакцинацијата ќе имаат возрасните кои живеат со деца под две години, вработените кои се во директен ангажман и се во контакт со децата на оваа возраст и бремените жени кои се во третиот семестар од нивната бременост.

Од 1 до 7 март, пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Од новите 50 случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години. Заклучно со 7 март, во Република Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, со инциденца од 9,4/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 151 или 87,3 отсто во дванаесет различни општини, според податоците на последниот извештај од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

The post ДСЗИ: Од 18 март во градинка деца со три дози вакцини против пертусис appeared first on Република.

]]>

Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат, Рената Младеновска најави дека денеска ќе ѝ биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести, со што ќе се овозможи од понеделник во градинките да се примаат деца кои ја имаат комплетирано вакцинацијата со три дози против пертусис. ДСЗИ неделава изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинки во кои, како што рече, е утврдено дека се почитува решението за забрана за прием на нецелосно или делумно вакцинирани деца.
Одговорните лица во самите градинки си ги контролираат и ажурираат податоците од вакциналниот статус на секое дете. Се почитува мерката, така што сега за сега, задоволни сме и од самата соработка и од начинот како се спроведуваат вонредните надзори, изјави Младеновска.
Таа повтори дека во надлежност на ДСЗИ е, согласно сите списоци што им ги праќаат вакциналните пунктови, да ги повикаат родителите на постапка на порамнување или казнување, ако родителот не се согласи да го вакцинира неговото дете.
Засилени се и тие контроли. Сѐ повеќе и секојдневно ни стасуваат списоци каде се содржани деца кои не примиле досега ниту една доза, нагласи директорката на ДСЗИ.
Директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат Рената Младеновска најави дека денеска ќе и биде донесена новата одлука со дообјаснувањето од Комисијата за заразни болести со што Во однос на значително повисокиот процент на вакцинирани деца во внатрешноста од над 95 проценти, наспроти во Скопје каде околу 50 отсто не се вакцинирани, Младеновска оцени дека родителите во градови во внатрешноста се поодговорни.
Мојот заклучок е дека на тие деца кои се во внатрешноста, родителите им се одговорни и го почитуваат редовниот Календар за имунизација и се редовно вакцинирани. Очигледно е дека проблемот е во градот Скопје. Мислам дека овие епидемии ќе нѐ освестат дека треба да се вакцинираат сите деца, сѐ со цел да не ни се случуваат и да не ги враќаме заразните болести, рече Младеновска.
Таа најави дека ДСЗИ ќе продолжи со инспекциите и во наредниот период.
Ќе мора да ја решиме оваа состојба зашто не е во ред да враќаме заразни болести, веќе сме 21. век, порача Младеновска.
Комисијата за заразни болести вчера препорача децата кои примиле три дози на ДиТеПер вакцината да може да посетуваат градинка, но, под услов да се ревакцинираат за шест месеци. Како што соопшти денеска министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири денеска се пристигнати вакцините против пертусис и за возрасни. Од 15 март се очекуваат и вакцини против пертусис за возрасни, предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава, изјави попладнево Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни Предност при вакцинацијата ќе имаат возрасните кои живеат со деца под две години, вработените кои се во директен ангажман и се во контакт со децата на оваа возраст и бремените жени кои се во третиот семестар од нивната бременост. Од 1 до 7 март, пријавени се 50 нови случаи на голема кашлица. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Од новите 50 случаи, пет се хоспитализирани. Станува збор за четири деца на возраст под една година и едно од возрасната група од една до четири години. Заклучно со 7 март, во Република Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, со инциденца од 9,4/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 151 или 87,3 отсто во дванаесет различни општини, според податоците на последниот извештај од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).  

The post ДСЗИ: Од 18 март во градинка деца со три дози вакцини против пертусис appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Несериозна е изјавата на Џафери, да се изгласаат законските измени за личните документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-neseriozna-e-izjavata-na-dhaferi-da-se-izglasaat-zakonskite-izmeni-za-lichnite-dokumenti/ Thu, 07 Mar 2024 10:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=752198

На 18 март се затвора Избирачкиот список и доколку не стапат во сила законските измени со кои ќе се овозможи гласање со лични документи со старото име на државата на 100 000 граѓани ќе им биде прекршено правото на гласење, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

Одговарајќи на новинарска прашање, Тошковски рече дека е несериозна изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери дека со оваа динамика има уште 50 да се извадат личните документи до изборите.

