130 проекти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/130-proekti/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Nov 2022 17:05:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 130 проекти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/130-proekti/ 32 32 Димитриевски: Над 130 проекти реализирани за една година во Куманово, испорачуваме дела исклучиво за граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-nad-130-proekti-realizirani-za-edna-godina-vo-kumanovo-isporachuvame-dela-iskluchivo-za-gragjanite/ Sun, 06 Nov 2022 17:05:38 +0000 https://republika.mk/?p=570451

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска информираше дека се изградени два нови кружни текови во Куманово и дека се реализирани повеќе од 130 проекти и активности за само една година од неговиот втор мандат во Куманово.

Тој потсети дека во претходниот негов четригодишен мандат се реализирале над 400 проекти за граѓаните и целосно биле вратени долговите на Општина Куманово, осврнувајќи се на тоа дека заедно со својот тим, продолжува да работи посветено, отчетно и транспарентно исклучиво за граѓанските интереси, испорачувајќи дела за кумановчани.

Помеѓу проектите кои се реализирани во првата година од вториот мандат тој ги издвои 2 нови кружни текови на крстосниците помеѓу бул. “Трета МУБ” и бул. “Октомвриска Револуција”, како и помеѓу улиците “Бајрам Шабани”, “Гоце Делчев” и бул. “Трета МУБ”, додавајќи дека се асфалтирани улици во површина од околу 50.000м2, 20.000м2 поставен бекатон, 8.000м атмосферска и фекална канализација, 80.000м2 тампонирање на улици и патишта во текот на изминатата година.

Димитриевски дополнително додаде дека се реконструирани 3 средни училишта, извршена е реконструкција во 5 основни училишта, изградени се 5 нови модерни мултиспорт игралишта со тартан подлога, во тек е реконструкција на Спортската сала, завршена е реконструкција на патеки во Градскиот парк, набавени се 12 нови возила и механизација за јавните претпријатија во Куманово во вредност од 1.000.000 евра.

Покрај сите наведени проекти во делот на инфраструктурата , образованието и спортот, тој посочи дека активно се води сметка и за животната средина, се чисти речното корито и дивите депонии, поставени се мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот на повеќе локации, 40 нови полуподземни контејнери во централното подрачје, 1000 нови контејнери во приградските населби и селата, како и над 1300 засадени садници.

Димитриевски потенцираше дека граѓанскиот концепт не должи никому, туку должи единствено на граѓаните и Куманово продолжува во континуитет да се менува на подобро.

The post Димитриевски: Над 130 проекти реализирани за една година во Куманово, испорачуваме дела исклучиво за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска информираше дека се изградени два нови кружни текови во Куманово и дека се реализирани повеќе од 130 проекти и активности за само една година од неговиот втор мандат во Куманово. Тој потсети дека во претходниот негов четригодишен мандат се реализирале над 400 проекти за граѓаните и целосно биле вратени долговите на Општина Куманово, осврнувајќи се на тоа дека заедно со својот тим, продолжува да работи посветено, отчетно и транспарентно исклучиво за граѓанските интереси, испорачувајќи дела за кумановчани. Помеѓу проектите кои се реализирани во првата година од вториот мандат тој ги издвои 2 нови кружни текови на крстосниците помеѓу бул. “Трета МУБ” и бул. “Октомвриска Револуција”, како и помеѓу улиците “Бајрам Шабани”, “Гоце Делчев” и бул. “Трета МУБ”, додавајќи дека се асфалтирани улици во површина од околу 50.000м2, 20.000м2 поставен бекатон, 8.000м атмосферска и фекална канализација, 80.000м2 тампонирање на улици и патишта во текот на изминатата година. Димитриевски дополнително додаде дека се реконструирани 3 средни училишта, извршена е реконструкција во 5 основни училишта, изградени се 5 нови модерни мултиспорт игралишта со тартан подлога, во тек е реконструкција на Спортската сала, завршена е реконструкција на патеки во Градскиот парк, набавени се 12 нови возила и механизација за јавните претпријатија во Куманово во вредност од 1.000.000 евра. Покрај сите наведени проекти во делот на инфраструктурата , образованието и спортот, тој посочи дека активно се води сметка и за животната средина, се чисти речното корито и дивите депонии, поставени се мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот на повеќе локации, 40 нови полуподземни контејнери во централното подрачје, 1000 нови контејнери во приградските населби и селата, како и над 1300 засадени садници. Димитриевски потенцираше дека граѓанскиот концепт не должи никому, туку должи единствено на граѓаните и Куманово продолжува во континуитет да се менува на подобро.

The post Димитриевски: Над 130 проекти реализирани за една година во Куманово, испорачуваме дела исклучиво за граѓаните appeared first on Република.

]]>