12 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/12/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 08:02:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 12 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/12/ 32 32 Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-12-na-sinisha-evtimov-vecherva-vo-mnt-so-vrvna-mashka-akterska-ekipa/ Wed, 20 Nov 2024 08:02:51 +0000 https://republika.mk/?p=839773

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва во 20 часот е закажана долго најавуваната премиера на „12“, претстава работена во режија и адаптација на Синиша Евтимов.

Претставата е распродадена до февруари, а е работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз и е посветена на Мирко Попов, соработник на МНТ и еден од основачите на ПМГ Колектив, чија музика е употребена во претставата.

Во претставата играат 12 актери од повеќе генерации: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија).

Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.

Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото – Мартин Манев. Претставата е наменета за возрасна категорија 16+.

Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, кои исто така се играа во националниот театар. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“...

Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.

The post Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа appeared first on Република.

]]>

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва во 20 часот е закажана долго најавуваната премиера на „12“, претстава работена во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Претставата е распродадена до февруари, а е работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз и е посветена на Мирко Попов, соработник на МНТ и еден од основачите на ПМГ Колектив, чија музика е употребена во претставата. Во претставата играат 12 актери од повеќе генерации: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија). Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности. Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8. Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото – Мартин Манев. Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, кои исто така се играа во националниот театар. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“... Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.  

The post Премиера на „12“ на Синиша Евтимов вечерва во МНТ со врвна машка актерска екипа appeared first on Република.

]]>
МНТ ја најавува премиерата на „12“ на режисерот Синиша Евтимов на 20 ноември, со моќна машка актерска екипа, претставата е посветена на Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-ja-najavuva-premierata-na-12-na-rezhiserot-sinisha-evtimov-na-20-noemvri-so-mokna-mashka-akterska-ekipa-pretstavata-e-posvetena-na-mirko-popov/ Mon, 18 Nov 2024 13:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=839206

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) в среда, на 20 ноември е закажана премиерата на претставата „12“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов, работена по мотивите на филмот „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз.

Претпремиерата, премиерата и следните две изведби на 21 и 22 ноември се распродадени, а како што велат од Нациналниот театар, се купуваат билети за мај.

Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Посветена на прерано починатиот, наш соработник и пред сѐ голем пријател, Мирко Попов, соопштија од МНТ.

Евтимов ја обедини моќната машка актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Во претставата игра Тања Ивановска (Судија).

Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.

Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото - Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив.

Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“.

Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.

The post МНТ ја најавува премиерата на „12“ на режисерот Синиша Евтимов на 20 ноември, со моќна машка актерска екипа, претставата е посветена на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) в среда, на 20 ноември е закажана премиерата на претставата „12“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов, работена по мотивите на филмот „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз. Претпремиерата, премиерата и следните две изведби на 21 и 22 ноември се распродадени, а како што велат од Нациналниот театар, се купуваат билети за мај.
Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Посветена на прерано починатиот, наш соработник и пред сѐ голем пријател, Мирко Попов, соопштија од МНТ.
Евтимов ја обедини моќната машка актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Во претставата игра Тања Ивановска (Судија). Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности. Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8. Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото - Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив. Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“. Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.  

The post МНТ ја најавува премиерата на „12“ на режисерот Синиша Евтимов на 20 ноември, со моќна машка актерска екипа, претставата е посветена на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Премиерата на „12“ е закажана за 20 ноември, претставата е распродадена до февруари, се купуваат билети и за мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premierata-na-12-e-zakazhana-za-20-noemvri-pretstavata-e-rasprodadena-do-fevruari-se-kupuvaat-bileti-i-za-maj/ Wed, 13 Nov 2024 13:03:23 +0000 https://republika.mk/?p=837207

Најновата претстава на Македонскиот народен театар (МНТ) „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, во која игра врвна актерска екипа е распродадена до февраури 2025 година.

Премиерата е закажана за 20 ноември, во 20 часот на големата сцена на МНТ, а претставата е работена по мотивите на драмата „12 гневни луѓе“ (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз.

[caption id="attachment_837225" align="alignnone" width="2048"] Режисер на претставата е Синиша Евтимов[/caption]

Во претставата игра позната машка актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Судија: Тања Ивановска.

Расподадени се сите четири изведби во ноември, претпримерата на 19, премиерата на 20 и следните две изведби на 21 и 22 ноември. Пуштивме дополнителни билети за на сцена, кои се купуваа исклучиво на билетарницата на МНТ и тие се продадени за ноември. Одамна не владеел волку голем интерес за некоја претстава. Распродадена е до февруари. Онлајн веќе се купуваат билети за март, некој купува и за мај, велат од МНТ.

Билетите за претставите во МНТ чинат 500 денари, а оние што се на сцена чинат 700.

Приказната следи порота од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги да ги преиспитаат сопствените морални вредности.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото е Мартин Манев, а музиката е на „ПМГ Колектив“. 

Фото: Македонски народен театар

The post Премиерата на „12“ е закажана за 20 ноември, претставата е распродадена до февруари, се купуваат билети и за мај appeared first on Република.

