11 септември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/11-septemvri/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Sep 2022 16:35:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 11 септември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/11-septemvri/ 32 32 Се одбележува 21 година од терористичкиот напад врз САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-odbelezuva-21-godina-od-teroristichkiot-napad-vrz-sad/ Sun, 11 Sep 2022 16:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=549757

Денеска се одбележува 21-годишнината од терористичките напади на САД во кои загинаа околу 3.000 луѓе, а повеќе од 25.000 беа повредени.

Терористичкиот напад врз кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк и врз зградата на Пентагон го извршија членови на Ал Каеда со киднапирани патнички авиони.

Деветнаесет членови на Ал Каеда упаднаа во кабините на четири патнички авиони и ја презедоа контролата. Авион на „Американ ерлајнс“ влетал во северната кула СТЦ во долниот дел на Менхетен, а дваесет минути подоцна авион на „Јунајтед ерлајнс“ удрил во јужната кула.

Двете кули со по 110 ката се урнаа за помалку од два часа, што предизвика значителна штета и на околните згради. Трет авион киднапиран над Охајо се урна во западната страна на Пентагон, предизвикувајќи уривање на зградата. Четвртиот авион се упатил кон Вашингтон, но се урнал во поле во Пенсилванија откако патниците влегле во кабината и се бореле со киднаперите за контрола.

По нападот, САД официјално започнаа војна против тероризмот и притисок врз Авганистан да ги собори Талибанците, кои го одбија барањето на Вашингтон да го протераат лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Бин Ладен ја презеде одговорноста за нападите на 11 септември во 2004 година, наведувајќи ја поддршката за Израел и присуството на американската војска во Ирак и Саудиска Арабија како мотив.

Седум години подоцна, Бин Ладен беше убиен.

Терористичкиот напад од 11 септември 2001 година е меѓу најзначајните настани што се случија од почетокот на 21 век, во однос на општите економски, социјални, културни и воени последици што следеа во САД и остатокот од светот. На местото на кулите „близначки“ во Њујорк е подигнат споменик на жртвите, а изграден е и нов Светски трговски центар.

Во Њујорк денеска со низа церемонии се одбележува 21 година од терористичките напади.

The post Се одбележува 21 година од терористичкиот напад врз САД appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележува 21-годишнината од терористичките напади на САД во кои загинаа околу 3.000 луѓе, а повеќе од 25.000 беа повредени.
Терористичкиот напад врз кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк и врз зградата на Пентагон го извршија членови на Ал Каеда со киднапирани патнички авиони. Деветнаесет членови на Ал Каеда упаднаа во кабините на четири патнички авиони и ја презедоа контролата. Авион на „Американ ерлајнс“ влетал во северната кула СТЦ во долниот дел на Менхетен, а дваесет минути подоцна авион на „Јунајтед ерлајнс“ удрил во јужната кула. Двете кули со по 110 ката се урнаа за помалку од два часа, што предизвика значителна штета и на околните згради. Трет авион киднапиран над Охајо се урна во западната страна на Пентагон, предизвикувајќи уривање на зградата. Четвртиот авион се упатил кон Вашингтон, но се урнал во поле во Пенсилванија откако патниците влегле во кабината и се бореле со киднаперите за контрола.
По нападот, САД официјално започнаа војна против тероризмот и притисок врз Авганистан да ги собори Талибанците, кои го одбија барањето на Вашингтон да го протераат лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Бин Ладен ја презеде одговорноста за нападите на 11 септември во 2004 година, наведувајќи ја поддршката за Израел и присуството на американската војска во Ирак и Саудиска Арабија како мотив. Седум години подоцна, Бин Ладен беше убиен. Терористичкиот напад од 11 септември 2001 година е меѓу најзначајните настани што се случија од почетокот на 21 век, во однос на општите економски, социјални, културни и воени последици што следеа во САД и остатокот од светот. На местото на кулите „близначки“ во Њујорк е подигнат споменик на жртвите, а изграден е и нов Светски трговски центар. Во Њујорк денеска со низа церемонии се одбележува 21 година од терористичките напади.

The post Се одбележува 21 година од терористичкиот напад врз САД appeared first on Република.

]]>
САД одбележуваат 21 година од нападите на 11 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-odbelezuvaat-21-godina-od-napadite-na-11-septemvri/ Sun, 11 Sep 2022 09:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=549658

Денеска се навршуваат 21 година од киднапирањето на четири патнички авиони од страна на исламски терористи во САД и најголемите терористички напади во модерната историја.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се обрати по тој повод и ќе положи венец во Пентагон, соопшти Белата куќа.

Првата дама Џил Бајден ќе зборува на Националниот споменик на летот 93 во Шенксвил, Пенсилванија.

Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг ќе присуствуваат на комеморативна церемонија во Националниот меморијален центар 11 септември во Њујорк.

Во вторникот на 11 септември 2001 година, бомбаши самоубијци киднапираа американски патнички авиони и ги урнаа во двете кули близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, убивајќи илјадници луѓе.

Првиот авион удри во Северната кула во 08:46 часот по средноевропско време, вториот удри во Јужната кула во 09:03 часот по средноевропско време.

Зградите се запалија, заробувајќи луѓе на горните катови, а целиот град беше обвиен во густ чад.

За помалку од два часа и двете кули од 110 ката се урнаа.

Во 09:37 трет авион го уништи западното крило на Пентагон – огромниот штаб на американската војска во близина на Вашингтон, главниот град на земјата.

