100-та трансплатација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/100-ta-transplatacija/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Dec 2022 14:01:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 100-та трансплатација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/100-ta-transplatacija/ 32 32 Пациентот си заминува дома: Бевме уиграни, како да ни е 100-та интервенција, кажа проф. д-р Караџов кој го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на црн дроб https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pacientot-si-zaminuva-doma-bevme-uigrani-kako-da-ni-e-100-ta-intervencija-kaza-prof-d-r-karadzov-koj-go-predvodeshe-timot-koj-ja-izvrshi-prvata-transplantacija-na-crn-drob/ Tue, 13 Dec 2022 12:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=585125

По три недели 60-годишниот пациент кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб во Македонија ја напушта клиниката и си оди дома, соопштија денеска на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали и дел од лекарскиот тим кој учестуваше во интервенцијата.

Успешно го завршивме овој проект. Пациентот ја напушта нашата Клиника и си оди дома. Ова е само дел од тимот кој е одговорен и заслужен за успешната приказна со трансплантацијата на црн дроб од почнат донатор. Во тимот беа вклучени уште многу медицински лица, кои за жал денеска не можеа да присустуваат на прес-конференцијата. Оваа интервенција бара мултидисциплинраен пристап. Станува збор за сложен проект во однос на другите трансплантации. Нам ни претставува чест и задоволство да сме тука со дел од тимот, изјави денеска директорот на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија проф. д-р Зоран Караџов.

Тој заедно со асс. д-р Ќемал Рушити го предводеа хируршкиот кој го изврши оперативниот зафат за екстрипација на црниот дроб од дарителот.

Проф. д-р Караџов потенцираше дека станува збор за успешна трансплантација, за пациент кој со новиот орган станува здрав член на ова општество. Со ова Македонија и Клиниката за дигестивна хирургија стануваат дел од државите и клиниките каде што се извршуваат овие трансплантации.

Ова немаше да биде можно, ако немавме дарител. Затоа сакам да се заблагодарам на семејството на дарителот, кој на ваков начин покажа хуманост, овозможувајќи на друг човек да продолжи да живее. За тоа сме им многу благодарни. Оваа приказна не е краткотрајна, пред да се реализира, бараше многу труд, посветеност, разни откажувања. Но, сето тоа се заборава кога приказната има успешен крај, рече проф. д-р Караџов.

Тој објасни дека интервенцијата кај пациентот е правена по актуелните протоколи и поминала без никакви проблеми.

Бевме уигран тим, како да ни беше 100-та операција. Тоа беше голема сатисфакција за нас како Клиника. Се надевам дека ќе продолжиме и понатаму. Ќе ни треба соработка со другите инстутции, посебна благодарност до Клиниката за Гастроентерохепатологија од каде што ги добиваме пациентите. Сите сме возбудени и среќни што во Македонија се реализира ваков капитеален проект, додаде проф. д-р Караџов.

Пред три недели на Клиниката за дигестивна хирурија се изврши првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство. Беше спасен животот на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб. Тој доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство се согласи да ги донира органите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/solzi-radosnici-posle-prvata-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor/

Нема ништо посреќно за нас кога пациентот си оди дома и кога знаеме дека успешно е завршена работата. Сакам да се заблагодарам на сите семејства досега кои ги донирале органите за да можеме и ние да спасиме живот и да трансплантираме органи и пациентите да си отидат дома.  Таков чин на благородност, хуманост, човечка љубов е тоа што нас нè мотивира и ни дава уште поголем поттик да работиме уште повеќе и да успееме да пронајдеме органи за други пациенти, изјави д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантациија.

Таа рече дека за време на пандемијата со ковид-19 во другите земји програмите за трансплатација биле успорени, но, за среќа, кај нас во тој период се направи најголемиот исчекор.

Ова немаше да биде можно ако немаше тимска работа, рече д-р Мојсова.

Ова беше шестта трансплантација годинава од починат донор, прва на црн дроб во историјата на македонското здравство.

Во тимот кој ја направи првата трансплантација учествуваа и д-р Љубомир Огњеновиќ, д-р Ќемаљ Рушити од Клиниката за дигестивна хирургија, како и нивните колеги лекари, клиничкиот фармацевт и медицинските сестри. Тимот анестезиолози од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) кои го водеа реципиентот, предводени од прим. д-р Татјана Спировска. Дарителот го подготвија екипите од Клиниката за гастроентерохепатологија, предводени од д-р Бети Тодоровска и д-р Елена Цуракова-Ристевска.

Учествуваа и екипите од Клиниката за урологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за трансфузиологија, и болничките координатори, кои го процесираат пациентот во мозочна смрт, предводени од д-р Мојсова-Мијовска, д-р Билјана Андоновска, како и медицинските сестри, инструментарки и вработените во лабораториите.

Заедничката и тимска работа на над 100 лекари, медицински сестри и административен персонал резултираше оваа година да се трансплантираат 10 бубрези од починат донатор, две срца кај тешки пациенти, беа извршени 10 имплантации на коскени ткива. За последните две години тоа се вкупно осум срца, 30 бубрези, 20 коскени ткива и еден црн дроб.

Проф. д-р Светозар Антовиќ, кој го предводеше хируршкиот тим кој ја изврши трансплантацијата рече дека кадаверичната трансплантација дава најмногу резултати и затоа мора да се продолжи и да се подигне свеста кај граѓаните колку е важно органодарителството.

