16 септември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/16-septemvri/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 10:54:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 16 септември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/16-septemvri/ 32 32 Од 16 септември во аптеките ќе бидат достапни новите девет лекови од позитивната листа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/od-16-septemvri-vo-aptekite-ke-bidat-dostapni-novite-devet-lekovi-od-pozitivnata-lista/ Wed, 11 Sep 2024 10:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=815311

Од понеделник, 16 септември, во аптеките ќе бидат достапни деветте нови лекови кои се на позитивната листа, соопштија  денеска министерот за здравство Арбен Таравари и премиерот Христијан Мицкоски.

Во овие девет лекови има лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција.

Денеска во Владата се одржа настанот „Предизвици и можности во процесот на проширување на листата на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување“ на која министерот Таравари кажа дека се подготвува платформа со Светската здравствена организаицја (СЗО) која ќе обезбеди транспарертност на целиот процес за идното проширување на позитивната листа.

Ќе имаме препораки од СЗО, но и од ескпертите во државата. Ние би сакале следото проширување да биде што потранспартено и што посепофатно, изјави министерот Таравари.

Според Таравари, на новата проширена позитивна листа има лекови што најмногу им се потребни на граѓаните со што би ги намалиле трошоците.

Мислам дека Комисијата релативно добро работеше ќе седнеме да разговараме со нив и да ги избереме лековите кои се најпотребни. Не сакам да ветувам уште колку лекови, но се надевам дека на 3, 4 месеци ќе имаме надополнување од 1, 2, 3 лека. Се надевам дека следното проширување ќе биде после Нова година, рече Таравари.

https://republika.mk/zivot/zdravje/kardiovaskularnite-zaboluvana-se-najzastapeni-vo-nashata-zemja-zatoa-dominiraat-na-novata-pozitivna-lista-velat-od-komisijata-za-lekovi/

The post Од 16 септември во аптеките ќе бидат достапни новите девет лекови од позитивната листа appeared first on Република.

]]>

Од понеделник, 16 септември, во аптеките ќе бидат достапни деветте нови лекови кои се на позитивната листа, соопштија  денеска министерот за здравство Арбен Таравари и премиерот Христијан Мицкоски. Во овие девет лекови има лекови за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија, како и за деменција. Денеска во Владата се одржа настанот „Предизвици и можности во процесот на проширување на листата на лекови кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување“ на која министерот Таравари кажа дека се подготвува платформа со Светската здравствена организаицја (СЗО) која ќе обезбеди транспарертност на целиот процес за идното проширување на позитивната листа.
Ќе имаме препораки од СЗО, но и од ескпертите во државата. Ние би сакале следото проширување да биде што потранспартено и што посепофатно, изјави министерот Таравари.
Според Таравари, на новата проширена позитивна листа има лекови што најмногу им се потребни на граѓаните со што би ги намалиле трошоците.
Мислам дека Комисијата релативно добро работеше ќе седнеме да разговараме со нив и да ги избереме лековите кои се најпотребни. Не сакам да ветувам уште колку лекови, но се надевам дека на 3, 4 месеци ќе имаме надополнување од 1, 2, 3 лека. Се надевам дека следното проширување ќе биде после Нова година, рече Таравари.
https://republika.mk/zivot/zdravje/kardiovaskularnite-zaboluvana-se-najzastapeni-vo-nashata-zemja-zatoa-dominiraat-na-novata-pozitivna-lista-velat-od-komisijata-za-lekovi/

The post Од 16 септември во аптеките ќе бидат достапни новите девет лекови од позитивната листа appeared first on Република.

]]>
Од 16 септември треба да бидат достапни новите лекови кои се на позитивната листа, најави директорот на ФЗО Сашо Клековски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-16-septemvri-treba-da-bidat-dostapni-novite-lekovi-koi-se-na-pozitivnata-lista-najavi-direktorot-na-fzo-sasho-klekovski/ Wed, 04 Sep 2024 12:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=813109

Нема да дозволиме да страдаат здравствените услуги на граѓаните и најдоцна за 10-тина дена ќе го објавиме планот за санација на должничката криза во јавните здравствени установи. Можам да им гарантирам на граѓаните дека во критичните подрачја – квалитет на здравствени услуги и достапност на лекови нема да има проблеми, порача в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски и додаде дека очекува новата позитивна листа да биде функционална до 16 септември.

Нагласи дека мандатот во ФЗО му е антикорупциски, за подобрување и проширување на здравствените услуги и за подобрување на условите за работа.

