112 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/112/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 07:13:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 112 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/112/ 32 32 Рекорден број повици од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rekorden-broj-povitsi-od-postoeneto-na-edinstveniot-povikuvachki-broj-za-itni-sluchai-112/ Fri, 19 Jul 2024 07:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=798265

Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици од своето постоење. Евидентирани се вкупно 3.159 повици, а од нив, како реални биле категоризирани 59.32 отсто, соопштија утрово од ЦУК.

Кон полицијата биле упатени 40,51 отсто, кон Итната медицинска помош - 17,61 процент, a кон пожарникарите - 15,21 отсто од реалните повици, се наведува во соопштението.

 

The post Рекорден број повици од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 appeared first on Република.

]]>

Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици од своето постоење. Евидентирани се вкупно 3.159 повици, а од нив, како реални биле категоризирани 59.32 отсто, соопштија утрово од ЦУК. Кон полицијата биле упатени 40,51 отсто, кон Итната медицинска помош - 17,61 процент, a кон пожарникарите - 15,21 отсто од реалните повици, се наведува во соопштението.  

The post Рекорден број повици од постоењето на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 appeared first on Република.

]]>
Изминатото деноноќие 1 752 повици на 112, најмногу кон полицијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/izminatoto-denonokie-1-752-povitsi-na-112-najmnogu-kon-politsijata/ Sun, 04 Feb 2024 10:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=740155

Во последното деноноќие имало вкупно 1 752 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 49,77 отсто, а 50,23 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кон полиција биле упатени 58,01 отсто, кон итната медицинска помош 35,06 проценти, а кон пожарникарите 5,63 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има, така што и во последното деноноќие имало повторно дваесетина, за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во 22:15 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 известило за пожар кај месноста „Рамно“ во насока кон с. Брест. Веднаш биле известени пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, но теренот бил недостапен, и од РЦУК Скопје биле известени од ЈП „Национални шуми“, подружница „Караџица“ во Скопје.

Пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, од 16:35 до 17:15 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште на површина од 1 декар покрај автопатот Скопје – Петровец кај с. Јурумлери (Општина Гази Баба).

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарникарите од ТППЕ Битола во текот на изминатото деноноќие имала и 2 помали интервенции, а од ТППЕ Прилеп од 14:55 до 15:30 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на ул. „Славеј Планина“ и од 17:00 до 20:45 часот со 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација кај месноста Штавица и имале и една интервенција поради запалено патничко возило.

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека ТППЕ Струмица имала две интервенции поради запалена ниска вегетација кај с. Василево, кај с. Добрејци и една интервенција заради запалена ниска вегетација и ѓубре кај с. Дукатино.

ТППЕ Валандово, од 17:00 до 19:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и дел од овоштарник на површина од околу 2 хектари кај месноста Чапарица.

Регионалниот ЦУК Велес, информира дека ЈП „Национални шуми“, подружниуца „Бабуна“ од Велес, од 13:30 до 15:12 часот, со 2 вработени, како и 4 лица од месно население, гаснеле запалена ниска вегетација кај с. Богомила.

ТППЕ Кавадарци, од 11:45 до 12:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 0,5 декар на влезот во с. Сирково.

ТППЕ Неготино, од 17:20 до 20:00 часот, со 8 пожарникари и 2 ПП возила гаснеле запалена ниска вегетација и трска кон излезот од Неготино.

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека ТППЕ Штип, во текот на денот имала две оддлни интервенции врз запалена ниска вегетација и тоа во близина на акумулацијата „Мантово“ и во близина на Бања „Кежовица“. Во двата случаја интервенирале со по 3 пожарникари и 1 ПП возило.

ТППЕ Пробиштип, имала една интервенција врз запалена ниска вегетација во атарот на с.Неокази со 2 пожарникари и 1 ПП возило.

ТППЕ Кочани, имала една помала интервенција.

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека ТППЕ Куманово, од 14:15 до 16:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле опожарена викендица во с.Габреш. Имала и една интервенција поради запалена ниска вегетација во с.Скачковце.

The post Изминатото деноноќие 1 752 повици на 112, најмногу кон полицијата appeared first on Република.

