14-месечно бебе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/14-mesechno-bebe/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 11:02:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 14-месечно бебе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/14-mesechno-bebe/ 32 32 Лекарската комора чека на решение од министерот Таравари за смртта на 14-месечното девојче и потоа ќе постапува за евентуална лекарска грешка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lekarskata-komora-cheka-na-reshenie-od-ministerot-taravari-za-smrtta-na-14-mesechnoto-devojche-i-potoa-ke-postapuva-za-eventualna-lekarska-greshka/ Fri, 18 Oct 2024 11:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=828417

Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора на Македонија нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен, се вели во соопштението на Лекарската комора испратено до медиумите.

На 5 октомври почина 14-месечно девојче на Клиниката за детски болести во Скопје. Девојчето било одбиено за хоспитализација на Клиниката за детски болести, а потоа било примено во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, кои подоцна го префрлиле на Клиниката за детски болести.

Министерот за здравство формира Комисија за стручен надзор во врска со лекувањето на 14-месечното девојче која констатирала задоцнета кислородната поддршка кај 14-месечното бебе кое почина од бронхопневмонија на 5 октомври на Детската клиника во Скопје и превид во проценката за негова хоспитализација.

Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потреба од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката на 3 октомври годинава, а во Козле е констатирана ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот“, изјави претходно министерот за здравски Арбен Тараври.

Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.

Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај.

Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни, се вели во соопштението на Лекарската комора.

The post Лекарската комора чека на решение од министерот Таравари за смртта на 14-месечното девојче и потоа ќе постапува за евентуална лекарска грешка appeared first on Република.

]]>

Комисијата за етички и правни прашања на Лекарската комора на Македонија нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен, се вели во соопштението на Лекарската комора испратено до медиумите. На 5 октомври почина 14-месечно девојче на Клиниката за детски болести во Скопје. Девојчето било одбиено за хоспитализација на Клиниката за детски болести, а потоа било примено во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, кои подоцна го префрлиле на Клиниката за детски болести. Министерот за здравство формира Комисија за стручен надзор во врска со лекувањето на 14-месечното девојче која констатирала задоцнета кислородната поддршка кај 14-месечното бебе кое почина од бронхопневмонија на 5 октомври на Детската клиника во Скопје и превид во проценката за негова хоспитализација.
Комисијата за стручен надзор нотираше превид во проценката за потреба од хоспитализација при вториот преглед на бебето на Клиниката на 3 октомври годинава, а во Козле е констатирана ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии и третманот“, изјави претходно министерот за здравски Арбен Тараври.
Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.
Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај. Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни, се вели во соопштението на Лекарската комора.

The post Лекарската комора чека на решение од министерот Таравари за смртта на 14-месечното девојче и потоа ќе постапува за евентуална лекарска грешка appeared first on Република.

]]>
Таравари: Денеска, најдоца до понеделник на прес-конфренција ќе ги соопштиме деталите за смртта на трудницата во Куманово која почина и смртта на 14-месечното бебе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-deneska-najdotsa-do-ponedelnik-na-pres-konfrentsija-ke-gi-soopshtime-detalite-za-smrtta-na-trudnitsata-vo-kumanovo-koja-pochina-i-smrtta-na-14-mesechnoto-bebe/ Thu, 10 Oct 2024 09:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=825113

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе излезат со извештај во врска со смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, а натаму останува на судските и истражните органи да делуваат.

Извештаите се подготвени, скоро комплетирани. Чекав извештај од професионални компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок. Се надевам или денеска или во понеделник најдоцна, ние како Министерство ќе имаме прес-конференција и ќе ги кажеме сите детали од случувањата и со жената која што беше бремена од Куманово која почина и за детето, 14-месечно, кое почина во Клиниката за педијатрија. Кажав, ако очекувате јас да судам, ние не сме судски орган, подвлече тој.

Истакна дека извештајот од Куманово утрово бил доставен во Министерството за здравство.

Сега ќе ме брифираат штом се вратам оти беше извештајот малку подолг. Јас планирам, можеби денеска во 13 часот ќе свикам повторно прес-конференција во Министерство за здравство, за двата случаи, очекувам можеби и од Педијатрија ќе стигне извештајот денеска, додаде тој.

