150 години од раѓањето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/150-godini-od-ragjanjeto/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 08:29:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 150 години од раѓањето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/150-godini-od-ragjanjeto/ 32 32 150 години од раѓањето на великанот Крсте Петков Мисирков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/150-godini-od-raganeto-na-velikanot-krste-petkov-misirkov/ Mon, 18 Nov 2024 08:16:43 +0000 https://republika.mk/?p=839017

На 18 ноевмри во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација.

Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ.

Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, по повод 150 години од раѓањето на Мисирков.

Како што најавија од Институтот, на научната дискусија ќе се обратат професорите Билјана Ристовска-Јосифовска, Лилјана Гушевска, Елена Јованова-Грујовска, Митко Панов, Катерина Кузмановска-Петровска, Лидија Тантуровска Јасминка Ристовска Пиличкова, Зоранчо Малинов, Славчо Ковилоски и Андријана Павлова.

Тој е истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар. Умрел во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.Мисирков е кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис и идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата.

Тој е и автор на првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

Селото Постол – Ениџевардарско каде е роден Крсте Петков Мисирков се наоѓа во Егејска Македонија, недалеку од древната македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик и на таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование.

По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија.

Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Крсте Петков Мисирков сфатил многу добро дека српската буржуазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, Крсте Мисирков учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија, речиси, по ништо не се разликувало од почувствуваниот режим во Србија.

За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како бугари за да не би биле малтретирани. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или несакал, се запишал со прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српството.

Овојпат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија.Крсте Петков Мисирков, иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја завршил во 1895 година.

Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма која членовите на дружината Неговите членови да се запознаат и да си изработат една програма, која ќе ја пропагираат во Македонја тајно од србската пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години.

По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го прифатиле и признале образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна семинарија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето: отпрвин на медицинскиот факултет во Петродонски Словен.Вклучувајќи се во петроградската студентска средина, Мисирков станал многу активен. Меѓу другото, напишал и еден реферат под наслов За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров, што го прочитал пред членовите на Имераторското руско географско друштво, а го објавил и во списанието „Живија старина“.

Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија, Мисирков се вратил во својата Македонија, во родното село Постол. Тогаш и се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. Во исто време собрал богат фолклорен и етнографско-топографски материјал што подоцна го објавил во своето списание „Вардар“.При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член на Бугарското студентско друштво и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во еден предреволуционерен период и руската влада го затворила Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса.Од тоа време датира студијата кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко, што била неговата дипломска работа. Во 1902 година, Мисирков го завршил факултетот во Петроград.Во истата таа година, било основано и Македонското студентско другарство во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен придонес дал и самиот Мисирков.

Само една година подоцна ова научно-литературно другарство било преименувано и оттогаш дејствувало како Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“ .

Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред се до руската влада , па и до владите на другите европски држави , да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија.

Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков е книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба на Македонија и пошироко.

Најзначаен дел е последната глава од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик“ во кој јасно Мисрков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик базирн врз централните говори. Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука.

Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Кнежество Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија.

Поглавјата на книгата се:Сите делови, со исклучок на предговорот и последните две глави, биле прочитани пред македонското друштво „Свети Климент“ во Русија. Така, втората глава од книгата била прочитана на 21 септември на 1-та седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Св. Климент“, третата глава била прочитана на втората седница и четвртата глава била прочитана на третата седница на друштвото.

Остварување на идејата за одделен македонски јазик е објавувањето на книгата „За македонцките работи“ (во Софија, 1903) од Крсте Петков Мисирков.

Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското народноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.

 

 

The post 150 години од раѓањето на великанот Крсте Петков Мисирков appeared first on Република.

