100 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/100-godini/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 06:57:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 100 години Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/100-godini/ 32 32 Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-tsrniche-vikendov-se-slavat-100-godini-hram-sveta-petka/ Sat, 28 Sep 2024 07:17:49 +0000 https://republika.mk/?p=820462

Храмот „Св. Петка” во скопско Црниче викендов свечено ќе го одбележи 100-годишниот јубилеј.

Скопската епархија на МПЦ-ОА соопшти дека свеченоста ќе започне денеска со Вечерна богослужба во 17:30 часот.

Централната прослава, пак, ќе биде во недела со Божествената литургија со почеток во 09:00 часот.

The post Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ appeared first on Република.

]]>

Храмот „Св. Петка” во скопско Црниче викендов свечено ќе го одбележи 100-годишниот јубилеј. Скопската епархија на МПЦ-ОА соопшти дека свеченоста ќе започне денеска со Вечерна богослужба во 17:30 часот. Централната прослава, пак, ќе биде во недела со Божествената литургија со почеток во 09:00 часот.

The post Во Црниче викендов се слават 100 години храм „Света Петка“ appeared first on Република.

]]>
100 години од убиството на Тодор Александров https://arhiva3.republika.mk/kolumni/100-godini-od-ubistvoto-na-todor-aleksandrov/ Sat, 31 Aug 2024 16:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=811834

Никола Жежов

Историјата на македонското револуционерно движење во XX век паметела многу заговори, нерасчистени ликвидации, атентати кои оставиле трајни белези врз судбината на Македонија. ВМРО како организација станала место на бројни физички ликвидации, арена на крвави судири и влијанија на некои од балканските држави. Организацијата која ги одбележала годините помеѓу двете светски војни била место каде се судирале и амбициите за престиж, водство и лидерство што од своја страна предизвикувало фракционерски борби, прегрупирања што ја слабееле силата на ВМРО и ја правеле подложна на надворешни влијанија. Тодор Александров како водечка личност во ЦК на ВМРО во време од 13 години колку што бил во раководството на оваа македонска организација, успеал да создаде едно привидно единство, да ги сплоти различните теченија и струи и како резултат на неговото харизматично владеење да ја насочи борбата кон првобитната цел-автономна или независна македонска држава. Прагматичниот Александров успевал да ги држи настрана различните влијанија и надворешни интереси на странски фактори и релативно да ја зачува независноста на ВМРО. Во негово време, Организацијата станала влијателен фактор и во македонското револуционерно движење се издигнала како единствен репрезент на македонскиот народ во неговата борба за државност и независност. Тоа претставувало доволна причина, Тодор Александров да си создаде непријатели и во самата Организација, но и кај различни воено-политички фактори на Балканот и во Европа. Подемот на Александров претставувал аларм за негово отстранување од раководството на ВМРО. Кој се имаше мотив да го ликвидира харизматичниот вожд на ВМРО? Директните атентатори се познати, но нарачателите на неговото убиство и покрај бројните претпоставки, можно е сеуште да се добро скриени во сенката на историјата.

Планот за ликвидација на Тодор Александров веројатно бил подготвен повеќе месеци наназад од денот на самиот чин на убиството. Се чекал погодниот момент за неговото убиство. Тоа било во предвечерието на одржувањето на окружниот конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО кога Тодор Александров се обидувал да ги среди состојбите во Организацијата по бурните настани што следувале со потпишувањето на Мајскиот манифест и новата ориентација и цели на македонското револуционерно движење. Новата политика на Александров и поставувањето на ВМРО на македонски национални и државни позиции била еден од мотивите за неговото отстранување. Вториот мотив, којшто исто така бил пресуден да се активира изречената смртна пресуда врз Александров бил неговиот обид да ги отстрани финансиските аномалии што се јавиле во редовите на Организацијата и чии главни протагонисти биле одредени личности во самиот врв кои биле осомничени за проневера на милионски суми на организациони пари.

Според верзијата од архивата на ВМРО, базирана на искази на одделни нејзини членови, директната ликвидација на Тодор Александров ја предводел раководителот на Серскиот револуционерен округ на ВМРО, Алеко Василев-Пашата. Според исказот на Динчо Сугарски, заговорничката група се состоела од неколкумина четници и војводи на ВМРО кои ги координирал Алеко Пашата. Блиските соработници на Василев, најпрво се сретнале во селото Горна Сушица, каде во куќата на Гоце Манолев на групата и било соопштено дека треба да ги пречекаат Тодор Александров и Александар Протогеров. Војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров под заклетва им соопштиле на присутните дека по наредба на Алеко Василев треба да биде убиен водачот на ВМРО-Тодор Александров. Тоа претставувало гром од ведро небо за присутните, но и покрај тоа по извесно време сите се согласиле да го спроведуваат планот на Вретенаров и Влахов. Кон групата околу 11 часот се придружиле Александров, неговиот телохранител Панзо Зафиров и Александар Протогеров и сите заедно се упатиле кон селото Лопово. По пат Александров, без да ја претчувствува опасноста по неговиот живот бил весел и разговарал за различни теми со членовите на групата. Во близина на едно планинско изворче, групата застанала да се одмори и да каснат од храната што ја носеле со себе. По ручекот, Тодор Александров му ја дал својата пушка на Панзо Зафиров, но веднаш се придодал војводата Влахов кој побарал оружјето да го земе Динчо Сугарски за да не му биде на товар на личниот телохранител на Александров. Тоа всушност претставувало сигнал дека планот за ликвидација веќе започнал. Во близина на Сугарска река, Александров предложил да се застане за да се нахранат коњите. Тодор Александров и Александар Протогеров се тргнале настрана и започнале разговор, а по малку време легнале да отпочинат. Телохранителот Зафиров исто така задремал. Во тој момент, Сугарски ги тргнал коњите настрана, додека Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се доближиле до членовите на ЦК. Во исто време војводите стрелале кон Александров. Панзо Зафиров се разбудил и се обидел да дојде до својата пушка, но веднаш бил застрелан од од курирот Динчо Балкански. Александар Протогеров кој бил изненаден од молскавичната терористичка акција, се онесвестил. Штерју Влахов го утешувал генералот Протогеров дека на него ништо нема да му сторат и дека ќе го остават жив. Впрочем, при самиот чин на убиството на Александров според документите на Организацијата, Штерју Влахов извикал: „Место ти да ме убиеш, јас те убив. Ти толку невини души изеде, та и мене сакаше да ме изедеш“. Војводите Влахов и Вретенаров заедно со присутните набрзина ги сокриле труповите на убиените во блиската шума и се упатиле кон колибите во близина на селото Лопово каде што ги чекал Алеко Василев-Пашата. Подоцна, кога ВМРО спровела истрага за нарачателите на атентатот врз Тодор Александров, под силен притисок, од дел од македонските дејци пред се од Илинденската организација биле извлечени признанија дека зад ликвидацијата стоеле лично Алеко Василев-Пашата и Георги Атанасов, двајцата од раководството на Серскиот револуционерен округ на ВМРО.