Запрашан дали ќе има обвинение во врска со случајот во кој починаа мајка и дете, во тетовското село Слатино, тој одговори дека уште еден член од семејството треба да се прегледа и да се види евентуално да нема и тој последици, ако навистина причината за смрт е труење. Министерот додаде, дека, дали ќе има обвинение или не, е предмет на истражните органи и на правниот систем.

Околу вакцините за сезонски грип, рече дека веќе се стигнати и почнува дистрибуција на вакцините низ државата.

The post Таравари: Денеска, најдоца до понеделник на прес-конфренција ќе ги соопштиме деталите за смртта на трудницата во Куманово која почина и смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе излезат со извештај во врска со смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, а натаму останува на судските и истражните органи да делуваат.
Извештаите се подготвени, скоро комплетирани. Чекав извештај од професионални компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок. Се надевам или денеска или во понеделник најдоцна, ние како Министерство ќе имаме прес-конференција и ќе ги кажеме сите детали од случувањата и со жената која што беше бремена од Куманово која почина и за детето, 14-месечно, кое почина во Клиниката за педијатрија. Кажав, ако очекувате јас да судам, ние не сме судски орган, подвлече тој.
Истакна дека извештајот од Куманово утрово бил доставен во Министерството за здравство.
Сега ќе ме брифираат штом се вратам оти беше извештајот малку подолг. Јас планирам, можеби денеска во 13 часот ќе свикам повторно прес-конференција во Министерство за здравство, за двата случаи, очекувам можеби и од Педијатрија ќе стигне извештајот денеска, додаде тој.
Запрашан дали ќе има обвинение во врска со случајот во кој починаа мајка и дете, во тетовското село Слатино, тој одговори дека уште еден член од семејството треба да се прегледа и да се види евентуално да нема и тој последици, ако навистина причината за смрт е труење. Министерот додаде, дека, дали ќе има обвинение или не, е предмет на истражните органи и на правниот систем. Околу вакцините за сезонски грип, рече дека веќе се стигнати и почнува дистрибуција на вакцините низ државата.

The post Таравари: Денеска, најдоца до понеделник на прес-конфренција ќе ги соопштиме деталите за смртта на трудницата во Куманово која почина и смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

]]>
ДСЗИ го објави извештајот за починатото 14-месечно бебе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dszi-go-objavi-izveshtajot-za-pochinatoto-14-mesechno-bebe/ Tue, 08 Oct 2024 12:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=824239

Државниот санитарен и здравствен инспекторат попладнево излезе со информација за спроведениот вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести, Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ и приватната здравствена установа Ехолаб - ординација по општа медицина, во врска со третманот и лекувањето на починатото 14-месечно бебе од Скопје.

Во извештајот се посочува дека детето било однесено кај матичниот лекар на 30 септември со симптоми на повраќање при што е утврдено дека нема температура, а грлото му било лесно зацрвенето и аускултаторно без наод на белите дробови. Истиот ден, во попладневните часови детето е однесено на Детската клиника заради перзистирање на повраќањето каде е прегледено од дежурен лекар специјалист, кој ја потврдил дијагнозата од матичниот лекар, а во специјалистичкиот извештај било наведено да се донесе наредниот ден на контрола и по потреба во секое време.

Кај матичниот лекар, наредна посета била на 3 октомври заради, според изјава на родител, пролонгирано повраќање - најмалку два пати дневно и малаксалост. Повторно било прегледано со наод без температура, црвено грло, наод на бели дробови аускултаторно уреден. Заради перзистирање на состојбата со повраќање, истиот ден матичниот лекар креирал итен упат за Детската клиника каде е прегледано колу 15 часот и издадени се два упати за лабораторија и еден за гасни анализи.

Истиот ден по добивање на резултатите повторно било прегледано од специјалист педијатар и дополнително биле издадени упати за лабораторија и за РТГ дијагностика. При преглед наод на везикуларно дишење со пропратен наод на бронхитични хркулки обострано. РТГ наодот покажува нагласен броховаскуларен цртеж билатерално, хипобазално и корелира со аускултаторниот наод. Ординирана и терапија и пратено на домашно лекување, се наведува во извештајот на ДСЗИ.

