13 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/13-godini/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 15:02:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 13 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/13-godini/ 32 32 Исчезна 13-годишно девојче од Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ischezna-13-godishno-devojche-od-shtip/ Sun, 17 Nov 2024 15:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=838866

На 16.11.2024 во СВР Штип, Е.М.(41) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.М.(13).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Исчезна 13-годишно девојче од Штип appeared first on Република.

]]>

На 16.11.2024 во СВР Штип, Е.М.(41) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.М.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

The post Исчезна 13-годишно девојче од Штип appeared first on Република.

]]>
Во Јужна Каролина извршена првата смртна казна по 13 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-juzhna-karolina-izvrshena-prva-smrtna-kazna-po-13-godini/ Sat, 21 Sep 2024 13:04:21 +0000 https://republika.mk/?p=818505

Во првата егзекуција во Јужна Каролина по 13 години, Фреди Овенс (46), кој беше погубен, беше осуден за убиство на службеник во продавница во Гринвил во 1997 година за време на вооружен грабеж.

Додека траеше судската постапка против него, Овенс убил уште еден затвореник во окружниот затвор.

Неговото признание за нападот беше прочитано пред две различни пороти и судија, кои сите го осудија на смрт.

The post Во Јужна Каролина извршена првата смртна казна по 13 години appeared first on Република.

]]>

Во првата егзекуција во Јужна Каролина по 13 години, Фреди Овенс (46), кој беше погубен, беше осуден за убиство на службеник во продавница во Гринвил во 1997 година за време на вооружен грабеж. Додека траеше судската постапка против него, Овенс убил уште еден затвореник во окружниот затвор. Неговото признание за нападот беше прочитано пред две различни пороти и судија, кои сите го осудија на смрт.

The post Во Јужна Каролина извршена првата смртна казна по 13 години appeared first on Република.

]]>
По 13 години, во новиот блок од Психијатриската болница Скопје ќе се примаат пациенти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-13-godini-vo-noviot-blok-od-psihijatriskata-bolnitsa-skopje-ke-se-primaat-patsienti/ Mon, 02 Oct 2023 14:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=687175

По повеќе од една деценија завршен е еден од најважните проекти во здравството во нашата земја, истакна министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денес за време на отворањето на новиот објект, во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје, кој започна со работа.

Нешто кое со години чекаше да се заврши, конечно од денес почнува со работа. Новата болница е современа опремена, според меѓународни стандарди и јас сум уверен дека новите услови за работа ќе придонесат за поголем ентузијазам и поголема енергија на медицинскиот и немедицински персонал во секојдневното работење, посочи Меџити.

Министерот Меџити информираше дека капацитетот на новиот објект е 68 болнички кревети и дека таму се наоѓа одделот за лекување и рехабилитација за пациентите поради зависност од алкохолизам, како и дека таму ќе се згрижуваат пациенти на кои им е потребно продолжено лекување, рехабилитација и ресоцијализација на пациенти, со нарушено ментално здравје. Еден дел од објектот е интерно одделение, наменето за третман на пациенти со ментални нарушувања и проблеми во соматското здравје.

После 13 години, во новиот блок од Психијатриската болница ќе се примаат пациенти. Освен болничките соби објектот е опремен со сите потребни санитетски и други придружни простории за соодветно сместување и болничко секојдневие на пациентите, посочи Меџити.

Меџити истакна дека со стапувањето на функцијата министер за здравство секојдневно со својот тим се залага за остварувања за подобар јавен здравствен систем, како откочување на децениски заглавени проекти, набавка на современа терапија, опремување и реновирање на здравствени установи. Тој истакна дека на тој начин се покажува дека фокусот е на здравјето на граѓаните, како и на развој на современо и модерно здравство.

The post По 13 години, во новиот блок од Психијатриската болница Скопје ќе се примаат пациенти appeared first on Република.