На тој начин трагично завршил животот на Тодор Александров, еден од најхаризмаичните и најавторитетни водачи на ВМРО. Кој го испланирал атентатот врз Александров? Дали тоа навистина било спонатано убиство на неколку претенденти за неговото место во ЦК или неговата ликвидација имала многу подлабока позадина? Втората претпоставка е далеку поверојатна. Во прилог на тоа одат многу показатели кои не се воопшто случајни и имаат поврзаност помеѓу себе.

И покрај сите овие претпоставки, голема е веројатноста врз основа на документите и фактите, кругот на познати учесници во планот за ликвидација на Александров да застане кај Алеко Пашата и Георги Атанасов. Особено силен мотив за тоа биле најавите на водачот на ВМРО дека ќе се вложи во расчистувањето на сите матни финансиски зделки во кои биле вклучени последните двајца при што Петричко и околината ги претвориле во вистинско феудално владение или како што некои го нарекувале „пашалак“. Според сведенија од архивата на ВМРО на својата лична сметка, од трговијата со тутун и лихва од разни заеми, Алеко Василев-Пашата располагал со околу 7 милиони лева, додека Атанасов имал добивка од околу 2 милиони лева што претставувало вистинско богатство. Ваквата состојба во голем степен била неиздржлива и го подривала угледот на ВМРО во Пиринска Македонија, особено во Петричко. Тоа ги алармирало двајцата водечки личности на ВМРО во Серскиот револуционерен округ да започнат да подготвуваат планови за елиминирање на харизматичниот и авторитативен водач на ВМРО.

Постои и една верзија дека убиството на Тодор Александров било дело на комунистите - Комунистичката интернационала, БКП, СССР во соработка со македонските левичарски организации во Бугарија. Оваа претпоставка, која е помалку веројатна, се базира на фактот што Тодор Александров се откажал од потписот на Мајскиот манифест и тој чин го прогласил за мистификација на комунистите за чие потпишување голема заслуга имаат и Коминтерната и СССР. Како показател кој ја поткрепувал оваа теза послужил и фактот што Мајскиот манифест под влијание на Димитар Влахов бил објавен во весникот „Балканска федерација“ и покрај барањето на Александров да се почека уште извесно време додека да се подготви членството на ВМРО за тој радикален пресврт во политиката на Организацијата кон македонското прашање. Објавувањето на манифестот значела индиректна ликвидација на Александров и тоа со заслуга на комунистичкото движење. Покрај објавената брошура во издание на ВМРО под наслов „Заговорот против Тодор Александров“ каде се наведуваат аргументи за учество и на комунисти по убедување во убиството на Александров, други конкретни документи кои го наведуваат можното учество на комунистите во овој настан се и некои документи од архивата на Коминтерната каде индиректно од некои кругови се посочувало дека подобро било Тодор Алесандров да биде убиен и да го нема отколку тој да ги убие сите припадници на левичарските организации и комунистите во Бугарија. Сепак тоа не е доволен конкретен доказ дека во тој правец од страна на Коминтерната или БКП било и дејствувано или предложен некаков план.

Најверојатна теза за организатор на убиството на Тодор Александров е дека зад целиот план стоела бугарската влада на Александар Цанков. Во поткрепа на тоа има повеќе аргументи. Бугарската влада имала интерес да го отстрани Тодор Александров од челното место во ВМРО. Владата на Цанков, иако декларативно имала добри односи со Организацијата, во суштина се наоѓала во речиси непријателски односи со оваа македонска организација. Ваквата ситуација се создала од оној момент кога бугарската влада на Цанков се обидела да ги подобри своите односи со Кралството на СХС. Тоа било доволна причина раководството на ВМРО да упати остри критики до владата во Софија и да ја предупреди дека Кралството на СХС е најголемиот непријател на Организацијата и на правилното решавање на македонското прашање. Во 1924 година, Тодор Александров на неколку пати упатувал остри писма до бугарски министри во владата на Цанков во кои им се заканувал дека ВМРО ќе се пресмета и со нив како и со владата на Стамболиски доколку се посегне по нејзините интереси. Ваквите изјави на Александров секако дека не ја оставиле рамнодушна бугарската власт која се повеќе стравувала од моќта на ВМРО и влијателноста на водачот на ВМРО во бугарското општество. Се чекал погодниот момент и повод да се започне решителна акција против Александров и неговата улога во македонското револуционерно движење. Тоа било потпишувањето на Мајскиот манифест на ВМРО во кој, меѓу другото Организацијата се оградувала и од бугарската држава и политика по македонското прашање. Александар Цанков добил моќно оружје во своите раце за конечна пресметка со авторитетниот Тодор Александров. Започнале притисоците врз Тодор Александров кој се нашол во една незавидна позиција поради новиот правец на ВМРО во нејзината револуционерна дејност и борба за ослободување на Македонија. Прагматичниот Александров се наоѓал и порано во вакви ситуации, но успевал да се извлече од амбисот. Сега ситуацијата била далеку посложена за него. Тој започнал со подготовки за организирање на општ конгрес на ВМРО каде се подготвувал да ја објасни новата ситуација, но и да се пресмета со растечката опозиција против него во самата организација, но и во македонското револуционерно движење.

