14-месечно девојче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/14-mesechno-devojche/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 11:46:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 14-месечно девојче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/14-mesechno-devojche/ 32 32 Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото 14-месечно девојче https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekarskata-komora-ke-go-razgleduva-izveshtajot-za-pochinatoto-14-mesechno-devojche/ Tue, 15 Oct 2024 11:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=827131

Од Лекарската комора попладнево соопштија дека со загриженост го следат случајот со починатото 14-месечно бебе во Клиниката за детски болести.

Во однос на активностите што ќе ги преземеме, засега може да кажеме дека откако ќе го добиеме извештајот од Министерството за здравство, ќе биде разгледан во Комората, а што ќе се преземе понатаму, зависи од неговата содржина, потенцираа од Лекарската комора.

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека при извршениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, биле констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни.

https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-lekarite-od-klinikata-za-detski-bolesti-i-od-kozle-napravile-previd-koga-ne-go-hospitalizirale-14-mesechnoto-zhensko-bebe-koe-pochina/

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна,појасни Таравари.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.

Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, истакна министерот.

The post Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото 14-месечно девојче appeared first on Република.

]]>

Од Лекарската комора попладнево соопштија дека со загриженост го следат случајот со починатото 14-месечно бебе во Клиниката за детски болести.
Во однос на активностите што ќе ги преземеме, засега може да кажеме дека откако ќе го добиеме извештајот од Министерството за здравство, ќе биде разгледан во Комората, а што ќе се преземе понатаму, зависи од неговата содржина, потенцираа од Лекарската комора.
На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека при извршениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, биле констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни. https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-lekarite-od-klinikata-za-detski-bolesti-i-od-kozle-napravile-previd-koga-ne-go-hospitalizirale-14-mesechnoto-zhensko-bebe-koe-pochina/ Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.
Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна,појасни Таравари.
Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.
Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, истакна министерот.

The post Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото 14-месечно девојче appeared first on Република.

]]>
Таравари: Лекарите од Клиниката за детски болести и од „Козле“ направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-lekarite-od-klinikata-za-detski-bolesti-i-od-kozle-napravile-previd-koga-ne-go-hospitalizirale-14-mesechnoto-zhensko-bebe-koe-pochina/ Mon, 14 Oct 2024 14:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=826697

При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни. Ова го подвлече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. На прес-конференција, тој информираше за извршените стручни надзори, иницирани од Министерството, во врска со двата случаи што завршија со смртен исход - за починатата родилка во ОБ - Куманово и за 14-месечното бебе во Клиниката за детски болести.

Таравари информираше дека извештатите се подготвени од професионални компетентни специјалисти од соодветните области, со цел детално да се анализира севкупниот тек на лекувањето и третманот на пациентите во двата случаја.

Тој појасни дека при посетата на установите, комисиите вршат увид во целокупната медицинска документација, а истовремено се извршени разговори со сите членови на здравствените тимови, кои биле вклучени во лекувањето.

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

Исто така, констатирана е потреба од континуирана обука на докторите на Клиниката за детски болести за срцево-респираторна поддршка. Во однос на техничките недостатоци, во „Козле“ е констатирана потреба од соодветна апаратура за пружање респираторна поддршка - инвазивна и неинвазивна, појасни Таравари.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.

Од аспект на стручни забелешки, Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потребата од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката извршен на 03.10, додека во Козле е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот, истакна министерот.

Во врска со другиот случај, тој информираше дека бил извршен стручен надзор во ОБ - Куманово, каде се констатирани одредени административно-технички недостатоци.

Но ,заклучок од Комисијата е дека - недостатоците не може да бидат директна или индиректна причина за акутното влошување на општата здравствена состојба на пациентката, исходот по новороденчето и смртниот исход на родилката. Исто така, Комисијата не констатираше пропусти во ниту еден аспект на пренаталниот менаџмент на пациентката од одговорните доктори во приватната здравствена установа по гинекологија и акушерство, каде била следена бременоста, соопшти министерот.

Тој нагласи дека комисијата не констатирала никакви суштински пропусти и во амбулантското следење на пациентката, во рамки на пренаталните прегледи во ОБ - Куманово.

Не се утврдени суштински пропусти ниту кај гинеколошкиот тим во текот на перипарталниот третман на пациентката, односно констатирано е дека тимот постапувал согласно постојните упатства и перинатолошки стандарди, подвлече Таравари на прес-конференцијата.

The post Таравари: Лекарите од Клиниката за детски болести и од „Козле“ направиле превид кога не го хоспитализирале 14-месечното женско бебе кое почина appeared first on Република.

]]>

При направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, се констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни. Ова го подвлече денеска министерот за здравство Арбен Таравари. На прес-конференција, тој информираше за извршените стручни надзори, иницирани од Министерството, во врска со двата случаи што завршија со смртен исход - за починатата родилка во ОБ - Куманово и за 14-месечното бебе во Клиниката за детски болести. Таравари информираше дека извештатите се подготвени од професионални компетентни специјалисти од соодветните области, со цел детално да се анализира севкупниот тек на лекувањето и третманот на пациентите во двата случаја. Тој појасни дека при посетата на установите, комисиите вршат увид во целокупната медицинска документација, а истовремено се извршени разговори со сите членови на здравствените тимови, кои биле вклучени во лекувањето. Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.