На 4 октомври, самоиницијативно родителите го однеле детето во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ околу 11 часот, каде по преглед од страна на лекар специјалист педијатар, е задржано на болничко лекување заради поставена дијагноза - bronchiolitis acuta.

Во текот на хоспитализацијата направени се следните испитувања: 4 ацидобазни статуси, јонограм, CRP-2,5 хепатограм, уринарен статус- (кетони и леукоцити), брз хроматографски тест за антиген детекција, RSV (negativen) гликемија, искашлок со за дренажен бактериолошки преглед РТГ на бели дробови. Во тек на денот и покрај ординираната терапија се влошува здравствената состојба на детето заради што е префрлено на одделот за интензивна нега со зголемена кислородна поддршка. Поради прогресивно влошување на состојбата без одговор на дадената терапија, со прогресивен пад на кислородна сатурација, со клиничка и лабораториска слика на тежок респираторен дистрес, дежурните доктори стапиле во контакт со ИМП и со дежурен доктор на ЈЗУ УК детски болести и во 03.20 часот со возило на ИМП, пациентот е префрлен на ЈЗУ УК детски болести. Испис на 5 октомври со дијагноза pneumonia massiva, bronchitis obstruens во напад, се додава во извештајот.

Приемот на Детската клиника бил во 03:38 часот со Дг I 18 – pneumonia.

- Хоспитализирано во 03.47 на одделение за интензина нега и терапија. Со оглед дека било во исклучително тешка здраствена сосотојба побарано е и стварен контакт со ЈЗУ ИК ТОАРИЛУЦ -ОЕ КАРИЛ заради поставување на асистирано дишење . Од страна на анестезиолог е издаден изештај дека е пристапено кон реанимација, без успех и настапува смртен исход, Исписна дијагноза e Bronchopneumonia obstructiva, Exitus letalis во 04.20 минути, се појаснува во извештајот.

Телото било предадено на обдукција на Институт за судска медицина, криминологија и деонтологија. Од страна на ДСЗИ се иницира формирање на Комисија за стручен надзор.

The post ДСЗИ го објави извештајот за починатото 14-месечно бебе appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат попладнево излезе со информација за спроведениот вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести, Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ и приватната здравствена установа Ехолаб - ординација по општа медицина, во врска со третманот и лекувањето на починатото 14-месечно бебе од Скопје. Во извештајот се посочува дека детето било однесено кај матичниот лекар на 30 септември со симптоми на повраќање при што е утврдено дека нема температура, а грлото му било лесно зацрвенето и аускултаторно без наод на белите дробови. Истиот ден, во попладневните часови детето е однесено на Детската клиника заради перзистирање на повраќањето каде е прегледено од дежурен лекар специјалист, кој ја потврдил дијагнозата од матичниот лекар, а во специјалистичкиот извештај било наведено да се донесе наредниот ден на контрола и по потреба во секое време. Кај матичниот лекар, наредна посета била на 3 октомври заради, според изјава на родител, пролонгирано повраќање - најмалку два пати дневно и малаксалост. Повторно било прегледано со наод без температура, црвено грло, наод на бели дробови аускултаторно уреден. Заради перзистирање на состојбата со повраќање, истиот ден матичниот лекар креирал итен упат за Детската клиника каде е прегледано колу 15 часот и издадени се два упати за лабораторија и еден за гасни анализи.
Истиот ден по добивање на резултатите повторно било прегледано од специјалист педијатар и дополнително биле издадени упати за лабораторија и за РТГ дијагностика. При преглед наод на везикуларно дишење со пропратен наод на бронхитични хркулки обострано. РТГ наодот покажува нагласен броховаскуларен цртеж билатерално, хипобазално и корелира со аускултаторниот наод. Ординирана и терапија и пратено на домашно лекување, се наведува во извештајот на ДСЗИ.
На 4 октомври, самоиницијативно родителите го однеле детето во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ околу 11 часот, каде по преглед од страна на лекар специјалист педијатар, е задржано на болничко лекување заради поставена дијагноза - bronchiolitis acuta. Во текот на хоспитализацијата направени се следните испитувања: 4 ацидобазни статуси, јонограм, CRP-2,5 хепатограм, уринарен статус- (кетони и леукоцити), брз хроматографски тест за антиген детекција, RSV (negativen) гликемија, искашлок со за дренажен бактериолошки преглед РТГ на бели дробови. Во тек на денот и покрај ординираната терапија се влошува здравствената состојба на детето заради што е префрлено на одделот за интензивна нега со зголемена кислородна поддршка. Поради прогресивно влошување на состојбата без одговор на дадената терапија, со прогресивен пад на кислородна сатурација, со клиничка и лабораториска слика на тежок респираторен дистрес, дежурните доктори стапиле во контакт со ИМП и со дежурен доктор на ЈЗУ УК детски болести и во 03.20 часот со возило на ИМП, пациентот е префрлен на ЈЗУ УК детски болести. Испис на 5 октомври со дијагноза pneumonia massiva, bronchitis obstruens во напад, се додава во извештајот. Приемот на Детската клиника бил во 03:38 часот со Дг I 18 – pneumonia.
- Хоспитализирано во 03.47 на одделение за интензина нега и терапија. Со оглед дека било во исклучително тешка здраствена сосотојба побарано е и стварен контакт со ЈЗУ ИК ТОАРИЛУЦ -ОЕ КАРИЛ заради поставување на асистирано дишење . Од страна на анестезиолог е издаден изештај дека е пристапено кон реанимација, без успех и настапува смртен исход, Исписна дијагноза e Bronchopneumonia obstructiva, Exitus letalis во 04.20 минути, се појаснува во извештајот.
Телото било предадено на обдукција на Институт за судска медицина, криминологија и деонтологија. Од страна на ДСЗИ се иницира формирање на Комисија за стручен надзор.