Уште во периодот додека во Бугарија се наоѓала на власт земјоделската партија на Стамболиски, Тодор Александров бил интензивно надгледуван од службите на државната безбедност, а информации за неговата активност до бугарските тајни служби биле испраќани од луѓе во врвот на ВМРО. За тоа сведочи писмото на началникот на штабот на бугарската армија Точков до генералот Александар Протогеров во кое го известувал дека во негова рака дошле писма од архивата на Тодор Александров кои му биле лично доставувани и на самиот бугарски премиер Стамболиски и тоа преку лице кое имало псевдоним и не се знае точно за која личност се работи. Во делот од писмото до Протогеров се истакнува и дека за согласноста за давање на писмата на Александров на увид на бугарскиот премиер давале премолчена согласност и некои други луѓе, веројатно од врвните структури на ВМРО, за кои бугарскиот генерал не сакал да даде податоци за нивниот идентитет. Ова сведочи дека околу Александров уште во време на земјоделската власт се плетела заговорничка мрежа во која биле вмешани и луѓе од раководството на Организацијата, но и лица од Воено-офицерската лига на Бугарија и најмногу луѓе од високите политички кругови на Бугарија.

Констатацијата на Воено-офицерските кругови во Бугарија била навистина реална, особено од стравот дека Тодор Александров, иако не директно, се потпишал врз еден документ кој на македонското прашање му давал и национален и државен карактер. Во една таква констелација кога постоело премолчано одобрување од бугарската власт, на воените кругови не им било тешко да ги придобијат на своја страна Алеко Пашата и Атанасов за спроведување на својот пеколен план. Ако на ова се додаде и признанието на бугарскиот премиер Александар Цанков кога ја слушнал веста за убиството на Тодор Александров: „ Слава му на Бога, се заврши и со него„ а пренесено во бугарската историографија уште во 90-тите години на 20 век, јасно се заокружува мозаикот на учесници во ликвидацијата на Тодор Александров, со тоа што на врвот на таа сложена пирамида застанала бугарската влада на Александар Цанков. Сликата за директното или индиректно учество на бугарската влада во ликвидацијата на Александров уште повеќе ја потполнуваат и спомените на македонски дејци-учесници во настаните кои колку во некои моменти и да се субјективни треба да се компарираат со веќе воочливите факти.

Сепак, и покрај сите претпоставки, тези, мислења од кои најголем дел се засновани на научни истражувања, историска аргументација и документи и понатаму со целосна сигурност не може да се утврди нарачателот на убиството на Тодор Александров. Кој и да го нарачал и испланирал отстранувањето на Александров од водечкото место во ВМРО, факт е дека постигнал добро смислена криза и раскол и во Организацијата и во македонското револуционерно движење што имаше далекусежни последици затоа што го смениле текот на македонската историја во сосема друг правец-туѓ за македонската кауза и за трајното решавање на горливото македонско прашање.

The post 100 години од убиството на Тодор Александров appeared first on Република.