]]>

Во последното деноноќие имало вкупно 1 752 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 49,77 отсто, а 50,23 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Кон полиција биле упатени 58,01 отсто, кон итната медицинска помош 35,06 проценти, а кон пожарникарите 5,63 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има, така што и во последното деноноќие имало повторно дваесетина, за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во 22:15 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 известило за пожар кај месноста „Рамно“ во насока кон с. Брест. Веднаш биле известени пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, но теренот бил недостапен, и од РЦУК Скопје биле известени од ЈП „Национални шуми“, подружница „Караџица“ во Скопје. Пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, од 16:35 до 17:15 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште на површина од 1 декар покрај автопатот Скопје – Петровец кај с. Јурумлери (Општина Гази Баба). Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарникарите од ТППЕ Битола во текот на изминатото деноноќие имала и 2 помали интервенции, а од ТППЕ Прилеп од 14:55 до 15:30 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на ул. „Славеј Планина“ и од 17:00 до 20:45 часот со 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација кај месноста Штавица и имале и една интервенција поради запалено патничко возило. Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека ТППЕ Струмица имала две интервенции поради запалена ниска вегетација кај с. Василево, кај с. Добрејци и една интервенција заради запалена ниска вегетација и ѓубре кај с. Дукатино. ТППЕ Валандово, од 17:00 до 19:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и дел од овоштарник на површина од околу 2 хектари кај месноста Чапарица. Регионалниот ЦУК Велес, информира дека ЈП „Национални шуми“, подружниуца „Бабуна“ од Велес, од 13:30 до 15:12 часот, со 2 вработени, како и 4 лица од месно население, гаснеле запалена ниска вегетација кај с. Богомила. ТППЕ Кавадарци, од 11:45 до 12:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 0,5 декар на влезот во с. Сирково. ТППЕ Неготино, од 17:20 до 20:00 часот, со 8 пожарникари и 2 ПП возила гаснеле запалена ниска вегетација и трска кон излезот од Неготино. Регионалниот ЦУК Штип, известува дека ТППЕ Штип, во текот на денот имала две оддлни интервенции врз запалена ниска вегетација и тоа во близина на акумулацијата „Мантово“ и во близина на Бања „Кежовица“. Во двата случаја интервенирале со по 3 пожарникари и 1 ПП возило. ТППЕ Пробиштип, имала една интервенција врз запалена ниска вегетација во атарот на с.Неокази со 2 пожарникари и 1 ПП возило. ТППЕ Кочани, имала една помала интервенција. Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека ТППЕ Куманово, од 14:15 до 16:45 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле опожарена викендица во с.Габреш. Имала и една интервенција поради запалена ниска вегетација во с.Скачковце.

The post Изминатото деноноќие 1 752 повици на 112, најмногу кон полицијата appeared first on Република.

]]>
Вкупно 2.042 повика на 112, најмногу за полицијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vkupno-2-042-povika-na-112-najmnogu-za-politsijata/ Thu, 04 Jan 2024 08:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=729493

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.042 повика на единствениот број за итни случаи 112, од нив, „реални“ повици биле 43,88 отсто, а 56,12 проценти за други потреби на граѓаните, информираат утрово од ЦУК.

Според генералната природа на итните случаи, кон полиција биле упатени 60,40 отсто, кон Итната медицинска помош 34,80 проценти, кон пожарникарите 0,40 отсто, а кон АМСМ 0,40 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 4,00 отсто од реалните. Тие повици, заедно со другите - „неитни повици“, 56,12 проценти - вкупно на број 1.156 повици, за разлика од претпоследното деноноќие кога биле 934, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во секторот Е-112, а истовремено во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи, појаснуваат оттаму.

Вчера имало само еден регистриран пожар на отворено.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Прилеп од 13.18 до 15.13 часот вчера, со два пожарникара и едно ПП возило, гаснеле запалена ниска вегетација во атар на село Забрчани во општината, појаснуваат од ЦУК.

Покрај овој пожар на отворено, пожарникари биле ангажирани и за гаснење пожари во населени и урбани средини во државата.