Првиот чекор за подобрување на здравствените услуги го направивме со позитивната листа која не беше обновена од 2014 година и само еден лек и беше додаден. Сега одобривме девет генерики кои можат да водат до 56 бренд лекови. Јавниот оглас е во тек, пријавени се Алкалоид, Крка, Белупо и други фирми како можни добавувачи. Очекуваме до 16 септември новите лекови да бидат достапни во системот и во аптеките и матичните доктори да можат да почнат да ги издаваат и да се користат, изјави Клековски по денешната средба со новинарите во ФЗО.

Порача дека во изминатите два месеци во ФЗО работеле на идентификација на сите проблеми и оствариле комуникација со сите чинители – Здружение на пациенти, Здружение на болници, синдикати,... и дека се во завршна фаза на планирањето за натамошниот период.

Многу брзо ќе информираме што планираме до крајот на годинава и што планираме во 2025 и во 2026 година, бидејќи дел од проблемите ќе мора да се решаваат на подолги стази. Приоритет е Онкологија каде мора да има подобри здравствени услуги за болните и мора да се растовари. Тоа не значи веднаш ставање во функција на сите регионалните центри, но некои од нив многу брзо ќе бидат ставени во функција. Растоварувањето може да биде и на други начини и работиме тој дел да биде обезбеден, рече Клековски.

Прецизира дека според состојбата на 3 јуни долгот на јавно здравствените установи изнесува пет милијарди денари и е зголемен за една милијарда денари во првите шест месеци од годинава.

Најголеми должници се универзитетските клиники за Радиологија и онкологија, Торакална и васкуларна хирургија, Гинекологија, а има и неколку болници надвор од Скопје како Прилеп и Охрид. Долговите се настанати заради несоодветно планирање и буџетирање, посочи Клековски.

Нагласи дека иако во јавноста се тврди дека во буџетот имало доволно пари, тоа, како што рече, не е точно.

Дел од долгот не е настанат затоа што несоодветно се финансирани потребите на соодветните клиники. Онкологија е еден од примерите каде не биле буџетирани доволно средства ни за програмата што им е одобрена за работа, а дел од долгот е заради по мое разбирање – дозволен хаос во финансиското работење на јавните здравствени установи со отсуство на контрола на платите и со отсуство на контрола на материјалното работење и залихите, прецизира Клековски.

Посочи дека има повеќе примери каде се делеле незаработени плати дали преку зголемување на основните плати или преку дежурства и други форми.

Има затекнати состојби за нејасно работење со набавки и управување со залихи. Системот во Фондот за здравство функционира, а софтверските системи во ФЗО се едни од најдобрите во земјава и навремено собираме информации за состојбата во здравството и во основа навреме алармиравме. Правиме тримесечни пресеци и ја следиме состојбата за секој поединечно и реагираме таму каде што можеме да реагираме. Ја информиравме Владата за состојбата со долговите и работиме на ребаланс за да обезбедиме дополнителни средства за функционирање на сите подрачја од јавен интерес, потенцира Клековски.

Според него, бидејќи состојбата ескалира мора да се анализира кои се генераторите на состојбите, зошто, како што вели, само покривање на долгови не води кон никаде. Потсети дека во 2007 година се стартуваше со нула долгови, бидејќи тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ги плати сите долгови во здравството.

Прашан од каде ќе најде пари Онкологија до крајот на годинава ако до јуни го потрошила цел буџет за 2024 година, Клековски рече дека ФЗО работи на обезбедување на дополнителни средства.

Веднаш по објавувањето на новиот директор на Онкологија почнавме разговори зашто се случило да нема лекови и кои се приоритетните подрачја да ги обезбедиме потребните средства за набавки на лекови и за намалување на долгот, бидејќи Онкологија должи околу 650 милиони денари или 10 милиони евра. Таму не е доволно само да обезбедиме пари за до крај на годината, мора да направиме санација на постојниот долг, посочи Клековски.

Како пример за другите недоследности кои ги затекнале, Клековски ја посочи Струмичката болница од 6.000 квадратни метри делумно опремена и една од најсовремените болници во земјава со малку кревети во соба и соби адаптирани за тешки пациенти и за лица со посебни потреби за која се неопходни 1,5 милиони евра за да се пушти во работа, а веќе три години не се презема ништо. Болницата не се пушта во работа, како што рече, и заради тоа што со трафостаницата е споена со несоодветен кабел поради што ЕВН Македонија одбива да го прими во употреба и да ја поврзе болницата на енергетската мрежа.