]]>

Никола Жежов

Историјата на македонското револуционерно движење во XX век паметела многу заговори, нерасчистени ликвидации, атентати кои оставиле трајни белези врз судбината на Македонија. ВМРО како организација станала место на бројни физички ликвидации, арена на крвави судири и влијанија на некои од балканските држави. Организацијата која ги одбележала годините помеѓу двете светски војни била место каде се судирале и амбициите за престиж, водство и лидерство што од своја страна предизвикувало фракционерски борби, прегрупирања што ја слабееле силата на ВМРО и ја правеле подложна на надворешни влијанија. Тодор Александров како водечка личност во ЦК на ВМРО во време од 13 години колку што бил во раководството на оваа македонска организација, успеал да создаде едно привидно единство, да ги сплоти различните теченија и струи и како резултат на неговото харизматично владеење да ја насочи борбата кон првобитната цел-автономна или независна македонска држава. Прагматичниот Александров успевал да ги држи настрана различните влијанија и надворешни интереси на странски фактори и релативно да ја зачува независноста на ВМРО. Во негово време, Организацијата станала влијателен фактор и во македонското револуционерно движење се издигнала како единствен репрезент на македонскиот народ во неговата борба за државност и независност. Тоа претставувало доволна причина, Тодор Александров да си создаде непријатели и во самата Организација, но и кај различни воено-политички фактори на Балканот и во Европа. Подемот на Александров претставувал аларм за негово отстранување од раководството на ВМРО. Кој се имаше мотив да го ликвидира харизматичниот вожд на ВМРО? Директните атентатори се познати, но нарачателите на неговото убиство и покрај бројните претпоставки, можно е сеуште да се добро скриени во сенката на историјата. Планот за ликвидација на Тодор Александров веројатно бил подготвен повеќе месеци наназад од денот на самиот чин на убиството. Се чекал погодниот момент за неговото убиство. Тоа било во предвечерието на одржувањето на окружниот конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО кога Тодор Александров се обидувал да ги среди состојбите во Организацијата по бурните настани што следувале со потпишувањето на Мајскиот манифест и новата ориентација и цели на македонското револуционерно движење. Новата политика на Александров и поставувањето на ВМРО на македонски национални и државни позиции била еден од мотивите за неговото отстранување. Вториот мотив, којшто исто така бил пресуден да се активира изречената смртна пресуда врз Александров бил неговиот обид да ги отстрани финансиските аномалии што се јавиле во редовите на Организацијата и чии главни протагонисти биле одредени личности во самиот врв кои биле осомничени за проневера на милионски суми на организациони пари. Според верзијата од архивата на ВМРО, базирана на искази на одделни нејзини членови, директната ликвидација на Тодор Александров ја предводел раководителот на Серскиот револуционерен округ на ВМРО, Алеко Василев-Пашата. Според исказот на Динчо Сугарски, заговорничката група се состоела од неколкумина четници и војводи на ВМРО кои ги координирал Алеко Пашата. Блиските соработници на Василев, најпрво се сретнале во селото Горна Сушица, каде во куќата на Гоце Манолев на групата и било соопштено дека треба да ги пречекаат Тодор Александров и Александар Протогеров. Војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров под заклетва им соопштиле на присутните дека по наредба на Алеко Василев треба да биде убиен водачот на ВМРО-Тодор Александров. Тоа претставувало гром од ведро небо за присутните, но и покрај тоа по извесно време сите се согласиле да го спроведуваат планот на Вретенаров и Влахов. Кон групата околу 11 часот се придружиле Александров, неговиот телохранител Панзо Зафиров и Александар Протогеров и сите заедно се упатиле кон селото Лопово. По пат Александров, без да ја претчувствува опасноста по неговиот живот бил весел и разговарал за различни теми со членовите на групата. Во близина на едно планинско изворче, групата застанала да се одмори и да каснат од храната што ја носеле со себе. По ручекот, Тодор Александров му ја дал својата пушка на Панзо Зафиров, но веднаш се придодал војводата Влахов кој побарал оружјето да го земе Динчо Сугарски за да не му биде на товар на личниот телохранител на Александров. Тоа всушност претставувало сигнал дека планот за ликвидација веќе започнал. Во близина на Сугарска река, Александров предложил да се застане за да се нахранат коњите. Тодор Александров и Александар Протогеров се тргнале настрана и започнале разговор, а по малку време легнале да отпочинат. Телохранителот Зафиров исто така задремал. Во тој момент, Сугарски ги тргнал коњите настрана, додека Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се доближиле до членовите на ЦК. Во исто време војводите стрелале кон Александров. Панзо Зафиров се разбудил и се обидел да дојде до својата пушка, но веднаш бил застрелан од од курирот Динчо Балкански. Александар Протогеров кој бил изненаден од молскавичната терористичка акција, се онесвестил. Штерју Влахов го утешувал генералот Протогеров дека на него ништо нема да му сторат и дека ќе го остават жив. Впрочем, при самиот чин на убиството на Александров според документите на Организацијата, Штерју Влахов извикал: „Место ти да ме убиеш, јас те убив. Ти толку невини души изеде, та и мене сакаше да ме изедеш“. Војводите Влахов и Вретенаров заедно со присутните набрзина ги сокриле труповите на убиените во блиската шума и се упатиле кон колибите во близина на селото Лопово каде што ги чекал Алеко Василев-Пашата. Подоцна, кога ВМРО спровела истрага за нарачателите на атентатот врз Тодор Александров, под силен притисок, од дел од македонските дејци пред се од Илинденската организација биле извлечени признанија дека зад ликвидацијата стоеле лично Алеко Василев-Пашата и Георги Атанасов, двајцата од раководството на Серскиот револуционерен округ на ВМРО. На тој начин трагично завршил животот на Тодор Александров, еден од најхаризмаичните и најавторитетни водачи на ВМРО. Кој го испланирал атентатот врз Александров? Дали тоа навистина било спонатано убиство на неколку претенденти за неговото место во ЦК или неговата ликвидација имала многу подлабока позадина? Втората претпоставка е далеку поверојатна. Во прилог на тоа одат многу показатели кои не се воопшто случајни и имаат поврзаност помеѓу себе. И покрај сите овие претпоставки, голема е веројатноста врз основа на документите и фактите, кругот на познати учесници во планот за ликвидација на Александров да застане кај Алеко Пашата и Георги Атанасов. Особено силен мотив за тоа биле најавите на водачот на ВМРО дека ќе се вложи во расчистувањето на сите матни финансиски зделки во кои биле вклучени последните двајца при што Петричко и околината ги претвориле во вистинско феудално владение или како што некои го нарекувале „пашалак“. Според сведенија од архивата на ВМРО на својата лична сметка, од трговијата со тутун и лихва од разни заеми, Алеко Василев-Пашата располагал со околу 7 милиони лева, додека Атанасов имал добивка од околу 2 милиони лева што