]]>

На 18 ноевмри во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, по повод 150 години од раѓањето на Мисирков. Како што најавија од Институтот, на научната дискусија ќе се обратат професорите Билјана Ристовска-Јосифовска, Лилјана Гушевска, Елена Јованова-Грујовска, Митко Панов, Катерина Кузмановска-Петровска, Лидија Тантуровска Јасминка Ристовска Пиличкова, Зоранчо Малинов, Славчо Ковилоски и Андријана Павлова. Тој е истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар. Умрел во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.Мисирков е кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис и идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата. Тој е и автор на првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век. Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби. Селото Постол – Ениџевардарско каде е роден Крсте Петков Мисирков се наоѓа во Егејска Македонија, недалеку од древната македонска престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик и на таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија. Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Крсте Петков Мисирков сфатил многу добро дека српската буржуазија ја започнала својата грда игра. Чувствувајќи ја денационализаторската политика, изразена преку дејноста на друштвото „Свети Сава“, Крсте Мисирков учествувал во немирите што ги пројавиле македонските стипендисти. Потоа со неколкумина свои едномисленици избегал од Белград во Софија. Тоа што го дочекало во Бугарија, речиси, по ништо не се разликувало од почувствуваниот режим во Србија. За да го продолжат понормално своето образование во Софија, македонските студенти морале да се пишат како бугари за да не би биле малтретирани. Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Србија, за да запише трет клас, но сепак тоа не му успеало. Во Белград, сакал или несакал, се запишал со прва година како семинарист на богословско-учителската школа, која имала своја посебна цел и тоа: македонските ученици да ги подготвува за српски свештеници и учители кои подоцна би се вклучиле на македонски терен за да го пропагираат српството. Овојпат македонските ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде завршил четврти клас гимназија.Крсте Петков Мисирков, иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар“, со своја програма која членовите на дружината Неговите членови да се запознаат и да си изработат една програма, која ќе ја пропагираат во Македонја тајно од србската пропаганда. Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години. По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го прифатиле и признале образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна семинарија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето: отпрвин на медицинскиот факултет во Петродонски Словен.Вклучувајќи се во петроградската студентска средина, Мисирков станал многу активен. Меѓу другото, напишал и еден реферат под наслов За значењето на моравското или ресавското наречје за современата и историската етнографија на Балканскиот Полуостров, што го прочитал пред членовите на Имераторското руско географско друштво, а го објавил и во списанието „Живија старина“. Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија, Мисирков се вратил во својата Македонија, во родното село Постол. Тогаш и се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. Во исто време собрал богат фолклорен и етнографско-топографски материјал што подоцна го објавил во своето списание „Вардар“.При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член на Бугарското студентско друштво и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во еден предреволуционерен период и руската влада го затворила Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса.Од тоа време датира студијата кон прашањето за народноста и причината за популарноста на македонскиот крал Марко, што била неговата дипломска работа. Во 1902 година, Мисирков го завршил факултетот во Петроград.Во истата таа година, било основано и Македонското студентско другарство во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен придонес дал и самиот Мисирков. Само една година подоцна ова научно-литературно другарство било преименувано и оттогаш дејствувало како Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“ . Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни седници барања пред се до руската влада , па и до владите на другите европски држави , да се признае правото на македонскиот народ на самостојност, да му се признае правото на литературен јазик, правото за обновување на Охридската архиепископија. Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков е книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба на Македонија и пошироко. Најзначаен дел е последната глава од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик“ во кој јасно Мисрков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик базирн врз централните говори. Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука. Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Кнежество Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:Сите делови, со исклучок на предговорот и последните две глави, биле прочитани пред македонското друштво „Свети Климент“ во Русија. Така, втората глава од книгата била прочитана на 21 септември на 1-та седница на петроградското Македонско научно-литературно другарство „Св. Климент“, третата глава била прочитана на втората седница и четвртата глава била прочитана на третата седница на друштвото. Остварување на идејата за одделен македонски јазик е објавувањето на книгата „За македонцките работи“ (во Софија, 1903) од Крсте Петков Мисирков. Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското народноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.    

The post 150 години од раѓањето на великанот Крсте Петков Мисирков appeared first on Република.

]]>
„Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло“ кажаа Петков и Радев во Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/goce-delchev-e-prv-od-starite-bugarski-revolucioneri-koj-go-zabi-znameto-na-osloboduvanjeto-na-makedonsko-tlo-kazaa-petkov-i-radev-vo-blagoevgrad/ Fri, 04 Feb 2022 17:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=454337

Со свечена поворка во центарот на Благоевград, која заврши на плоштадот „Македонија“, беше одбележана 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, јави дописникот на МИА од Софија. Присуствуваа претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Кирил Петков, градоначалникот на Благоевград, бугарски европратеници и голем број граѓани на Благоевград и регионот.