The post Вкупно 2.042 повика на 112, најмногу за полицијата appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.042 повика на единствениот број за итни случаи 112, од нив, „реални“ повици биле 43,88 отсто, а 56,12 проценти за други потреби на граѓаните, информираат утрово од ЦУК. Според генералната природа на итните случаи, кон полиција биле упатени 60,40 отсто, кон Итната медицинска помош 34,80 проценти, кон пожарникарите 0,40 отсто, а кон АМСМ 0,40 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 4,00 отсто од реалните. Тие повици, заедно со другите - „неитни повици“, 56,12 проценти - вкупно на број 1.156 повици, за разлика од претпоследното деноноќие кога биле 934, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во секторот Е-112, а истовремено во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи, појаснуваат оттаму. Вчера имало само еден регистриран пожар на отворено. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Прилеп од 13.18 до 15.13 часот вчера, со два пожарникара и едно ПП возило, гаснеле запалена ниска вегетација во атар на село Забрчани во општината, појаснуваат од ЦУК. Покрај овој пожар на отворено, пожарникари биле ангажирани и за гаснење пожари во населени и урбани средини во државата.

The post Вкупно 2.042 повика на 112, најмногу за полицијата appeared first on Република.

]]>
По сообраќајна несреќа на територија на Грција повредените добиле помош преку Струмичкиот 112 https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-soobrakajna-nesreka-na-teritorija-na-grtsija-povredenite-dobile-pomosh-preku-strumichkiot-112/ Fri, 29 Dec 2023 17:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=728016

Операторите од Струмица на Единствениот број 112 во ЦУК им помогнале на повредените лица од сообраќајна несреќа меѓу две моторни возила на територија на Република Грција, за да добијат Итна медицинска помош и да бидат медицински згрижени, а и да биде известена тамошната полиција.

Конкретно, сообраќајната несреќа се случила, во период малку пред 13.00 часот, во близина на првата патарина при влез од од грчка страна кон преминот Богородица – Евзони. Откако се созеле по сообраќајката, патниците свртеле 112 за да бараат помош, бидејќи имало и повредени.

Први ги добиле операторите на Единствениот број за итни случаи 112 во Регионалниот ЦУК Струмица, коишто веднаш на англиски се разбрале, оствариле конференциска врска со колегите од 112 од Грција, а и со колегите во ЦУК Скопје, по што грчката Итна медицинска помош и Полиција биле известени и им помогнале на повредените.

Ова е уште еден пример, во низата, кога преку Единствениот број за итни случаи 112, независно дали повикот е прифатен од операторите на Република Грција или од Република Македонија, во заедничка соработка се спасуваат граѓани од двете држави коишто биле во животозагрозувачка ситуација, велат од ЦУК.

The post По сообраќајна несреќа на територија на Грција повредените добиле помош преку Струмичкиот 112 appeared first on Република.

]]>

Операторите од Струмица на Единствениот број 112 во ЦУК им помогнале на повредените лица од сообраќајна несреќа меѓу две моторни возила на територија на Република Грција, за да добијат Итна медицинска помош и да бидат медицински згрижени, а и да биде известена тамошната полиција. Конкретно, сообраќајната несреќа се случила, во период малку пред 13.00 часот, во близина на првата патарина при влез од од грчка страна кон преминот Богородица – Евзони. Откако се созеле по сообраќајката, патниците свртеле 112 за да бараат помош, бидејќи имало и повредени. Први ги добиле операторите на Единствениот број за итни случаи 112 во Регионалниот ЦУК Струмица, коишто веднаш на англиски се разбрале, оствариле конференциска врска со колегите од 112 од Грција, а и со колегите во ЦУК Скопје, по што грчката Итна медицинска помош и Полиција биле известени и им помогнале на повредените.
Ова е уште еден пример, во низата, кога преку Единствениот број за итни случаи 112, независно дали повикот е прифатен од операторите на Република Грција или од Република Македонија, во заедничка соработка се спасуваат граѓани од двете држави коишто биле во животозагрозувачка ситуација, велат од ЦУК.

The post По сообраќајна несреќа на територија на Грција повредените добиле помош преку Струмичкиот 112 appeared first on Република.