претставувало вистинско богатство. Ваквата состојба во голем степен била неиздржлива и го подривала угледот на ВМРО во Пиринска Македонија, особено во Петричко. Тоа ги алармирало двајцата водечки личности на ВМРО во Серскиот револуционерен округ да започнат да подготвуваат планови за елиминирање на харизматичниот и авторитативен водач на ВМРО. Постои и една верзија дека убиството на Тодор Александров било дело на комунистите - Комунистичката интернационала, БКП, СССР во соработка со македонските левичарски организации во Бугарија. Оваа претпоставка, која е помалку веројатна, се базира на фактот што Тодор Александров се откажал од потписот на Мајскиот манифест и тој чин го прогласил за мистификација на комунистите за чие потпишување голема заслуга имаат и Коминтерната и СССР. Како показател кој ја поткрепувал оваа теза послужил и фактот што Мајскиот манифест под влијание на Димитар Влахов бил објавен во весникот „Балканска федерација“ и покрај барањето на Александров да се почека уште извесно време додека да се подготви членството на ВМРО за тој радикален пресврт во политиката на Организацијата кон македонското прашање. Објавувањето на манифестот значела индиректна ликвидација на Александров и тоа со заслуга на комунистичкото движење. Покрај објавената брошура во издание на ВМРО под наслов „Заговорот против Тодор Александров“ каде се наведуваат аргументи за учество и на комунисти по убедување во убиството на Александров, други конкретни документи кои го наведуваат можното учество на комунистите во овој настан се и некои документи од архивата на Коминтерната каде индиректно од некои кругови се посочувало дека подобро било Тодор Алесандров да биде убиен и да го нема отколку тој да ги убие сите припадници на левичарските организации и комунистите во Бугарија. Сепак тоа не е доволен конкретен доказ дека во тој правец од страна на Коминтерната или БКП било и дејствувано или предложен некаков план. Најверојатна теза за организатор на убиството на Тодор Александров е дека зад целиот план стоела бугарската влада на Александар Цанков. Во поткрепа на тоа има повеќе аргументи. Бугарската влада имала интерес да го отстрани Тодор Александров од челното место во ВМРО. Владата на Цанков, иако декларативно имала добри односи со Организацијата, во суштина се наоѓала во речиси непријателски односи со оваа македонска организација. Ваквата ситуација се создала од оној момент кога бугарската влада на Цанков се обидела да ги подобри своите односи со Кралството на СХС. Тоа било доволна причина раководството на ВМРО да упати остри критики до владата во Софија и да ја предупреди дека Кралството на СХС е најголемиот непријател на Организацијата и на правилното решавање на македонското прашање. Во 1924 година, Тодор Александров на неколку пати упатувал остри писма до бугарски министри во владата на Цанков во кои им се заканувал дека ВМРО ќе се пресмета и со нив како и со владата на Стамболиски доколку се посегне по нејзините интереси. Ваквите изјави на Александров секако дека не ја оставиле рамнодушна бугарската власт која се повеќе стравувала од моќта на ВМРО и влијателноста на водачот на ВМРО во бугарското општество. Се чекал погодниот момент и повод да се започне решителна акција против Александров и неговата улога во македонското револуционерно движење. Тоа било потпишувањето на Мајскиот манифест на ВМРО во кој, меѓу другото Организацијата се оградувала и од бугарската држава и политика по македонското прашање. Александар Цанков добил моќно оружје во своите раце за конечна пресметка со авторитетниот Тодор Александров. Започнале притисоците врз Тодор Александров кој се нашол во една незавидна позиција поради новиот правец на ВМРО во нејзината револуционерна дејност и борба за ослободување на Македонија. Прагматичниот Александров се наоѓал и порано во вакви ситуации, но успевал да се извлече од амбисот. Сега ситуацијата била далеку посложена за него. Тој започнал со подготовки за организирање на општ конгрес на ВМРО каде се подготвувал да ја објасни новата ситуација, но и да се пресмета со растечката опозиција против него во самата организација, но и во македонското револуционерно движење. Уште во периодот додека во Бугарија се наоѓала на власт земјоделската партија на Стамболиски, Тодор Александров бил интензивно надгледуван од службите на државната безбедност, а информации за неговата активност до бугарските тајни служби биле испраќани од луѓе во врвот на ВМРО. За тоа сведочи писмото на началникот на штабот на бугарската армија Точков до генералот Александар Протогеров во кое го известувал дека во негова рака дошле писма од архивата на Тодор Александров кои му биле лично доставувани и на самиот бугарски премиер Стамболиски и тоа преку лице кое имало псевдоним и не се знае точно за која личност се работи. Во делот од писмото до Протогеров се истакнува и дека за согласноста за давање на писмата на Александров на увид на бугарскиот премиер давале премолчена согласност и некои други луѓе, веројатно од врвните структури на ВМРО, за кои бугарскиот генерал не сакал да даде податоци за нивниот идентитет. Ова сведочи дека околу Александров уште во време на земјоделската власт се плетела заговорничка мрежа во која биле вмешани и луѓе од раководството на Организацијата, но и лица од Воено-офицерската лига на Бугарија и најмногу луѓе од високите политички кругови на Бугарија. Констатацијата на Воено-офицерските кругови во Бугарија била навистина реална, особено од стравот дека Тодор Александров, иако не директно, се потпишал врз еден документ кој на македонското прашање му давал и национален и државен карактер. Во една таква констелација кога постоело премолчано одобрување од бугарската власт, на воените кругови не им било тешко да ги придобијат на своја страна Алеко Пашата и Атанасов за спроведување на својот пеколен план. Ако на ова се додаде и признанието на бугарскиот премиер Александар Цанков кога ја слушнал веста за убиството на Тодор Александров: „ Слава му на Бога, се заврши и со него„ а пренесено во бугарската историографија уште во 90-тите години на 20 век, јасно се заокружува мозаикот на учесници во ликвидацијата на Тодор Александров, со тоа што на врвот на таа сложена пирамида застанала бугарската влада на Александар Цанков. Сликата за директното или индиректно учество на бугарската влада во ликвидацијата на Александров уште повеќе ја потполнуваат и спомените на македонски дејци-учесници во настаните кои колку во некои моменти и да се субјективни треба да се компарираат со веќе воочливите факти. Сепак, и покрај сите претпоставки, тези, мислења од кои најголем дел се засновани на научни истражувања, историска аргументација и документи и понатаму со целосна сигурност не може да се утврди нарачателот на убиството на Тодор Александров. Кој и да го нарачал и испланирал отстранувањето на Александров од водечкото место во ВМРО, факт е дека постигнал добро смислена криза и раскол и во Организацијата и во македонското револуционерно движење што имаше далекусежни последици затоа што го смениле текот на македонската историја во сосема друг правец-туѓ за македонската кауза и за трајното решавање на горливото македонско прашање.

