15 октомври Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/15-oktomvri/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 05:14:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 15 октомври Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/15-oktomvri/ 32 32 „Kиненова“ на 15 октомври повторно сите светла ги вперува во македонската филмска продукција: Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kinenova-na-15-oktomvri-povtorno-site-svetla-gi-vperuva-vo-makedonskata-filmska-produktsija-festivalot-ke-zapochne-so-makedonskata-premiera-na-jon-vardar-protiv-galaksijata/ Wed, 09 Oct 2024 05:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=824371

Свеченото отворање на годинешното издание на МФФ Киненова, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм.
-Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме во македонската филмска продукција и недвосмислено ќе придонесеме кон афирмација и меѓународна промоција на македонскиот филм. Овогодинешното фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА 2024 ќе биде отворено со првиот македонски долгометражен анимиран филм ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, на нашиот драг колега и посветен режисер, Гоце Цветановски, вели Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот.
Фестивалот ќе започне со македонската премиера на ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма.
Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан - робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка Зоолошка градина. Кога двајцата ќе се спојат, нормално е да настане хаос. Двајцата ќе мора да здружат сили за да го заштитат најопасното оружје во Галаксијата да не падне во погрешни раце. Необичното дуо ќе тргне на вселенско патување исполнето со вонземјани, чудовишта, црни дупки, и можен крај на севкупната егзистенција. Научнофантастична пародија со балкански шмек со супер-јунакот Јон Вардар е интергалактичка комедија за целото семејство.
Улоги: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска
Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш.
Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“.
„Јон Вардар против Галаксијата“, неговиот втор филм, е првиот долгометражен анимиран филм во Македонија и најголемиот копродукциски проект за анимација на Балканот во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.

The post „Kиненова“ на 15 октомври повторно сите светла ги вперува во македонската филмска продукција: Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ appeared first on Република.

]]>

Свеченото отворање на годинешното издание на МФФ Киненова, на 15 октомври ќе биде во знакот на македонскиот филм. -Оваа година повторно сите светла ќе ги впериме во македонската филмска продукција и недвосмислено ќе придонесеме кон афирмација и меѓународна промоција на македонскиот филм. Овогодинешното фестивалско издание на МФФ КИНЕНОВА 2024 ќе биде отворено со првиот македонски долгометражен анимиран филм ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, на нашиот драг колега и посветен режисер, Гоце Цветановски, вели Небојша Јовановиќ, директор на фестивалот. Фестивалот ќе започне со македонската премиера на ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА, филм кој е во исто време дел од главната натпреварувачка програма. Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан - робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка Зоолошка градина. Кога двајцата ќе се спојат, нормално е да настане хаос. Двајцата ќе мора да здружат сили за да го заштитат најопасното оружје во Галаксијата да не падне во погрешни раце. Необичното дуо ќе тргне на вселенско патување исполнето со вонземјани, чудовишта, црни дупки, и можен крај на севкупната егзистенција. Научнофантастична пародија со балкански шмек со супер-јунакот Јон Вардар е интергалактичка комедија за целото семејство. Улоги: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска Се работи за анимирана интергалактичка авантура која во исто време е алегорија за актуелните случувања во човештвото и нашата природа како и луди методи на решавање на проблемите, анимирана луда црна комедија која нема да можете да ја заборавите никогаш. Гоце Цветановски е македонски наградуван режисер и продуцент. Студирал на филмски студии во Париз, Франција, каде што живеел 17 години. Покрај неговите филмски активности, тој има работено и на различни комерцијални проекти за клиенти како што се Faith No More, Ed Sheeran, Samsung и Alcatel. Тој е ко-основач на компанијата за издавање стрипови „Komic Brew“ со седиште во Шкотска, Велика Британија. Во 2015 година се враќа да живее и работи во Македонија како креативен директор на Lynx Animation Studios. Гоце стана првиот македонски автор кој се споменува во магазинот „Ролинг Стоун“ како режисер на спотот на Faith No More „Cone of Shame“. Работел на проекти за различни музички ѕвезди, вклучувајќи ја и анимираната верзија на хитот на Ед Ширан „Лоши навики“. „Јон Вардар против Галаксијата“, неговиот втор филм, е првиот долгометражен анимиран филм во Македонија и најголемиот копродукциски проект за анимација на Балканот во кој учествуваат: Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска.