]]>
Се вжештија телефоните во ЦУК: Над 2 илјади граѓани побарале помош https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/se-vzheshtija-telefonite-vo-tsuk-nad-2-iljadi-gragani-pobarale-pomosh/ Sun, 26 Nov 2023 08:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=716292

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во последното деноноќие, согласно пристигнатите директни информации од граѓаните и од институциите од Системот за управување со кризи (ЦУК), на територијата во државата заради наглите зимски временски прилики со дожд, снег и ветер (иако најавени) имаше проблеми во сообраќајот, нема податоци за регистрирани пожари на отворено – пожарникарите интервенирале само врз пожари во населени места и има вкупно 2.037 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Тоа е речиси двојно повеќе повици од претходниот ден, а имало 30,05% кон ЦУК од реалните итни повици за комбинирано решавање, што е за три пати повеќе од претходниот ден.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, утрово, известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец крак (делница) Маврово-Маврово. На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината согласно условите на патот. Дежурните екипи од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта биле постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.545 повици, според последниот извештај на секторот Е-112 за последното деноноќие. Од нив „реални“ повици за итни случаи биле 47,91%, а 52,09% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од непродуктивни за нив такви повици службите коишто се за итно интервенирање.

Кон Полицијата биле упатени 36,12% од повиците, кон Итната медицинска помош 27,16%, кон пожарникарите биле упатени 2,05%, кон АМСМ 4,62% и кон ЦУК имало 30,05% за комбинирано решавање од итните реални повици, секако заедно со другите 52,09 %, „неитни повици“ за решавање.
Конкретно, изразено во бројки, вкупно 1.165 повици биле дел од тековната обработка на дежурните оперативци во ЦУК, во двата сектора во последното деноноќие: Секторот Е-112 и Секторот за операции и координација.

The post Се вжештија телефоните во ЦУК: Над 2 илјади граѓани побарале помош appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во последното деноноќие, согласно пристигнатите директни информации од граѓаните и од институциите од Системот за управување со кризи (ЦУК), на територијата во државата заради наглите зимски временски прилики со дожд, снег и ветер (иако најавени) имаше проблеми во сообраќајот, нема податоци за регистрирани пожари на отворено – пожарникарите интервенирале само врз пожари во населени места и има вкупно 2.037 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Тоа е речиси двојно повеќе повици од претходниот ден, а имало 30,05% кон ЦУК од реалните итни повици за комбинирано решавање, што е за три пати повеќе од претходниот ден. Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, утрово, известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. Забрана за тешки товарни возила има на патниот правец крак (делница) Маврово-Маврово. На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината согласно условите на патот. Дежурните екипи од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта биле постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.545 повици, според последниот извештај на секторот Е-112 за последното деноноќие. Од нив „реални“ повици за итни случаи биле 47,91%, а 52,09% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од непродуктивни за нив такви повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 36,12% од повиците, кон Итната медицинска помош 27,16%, кон пожарникарите биле упатени 2,05%, кон АМСМ 4,62% и кон ЦУК имало 30,05% за комбинирано решавање од итните реални повици, секако заедно со другите 52,09 %, „неитни повици“ за решавање. Конкретно, изразено во бројки, вкупно 1.165 повици биле дел од тековната обработка на дежурните оперативци во ЦУК, во двата сектора во последното деноноќие: Секторот Е-112 и Секторот за операции и координација.

The post Се вжештија телефоните во ЦУК: Над 2 илјади граѓани побарале помош appeared first on Република.

]]>
ЦУК: За 24 часа имало 1.626 повици на 112, потрага по исчезнато лице и 4 пожари на отворено https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsuk-za-24-chasa-imalo-1-626-povitsi-na-112-potraga-po-ischeznato-litse-i-4-pozhari-na-otvoreno/ Tue, 21 Nov 2023 08:21:09 +0000 https://republika.mk/?p=714654

Во последното деноноќие, според пристигнатите директни информации од граѓаните во Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од институциите од Системот за управување со кризи (СУК), имало четири регистрирани пожари на отворено, вкупно 1.626 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 и една потрага по исчезнато лице.

Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје, во текот на деноноќието, гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 3.000 m2 кај с.Зелениково, противпожарна единица ТППЕ Прилеп гаснела запалена ниска вегетација во близина на училиштето „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, пожарникарите од Штип гаснеле запалена нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација помеѓу селата Горни Балван и Горно Трогирци и пожарникарите од Куманово гаснеле запалена сува трева и ниска вегетација кај с.Љубодраг.
Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.626. „Реални“ повици за итни случаи имало 34.93 %. Имало 65.07 % други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или не биле итни. Кон Полицијата биле упатени 46.83 % од повиците, кон Итната медицинска помош 46.83 %, а кон пожарникарите биле упатени 2.53 %, за АМСМ имало 1.28 % и кон ЦУК имало 7.59 % од итните реални повици за комбинирано решавање, секако заедно со другите 65.07 %, именувани и како „неитни повици“. ЦУК, преку својот Сектор за операции и координација ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, соопштија од ЦУК.