The post 100 години од убиството на Тодор Александров appeared first on Република.

]]>
Институтот за јавно здравје одбележа 100 години постоење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/institutot-za-javno-zdravje-odbelezha-100-godini-postoene/ Fri, 26 Apr 2024 17:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=771507

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска свечено го одбележа неговото 100-годишно постоење. Меѓу другото, беа спомнати и заканите како Ковид-19 и дезинформациите околу безбедноста на вакцините. На настанот во Скопје беше промовирана и монографијата со наслов „100 години - Институт за јавно здравје на Република Македонија, 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“.

Директорот, доктор Шабан Мемети зборуваше за превентивните активности што биле насочени кон закани како што се нови варијанти на инфлуенца вирусот, коронавирусот.

- Несомнено, еден од најголемите предизвици со што се соочивме во последната деценија е пандемијата со вирусот Ковид-19. Пандемијата ги тестираше нашите отпорност и способност како никогаш досега, подвлече Мемети.

Сепак, преку колективни напори, тие се движеле низ овие турбулентни времиња со издржливост и решителност.

- Денес одбележуваме 100 години посветеност на грижа на јавното здравје. Еден век витална мисија за превенција на заразните и незаразните болести, што претставуваат закана, не само за населението на Македонија, туку и глобално, додаде директорот на ИЈЗ.

Мемети се осврна и на дезинформации и скептицизам изминатите години околу безбедноста и ефикасноста на вакцините, поради што, како што рече тој, се соочуваме со епидемии на болести што се превентабилни.

Според министерот за здравство Илир Демири, пандемијата од Ковид-19 бил најдобар показател за значењето и улогата на Институтот за јавно здравје.

- Со што, се уверивме, колку е битен Институтот за јавно здравје и колку е битна специјалноста - епидемиолог, истакна Демири.

Тој, меѓу другото, рече и оти треба во многу блиска иднина да се формираат и други одделенија, сектори во склоп на Институтот за јавно здравје, во склоп на Министерството за здравство, со цел развој на програми што се во улога на превенција на здравјето и за да имаме поквалитетен здравствен систем.

Пред присутните, преку видео-обраќање, говореше и директорот на Регионалната канцеларија за Европа на СЗО, доктор Ханс Хенри Клуге.

- Ова патување почна во 1924 година, кога беше основан Институтот за тропски болести во Скопје и се разви од станица за бактериологија до лабораторија за тестирање заразни болести. Оттогаш, развојот на Македонија беше неверојатен, подвлече Клуге.

Тој рече дека тие ќе продолжат да бидат наш стабилен партнер во јавното здравје, „сега и засекогаш“.

Со видео-порака се обрати и директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, доктор Андреа Амон.

- Во споредба со вашиот институт, нашиот, ЕЦДЦ, е многу млад. Многу сум задоволна што во изминативе 15 години, нашата соработка вроди во плодно и зрело партнерство, истакна Амон.

The post Институтот за јавно здравје одбележа 100 години постоење appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска свечено го одбележа неговото 100-годишно постоење. Меѓу другото, беа спомнати и заканите како Ковид-19 и дезинформациите околу безбедноста на вакцините. На настанот во Скопје беше промовирана и монографијата со наслов „100 години - Институт за јавно здравје на Република Македонија, 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“. Директорот, доктор Шабан Мемети зборуваше за превентивните активности што биле насочени кон закани како што се нови варијанти на инфлуенца вирусот, коронавирусот.
- Несомнено, еден од најголемите предизвици со што се соочивме во последната деценија е пандемијата со вирусот Ковид-19. Пандемијата ги тестираше нашите отпорност и способност како никогаш досега, подвлече Мемети.
Сепак, преку колективни напори, тие се движеле низ овие турбулентни времиња со издржливост и решителност.
- Денес одбележуваме 100 години посветеност на грижа на јавното здравје. Еден век витална мисија за превенција на заразните и незаразните болести, што претставуваат закана, не само за населението на Македонија, туку и глобално, додаде директорот на ИЈЗ.
Мемети се осврна и на дезинформации и скептицизам изминатите години околу безбедноста и ефикасноста на вакцините, поради што, како што рече тој, се соочуваме со епидемии на болести што се превентабилни. Според министерот за здравство Илир Демири, пандемијата од Ковид-19 бил најдобар показател за значењето и улогата на Институтот за јавно здравје.
- Со што, се уверивме, колку е битен Институтот за јавно здравје и колку е битна специјалноста - епидемиолог, истакна Демири.
Тој, меѓу другото, рече и оти треба во многу блиска иднина да се формираат и други одделенија, сектори во склоп на Институтот за јавно здравје, во склоп на Министерството за здравство, со цел развој на програми што се во улога на превенција на здравјето и за да имаме поквалитетен здравствен систем. Пред присутните, преку видео-обраќање, говореше и директорот на Регионалната канцеларија за Европа на СЗО, доктор Ханс Хенри Клуге.
- Ова патување почна во 1924 година, кога беше основан Институтот за тропски болести во Скопје и се разви од станица за бактериологија до лабораторија за тестирање заразни болести. Оттогаш, развојот на Македонија беше неверојатен, подвлече Клуге.
Тој рече дека тие ќе продолжат да бидат наш стабилен партнер во јавното здравје, „сега и засекогаш“. Со видео-порака се обрати и директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, доктор Андреа Амон.
- Во споредба со вашиот институт, нашиот, ЕЦДЦ, е многу млад. Многу сум задоволна што во изминативе 15 години, нашата соработка вроди во плодно и зрело партнерство, истакна Амон.

The post Институтот за јавно здравје одбележа 100 години постоење appeared first on Република.

]]>
Институтот за јавно здравје ќе одбележи 100 години постоење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/institutot-za-javno-zdravje-ke-odbelezhi-100-godini-postoene/ Fri, 26 Apr 2024 07:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=771201

Институтот за јавно здравје денеска свечено ќе одбележи 100 години постоење.

Основан пред еден век, ЈЗУ Институт за јавно здравје стои како темелник на превентивната здравствена заштита, посветена на служење на интересите и благосостојбата на сите граѓани. Овој значаен настан не е само прослава на долговечноста, туку и доказ за непоколебливата посветеност на Институтот за јавното здравје. Во првите редови на превентивната здравствена заштита, Институтот вредно работеше на заштита на здравјето и благосостојбата на заедницата, поставувајќи преседан како прва и единствена здравствена институција во државата, што постигнува да одбележи 100 години од своето формирање и успешно функционирање, информираа претходно од Институтот.

Најавено беше и дека Институтот ќе издаде сеопфатна монографија со наслов „100 години Институт за јавно здравје на Република Македонија 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“.

Оваа публикација служи како хроника на трајното наследство на Институтот и неговата неуморна посветеност на јавното здравје во изминатиот век. Ќе се одржи свечена церемонија, со бројни ценети гости од домашните институции, како и од европските и светските здравствени организации, соработници и поддржувачи на потфати на Институтот. Овој настан ќе послужи како доказ за длабокото влијание на Институтот врз заедницата и неговата непоколеблива посветеност на унапредување на иницијативите за јавно здравје, беше соопштено од Институтот.

