12 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/12-godini/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Apr 2024 11:44:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 12 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/12-godini/ 32 32 Сите пациенти со цистична фиброза над 12 години погодни за модуларна терапија ќе добијат „трикафта“ до крај на април https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/site-patsienti-so-tsistichna-fibroza-nad-12-godini-pogodni-za-modularna-terapija-ke-dobijat-trikafta-do-kraj-na-april/ Fri, 12 Apr 2024 11:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=765425

Сите пациенти со цистична фиброза над 12 годишна возраст, погодни за модулаторна терапија, ќе го добијат лекот „трикафта“ во текот на април, терапија која е најсовремена за третман на оваа болест, кажа денеска на брифинг со новинарите директорката на Клиниката за детски боелсти доц. д-р Валентина Цвејоска Чолаковска.

За трпеливоста и разбирањето, Клиниката за детски болести посебно се заблагодарува и на Здружението на пациенти со ЦФ, со коешто имаат одлична соработка, кажа д-р Цвејоска Чолаковска.

Заврши постапката за набавка на „трикафта“, која беше спроведена преку јавна набавка. Во овој процес беа вклучени сите релевантни институции, како што се Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Бирото за јавни набавки и Клиниката за детски болести, кои што со сите капацитети се вклучија процедурата да ја направат брза и ефикасна, на задоволство и на пациентите со ЦФ и на лекарите кои ја третираат оваа најчеста ретка болест, кажа директорката на Клиниката за детски болести.

Терапијата со „трикафта“ во Македонија е достапна од минатата година и според докторите, има исклучително позитивен ефект на терапијата кај овие пациенти.

Д-р Цвејоска Чолаковска информираше дека хормонот за раст, Фондот за здравствено осигурување, како и секоја година, така и оваа, одобрува средства за негова набавка за сите пациенти кои се со индикација за терапија, одредена според протоколи од страна на лекарите од Ендокринолошкиот оддел на нашата Клиника.

Во моментов има деца кои се во постапка на дијагностика и не можеме да зборуваме за листа за чекање. Затоа што, листата за примање на хормонот е динамична, таа постојано се ревидира, што значи дека пациентите кои завршуваат со терапијасе исклучуваат, а се вклучуваат нови пациенти, изјави д-р Цвејоска Чолаковска.

Во контекст на биолошката терапија, Фондот за здравствено осигурувањеконтинуирано обезбедува и биолошка терапија за сите пациенти – задецата со ревматоиден артритис и кронова болест.

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-ponedelnik-trikafta-ke-dobivaat-po-sedum-novi-patsienti-bolni-od-tsistichna-fibrozana-sekoi-deset-dena-lekot-stigna-na-klinikata-za-detski-bolesti/

https://republika.mk/zivot/zdravje/od-deneska-16-patsienti-bolni-od-tsistichna-fibroza-primaat-trikafta-od-petok-ushte-dvajtsa-ke-bidat-vklucheni-soopshti-mz/

The post Сите пациенти со цистична фиброза над 12 години погодни за модуларна терапија ќе добијат „трикафта“ до крај на април appeared first on Република.

]]>

Сите пациенти со цистична фиброза над 12 годишна возраст, погодни за модулаторна терапија, ќе го добијат лекот „трикафта“ во текот на април, терапија која е најсовремена за третман на оваа болест, кажа денеска на брифинг со новинарите директорката на Клиниката за детски боелсти доц. д-р Валентина Цвејоска Чолаковска. За трпеливоста и разбирањето, Клиниката за детски болести посебно се заблагодарува и на Здружението на пациенти со ЦФ, со коешто имаат одлична соработка, кажа д-р Цвејоска Чолаковска.
Заврши постапката за набавка на „трикафта“, која беше спроведена преку јавна набавка. Во овој процес беа вклучени сите релевантни институции, како што се Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Бирото за јавни набавки и Клиниката за детски болести, кои што со сите капацитети се вклучија процедурата да ја направат брза и ефикасна, на задоволство и на пациентите со ЦФ и на лекарите кои ја третираат оваа најчеста ретка болест, кажа директорката на Клиниката за детски болести.
Терапијата со „трикафта“ во Македонија е достапна од минатата година и според докторите, има исклучително позитивен ефект на терапијата кај овие пациенти. Д-р Цвејоска Чолаковска информираше дека хормонот за раст, Фондот за здравствено осигурување, како и секоја година, така и оваа, одобрува средства за негова набавка за сите пациенти кои се со индикација за терапија, одредена според протоколи од страна на лекарите од Ендокринолошкиот оддел на нашата Клиника.
Во моментов има деца кои се во постапка на дијагностика и не можеме да зборуваме за листа за чекање. Затоа што, листата за примање на хормонот е динамична, таа постојано се ревидира, што значи дека пациентите кои завршуваат со терапијасе исклучуваат, а се вклучуваат нови пациенти, изјави д-р Цвејоска Чолаковска.
Во контекст на биолошката терапија, Фондот за здравствено осигурувањеконтинуирано обезбедува и биолошка терапија за сите пациенти – задецата со ревматоиден артритис и кронова болест. https://republika.mk/zivot/zdravje/od-ponedelnik-trikafta-ke-dobivaat-po-sedum-novi-patsienti-bolni-od-tsistichna-fibrozana-sekoi-deset-dena-lekot-stigna-na-klinikata-za-detski-bolesti/ https://republika.mk/zivot/zdravje/od-deneska-16-patsienti-bolni-od-tsistichna-fibroza-primaat-trikafta-od-petok-ushte-dvajtsa-ke-bidat-vklucheni-soopshti-mz/