 

The post ЦУК: За 24 часа имало 1.626 повици на 112, потрага по исчезнато лице и 4 пожари на отворено appeared first on Република.

]]>

Во последното деноноќие, според пристигнатите директни информации од граѓаните во Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од институциите од Системот за управување со кризи (СУК), имало четири регистрирани пожари на отворено, вкупно 1.626 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 и една потрага по исчезнато лице.
Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје, во текот на деноноќието, гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 3.000 m2 кај с.Зелениково, противпожарна единица ТППЕ Прилеп гаснела запалена ниска вегетација во близина на училиштето „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, пожарникарите од Штип гаснеле запалена нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација помеѓу селата Горни Балван и Горно Трогирци и пожарникарите од Куманово гаснеле запалена сува трева и ниска вегетација кај с.Љубодраг. Според последниот извештај на секторот Е-112 во ЦУК кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.626. „Реални“ повици за итни случаи имало 34.93 %. Имало 65.07 % други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или не биле итни. Кон Полицијата биле упатени 46.83 % од повиците, кон Итната медицинска помош 46.83 %, а кон пожарникарите биле упатени 2.53 %, за АМСМ имало 1.28 % и кон ЦУК имало 7.59 % од итните реални повици за комбинирано решавање, секако заедно со другите 65.07 %, именувани и како „неитни повици“. ЦУК, преку својот Сектор за операции и координација ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, соопштија од ЦУК.
 

The post ЦУК: За 24 часа имало 1.626 повици на 112, потрага по исчезнато лице и 4 пожари на отворено appeared first on Република.

]]>
Пензионерка од Романија лани се јавила 11.000 пати на 112 без никаква причина https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/penzionerka-od-romanija-lani-se-javila-11-000-pati-na-112-bez-nikakva-prichina/ Tue, 14 Feb 2023 10:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=608760

Пензионерка од градот Браила, Романија, лани за цела година 11.000 пати се јавила на телефонскиот број за итни случаи 112 - без никаква причина.

Аурелија Санду се јавувала секој ден и барем еднаш во еден час, а како причина ги наведувала и караниците со соседите. Одговорните за повиците ја известиле и полицијата, па докажано неоснованите жалби ѝ донеле казна на Романката од 2.000 леи (околу 410 евра). Но, ни тоа не ја спречило жената.

Се чини, Санду не е единствената... Истата оваа 2022 година, човек од Вранча над 5.000 пати се јавил на единствениот број за итни повици - само за да ги навреди операторите на Специјалната телекомуникациска служба.

Луѓето се јавуваат затоа што им е досадно, зашто мислат дека е смешно, или пак, 'мораат' да пријават измислени злосторства“, велат од службата за тамошните медиуми.

Само во 2022 година на телефонскиот број биле регистрирани четири милиони неосновани повици, според извештаи на романската полиција.

The post Пензионерка од Романија лани се јавила 11.000 пати на 112 без никаква причина appeared first on Република.

]]>

Пензионерка од градот Браила, Романија, лани за цела година 11.000 пати се јавила на телефонскиот број за итни случаи 112 - без никаква причина. Аурелија Санду се јавувала секој ден и барем еднаш во еден час, а како причина ги наведувала и караниците со соседите. Одговорните за повиците ја известиле и полицијата, па докажано неоснованите жалби ѝ донеле казна на Романката од 2.000 леи (околу 410 евра). Но, ни тоа не ја спречило жената. Се чини, Санду не е единствената... Истата оваа 2022 година, човек од Вранча над 5.000 пати се јавил на единствениот број за итни повици - само за да ги навреди операторите на Специјалната телекомуникациска служба.
Луѓето се јавуваат затоа што им е досадно, зашто мислат дека е смешно, или пак, 'мораат' да пријават измислени злосторства“, велат од службата за тамошните медиуми.
Само во 2022 година на телефонскиот број биле регистрирани четири милиони неосновани повици, според извештаи на романската полиција.