The post ДСЗИ го објави извештајот за починатото 14-месечно бебе appeared first on Република.

]]>
Таравари: Инспектори од ДЗСИ ги испитуваат причините за смртта на 14-месечното бебе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-inspektori-od-dzsi-gi-ispituvaat-prichinite-za-smrtta-na-14-mesechnoto-bebe/ Mon, 07 Oct 2024 13:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=823860

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) од утрово се на терен и вршат инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје и на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари коментирајќи го случајот со 14-месечното бебе што завчера почина на Детската клиника во Скопје, каде што било хоспитализирано со тешка респираторна инфекција.

Утрово имав состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Нивните екипи веќе се на терен. Фирмирана е и комисија што ќе ги испита сите факти и аргументи за случајот“, рече тој во изјава за медиумите по повод Денот на органодарителството.

Министерот вчера потврди дека 14-месечното бебе претходно било одбиено да се хоспитализира, но посочи дека без разлика каков ќе биде исходот од истрагата на инспекцијата треба да има одговорност за случајот.

Бебето почина на 5 октомври на Детската клиника, а дел од медиумите пренесоа дека претходно неколкупати било одбивано да се хоспитализира иако неговите родители трипати го носеле на преглед на оваа клиника.

 

The post Таравари: Инспектори од ДЗСИ ги испитуваат причините за смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

]]>

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) од утрово се на терен и вршат инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје и на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари коментирајќи го случајот со 14-месечното бебе што завчера почина на Детската клиника во Скопје, каде што било хоспитализирано со тешка респираторна инфекција.
Утрово имав состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Нивните екипи веќе се на терен. Фирмирана е и комисија што ќе ги испита сите факти и аргументи за случајот“, рече тој во изјава за медиумите по повод Денот на органодарителството.
Министерот вчера потврди дека 14-месечното бебе претходно било одбиено да се хоспитализира, но посочи дека без разлика каков ќе биде исходот од истрагата на инспекцијата треба да има одговорност за случајот. Бебето почина на 5 октомври на Детската клиника, а дел од медиумите пренесоа дека претходно неколкупати било одбивано да се хоспитализира иако неговите родители трипати го носеле на преглед на оваа клиника.  

The post Таравари: Инспектори од ДЗСИ ги испитуваат причините за смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

]]>