11 роденден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/11-rodenden/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Mar 2023 10:56:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 11 роденден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/11-rodenden/ 32 32 Со 150. изведба на „Стјуардеси“ Театар Комедија го слави 11-от роденден https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-150-izvedba-na-stjuardesi-teatar-komedija-go-slavi-11-ot-rodenden/ Mon, 27 Mar 2023 10:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=624210

Со 150-та изведба на претставата „Стјуардеси“, на Светскиот ден на театарот, Театар Комедија слави 11 години од формирањето на оваа Национална установа.

Театар Комедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година, а своето официјално отворање го означи со премиерното прикажување на претставата „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски, и тоа на Светскиот ден на театарот – 27 март, 2012 година.

Од основањето па до 2014 година, кога „се всели“ во зградата на некогашниот Театар Центар, ја користеше сцената на Драмски театар – Скопје.

Театар Комедија е жанровски определен театар, кој ги негува сите подвидови на комедијата и на својот репертоар вбројува праизведби од македонски автори, комедии од класиците на светската книжевност и современи комедии од светската драматургија.

„Стјуардеси“ е во режија на Синиша Евтимов, а премиерата беше на 6 декември 2013. Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Ева Скендеровска/Кристина Ласовска, Нина Деан/Жаклина Петровска и Тања Мицков.

The post Со 150. изведба на „Стјуардеси“ Театар Комедија го слави 11-от роденден appeared first on Република.

]]>

Со 150-та изведба на претставата „Стјуардеси“, на Светскиот ден на театарот, Театар Комедија слави 11 години од формирањето на оваа Национална установа. Театар Комедија како национална институција е формиран во ноември 2011 година, а своето официјално отворање го означи со премиерното прикажување на претставата „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски, и тоа на Светскиот ден на театарот – 27 март, 2012 година. Од основањето па до 2014 година, кога „се всели“ во зградата на некогашниот Театар Центар, ја користеше сцената на Драмски театар – Скопје. Театар Комедија е жанровски определен театар, кој ги негува сите подвидови на комедијата и на својот репертоар вбројува праизведби од македонски автори, комедии од класиците на светската книжевност и современи комедии од светската драматургија. „Стјуардеси“ е во режија на Синиша Евтимов, а премиерата беше на 6 декември 2013. Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Ева Скендеровска/Кристина Ласовска, Нина Деан/Жаклина Петровска и Тања Мицков.

The post Со 150. изведба на „Стјуардеси“ Театар Комедија го слави 11-от роденден appeared first on Република.

]]>