The post Сите пациенти со цистична фиброза над 12 години погодни за модуларна терапија ќе добијат „трикафта“ до крај на април appeared first on Република.

]]>
Во Португалија работниците што имаат деца под 12 години нема да работат за викенд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-portugalija-rabotnicite-shto-imaat-deca-pod-12-godini-nema-da-rabotat-za-vikend/ Mon, 07 Nov 2022 11:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=570906

Врховниот суд на Португалија пресуди дека компаниите нема да можат да ги обврзуваат работниците да работат во сабота и недела ако имаат деца помлади од 12 години.

Исклучок ќе бидат „незаменливите работници“.

Правото на усогласување на активностите со семејниот живот и правото на заштита на татковството и мајчинството се содржани во Уставот и не можат да се одлагаат со други професионални права или должности – се наведува во пресудата.

Доколку компаниите сакаат нивните вработени, кои имаат деца под 12 години, да доаѓаат на работа во сабота и недела, ќе треба на суд да докажат дека се незаменливи на работното место и дека со нивното отсуство може да биде загрозена дејноста на компанијата.

Со оглед на тоа што некои работници сега може да имаат бесплатни викенди, постои можност работниците без деца на наведената возраст да бидат оптоварени со дополнителна работа. Во оваа насока, Врховниот суд извести дека во случај на неможност за изнаоѓање решение, неопходно е да се примени „позитивна дискриминација во корист на семејството“.

Врховниот суд во Португалија, земја со 10,3 милиони жители, ја донесе оваа одлука откако една жена од градот Алмада, во 2019 година поднесе жалба против одлуката на мултинационалната компанија за која работеше. Таа тврдела дека и нејзиниот сопруг работи за викенд и оти нема кој да ги чува нивните две деца додека се на работа.

Компанијата, чие име не беше споменато, тогаш одговори дека е подготвена да ја ослободи од работа за време на викендите, но дека нема да се обврзува на тоа во иднина доколку работата бара нејзино присуство.

Случајот потоа дојде до суд, а конечната одлука ја донесе Врховниот суд.

 

The post Во Португалија работниците што имаат деца под 12 години нема да работат за викенд appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на Португалија пресуди дека компаниите нема да можат да ги обврзуваат работниците да работат во сабота и недела ако имаат деца помлади од 12 години. Исклучок ќе бидат „незаменливите работници“.
Правото на усогласување на активностите со семејниот живот и правото на заштита на татковството и мајчинството се содржани во Уставот и не можат да се одлагаат со други професионални права или должности – се наведува во пресудата.
Доколку компаниите сакаат нивните вработени, кои имаат деца под 12 години, да доаѓаат на работа во сабота и недела, ќе треба на суд да докажат дека се незаменливи на работното место и дека со нивното отсуство може да биде загрозена дејноста на компанијата. Со оглед на тоа што некои работници сега може да имаат бесплатни викенди, постои можност работниците без деца на наведената возраст да бидат оптоварени со дополнителна работа. Во оваа насока, Врховниот суд извести дека во случај на неможност за изнаоѓање решение, неопходно е да се примени „позитивна дискриминација во корист на семејството“. Врховниот суд во Португалија, земја со 10,3 милиони жители, ја донесе оваа одлука откако една жена од градот Алмада, во 2019 година поднесе жалба против одлуката на мултинационалната компанија за која работеше. Таа тврдела дека и нејзиниот сопруг работи за викенд и оти нема кој да ги чува нивните две деца додека се на работа. Компанијата, чие име не беше споменато, тогаш одговори дека е подготвена да ја ослободи од работа за време на викендите, но дека нема да се обврзува на тоа во иднина доколку работата бара нејзино присуство. Случајот потоа дојде до суд, а конечната одлука ја донесе Врховниот суд.  

The post Во Португалија работниците што имаат деца под 12 години нема да работат за викенд appeared first on Република.

]]>