11Октомври Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/11oktomvri/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Oct 2023 16:48:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 11Октомври Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/11oktomvri/ 32 32 Изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев во Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-od-toni-kotsev-i-gorgi-kotsev-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-od-ohrid/ Wed, 11 Oct 2023 16:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=690245

Во организација на  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а во соработка со Фото клубот „Охрид“ отворена е изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев од Кавадарци.

Настанот е во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание и борбата на македонскиот народ против фашизмот.

Чичкото и внукот Коцеви, првиот во зенитот на креативното творештво  а вториот на почетокот од можната блескава кариера во светот на уметничката фотографија  пред охридската јавност ќе се претстават со околу 15 фотографии преку кои ќе ја покажат убавината на нашата земја.

Изложбата за љубителите на уметноста ќе биде отворена до 16 октомври, секој работен ден од 9 до 14.00 часот.

[caption id="attachment_690247" align="alignnone" width="591"] created by dji camera[/caption]

Тони Коцев роден 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за филмски уметности на универзитетот ЕСРА, отсек Филмска и ТВ Камера Реализирал четири самостојни изложби и учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство,Франција, Шпанија, Србија, Шкотска, САД, Луксембург. Добитник е на “Диплома за експериментална фотографија” во Луксембург, најдобра фотографија на конкурс на Кодак во САД и неколку награди на државни изложби на фотографија. Како снимател и директор на фотографија работел на повеќе документарни и кратки играни филмови.

Ѓорѓи Коцев е роден на 10.12.1989 во Кавадарци. По завршувањето на средното образование во гимназијата “Добри Даскалов” во Кавадарци, продолжува на студии на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот “Св. Kирил и Методиј ” во Скопје.  Првиот допир со основите на композицијата ги добива во текот на неговото работење како аниматор и композитинг артист во компанијата за визуелни ефекти “FX3X” во Скопје меѓутоа љубовта кон фотографијата се развива по посетата на фотографската школа “Бресон” во Кавадарци под водство на Тони Коцев. Се насочува кон пејзажна и архитектурна фотографија и има добиено неколку награди и признанија од Luxemburg Art Prize, ND Awards, International Photography Awards, Fotomedia, Денови на Македонската Фотографија и други.

 

The post Изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев во Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид appeared first on Република.

]]>

Во организација на  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а во соработка со Фото клубот „Охрид“ отворена е изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев од Кавадарци. Настанот е во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание и борбата на македонскиот народ против фашизмот. Чичкото и внукот Коцеви, првиот во зенитот на креативното творештво  а вториот на почетокот од можната блескава кариера во светот на уметничката фотографија  пред охридската јавност ќе се претстават со околу 15 фотографии преку кои ќе ја покажат убавината на нашата земја. Изложбата за љубителите на уметноста ќе биде отворена до 16 октомври, секој работен ден од 9 до 14.00 часот. [caption id="attachment_690247" align="alignnone" width="591"] created by dji camera[/caption] Тони Коцев роден 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за филмски уметности на универзитетот ЕСРА, отсек Филмска и ТВ Камера Реализирал четири самостојни изложби и учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство,Франција, Шпанија, Србија, Шкотска, САД, Луксембург. Добитник е на “Диплома за експериментална фотографија” во Луксембург, најдобра фотографија на конкурс на Кодак во САД и неколку награди на државни изложби на фотографија. Како снимател и директор на фотографија работел на повеќе документарни и кратки играни филмови. Ѓорѓи Коцев е роден на 10.12.1989 во Кавадарци. По завршувањето на средното образование во гимназијата “Добри Даскалов” во Кавадарци, продолжува на студии на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот “Св. Kирил и Методиј ” во Скопје.  Првиот допир со основите на композицијата ги добива во текот на неговото работење како аниматор и композитинг артист во компанијата за визуелни ефекти “FX3X” во Скопје меѓутоа љубовта кон фотографијата се развива по посетата на фотографската школа “Бресон” во Кавадарци под водство на Тони Коцев. Се насочува кон пејзажна и архитектурна фотографија и има добиено неколку награди и признанија од Luxemburg Art Prize, ND Awards, International Photography Awards, Fotomedia, Денови на Македонската Фотографија и други.  

The post Изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев во Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид appeared first on Република.

]]>