Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија се пласираше на 16. место на Светското првенство (СП) кое што се одржува во Скопје.
Во натпреварот за 15 позиција на Мундијалот нашите ракометни надежи загубија од селекцијата на Кина со конечен резултат 25:23.
По првото полувреме репрезентацијата на Македонија имаа минимална позитива од 12:11.
Избраничките на селеткорот Дарко Јанев на СП одиграа вкупно седум натпревари и запишаа две победи над САД и Ангола во рамките од групната фаза.
Главната фаза ја стартуваа со реми против Португалија, па следуваа порази од Црна Гора и Исланд, а во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место загубија и од Јужна Кореја.
The post Младинските ракометарки на Македонија 16-ти на Мундијалот appeared first on Република.
]]>The post Младинските ракометарки на Македонија 16-ти на Мундијалот appeared first on Република.
]]>