The post Пензионерка од Романија лани се јавила 11.000 пати на 112 без никаква причина appeared first on Република.

]]>
Службата за итни повици 112 добила над 500 илјади повици, 160 илјади од нив биле за реален проблем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sluzhbata-za-itni-povitsi-112-dobila-nad-500-iljadi-povitsi-160-iljadi-od-niv-bile-za-realen-problem/ Sat, 11 Feb 2023 13:50:55 +0000 https://republika.mk/?p=607749

Минатата година преку бројот за итни повици Е-112 се примени над 500 илјади повици. Од нив, само 160 илјади или 31,5 проценти се реални појдовни повици по кои е постапено, односно биле неопходно оправдани операторите на Центарот за управување со кризи да ги проследат.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, по повод една година функционирање во ЦУК на Европскиот единствен телефонски број за итни случаи во државава ги претстави ерзултаите од работењето. Од 160 илјади повици околу 49,6 биле упатени кон МВР, кон Итната медицинска помош завршиле 42 проценти, кон територијалните противпожарни единици вклучително и скопската завршиле пет проценти, а кон ЦУК завршиле 3,3 проценти од добиените повици.

Бројот 112 во себе ги обединува сите телефонски броеви за итни повици односно. Доколку граѓанинот се јави на 112 може да добие помош од полиција, брза помош, од ТТПЕ, но и од Секторот за операции и координации при ЦУК, којшто функционираше под бројот 195, број којшто веќе не е функционален, но доколку и граѓаните се јават на 195 самиот систем ќе ги насочи кај нашите колтекери 112. На тој начиn, Секторот за операција и координација при ЦУК помогна на македонските граѓани да бидат надминати состојби коишто претставуваат опасност по нивниот живот, здравје, и материјални добра а коишто се надвор од надлежностите на полицијата, од итната медицинска помош или на ТТПЕ и на тој начин самиот овој сектор за координација и операции тесно се испреплетува со секторот 112, вели Ангелов.

Во наредните недели очекуваат комплетните повици кон МВР исто така да бидат насочени кон бројот 112.

Се работи на завршните подготовки. До крајот на февруари завршува периодот кога италијанскта компанија Бета 80 чиј софтвер е база на системот 112 да помогне за целосно пренасочување на броевите од 192 кон 112. Тоа значи кога некој граѓанин има потреба од полиција и ќе се јави на бројот 192 самиот систем ќе го префрли кај нашите оперативци од 112 кој потоа ќе го пренасочат телефонскиот повик онаму каде што е потребно. Нашите оперативци во одредени сложени состојби истовремено можат да го упатат повикот на повеќе места истовремено и кон полиција и брза помош и ТТПЕ. Нашата цел е да го надградуваме овој систем во наредните неколку години, рече Ангелов.

Ивица Додевски, раководител на Одделението за примање повици, појасни дека работата во системот 112 е организирана во две одделенија - за управување со повици кон бројот 112, и за контрола на квалитет. Во Одделението за управување со повици се и регионалните центри кои ја покриваат територијата на целата држава, а работа, како што посочи, е организирана во смени. Работата на Одделението за контрола на квалитет, пак, е следење и постојано оценување на работата на операторите кои се на одделението за управување со повиците.

Операторите работат во услови каде што се среќаваат со секакви јавувачи, се обидуват да останат смирени, да ги примат сите повици и секој граѓанин да биде услужен. Злонамерните повици ќе ги пренасочуваме во т.н. црна листа каде што се трудиме да го ограничиме бројот на такви повици кои секако ќе бидат известени за повикот зошто не треба да го злоупотребуваат бројот. Така што, се намалува бројот и граѓаните на кои навистина им е потребна помош ќе бидат услужени, вели Додевски.

Најавите за функционирање на Е-112 и во нашата држава датираат одамна, а поконкретните чекори почнаа од 2016 година преку европски проект за воспоставување телефонскиот број за итни повици, случаи, Е-112 во рамки на програмата за финансирање „ИПА 2“.

Со тоа, преку Европската комисија, претставувана од Делегацијата на ЕУ во Скопје, со овој проект што сега веќе една година е реализиран, функционален и се доразвива во ЦУК, се придонесе да се исполни обврската на нашата држава за да се усогласи со европската директива 2008/113/ЕС при пристапните преговори со ЕУ, при што беше предвидено дека Е-112 треба да биде целосно имплементиран, велат од ЦУК.