Директорот, доктор Шабан Мемети во писмена изјава подвлече дека се неизмерно горди што го слават овој јубилеј од 100 години.

Ова достигнување е доказ за посветеноста и напорната работа на нашиот тим, како и за непоколебливата поддршка од нашите партнери и вработени, минати и сегашни. Додека размислуваме за изминатиот век, ние сме порешителни од кога било да продолжиме со нашата мисија за заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, истакна директорот.

 

The post Институтот за јавно здравје ќе одбележи 100 години постоење appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје денеска свечено ќе одбележи 100 години постоење.
Основан пред еден век, ЈЗУ Институт за јавно здравје стои како темелник на превентивната здравствена заштита, посветена на служење на интересите и благосостојбата на сите граѓани. Овој значаен настан не е само прослава на долговечноста, туку и доказ за непоколебливата посветеност на Институтот за јавното здравје. Во првите редови на превентивната здравствена заштита, Институтот вредно работеше на заштита на здравјето и благосостојбата на заедницата, поставувајќи преседан како прва и единствена здравствена институција во државата, што постигнува да одбележи 100 години од своето формирање и успешно функционирање, информираа претходно од Институтот.
Најавено беше и дека Институтот ќе издаде сеопфатна монографија со наслов „100 години Институт за јавно здравје на Република Македонија 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“.
Оваа публикација служи како хроника на трајното наследство на Институтот и неговата неуморна посветеност на јавното здравје во изминатиот век. Ќе се одржи свечена церемонија, со бројни ценети гости од домашните институции, како и од европските и светските здравствени организации, соработници и поддржувачи на потфати на Институтот. Овој настан ќе послужи како доказ за длабокото влијание на Институтот врз заедницата и неговата непоколеблива посветеност на унапредување на иницијативите за јавно здравје, беше соопштено од Институтот.
Директорот, доктор Шабан Мемети во писмена изјава подвлече дека се неизмерно горди што го слават овој јубилеј од 100 години.
Ова достигнување е доказ за посветеноста и напорната работа на нашиот тим, како и за непоколебливата поддршка од нашите партнери и вработени, минати и сегашни. Додека размислуваме за изминатиот век, ние сме порешителни од кога било да продолжиме со нашата мисија за заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, истакна директорот.
 

The post Институтот за јавно здравје ќе одбележи 100 години постоење appeared first on Република.

]]>
Институтот за јавно здравје одбележува 100 години постоење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/institutot-za-javno-zdravje-odbelezhuva-100-godini-postoene/ Tue, 23 Apr 2024 09:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=769629

Институтот за јавно здравје на Република Македонија одбележува 100 години од своето формирање под мотото „Институт за јавно здравје на Република Македонија - 100 години чувар на вашето здравје“.

Во чест на овој настан, Институтот ќе издаде сеопфатна монографија со наслов „100 години Институт за јавно здравје на Република Македонија 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“. Оваа публикација служи како хроника на трајното наследство на Институтот и неговата неуморна посветеност на јавното здравје во изминатиот век.

Понатаму, ќе се одржи свечена церемонија, со бројни ценети гости од домашните институции, како и од европските и светските здравствени организации, соработници и поддржувачи на потфати на Институтот. Овој настан ќе послужи како доказ за длабокото влијание на Институтот врз заедницата и неговата непоколеблива посветеност на унапредување на иницијативите за јавно здравје.

Ние сме неизмерно горди што го славиме овој јубилеј од 100 години. Ова достигнување е доказ за посветеноста и напорната работа на нашиот тим, како и за непоколебливата поддршка од нашите партнери и вработени, минати и сегашни. Додека размислуваме за изминатиот век, ние сме порешителни од кога било да продолжиме со нашата мисија за заштита на здравјето. и благосостојба на сите граѓани“, истакна директорот на Институт за јавно здравје, д-р Шабан Мемети.

 

The post Институтот за јавно здравје одбележува 100 години постоење appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје на Република Македонија одбележува 100 години од своето формирање под мотото „Институт за јавно здравје на Република Македонија - 100 години чувар на вашето здравје“. Во чест на овој настан, Институтот ќе издаде сеопфатна монографија со наслов „100 години Институт за јавно здравје на Република Македонија 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“. Оваа публикација служи како хроника на трајното наследство на Институтот и неговата неуморна посветеност на јавното здравје во изминатиот век. Понатаму, ќе се одржи свечена церемонија, со бројни ценети гости од домашните институции, како и од европските и светските здравствени организации, соработници и поддржувачи на потфати на Институтот. Овој настан ќе послужи како доказ за длабокото влијание на Институтот врз заедницата и неговата непоколеблива посветеност на унапредување на иницијативите за јавно здравје.
Ние сме неизмерно горди што го славиме овој јубилеј од 100 години. Ова достигнување е доказ за посветеноста и напорната работа на нашиот тим, како и за непоколебливата поддршка од нашите партнери и вработени, минати и сегашни. Додека размислуваме за изминатиот век, ние сме порешителни од кога било да продолжиме со нашата мисија за заштита на здравјето. и благосостојба на сите граѓани“, истакна директорот на Институт за јавно здравје, д-р Шабан Мемети.
 

The post Институтот за јавно здравје одбележува 100 години постоење appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Танец“ во чест на 100 години од раѓањето на Васка Илиева https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-tanets-vo-chest-na-100-godini-od-raganeto-na-vaska-ilieva/ Thu, 09 Nov 2023 07:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=699705

Сто години од раѓањето на Васка Илиева (1923 - 2001), доајенка на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика, ќе бидат одбележани со концерт на Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, вечер од 20 часот во Дом на АРМ.