Четвртиот авион се урна во поле во Пенсилванија во 10:03 часот откако патниците ги совладале киднаперите.

Се верува дека терористите планирале да ја нападнат зградата на Капитол во Вашингтон.

Во нападите загинаа вкупно 2.977 луѓе, не сметајќи ги 19-те киднапери.

Нападите од Авганистан ги испланирала на екстремистичката исламистичка мрежа Ал Каеда.

Предводена од Осама бин Ладен, Ал Каеда ги обвини САД и нивните сојузници за војната во муслиманскиот свет.

Киднапирањето го извршиле 19 лица, кои работеле во три тима од по пет члена и еден од четири – во авионот што се урна во Пенсилванија.

Секоја група имала по некој кој поминал обука за пилоти во школите за летање во САД. Петнаесет од киднаперите биле Саудијци, како и самиот Бин Ладен. Двајца биле од Обединетите Арапски Емирати, еден од Египет и еден од Либан.

Помалку од еден месец по нападот, тогашниот американски претседател Џорџ Буш почна инвазија врз Авганистан, поддржана од меѓународната коалиција, за да се искорени Ал Каеда и да се најде Бин Ладен.

Меѓутоа, дури во 2011 година американската војска конечно го лоцира и го уби Бин Ладен во соседен Пакистан.

Наводниот организатор на нападите од 11 септември, Калид Шеик Мохамед, беше уапсен во Пакистан во 2003 година.

Оттогаш, тој се наоѓа во американскиот затвор во заливот Гвантанамо, каде што сè уште чека судење.

Беа потребни повеќе од осум месеци за да се расчисти „Нулта точката“ – местото каде што се урнаа кулите близначки.

На таа локација сега има споменик и музеј, а зградите повторно се изградени, но со поинаков изглед.

Завршената централна зграда – Светскиот трговски центар Еден или „Кулата на слободата“ – е уште повисока (541 метар) од првобитната Северна кула, која беше висока 417 метри.

Реновирањето на Пентагон траеше нешто помалку од една година, а персоналот се врати во канцелариите во август 2002 година.

The post САД одбележуваат 21 година од нападите на 11 септември appeared first on Република.

]]>

Денеска се навршуваат 21 година од киднапирањето на четири патнички авиони од страна на исламски терористи во САД и најголемите терористички напади во модерната историја. Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе се обрати по тој повод и ќе положи венец во Пентагон, соопшти Белата куќа. Првата дама Џил Бајден ќе зборува на Националниот споменик на летот 93 во Шенксвил, Пенсилванија. Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг ќе присуствуваат на комеморативна церемонија во Националниот меморијален центар 11 септември во Њујорк. Во вторникот на 11 септември 2001 година, бомбаши самоубијци киднапираа американски патнички авиони и ги урнаа во двете кули близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, убивајќи илјадници луѓе. Првиот авион удри во Северната кула во 08:46 часот по средноевропско време, вториот удри во Јужната кула во 09:03 часот по средноевропско време. Зградите се запалија, заробувајќи луѓе на горните катови, а целиот град беше обвиен во густ чад. За помалку од два часа и двете кули од 110 ката се урнаа. Во 09:37 трет авион го уништи западното крило на Пентагон – огромниот штаб на американската војска во близина на Вашингтон, главниот град на земјата. Четвртиот авион се урна во поле во Пенсилванија во 10:03 часот откако патниците ги совладале киднаперите. Се верува дека терористите планирале да ја нападнат зградата на Капитол во Вашингтон. Во нападите загинаа вкупно 2.977 луѓе, не сметајќи ги 19-те киднапери. Нападите од Авганистан ги испланирала на екстремистичката исламистичка мрежа Ал Каеда. Предводена од Осама бин Ладен, Ал Каеда ги обвини САД и нивните сојузници за војната во муслиманскиот свет. Киднапирањето го извршиле 19 лица, кои работеле во три тима од по пет члена и еден од четири – во авионот што се урна во Пенсилванија. Секоја група имала по некој кој поминал обука за пилоти во школите за летање во САД. Петнаесет од киднаперите биле Саудијци, како и самиот Бин Ладен. Двајца биле од Обединетите Арапски Емирати, еден од Египет и еден од Либан. Помалку од еден месец по нападот, тогашниот американски претседател Џорџ Буш почна инвазија врз Авганистан, поддржана од меѓународната коалиција, за да се искорени Ал Каеда и да се најде Бин Ладен. Меѓутоа, дури во 2011 година американската војска конечно го лоцира и го уби Бин Ладен во соседен Пакистан. Наводниот организатор на нападите од 11 септември, Калид Шеик Мохамед, беше уапсен во Пакистан во 2003 година. Оттогаш, тој се наоѓа во американскиот затвор во заливот Гвантанамо, каде што сè уште чека судење. Беа потребни повеќе од осум месеци за да се расчисти „Нулта точката“ – местото каде што се урнаа кулите близначки. На таа локација сега има споменик и музеј, а зградите повторно се изградени, но со поинаков изглед. Завршената централна зграда – Светскиот трговски центар Еден или „Кулата на слободата“ – е уште повисока (541 метар) од првобитната Северна кула, која беше висока 417 метри. Реновирањето на Пентагон траеше нешто помалку од една година, а персоналот се врати во канцелариите во август 2002 година.

The post САД одбележуваат 21 година од нападите на 11 септември appeared first on Република.

]]>