Претседателот Радев во својот говор рече дека Гоце Делчев го посветил својот живот на слободата на Македонија и Одринско и дека затоа не треба да има поделби од двете страни на границата.

Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло. Делчев и како егзархиски учител во Штип, а потоа и како кадет во бугарската војска, целиот свој живот го посветил на слободата на Македонија и Одрин, рече Радев.

Шефот на државата посочи дека Гоце Делчев во текот на животот останал длабоко убеден во идеите за хуманизам, социјална правда, солидарност и братство меѓу луѓето, отфрлање на секаква тиранија и национално угнетување.

Неговите зборови дека светот го доживува само како „поле за културен натпревар меѓу народите“ најдобро ги опишуваат размерите на идеите, верувањата на оваа неверојатна личност, рече Румен Радев.

Премиерот Кирил Петков од своја страна на насобраните им порача дека историјата треба да се памети и чита, но најважно е да се разбере. Гоце Делчев го дефинираше како симбол на слободата и затоа, рече тој, многу е чудно како некои се обидуваат да ја искористат неговата личност за разделба.

Во својот говор Петков ги праша граѓаните дали е нормално некој да се обидува да ја искористи личноста на Гоце Делчев за да ги подели луѓето од двете страни на границата. Дали е нормално луѓето од двете страни на границата, луѓето кои гордо ги именуваат градовите, училиштата, улиците и плоштадите по името на Гоце Делчев да бидат разделени и дали денес сме ја сфатиле историјата и ги следиме нејзините принципи.

На крајот од својот говор Петков ги цитира зборовите на Гоце Делчев „Труд и истрајноста – тоа е силата со која човекот станува најголем во секој потфат“.

Вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија Владимир Крстевски положи венец на споменикот на Гоце Делчев.

Во Софија, пред споменикот на Гоце Делчев во Борисова градина, претставници на македонските семејства и голем број граѓани се собраа и положија цвеќе во знак на благодарност за неговото дело.

The post „Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло“ кажаа Петков и Радев во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Со свечена поворка во центарот на Благоевград, која заврши на плоштадот „Македонија“, беше одбележана 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, јави дописникот на МИА од Софија. Присуствуваа претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Кирил Петков, градоначалникот на Благоевград, бугарски европратеници и голем број граѓани на Благоевград и регионот. Претседателот Радев во својот говор рече дека Гоце Делчев го посветил својот живот на слободата на Македонија и Одринско и дека затоа не треба да има поделби од двете страни на границата.
Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло. Делчев и како егзархиски учител во Штип, а потоа и како кадет во бугарската војска, целиот свој живот го посветил на слободата на Македонија и Одрин, рече Радев.
Шефот на државата посочи дека Гоце Делчев во текот на животот останал длабоко убеден во идеите за хуманизам, социјална правда, солидарност и братство меѓу луѓето, отфрлање на секаква тиранија и национално угнетување.
Неговите зборови дека светот го доживува само како „поле за културен натпревар меѓу народите“ најдобро ги опишуваат размерите на идеите, верувањата на оваа неверојатна личност, рече Румен Радев.
Премиерот Кирил Петков од своја страна на насобраните им порача дека историјата треба да се памети и чита, но најважно е да се разбере. Гоце Делчев го дефинираше како симбол на слободата и затоа, рече тој, многу е чудно како некои се обидуваат да ја искористат неговата личност за разделба. Во својот говор Петков ги праша граѓаните дали е нормално некој да се обидува да ја искористи личноста на Гоце Делчев за да ги подели луѓето од двете страни на границата. Дали е нормално луѓето од двете страни на границата, луѓето кои гордо ги именуваат градовите, училиштата, улиците и плоштадите по името на Гоце Делчев да бидат разделени и дали денес сме ја сфатиле историјата и ги следиме нејзините принципи. На крајот од својот говор Петков ги цитира зборовите на Гоце Делчев „Труд и истрајноста – тоа е силата со која човекот станува најголем во секој потфат“. Вршителот на должноста амбасадор на Македонија во Бугарија Владимир Крстевски положи венец на споменикот на Гоце Делчев. Во Софија, пред споменикот на Гоце Делчев во Борисова градина, претставници на македонските семејства и голем број граѓани се собраа и положија цвеќе во знак на благодарност за неговото дело.

