100 различни ретки дијагнози Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/100-razlichni-retki-dijagnozi/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Oct 2023 11:00:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 100 различни ретки дијагнози Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/100-razlichni-retki-dijagnozi/ 32 32 100 различни ретки дијагнози се опфатени во новата кампања „Ретко е да си редок“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/100-razlichni-retki-dijagnozi-se-opfateni-vo-novata-kampana-retko-e-da-si-redok/ Wed, 25 Oct 2023 11:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=694862

Здружението на пациенти „Ретко е да си редок“ од Охрид поддржано од Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ и стручниот лекарски колегиум со заеднички консултации и истражувања сигнале до 100 различни ретки дијагнози од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско - струшки регион.

Ретките болести се обработени со соодветни текстови и фотографии, лесни и разбирливи за сите, се со цел да предизвикаме поголема емпатија кон лицата кои се дијагностицирани како ретки во овој регион. Бидејќи истражувањето сè уште трае очекуваме дека бројот на дијагнози дополнително ќе се зголеми, вели Гордана Лолеска, претседателка на Здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид.

Кампањата која ќе започне во февруари 2024 година има информативно - едукативен карактер и на неа работеа над 40 еминентни професори и доктори од Клиничкиот центар Мајка Тереза од Скопје, како и докторите од здравствените установи од нашиот охридско - струшки регион - Охридската и Струшката болница, ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” - Охрид, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан” - Охрид како и доктори од многу приватни ординации од општина Охрид и општина Струга.

Она што навистина загрижува е бројноста и различноста на ретките болести во овој регион. За жал, стигнавме и до информации за ултра ретки дијагнози како што се Peching syndrome, Tyrosinemia type 1, Rett syndrome, Gitelman syndrome...

Сепак надежта останува и понатаму да не води и искрено се надеваме дека ова истражување ќе ни помогне на сите - нас како директно инволвирани страни да изработиме база на податоци која ќе ни послужи за планирање на следните активности во интерес на лицата со ретки болести, на семејствата меѓусебно поврзување и размена на искуства, а на сите останати поголемо разбирање за СÈ она со што се соочуваат лицата со ретките болести и нивните семејства, вели Лолеска.

Лолеска е задоволна од позитивниот ефект од кампањите и свесна дека помогнале и охрабриле многу пациенти и семејства да зборуваат јавно за својата болест.

Сигурни сме дека со овој проект уште повеќе ќе успееме да ја подигнеме јавната свест за ретките болести, ќе успееме да ги доближиме проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести и ќе ја имаме поддршката од пошироката јавност и институциите, додава Лолеска.

Проектот ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2024 во охридско - струшкиот регион - сезона VI е од едукативен карактер и има за цел подобро да бидат разбрани ретките пациенти и ретките дијагнози како и:

 да се согледа потребата од пренатална дијагностика
 да се согледа потребата од генетско испитување на целото семејство
 кога ретката болест се дијагностицира и начинот на нејзино дијагностицирање
 дали за ретката болест постои некаков третман
 МКБ идентификационен код на болеста
 број на заболени пациенти од истата дијагноза во Р.Македонија
 број на заболени пациенти од истата дијагноза во регионални, европски и светски рамки
 список на клиники кои може да помогнат во третманот на болеста
 дали во Р.Македонија е достапен некаков третман или лек за ретката болест
 дали во Р.Македонија има здруженија кои помагаат на пациентите со ретки болести и на нивните семејства
 обезбедување на корисни линкови и информации од социјалната заштита
 информации за електронскиот регистар на ретки болести

Во соработка со “Вики клуб” од Охрид планирано е да ја збогатиме и македонска Википедија со новите ретки дијагнози, на начин лесно достапен и разбирлив за сите.

 

The post 100 различни ретки дијагнози се опфатени во новата кампања „Ретко е да си редок“ appeared first on Република.

]]>

Здружението на пациенти „Ретко е да си редок“ од Охрид поддржано од Здружението за ретки болести „Живот со предизвици“ и стручниот лекарски колегиум со заеднички консултации и истражувања сигнале до 100 различни ретки дијагнози од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско - струшки регион.
Ретките болести се обработени со соодветни текстови и фотографии, лесни и разбирливи за сите, се со цел да предизвикаме поголема емпатија кон лицата кои се дијагностицирани како ретки во овој регион. Бидејќи истражувањето сè уште трае очекуваме дека бројот на дијагнози дополнително ќе се зголеми, вели Гордана Лолеска, претседателка на Здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид.
Кампањата која ќе започне во февруари 2024 година има информативно - едукативен карактер и на неа работеа над 40 еминентни професори и доктори од Клиничкиот центар Мајка Тереза од Скопје, како и докторите од здравствените установи од нашиот охридско - струшки регион - Охридската и Струшката болница, ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” - Охрид, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан” - Охрид како и доктори од многу приватни ординации од општина Охрид и општина Струга.
Она што навистина загрижува е бројноста и различноста на ретките болести во овој регион. За жал, стигнавме и до информации за ултра ретки дијагнози како што се Peching syndrome, Tyrosinemia type 1, Rett syndrome, Gitelman syndrome... Сепак надежта останува и понатаму да не води и искрено се надеваме дека ова истражување ќе ни помогне на сите - нас како директно инволвирани страни да изработиме база на податоци која ќе ни послужи за планирање на следните активности во интерес на лицата со ретки болести, на семејствата меѓусебно поврзување и размена на искуства, а на сите останати поголемо разбирање за СÈ она со што се соочуваат лицата со ретките болести и нивните семејства, вели Лолеска.
Лолеска е задоволна од позитивниот ефект од кампањите и свесна дека помогнале и охрабриле многу пациенти и семејства да зборуваат јавно за својата болест.
Сигурни сме дека со овој проект уште повеќе ќе успееме да ја подигнеме јавната свест за ретките болести, ќе успееме да ги доближиме проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести и ќе ја имаме поддршката од пошироката јавност и институциите, додава Лолеска.
Проектот ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ 2024 во охридско - струшкиот регион - сезона VI е од едукативен карактер и има за цел подобро да бидат разбрани ретките пациенти и ретките дијагнози како и:  да се согледа потребата од пренатална дијагностика  да се согледа потребата од генетско испитување на целото семејство  кога ретката болест се дијагностицира и начинот на нејзино дијагностицирање  дали за ретката болест постои некаков третман  МКБ идентификационен код на болеста  број на заболени пациенти од истата дијагноза во Р.Македонија  број на заболени пациенти од истата дијагноза во регионални, европски и светски рамки  список на клиники кои може да помогнат во третманот на болеста  дали во Р.Македонија е достапен некаков третман или лек за ретката болест  дали во Р.Македонија има здруженија кои помагаат на пациентите со ретки болести и на нивните семејства  обезбедување на корисни линкови и информации од социјалната заштита  информации за електронскиот регистар на ретки болести Во соработка со “Вики клуб” од Охрид планирано е да ја збогатиме и македонска Википедија со новите ретки дијагнози, на начин лесно достапен и разбирлив за сите.  

The post 100 различни ретки дијагнози се опфатени во новата кампања „Ретко е да си редок“ appeared first on Република.

]]>