The post „Kиненова“ на 15 октомври повторно сите светла ги вперува во македонската филмска продукција: Фестивалот ќе започне со македонската премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ appeared first on Република.

]]>
Андонов: На 15 октомври ќе има парно во Скопје, ќе купуваме гас од Србија во замена за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/andonov-na-15-oktomvri-kje-ima-parno-vo-skopje-kje-kupuvame-gas-od-srbija-vo-zamena-za-struja/ Wed, 28 Sep 2022 12:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=555260

Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври, вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот.

Во прилог на ваквото тврдење Андонов рече дека за разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите.

Вториот аспект, посочи, е дека тие електрани имаат и резервно гориво, односно може да работат и на мазут, што значи дека доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени постои и резервна варијанта, а тоа е работа на мазут. Така што, се надеваме дека таа крајна варијанта нема да дојде и ќе ги обезбедиме претходните, рече Андонов.

Ако не се договориме, дополни, топланите ќе работат на мазут а количините ќе се обезбедат, за што се разговараше со Грција.

Појаснувајќи ја набавката на гас од Србија потсети дека пред десет дена претседателот Александар Вучиќ објави дека се разговара за испорака на гас во Македонија во замена за електрична енергија. Дел од струјата ќе биде вратена назад во Србија, рече Андонов и најави дека точните количини и цени ќе бидат објавени откако ќе биде постигнат договор.

Државата, како што појасни, ќе купи гас од Србија, а потоа ќе се произведе електрична енергија и ќе се продаде на Србија. Ние ќе ја платиме количината на гас, а тие количината на струја. Количината струја што ќе остане ќе биде продадена на индустријата по цени кои ќе бидат прифатливи за нив и кои ќе бидат излезни во зависност од цената на гасот. Топлината ќе се продаде на граѓаните, информираше Андонов.

Тој потсети дека министерот за економија Крешник Бектеши во Турција изминатиот период разговараше за обезбедување дополнителни количини електрична енергија и природен гас, во Грција за постојано снабдување со лигнит и мазут, а во Бугарија за поевтина цена на струјата под берзанската, за потребните количини за индустријата.

Кога сите овие разговори ќе се финализираат Владата на најтранспарентен начин ќе ги презентира и пред стопанските комори и пред јавноста, рече Андонов.

Планот за справување со енеретската криза што го претстави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се уште не го виделе, но како што рече, ќе го разгледаат и тој како и сите други планови и поддршки што ќе бидат понудени.

The post Андонов: На 15 октомври ќе има парно во Скопје, ќе купуваме гас од Србија во замена за струја appeared first on Република.

]]>

Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври, вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот. Во прилог на ваквото тврдење Андонов рече дека за разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите.
Вториот аспект, посочи, е дека тие електрани имаат и резервно гориво, односно може да работат и на мазут, што значи дека доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени постои и резервна варијанта, а тоа е работа на мазут. Така што, се надеваме дека таа крајна варијанта нема да дојде и ќе ги обезбедиме претходните, рече Андонов.
Ако не се договориме, дополни, топланите ќе работат на мазут а количините ќе се обезбедат, за што се разговараше со Грција. Појаснувајќи ја набавката на гас од Србија потсети дека пред десет дена претседателот Александар Вучиќ објави дека се разговара за испорака на гас во Македонија во замена за електрична енергија. Дел од струјата ќе биде вратена назад во Србија, рече Андонов и најави дека точните количини и цени ќе бидат објавени откако ќе биде постигнат договор.