Таму три години е „статус кво“ и ништо не се решава. Имаме случаи на крајна неодговорност. Во Штип, пак, имаме акцелератор од два милиони евра кој 10 години стои надвор од употреба, а Клиничката болница нема функционирачка магнетна резонанца, јасноскоп и колоноскоп кои би биле основни потреби за некоја болница да се нарече клиничка универзитетска болница. Има центар за гангрена формално одлучен да биде во Кочани, но не функционира. Моментално четири клиники вклучувајќи ги „8 Септември“, Пластика и Торакална ги згрижуваат овие пациенти кои се високо инфективни и претставуваа ризик. Ова го допира и Министерство за здравство, но го допира и работењето на ФЗО, бидејќи ние мораме да обезбедиме квалитетни услуги таму и затоа не интересира во какви услови се одвиваат работите, прецизира Клековски.

The post Од 16 септември треба да бидат достапни новите лекови кои се на позитивната листа, најави директорот на ФЗО Сашо Клековски appeared first on Република.

]]>

Нема да дозволиме да страдаат здравствените услуги на граѓаните и најдоцна за 10-тина дена ќе го објавиме планот за санација на должничката криза во јавните здравствени установи. Можам да им гарантирам на граѓаните дека во критичните подрачја – квалитет на здравствени услуги и достапност на лекови нема да има проблеми, порача в.д. директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски и додаде дека очекува новата позитивна листа да биде функционална до 16 септември. Нагласи дека мандатот во ФЗО му е антикорупциски, за подобрување и проширување на здравствените услуги и за подобрување на условите за работа.
Првиот чекор за подобрување на здравствените услуги го направивме со позитивната листа која не беше обновена од 2014 година и само еден лек и беше додаден. Сега одобривме девет генерики кои можат да водат до 56 бренд лекови. Јавниот оглас е во тек, пријавени се Алкалоид, Крка, Белупо и други фирми како можни добавувачи. Очекуваме до 16 септември новите лекови да бидат достапни во системот и во аптеките и матичните доктори да можат да почнат да ги издаваат и да се користат, изјави Клековски по денешната средба со новинарите во ФЗО.
Порача дека во изминатите два месеци во ФЗО работеле на идентификација на сите проблеми и оствариле комуникација со сите чинители – Здружение на пациенти, Здружение на болници, синдикати,... и дека се во завршна фаза на планирањето за натамошниот период.
Многу брзо ќе информираме што планираме до крајот на годинава и што планираме во 2025 и во 2026 година, бидејќи дел од проблемите ќе мора да се решаваат на подолги стази. Приоритет е Онкологија каде мора да има подобри здравствени услуги за болните и мора да се растовари. Тоа не значи веднаш ставање во функција на сите регионалните центри, но некои од нив многу брзо ќе бидат ставени во функција. Растоварувањето може да биде и на други начини и работиме тој дел да биде обезбеден, рече Клековски.
Прецизира дека според состојбата на 3 јуни долгот на јавно здравствените установи изнесува пет милијарди денари и е зголемен за една милијарда денари во првите шест месеци од годинава.
Најголеми должници се универзитетските клиники за Радиологија и онкологија, Торакална и васкуларна хирургија, Гинекологија, а има и неколку болници надвор од Скопје како Прилеп и Охрид. Долговите се настанати заради несоодветно планирање и буџетирање, посочи Клековски.
Нагласи дека иако во јавноста се тврди дека во буџетот имало доволно пари, тоа, како што рече, не е точно.
Дел од долгот не е настанат затоа што несоодветно се финансирани потребите на соодветните клиники. Онкологија е еден од примерите каде не биле буџетирани доволно средства ни за програмата што им е одобрена за работа, а дел од долгот е заради по мое разбирање – дозволен хаос во финансиското работење на јавните здравствени установи со отсуство на контрола на платите и со отсуство на контрола на материјалното работење и залихите, прецизира Клековски.
Посочи дека има повеќе примери каде се делеле незаработени плати дали преку зголемување на основните плати или преку дежурства и други форми.
Има затекнати состојби за нејасно работење со набавки и управување со залихи. Системот во Фондот за здравство функционира, а софтверските системи во ФЗО се едни од најдобрите во земјава и навремено собираме информации за состојбата во здравството и во основа навреме алармиравме. Правиме тримесечни пресеци и ја следиме состојбата за секој поединечно и реагираме таму каде што можеме да реагираме. Ја информиравме Владата за состојбата со долговите и работиме на ребаланс за да обезбедиме дополнителни средства за функционирање на сите подрачја од јавен интерес, потенцира Клековски.
Според него, бидејќи состојбата ескалира мора да се анализира кои се генераторите на состојбите, зошто, како што вели, само покривање на долгови не води кон никаде. Потсети дека во 2007 година се стартуваше со нула долгови, бидејќи тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ги плати сите долгови во здравството. Прашан од каде ќе најде пари Онкологија до крајот на годинава ако до јуни го потрошила цел буџет за 2024 година, Клековски рече дека ФЗО работи на обезбедување на дополнителни средства.