НУ „Танец“, каде што Васка Илиева ја почнала својата музичка кариера во 1950 година, соопшти дека концертот, насловен „Песната, судбината“, е замислен како ексклузивна гала вечер, на која солистите и ансамблите ќе изведат петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен, но и авторски репертоар. Ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на Илиева.

Со својот уникатен стил на изведба и неповторливиот глас, оваа знаменита скопјанка многу брзо станува популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во светот. И денеска, нејзините изведби на песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ се македонски песнопоен белег со трајни вредности за македонската културна историја. Оттука, заслужени се сите епитети со кои Илиева се здоби за време на својата долга музичка кариера, меѓу кои и „Кралица на македонската народна песна“, соопшти НУ Танец.

На концертот ќе настапат: Сузана Спасовска, Елена Андоновска, Драган Николовски, Ивана Серафимовска, Гоце Цоневски, Габриела Новевска и Кирил Митоски. Музичките адаптации, аранжмани и оркестрации за НУ Танец се на Дарко Илиевски.

Ќе биде изведен и фрагмент од кореографијата „Драчевка“, поставена во 1959 година, во која Васка Илиева премиерно ја извела песната „Засвирил Стојан, посвирил“. Кореографијата е на Атанас Коларовски, музичката обработка на Трајко Прокопиев и Кочо Петровски и оркестрацијата на Дарко Илиевски.

Во рамки на концертот ќе бидат прикажани документарни огледи за ликот и делото на Васка Илиева, на авторката Бранка Костиќ-Марковиќ.

 

The post Концерт на „Танец“ во чест на 100 години од раѓањето на Васка Илиева appeared first on Република.

]]>

Сто години од раѓањето на Васка Илиева (1923 - 2001), доајенка на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика, ќе бидат одбележани со концерт на Државниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, вечер од 20 часот во Дом на АРМ. НУ „Танец“, каде што Васка Илиева ја почнала својата музичка кариера во 1950 година, соопшти дека концертот, насловен „Песната, судбината“, е замислен како ексклузивна гала вечер, на која солистите и ансамблите ќе изведат петнаесетина антологиски песни од нејзиниот богат изворен, но и авторски репертоар. Ќе бидат прикажани и вредни архивски материјали поврзани со животот и делото на Илиева.
Со својот уникатен стил на изведба и неповторливиот глас, оваа знаменита скопјанка многу брзо станува популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во светот. И денеска, нејзините изведби на песните: „Земјо македонска“, „Имала мајка“, „Излегол Невен Пејо“, „Аир да не сториш мајко“, „Сестра кани брата на вечера“ се македонски песнопоен белег со трајни вредности за македонската културна историја. Оттука, заслужени се сите епитети со кои Илиева се здоби за време на својата долга музичка кариера, меѓу кои и „Кралица на македонската народна песна“, соопшти НУ Танец.
На концертот ќе настапат: Сузана Спасовска, Елена Андоновска, Драган Николовски, Ивана Серафимовска, Гоце Цоневски, Габриела Новевска и Кирил Митоски. Музичките адаптации, аранжмани и оркестрации за НУ Танец се на Дарко Илиевски. Ќе биде изведен и фрагмент од кореографијата „Драчевка“, поставена во 1959 година, во која Васка Илиева премиерно ја извела песната „Засвирил Стојан, посвирил“. Кореографијата е на Атанас Коларовски, музичката обработка на Трајко Прокопиев и Кочо Петровски и оркестрацијата на Дарко Илиевски. Во рамки на концертот ќе бидат прикажани документарни огледи за ликот и делото на Васка Илиева, на авторката Бранка Костиќ-Марковиќ.  

The post Концерт на „Танец“ во чест на 100 години од раѓањето на Васка Илиева appeared first on Република.

]]>
Французите имаат најголеми шанси во Европа да станат стогодишници https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/frantsuzite-imaat-najgolemi-shansi-vo-evropa-da-stanat-stogodishnitsi/ Sat, 08 Apr 2023 09:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=628611

Французите имаат најголеми шанси да станат стогодишници во Европа, а бројот на Французи кои наполниле 100 години е зголемен за осум отсто во споредба со 1970-тите, покажува студија што ја пренесе радио Франс Инфо.

Во Франција моментално има 30.000 стогодишници, од кои половината живеат во свој дом или со член на семејството, благодарение на исхраната и климата.

Од вкупниот број стогодишници, 86 отсто се жени. Оние со високо образование се во предност да доживеат 100 години, бидејќи таквите лица имале подобри услови за работа и работеле помалку физичка и тешка работа.

Статистичката веројатност да се стане стогодишник е поголема во Франција отколку на друго место во Европа. Во рангирањето Франција е прва, пред Шпанија, Италија, Швајцарија и Португалија, дури и пред Норвешка, Шведска, Холандија или Велика Британија.

Франција е над европскиот просек за животниот век, особено кај жените, но и кај мажите. Просечната возраст за жените е 85 години, а за мажите 79 години.

The post Французите имаат најголеми шанси во Европа да станат стогодишници appeared first on Република.

]]>

Французите имаат најголеми шанси да станат стогодишници во Европа, а бројот на Французи кои наполниле 100 години е зголемен за осум отсто во споредба со 1970-тите, покажува студија што ја пренесе радио Франс Инфо. Во Франција моментално има 30.000 стогодишници, од кои половината живеат во свој дом или со член на семејството, благодарение на исхраната и климата. Од вкупниот број стогодишници, 86 отсто се жени. Оние со високо образование се во предност да доживеат 100 години, бидејќи таквите лица имале подобри услови за работа и работеле помалку физичка и тешка работа. Статистичката веројатност да се стане стогодишник е поголема во Франција отколку на друго место во Европа. Во рангирањето Франција е прва, пред Шпанија, Италија, Швајцарија и Португалија, дури и пред Норвешка, Шведска, Холандија или Велика Британија. Франција е над европскиот просек за животниот век, особено кај жените, но и кај мажите. Просечната возраст за жените е 85 години, а за мажите 79 години.

The post Французите имаат најголеми шанси во Европа да станат стогодишници appeared first on Република.

]]>