Општата цел на тој процес на имплементација, како што велат, беше во насока да се зајакнат капацитетите на соодветните институции, за да се обезбеди континуирана координација, навремена реакција, ефикасно и соодветно искористување на расположливите можности и ресурси во случај на криза, како и навремена, квалитетна и реална проценка на ризици и закани за безбедноста на земјата.

The post Службата за итни повици 112 добила над 500 илјади повици, 160 илјади од нив биле за реален проблем appeared first on Република.

]]>

Минатата година преку бројот за итни повици Е-112 се примени над 500 илјади повици. Од нив, само 160 илјади или 31,5 проценти се реални појдовни повици по кои е постапено, односно биле неопходно оправдани операторите на Центарот за управување со кризи да ги проследат. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, по повод една година функционирање во ЦУК на Европскиот единствен телефонски број за итни случаи во државава ги претстави ерзултаите од работењето. Од 160 илјади повици околу 49,6 биле упатени кон МВР, кон Итната медицинска помош завршиле 42 проценти, кон територијалните противпожарни единици вклучително и скопската завршиле пет проценти, а кон ЦУК завршиле 3,3 проценти од добиените повици.
Бројот 112 во себе ги обединува сите телефонски броеви за итни повици односно. Доколку граѓанинот се јави на 112 може да добие помош од полиција, брза помош, од ТТПЕ, но и од Секторот за операции и координации при ЦУК, којшто функционираше под бројот 195, број којшто веќе не е функционален, но доколку и граѓаните се јават на 195 самиот систем ќе ги насочи кај нашите колтекери 112. На тој начиn, Секторот за операција и координација при ЦУК помогна на македонските граѓани да бидат надминати состојби коишто претставуваат опасност по нивниот живот, здравје, и материјални добра а коишто се надвор од надлежностите на полицијата, од итната медицинска помош или на ТТПЕ и на тој начин самиот овој сектор за координација и операции тесно се испреплетува со секторот 112, вели Ангелов.
Во наредните недели очекуваат комплетните повици кон МВР исто така да бидат насочени кон бројот 112.
Се работи на завршните подготовки. До крајот на февруари завршува периодот кога италијанскта компанија Бета 80 чиј софтвер е база на системот 112 да помогне за целосно пренасочување на броевите од 192 кон 112. Тоа значи кога некој граѓанин има потреба од полиција и ќе се јави на бројот 192 самиот систем ќе го префрли кај нашите оперативци од 112 кој потоа ќе го пренасочат телефонскиот повик онаму каде што е потребно. Нашите оперативци во одредени сложени состојби истовремено можат да го упатат повикот на повеќе места истовремено и кон полиција и брза помош и ТТПЕ. Нашата цел е да го надградуваме овој систем во наредните неколку години, рече Ангелов.
Ивица Додевски, раководител на Одделението за примање повици, појасни дека работата во системот 112 е организирана во две одделенија - за управување со повици кон бројот 112, и за контрола на квалитет. Во Одделението за управување со повици се и регионалните центри кои ја покриваат територијата на целата држава, а работа, како што посочи, е организирана во смени. Работата на Одделението за контрола на квалитет, пак, е следење и постојано оценување на работата на операторите кои се на одделението за управување со повиците.
Операторите работат во услови каде што се среќаваат со секакви јавувачи, се обидуват да останат смирени, да ги примат сите повици и секој граѓанин да биде услужен. Злонамерните повици ќе ги пренасочуваме во т.н. црна листа каде што се трудиме да го ограничиме бројот на такви повици кои секако ќе бидат известени за повикот зошто не треба да го злоупотребуваат бројот. Така што, се намалува бројот и граѓаните на кои навистина им е потребна помош ќе бидат услужени, вели Додевски.
Најавите за функционирање на Е-112 и во нашата држава датираат одамна, а поконкретните чекори почнаа од 2016 година преку европски проект за воспоставување телефонскиот број за итни повици, случаи, Е-112 во рамки на програмата за финансирање „ИПА 2“.
Со тоа, преку Европската комисија, претставувана од Делегацијата на ЕУ во Скопје, со овој проект што сега веќе една година е реализиран, функционален и се доразвива во ЦУК, се придонесе да се исполни обврската на нашата држава за да се усогласи со европската директива 2008/113/ЕС при пристапните преговори со ЕУ, при што беше предвидено дека Е-112 треба да биде целосно имплементиран, велат од ЦУК.
Општата цел на тој процес на имплементација, како што велат, беше во насока да се зајакнат капацитетите на соодветните институции, за да се обезбеди континуирана координација, навремена реакција, ефикасно и соодветно искористување на расположливите можности и ресурси во случај на криза, како и навремена, квалитетна и реална проценка на ризици и закани за безбедноста на земјата.