The post Пациентот си заминува дома: Бевме уиграни, како да ни е 100-та интервенција, кажа проф. д-р Караџов кој го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на црн дроб appeared first on Република.

]]>

По три недели 60-годишниот пациент кому му беше извршена првата трансплантација на црн дроб во Македонија ја напушта клиниката и си оди дома, соопштија денеска на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали и дел од лекарскиот тим кој учестуваше во интервенцијата.
Успешно го завршивме овој проект. Пациентот ја напушта нашата Клиника и си оди дома. Ова е само дел од тимот кој е одговорен и заслужен за успешната приказна со трансплантацијата на црн дроб од почнат донатор. Во тимот беа вклучени уште многу медицински лица, кои за жал денеска не можеа да присустуваат на прес-конференцијата. Оваа интервенција бара мултидисциплинраен пристап. Станува збор за сложен проект во однос на другите трансплантации. Нам ни претставува чест и задоволство да сме тука со дел од тимот, изјави денеска директорот на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија проф. д-р Зоран Караџов.
Тој заедно со асс. д-р Ќемал Рушити го предводеа хируршкиот кој го изврши оперативниот зафат за екстрипација на црниот дроб од дарителот. Проф. д-р Караџов потенцираше дека станува збор за успешна трансплантација, за пациент кој со новиот орган станува здрав член на ова општество. Со ова Македонија и Клиниката за дигестивна хирургија стануваат дел од државите и клиниките каде што се извршуваат овие трансплантации.
Ова немаше да биде можно, ако немавме дарител. Затоа сакам да се заблагодарам на семејството на дарителот, кој на ваков начин покажа хуманост, овозможувајќи на друг човек да продолжи да живее. За тоа сме им многу благодарни. Оваа приказна не е краткотрајна, пред да се реализира, бараше многу труд, посветеност, разни откажувања. Но, сето тоа се заборава кога приказната има успешен крај, рече проф. д-р Караџов.
Тој објасни дека интервенцијата кај пациентот е правена по актуелните протоколи и поминала без никакви проблеми.
Бевме уигран тим, како да ни беше 100-та операција. Тоа беше голема сатисфакција за нас како Клиника. Се надевам дека ќе продолжиме и понатаму. Ќе ни треба соработка со другите инстутции, посебна благодарност до Клиниката за Гастроентерохепатологија од каде што ги добиваме пациентите. Сите сме возбудени и среќни што во Македонија се реализира ваков капитеален проект, додаде проф. д-р Караџов.
Пред три недели на Клиниката за дигестивна хирурија се изврши првата трансплантација на црн дроб од починат донор во историјата на македонскотo здравство. Беше спасен животот на 60-годишен пациент со хронична болест на црниот дроб. Тој доби здрав орган од пациентка во мозочна смрт чие семејство се согласи да ги донира органите. https://republika.mk/vesti/makedonija/solzi-radosnici-posle-prvata-transplantacija-na-crn-drob-od-pochinat-donor/
Нема ништо посреќно за нас кога пациентот си оди дома и кога знаеме дека успешно е завршена работата. Сакам да се заблагодарам на сите семејства досега кои ги донирале органите за да можеме и ние да спасиме живот и да трансплантираме органи и пациентите да си отидат дома.  Таков чин на благородност, хуманост, човечка љубов е тоа што нас нè мотивира и ни дава уште поголем поттик да работиме уште повеќе и да успееме да пронајдеме органи за други пациенти, изјави д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантациија.
Таа рече дека за време на пандемијата со ковид-19 во другите земји програмите за трансплатација биле успорени, но, за среќа, кај нас во тој период се направи најголемиот исчекор.
Ова немаше да биде можно ако немаше тимска работа, рече д-р Мојсова.
Ова беше шестта трансплантација годинава од починат донор, прва на црн дроб во историјата на македонското здравство. Во тимот кој ја направи првата трансплантација учествуваа и д-р Љубомир Огњеновиќ, д-р Ќемаљ Рушити од Клиниката за дигестивна хирургија, како и нивните колеги лекари, клиничкиот фармацевт и медицинските сестри. Тимот анестезиолози од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) кои го водеа реципиентот, предводени од прим. д-р Татјана Спировска. Дарителот го подготвија екипите од Клиниката за гастроентерохепатологија, предводени од д-р Бети Тодоровска и д-р Елена Цуракова-Ристевска. Учествуваа и екипите од Клиниката за урологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за трансфузиологија, и болничките координатори, кои го процесираат пациентот во мозочна смрт, предводени од д-р Мојсова-Мијовска, д-р Билјана Андоновска, како и медицинските сестри, инструментарки и вработените во лабораториите. Заедничката и тимска работа на над 100 лекари, медицински сестри и административен персонал резултираше оваа година да се трансплантираат 10 бубрези од починат донатор, две срца кај тешки пациенти, беа извршени 10 имплантации на коскени ткива. За последните две години тоа се вкупно осум срца, 30 бубрези, 20 коскени ткива и еден црн дроб. Проф. д-р Светозар Антовиќ, кој го предводеше хируршкиот тим кој ја изврши трансплантацијата рече дека кадаверичната трансплантација дава најмногу резултати и затоа мора да се продолжи и да се подигне свеста кај граѓаните колку е важно органодарителството.  