Несериозно е особено имајќи предвид дека станува збор за потреба од утврдување согласно закон на можност со патните исправи со старото име до денот на изборите макеоднските граѓани да го остварат правото на гласање. Педесет дена ова што го говореше премиерот немаме заради тоа што на 18 март се затвора Избирачкиот список и до тој ден доколку не стапи во сила измена на законско решение на овие граѓани ќе им биде прекршено второто човеково право. Првото човеково право коешто им е прекршено на овие граѓани е правото на слобода на движење. Второто човеково право ќе биде правото на глас, изјави Тошковски, по учеството на Регионална конференција за род и безбедност во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Тошковски се надева дека пратениците од СДСМ и ДУИ ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО - ДПМНЕ за усвојување на законските измени со коишто, како што рече, на над 100 илјади граѓани нема им се прекрши правото на глас.

Со сегашните количини и континуитет на печатење на пасошите обезедени се обрасци до средината на мај. Нова поголема пратка се еочекува во текот на јуни, а се работи да се обезбеди дополнителна количина за да нема прекини.

Сега, како што рече, се оди со максимален капацитет на производство со зголемување на човечките реурси и месечно се произведуваат 75.000 до 80.000 пасоши, за разлика од претходно кога максимумот бил 50.000.

Целта сега е во насока да обезбедиме дополнителна количина на пасоши за да го продолжиме континуитетот на производство на пасоши, да не ги заклучиме машините средина на мај, да не ја остават истата ситуација кога дојдов во Министерството, и да се обезбеди континуитет се до пристигнувањето на поголемата пратка обрасци во текот на јуни, посочи Тошковски.

Според него, се решава проблемот со подигнување на документите. Бројките, посочи, не лажат и рапидно растат месецов во споредба со претходниот период.

Во март само во Скопје ќе бидат фоотграфирани над 100 000 граѓани, но факт е дека овој генерален проблем нема да го решиме во овој период заради тоа што заклучно со 12 февруари годинава требаше да бидат обновени над 2.150.000 лични документи со старо име со ново име, а тоа не возможно да го направи никој особено не од денешен аспект. За желбата на премиерот и на останатите добронамерници ако сакаат навистина да помогнат, најмалку што можат да сторат е да влијаат на пратениците да го изгласаат законот за овие 100 000 граѓани на кои ќе им биде прекршено уште едно гарантирано право согалсно сите меѓународни акти, изјави Тошковски.

Џафери вчера изјави дека МВР ја интензивирало динамиката во однос на вадењето лични документи со новото име и според него ако оваа динамика продолжи, до изборите оние граѓани кои немаат документи со новото име тоа би можеле да го завршат до почетокот на изборите.

Статистиките, кои што дадов задача, да се прават на дневна основа со податоци од МВР зборуваат за следново. Од 1. јануари до 29 февруари 2024 година вкупно за патни исправи - пасоши има 123.983 барања , од кои изготвени се 95.267. Ова е показател за динамиката на работа, за еден месец од 124.000 издадени се 92.002 патни исправи. За лични карти примени се 82.235 барања, од кои се изготвени 71.410. За возачки дозволи примени се 46.280 барања, од кои се изготвени 39.552. Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите со оваа динамика, стоте илјади граѓани кои немаат документи, што се појавува како информација, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветни документи, но првенствено и самиот граѓанин треба да го иницира барањето. За да имате документ треба вие да побарате, изјави Џафери.

The post Тошковски: Несериозна е изјавата на Џафери, да се изгласаат законските измени за личните документи appeared first on Република.

]]>

На 18 март се затвора Избирачкиот список и доколку не стапат во сила законските измени со кои ќе се овозможи гласање со лични документи со старото име на државата на 100 000 граѓани ќе им биде прекршено правото на гласење, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Одговарајќи на новинарска прашање, Тошковски рече дека е несериозна изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери дека со оваа динамика има уште 50 да се извадат личните документи до изборите.
Несериозно е особено имајќи предвид дека станува збор за потреба од утврдување согласно закон на можност со патните исправи со старото име до денот на изборите макеоднските граѓани да го остварат правото на гласање. Педесет дена ова што го говореше премиерот немаме заради тоа што на 18 март се затвора Избирачкиот список и до тој ден доколку не стапи во сила измена на законско решение на овие граѓани ќе им биде прекршено второто човеково право. Првото човеково право коешто им е прекршено на овие граѓани е правото на слобода на движење. Второто човеково право ќе биде правото на глас, изјави Тошковски, по учеството на Регионална конференција за род и безбедност во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Тошковски се надева дека пратениците од СДСМ и ДУИ ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО - ДПМНЕ за усвојување на законските измени со коишто, како што рече, на над 100 илјади граѓани нема им се прекрши правото на глас. Со сегашните количини и континуитет на печатење на пасошите обезедени се обрасци до средината на мај. Нова поголема пратка се еочекува во текот на јуни, а се работи да се обезбеди дополнителна количина за да нема прекини. Сега, како што рече, се оди со максимален капацитет на производство со зголемување на човечките реурси и месечно се произведуваат 75.000 до 80.000 пасоши, за разлика од претходно кога максимумот бил 50.000.