Македонска асоцијација на гинеколози: 13-годишно девојче е најмладата што имала абортус, 30 отсто од жените немаат избраноо матичен гинеколог https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/makedonska-asocijacija-na-ginekolozi-13-godishno-devojche-e-najmladata-shto-imala-abortus-30-otsto-od-zenite-nemaat-izbranoo-matichen-ginekolog/ Wed, 11 May 2022 12:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=501063

Најмалата малолетничка што имала абортус кај нас е на 13-годишна возраст, што е еден поразителен факт за свеста за сексуалното и репродуктивното воспитување кај младите кое сè уште е на ниско ниво, беше истакнато на денешната панел-дискусија по повод Неделата на женското здравје, во организација на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО).

Во 2020 година имало 18 пациентки под 15 години коишто биле родилки, а во проценти од вкупната бројка на породувања за 2020 некаде 4,9 проценти од новороденчињата се на трудници коишто биле малолетни, односно од 15 до 19 години, посочија од МАГО.

Панелистите потенцираа дека едукацијата на младите за сексуалното воспитување е многу битно во натамошното намалување на сите болести од областа на гинекологијата. Посочија дека улогата на сексуалното образование во училиштата треба да биде еден од параметрите што ќе допринесе да тоа се подобри. Тие потенцираа дека мора да работат посветени сите чинители за да се подигне свеста и знаењето на населението за основните нивни права и услуги и превенцијата која што може да ја добијат.

Проф. Д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонскaта асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) истакна дека од направените гинеколошки прегледи кај 1.300 жени во рамки на мобилните гинеколошки амбуланти, активност која се реализира меѓу УНФА, Министерството за здравство, Македонското лекарско друштво, МАГО и Црвениот крст, кај десеттина пациентки биле откриени преканцерози и карциноми, додека 15 проценти биле пратени на дополнителни иследувања.

Пациентките се презадоволни од услугите што ги добиваат. Тие добиваат ултразвучен преглед, ПАП-брис по проценка на гинекологот и ХПВ-тест за скрининг за ХПВ-инфекција и за сексуално преносливи инфекции. Не само цервикалниот карцином, ние со улстразвукот зависно од дебелината на ендометриумот од постоење на цистични промени на јајниците можеме пациентките, и тоа и го правиме, директно преку лап-топови и врска со Мој термин ги препраќаме на дополнителни иследувања – дали се тоа туморски маркери, рендген дијагностика, компјутер, дали ги закажуваме во нашите амбуланти на Универзитетската клиника доколку се работи за одредена супспецијалност, значи некое заболување кое што е вон рамките на лекарот којшто е во моментот во мобилната амбуланта, рече Тофовски.

Од МАГО истакнаа дека од направените анализи, повеќе од 30 проценти од жените воопшто немаат избрано матичен гинеколог, автоматски не одат ни на редовни гинеколошки прегледи, не ги користат превентивните мерки, односно правото да го заштитат своето сексуално и репродуктивно здравје.

Според нив, кај младите иако се информираат од медиумите и од другите информативни портали, сепак има една стигма и едно незнаење за некои од основните работи. Некаде 20 проценти од младите, мислат дека кондомот штити од несакана бременост, а не штити од сексуално преносливи инфекции и обратно 20 проценти од младите мислат дека ако пијат орална контрацепција тоа ќе ги заштити од сексуално преносливи болести што апсолутно не е точно, посочуваат од МАГО.

Проф. Д-р Ана Данева, претседател на Комитетот за безбедно мајчинство истакна дека за антенаталните услуги источниот регион бележи најмалку услуги или одзив кон овие услуги. Таа посочи дека треба да бидеме и географски ориентирани кон оние места каде што има и помал фертилитет и помал наталитет за да се влијае истовремено и на сите останати, затоа што, како што рече, и наталитетот и репродуктивното здравје се особено важни и во голема мера поврзани со сите овие услуги.

Проф. Д-р Горан Димитров, специјалист гинеколог – акушер од Клиниката за гинекологија и акушерство рече дека едукацијата и воспитувањето на младите е многу важно заради тоа што, 33 проценти од нашпите адолесценти мислат дека кондомот дека всушност се употребува само за спречување на несакана бременост и дека не штити од преносливи болести.

The post Македонска асоцијација на гинеколози: 13-годишно девојче е најмладата што имала абортус, 30 отсто од жените немаат избраноо матичен гинеколог appeared first on Република.