Владата ги објави 12-те надворешни советници на премиерот Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-gi-objavi-12-te-nadvoreshni-sovetnici-na-premierot-kovachevski/ Tue, 12 Apr 2022 10:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=487279

Реномирани универзитетски професори, долгогодишни експерти докажани по својата стручност, секој во својата област во земјава и на меѓународно ниво, се новоименуваните 12 надворешни советници на претседателот на Владата Димитар Ковачевски, соопшти Владата.

Со одлука на Влада намален е бројот на лица кои го советуваат премиерот Ковачевски. Наместо претходниот тим од над 50, сегашниот тим се состои од 12 надворешни советници. Меѓу нив се професори од Економскиот факултет, Правниот факултет, Факултетот за електротехника и информатика, поранешни пратеници, но и заменици-министри.

Функцијата надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во Канцеларијата на претседателот на Владата ја извршува експертот од Сојузна Република Германија, Јоханес Хајдекер. Хајдекер, кој претходно работел на повеќе менаџерски позиции во приватниот сектор, ќе се фокусира на зајакнување на деловните односи на Македонија со Германија и другите земји на ЕУ, со акцент на промоцијата на начините на снабдување низ европскиот континент и економската политика за време на корона кризата.

Професор д-р Предраг Трпески од Економскиот факултет, кој е експерт за пазарот на трудот, а во минатото бил дел и од извршната власт, е надворешен советник за економија.

Професорот од Правниот факултет Ванчо Узунов е назначен за надворешен советник за Берлински процес. За политиките од областа на енергетиката надворешен советник е Антон Чаушевски, професор од Факултетот за електротехнички и информатички технологии.

Глигор Бишев, кој има богата професионална биографија во банкарскиот сектор во Република Македонија е надворешен советник за рационализација и оптимизација на процеси.

Нина Фити-Неделковска, претставничка од Светска банка ќе ја врши функцијата надворешен советник за финансии. Дополнително на листата на советници се поранешниот пратеник Исмет Рамадани, кој е надворешен советник за евроатлантски вредности и Драган Василевски за одбрана.

Надворешна советничка за здравство е доцент д-р Ана Данева-Маркова од Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје. Спасе Додевски е надворешен советник за образование и социјала. Додевски и во претходниот мандат на Владата беше вклучен во креирањето на политики поврзани со социјала и инклузија, а Симона Ристеска за даночна политика. Д-р Ристеска е професорка на повеќе предмети на Warwick Business School во Велика Британија. Со докторат се има стекнато на лондонската економска школа.

Маја Ангеловска е надворешна советничка за дигитализација. Ангеловска има 25-годишно работно искуство во телекомуникацискиот сектор во државата и извршувала менаџерски позиции, но и учествувала во имплементација на планови за дигитализација на услугите.

The post Владата ги објави 12-те надворешни советници на премиерот Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Реномирани универзитетски професори, долгогодишни експерти докажани по својата стручност, секој во својата област во земјава и на меѓународно ниво, се новоименуваните 12 надворешни советници на претседателот на Владата Димитар Ковачевски, соопшти Владата. Со одлука на Влада намален е бројот на лица кои го советуваат премиерот Ковачевски. Наместо претходниот тим од над 50, сегашниот тим се состои од 12 надворешни советници. Меѓу нив се професори од Економскиот факултет, Правниот факултет, Факултетот за електротехника и информатика, поранешни пратеници, но и заменици-министри. Функцијата надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во Канцеларијата на претседателот на Владата ја извршува експертот од Сојузна Република Германија, Јоханес Хајдекер. Хајдекер, кој претходно работел на повеќе менаџерски позиции во приватниот сектор, ќе се фокусира на зајакнување на деловните односи на Македонија со Германија и другите земји на ЕУ, со акцент на промоцијата на начините на снабдување низ европскиот континент и економската политика за време на корона кризата. Професор д-р Предраг Трпески од Економскиот факултет, кој е експерт за пазарот на трудот, а во минатото бил дел и од извршната власт, е надворешен советник за економија. Професорот од Правниот факултет Ванчо Узунов е назначен за надворешен советник за Берлински процес. За политиките од областа на енергетиката надворешен советник е Антон Чаушевски, професор од Факултетот за електротехнички и информатички технологии. Глигор Бишев, кој има богата професионална биографија во банкарскиот сектор во Република Македонија е надворешен советник за рационализација и оптимизација на процеси. Нина Фити-Неделковска, претставничка од Светска банка ќе ја врши функцијата надворешен советник за финансии. Дополнително на листата на советници се поранешниот пратеник Исмет Рамадани, кој е надворешен советник за евроатлантски вредности и Драган Василевски за одбрана. Надворешна советничка за здравство е доцент д-р Ана Данева-Маркова од Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје. Спасе Додевски е надворешен советник за образование и социјала. Додевски и во претходниот мандат на Владата беше вклучен во креирањето на политики поврзани со социјала и инклузија, а Симона Ристеска за даночна политика. Д-р Ристеска е професорка на повеќе предмети на Warwick Business School во Велика Британија. Со докторат се има стекнато на лондонската економска школа. Маја Ангеловска е надворешна советничка за дигитализација. Ангеловска има 25-годишно работно искуство во телекомуникацискиот сектор во државата и извршувала менаџерски позиции, но и учествувала во имплементација на планови за дигитализација на услугите.

The post Владата ги објави 12-те надворешни советници на премиерот Ковачевски appeared first on Република.

]]>