The post „Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло“ кажаа Петков и Радев во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Чудно зошто Бугарија инсистира на заедничко чествување на Гоце Делчев на неговиот гроб во Скопје, а не во градот каде што се родил https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/chudno-zoshto-bugarija-insistira-na-zaednichko-chestvuvanje-na-goce-delchev-na-negoviot-grob-vo-skopje-a-ne-vo-gradot-kade-shto-se-rodil/ Fri, 04 Feb 2022 17:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=454330

The post Чудно зошто Бугарија инсистира на заедничко чествување на Гоце Делчев на неговиот гроб во Скопје, а не во градот каде што се родил appeared first on Република.

]]>

The post Чудно зошто Бугарија инсистира на заедничко чествување на Гоце Делчев на неговиот гроб во Скопје, а не во градот каде што се родил appeared first on Република.

]]>
Македонци му оддадоа почит на Гоце Делчев во неговиот роден Кукуш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonci-mu-oddadoa-pochit-na-goce-delchev-vo-negoviot-roden-kukush/ Fri, 04 Feb 2022 17:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=454326

Здружението на граѓани Нов АСНОМ заедно со Млади на Македонија денеска му оддадоа почит на македонскиот револуционерен деец Гоце Делчев во неговиот роден Кукуш во Егејска Македонија.

Денеска, на 150 годишнината на денот на раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев овде во Кукуш, македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше Гоце. Гоце се бореше за Македонија на Македонците — ние ја немаме Република Македонија, Гоце го разбираше светот како културно поле за натпревар на народите — денеска во дел од Европската Унија основните човекови права на Македонците да го изучуваат својот јазик, да се собираат во културни, религиозни и политички движења им се скратува а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред судот за Човекови права во Стразбург се игнорира, а ЕК не го спроведува занонот на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците во ЕУ. Уште полошо, денеска политичката волја на македонскиот народ изразена на референдумот од 8 Септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување не се почитува. Затоа ја немаме Република Македонија .Ние од НовАсном заедно со Млади на Македонија се обрзуваме да го следиме патот на Гоце Делчев и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации. Од патот што го трасира Гоце не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за да повторно бидеме победници. Слава му на Гоце, порачаа од Нов АСНОМ.

https://youtu.be/5yhC1eFIvEg

The post Македонци му оддадоа почит на Гоце Делчев во неговиот роден Кукуш appeared first on Република.

]]>

Здружението на граѓани Нов АСНОМ заедно со Млади на Македонија денеска му оддадоа почит на македонскиот револуционерен деец Гоце Делчев во неговиот роден Кукуш во Егејска Македонија.
Денеска, на 150 годишнината на денот на раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев овде во Кукуш, македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше Гоце. Гоце се бореше за Македонија на Македонците — ние ја немаме Република Македонија, Гоце го разбираше светот како културно поле за натпревар на народите — денеска во дел од Европската Унија основните човекови права на Македонците да го изучуваат својот јазик, да се собираат во културни, религиозни и политички движења им се скратува а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред судот за Човекови права во Стразбург се игнорира, а ЕК не го спроведува занонот на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците во ЕУ. Уште полошо, денеска политичката волја на македонскиот народ изразена на референдумот од 8 Септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување не се почитува. Затоа ја немаме Република Македонија .Ние од НовАсном заедно со Млади на Македонија се обрзуваме да го следиме патот на Гоце Делчев и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации. Од патот што го трасира Гоце не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за да повторно бидеме победници. Слава му на Гоце, порачаа од Нов АСНОМ.
https://youtu.be/5yhC1eFIvEg

The post Македонци му оддадоа почит на Гоце Делчев во неговиот роден Кукуш appeared first on Република.

]]>
Милевски: Се чувствува колку усрамено власта го слави македонскиот син https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milevski-se-chuvstvuva-kolku-usrameno-vlasta-go-slavi-makedonskiot-sin/ Fri, 04 Feb 2022 16:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=454321

По повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуцинер Гоце Делчев, делегација од Советот на општина Битола предводена од координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски, со негови сопартици и колеги од Советот и советникот од СДСМ Петар Николовски, положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола. Почит му оддадоа и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Пеце Милевски, пратеничката Олга Лозановска која пред неколку дена беше реизбрана за член на извршниот комитет на партијата, претставници од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, претставници од Унијата на жени, како и ветерани на партијата.

