16. Роднокрајни поетски средби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/16-rodnokrajni-poetski-sredbi/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 07:59:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 16. Роднокрајни поетски средби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/16-rodnokrajni-poetski-sredbi/ 32 32 На Светскиот ден на поезијата во Струмица ќе се одржат 16. Роднокрајни поетски средби https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-svetskiot-den-na-poezijata-vo-strumitsa-ke-se-odrzhat-16-rodnokrajni-poetski-sredbi/ Thu, 21 Mar 2024 07:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=756871

По повод Светскиот ден на поезијата, Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со Европската куќа во Струмица (Europe House Strumica) денеска со почеток во 19 часот го организира 16-то издание на „Роднокрајни поетски средби“.

Станува збор за поетска манифестација која редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап.

Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, да го сторат тоа.

Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и десетици етаблирани поети од Македонија и странство.

Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март и бил прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1999 година, „со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат загрозените јазици“.

Негова цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и, како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО, „да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.

 

The post На Светскиот ден на поезијата во Струмица ќе се одржат 16. Роднокрајни поетски средби appeared first on Република.

]]>

По повод Светскиот ден на поезијата, Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со Европската куќа во Струмица (Europe House Strumica) денеска со почеток во 19 часот го организира 16-то издание на „Роднокрајни поетски средби“. Станува збор за поетска манифестација која редовно се одржува на различни локации во Струмица и струмичко и има за цел да ги промовира домашните автори по еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап. Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите, истовремено да и понуди на публиката автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во градот, да го сторат тоа. Роднокрајни поетски средби досега биле домаќини на повеќе од 50 локални автори и десетици етаблирани поети од Македонија и странство. Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март и бил прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1999 година, „со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат загрозените јазици“. Негова цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и, како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО, „да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.  

The post На Светскиот ден на поезијата во Струмица ќе се одржат 16. Роднокрајни поетски средби appeared first on Република.

]]>