The post Службата за итни повици 112 добила над 500 илјади повици, 160 илјади од нив биле за реален проблем appeared first on Република.

]]>
ЦУК: На бројот 112 се примаат во просек по 1.400 повици дневно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/cuk-na-brojot-112-se-primaat-vo-prosek-po-1-400-povici-dnevno/ Fri, 02 Sep 2022 08:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=546647

Од почетокот на функционирање на единствениот број за итни случаи во земјава, дневно се примаат по нешто повеќе од 1 400 повици.

Според статистиката која денеска ја објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), во периодот од 11 февруари до 1 септември годинава, на телефонскиот број 112 примени се вкупно 287 842 повици или во просек 1 425 повици дневно.

Во февруари, кога се примаа само повици само од територијата на Скопје, примени се 11 321 повициили во просек околу 629 повици дневно.

Од 1 март кога започна приемот на повици на 112 од цела територија на Македонија, примени се 55 767 повици и просекот за март е 1 799 повици дневно.

Во април примени се 42 100 повици или во просек 1 403 повици дневно, додека во 44 839 повици или во просек 1 446 повици дневно.

Во јуни примени се 41 759 повици или во просек 1 392 повици дневно, во јули 44 467 повици или во просек 1 434 повици дневно и во август примени се 47 553 повици или во просек 1 534 повици дневно.

Со вртење на бројот 112, во најкраток можен роксе добиваат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата.

Воспоставувањето на целиот систем на бројот 112 за итни случаи беше поддржано од Европската Унија со 2,3 милиони евра, вклучувајќи хардвер, софтвер, како и стручна помош. Директен корисник е Центарот за управување со кризи.

Итниот број 112 е предвиден како додаток на постојните броеви за итни случаи и како едношалтерски сервис за сите потреби на граѓаните. Телефонските броеви 192, 193 или 194 ќе продолжат да функционираат најмалку уште една година.

 

The post ЦУК: На бројот 112 се примаат во просек по 1.400 повици дневно appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на функционирање на единствениот број за итни случаи во земјава, дневно се примаат по нешто повеќе од 1 400 повици. Според статистиката која денеска ја објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), во периодот од 11 февруари до 1 септември годинава, на телефонскиот број 112 примени се вкупно 287 842 повици или во просек 1 425 повици дневно. Во февруари, кога се примаа само повици само од територијата на Скопје, примени се 11 321 повициили во просек околу 629 повици дневно. Од 1 март кога започна приемот на повици на 112 од цела територија на Македонија, примени се 55 767 повици и просекот за март е 1 799 повици дневно. Во април примени се 42 100 повици или во просек 1 403 повици дневно, додека во 44 839 повици или во просек 1 446 повици дневно. Во јуни примени се 41 759 повици или во просек 1 392 повици дневно, во јули 44 467 повици или во просек 1 434 повици дневно и во август примени се 47 553 повици или во просек 1 534 повици дневно. Со вртење на бројот 112, во најкраток можен роксе добиваат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата. Воспоставувањето на целиот систем на бројот 112 за итни случаи беше поддржано од Европската Унија со 2,3 милиони евра, вклучувајќи хардвер, софтвер, како и стручна помош. Директен корисник е Центарот за управување со кризи. Итниот број 112 е предвиден како додаток на постојните броеви за итни случаи и како едношалтерски сервис за сите потреби на граѓаните. Телефонските броеви 192, 193 или 194 ќе продолжат да функционираат најмалку уште една година.  

The post ЦУК: На бројот 112 се примаат во просек по 1.400 повици дневно appeared first on Република.

]]>