Можам да кажам дека целото ова одбележување на раѓањето на македонскиот син, кое треба да биде голем празник во државата и во сите градови, во сите населени места, се чувствува некако како усрамено, од страна на централните власти, но нашата обврска е како почитувачи на ликот и делото секогаш тоа достојно го правиме, во рамките на нашите можности. Се надеваме дека ќе дојде време кога луѓето сите заедно храбро ќе застанеме и исправиме пред она што ни го оставил како наследство, Македонска независна држава, почитувана и државата, но почитуван и неговиот лик и дело, изјави претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, за локалната Тера телевизија.

The post Милевски: Се чувствува колку усрамено власта го слави македонскиот син appeared first on Република.

]]>

По повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуцинер Гоце Делчев, делегација од Советот на општина Битола предводена од координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Бојан Бојкоски, со негови сопартици и колеги од Советот и советникот од СДСМ Петар Николовски, положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола. Почит му оддадоа и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Пеце Милевски, пратеничката Олга Лозановска која пред неколку дена беше реизбрана за член на извршниот комитет на партијата, претставници од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, претставници од Унијата на жени, како и ветерани на партијата.
Можам да кажам дека целото ова одбележување на раѓањето на македонскиот син, кое треба да биде голем празник во државата и во сите градови, во сите населени места, се чувствува некако како усрамено, од страна на централните власти, но нашата обврска е како почитувачи на ликот и делото секогаш тоа достојно го правиме, во рамките на нашите можности. Се надеваме дека ќе дојде време кога луѓето сите заедно храбро ќе застанеме и исправиме пред она што ни го оставил како наследство, Македонска независна држава, почитувана и државата, но почитуван и неговиот лик и дело, изјави претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, за локалната Тера телевизија.

The post Милевски: Се чувствува колку усрамено власта го слави македонскиот син appeared first on Република.

]]>
Свечени активности низ цел Штип, се славеше 150 години од раѓањето на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svecheni-aktivnosti-niz-cel-shtip-se-slaveshe-150-godini-od-ragjanjeto-na-goce-delchev/ Fri, 04 Feb 2022 16:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=454318

Општина Штип, но и институциите кои го носат името на великанот и револуционер Гоце Делчев, денеска, со низа на активности, го одбележаа неговото раѓање.

Традиционално, во Штип денот беше одбележан со полагање цвеќе пред спомен-релјефот на Гоце, кој се наоѓа во објектот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД). Делегации од Општина Штип, Советот на Општина Штип, ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев, претставници на државни и локални институции, пратеници и политички партии беа дел од одбележувањето.

Во штипско Ново Село, објектот во која сега е Ректоратот на УГД, порано било училиште во кое Делчев учителствувал за време на престојот во Штип. Во објектот како спомен за великанот Гоце Делчев постои и спомен-соба, во која се изложени предмети и документи поврзани со него, а поставени се и клупите од тогашното училиште.

Факултетот за образовни науки како наследник на долгата просветителска традиција која започнува со основање на Учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип (1946/1947), преку Вишата педагошка школа (1959), Педагошката академија (1961) до Педагошкиот факултет (2011) организираше настан чествување по повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер и учител Гоце Делчев. Универзитетските професори на овој факултет говореа за Делчев како револуционер, што претставува за нашата македонска историја, но и беа презентирани ставови и мислења на населението и на неговите ученици додека учителствувал во училиштето во Ново Село. Тие истакнаа дека населнието го има доживеано како исклучителна личност и учител.