]]>

Најмалата малолетничка што имала абортус кај нас е на 13-годишна возраст, што е еден поразителен факт за свеста за сексуалното и репродуктивното воспитување кај младите кое сè уште е на ниско ниво, беше истакнато на денешната панел-дискусија по повод Неделата на женското здравје, во организација на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО). Во 2020 година имало 18 пациентки под 15 години коишто биле родилки, а во проценти од вкупната бројка на породувања за 2020 некаде 4,9 проценти од новороденчињата се на трудници коишто биле малолетни, односно од 15 до 19 години, посочија од МАГО. Панелистите потенцираа дека едукацијата на младите за сексуалното воспитување е многу битно во натамошното намалување на сите болести од областа на гинекологијата. Посочија дека улогата на сексуалното образование во училиштата треба да биде еден од параметрите што ќе допринесе да тоа се подобри. Тие потенцираа дека мора да работат посветени сите чинители за да се подигне свеста и знаењето на населението за основните нивни права и услуги и превенцијата која што може да ја добијат. Проф. Д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонскaта асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) истакна дека од направените гинеколошки прегледи кај 1.300 жени во рамки на мобилните гинеколошки амбуланти, активност која се реализира меѓу УНФА, Министерството за здравство, Македонското лекарско друштво, МАГО и Црвениот крст, кај десеттина пациентки биле откриени преканцерози и карциноми, додека 15 проценти биле пратени на дополнителни иследувања.
Пациентките се презадоволни од услугите што ги добиваат. Тие добиваат ултразвучен преглед, ПАП-брис по проценка на гинекологот и ХПВ-тест за скрининг за ХПВ-инфекција и за сексуално преносливи инфекции. Не само цервикалниот карцином, ние со улстразвукот зависно од дебелината на ендометриумот од постоење на цистични промени на јајниците можеме пациентките, и тоа и го правиме, директно преку лап-топови и врска со Мој термин ги препраќаме на дополнителни иследувања – дали се тоа туморски маркери, рендген дијагностика, компјутер, дали ги закажуваме во нашите амбуланти на Универзитетската клиника доколку се работи за одредена супспецијалност, значи некое заболување кое што е вон рамките на лекарот којшто е во моментот во мобилната амбуланта, рече Тофовски.
Од МАГО истакнаа дека од направените анализи, повеќе од 30 проценти од жените воопшто немаат избрано матичен гинеколог, автоматски не одат ни на редовни гинеколошки прегледи, не ги користат превентивните мерки, односно правото да го заштитат своето сексуално и репродуктивно здравје. Според нив, кај младите иако се информираат од медиумите и од другите информативни портали, сепак има една стигма и едно незнаење за некои од основните работи. Некаде 20 проценти од младите, мислат дека кондомот штити од несакана бременост, а не штити од сексуално преносливи инфекции и обратно 20 проценти од младите мислат дека ако пијат орална контрацепција тоа ќе ги заштити од сексуално преносливи болести што апсолутно не е точно, посочуваат од МАГО. Проф. Д-р Ана Данева, претседател на Комитетот за безбедно мајчинство истакна дека за антенаталните услуги источниот регион бележи најмалку услуги или одзив кон овие услуги. Таа посочи дека треба да бидеме и географски ориентирани кон оние места каде што има и помал фертилитет и помал наталитет за да се влијае истовремено и на сите останати, затоа што, како што рече, и наталитетот и репродуктивното здравје се особено важни и во голема мера поврзани со сите овие услуги. Проф. Д-р Горан Димитров, специјалист гинеколог – акушер од Клиниката за гинекологија и акушерство рече дека едукацијата и воспитувањето на младите е многу важно заради тоа што, 33 проценти од нашпите адолесценти мислат дека кондомот дека всушност се употребува само за спречување на несакана бременост и дека не штити од преносливи болести.

The post Македонска асоцијација на гинеколози: 13-годишно девојче е најмладата што имала абортус, 30 отсто од жените немаат избраноо матичен гинеколог appeared first on Република.

]]>