The post Свечени активности низ цел Штип, се славеше 150 години од раѓањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Општина Штип, но и институциите кои го носат името на великанот и револуционер Гоце Делчев, денеска, со низа на активности, го одбележаа неговото раѓање. Традиционално, во Штип денот беше одбележан со полагање цвеќе пред спомен-релјефот на Гоце, кој се наоѓа во објектот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД). Делегации од Општина Штип, Советот на Општина Штип, ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев, претставници на државни и локални институции, пратеници и политички партии беа дел од одбележувањето. Во штипско Ново Село, објектот во која сега е Ректоратот на УГД, порано било училиште во кое Делчев учителствувал за време на престојот во Штип. Во објектот како спомен за великанот Гоце Делчев постои и спомен-соба, во која се изложени предмети и документи поврзани со него, а поставени се и клупите од тогашното училиште. Факултетот за образовни науки како наследник на долгата просветителска традиција која започнува со основање на Учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип (1946/1947), преку Вишата педагошка школа (1959), Педагошката академија (1961) до Педагошкиот факултет (2011) организираше настан чествување по повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер и учител Гоце Делчев. Универзитетските професори на овој факултет говореа за Делчев како револуционер, што претставува за нашата македонска историја, но и беа презентирани ставови и мислења на населението и на неговите ученици додека учителствувал во училиштето во Ново Село. Тие истакнаа дека населнието го има доживеано како исклучителна личност и учител.

The post Свечени активности низ цел Штип, се славеше 150 години од раѓањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Општина Аеродром одбележа 150 години од раѓањето на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-odbeleza-150-godini-od-ragjanjeto-na-goce-delchev/ Fri, 04 Feb 2022 11:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=454066

Општина Аеродром денеска ја одбележа 150 годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев во основното училиште во Горно Лисиче кое гордо го носи неговото име.

Тимот на градоначалникот Тимчо Муцунски, претседателот на Советот Дејан Митески заедно со советниците од сите политички партии, како и учениците од училиштето положија цвеќе пред бистата и му оддадоа почит на овој македонски херој.

Гоце Делчев зад себе остави дела и идеали кои ние сме должни да ги негуваме и почитуваме.

The post Општина Аеродром одбележа 150 години од раѓањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром денеска ја одбележа 150 годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев во основното училиште во Горно Лисиче кое гордо го носи неговото име. Тимот на градоначалникот Тимчо Муцунски, претседателот на Советот Дејан Митески заедно со советниците од сите политички партии, како и учениците од училиштето положија цвеќе пред бистата и му оддадоа почит на овој македонски херој. Гоце Делчев зад себе остави дела и идеали кои ние сме должни да ги негуваме и почитуваме.

The post Општина Аеродром одбележа 150 години од раѓањето на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Само ако го слават како македонски херој Делчев, тогаш немам против заедничкото одбележување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-samo-ako-go-slavat-kako-makedonski-heroj-delchev-togash-nemam-protiv-zaednichkoto-odbelezuvanje/ Fri, 04 Feb 2022 09:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=454013

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека нема ништо против заедничкото чествување со Република Бугарија на великанот на Македонската револуционерна борба и идеологот на македонската независност, ако се слави големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев.

Мицкоски ова го истакна по повод одбележувањето од 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев запрашан од новинарите за коментар давајќи изјава за медиумите, после положувањето на свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Ако се слави 150 годишнината од раѓањето на големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев, немам против, рече Мицкоски.

Тој, понатаму додаде дека за него, Гоце Делчев преставува Македонија, а не оние кои што денеска ја водат државата и што уживаат во привилегиите, а кои не беа со македонскиот народ кога најмногу му требаа.

Македонија, за мене претставува Македонија. Тоа што овие денеска што чествуваа и што имаат привилегирана положба, а не беа со народот, не се. Тоа е за мене Гоце Делчев, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Само ако го слават како македонски херој Делчев, тогаш немам против заедничкото одбележување appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека нема ништо против заедничкото чествување со Република Бугарија на великанот на Македонската револуционерна борба и идеологот на македонската независност, ако се слави големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев. Мицкоски ова го истакна по повод одбележувањето од 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев запрашан од новинарите за коментар давајќи изјава за медиумите, после положувањето на свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Ако се слави 150 годишнината од раѓањето на големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев, немам против, рече Мицкоски.
Тој, понатаму додаде дека за него, Гоце Делчев преставува Македонија, а не оние кои што денеска ја водат државата и што уживаат во привилегиите, а кои не беа со македонскиот народ кога најмногу му требаа.
Македонија, за мене претставува Македонија. Тоа што овие денеска што чествуваа и што имаат привилегирана положба, а не беа со народот, не се. Тоа е за мене Гоце Делчев, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Само ако го слават како македонски херој Делчев, тогаш немам против заедничкото одбележување appeared first on Република.

]]>