„100 години од Улис“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/100-godini-od-ulis/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Oct 2022 06:44:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „100 години од Улис“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/100-godini-od-ulis/ 32 32 „Фокус на Ирска“ на Киненова: „100 години од Улис“- филм за една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/fokus-na-irska-na-kinenova-100-godini-od-ulis-film-za-edna-od-najneprobojnite-i-eksplozivni-knigi-na-modernoto-vreme/ Mon, 10 Oct 2022 06:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=559224

Откако минатата година на МФФ Киненова за прв пат беше претставена ирската кинематографија, годинава соработката продолжи со програмата „ Фокус на Ирска“ која се реализира во соработка со Амбасадата на Ирска за Романија, Македонија и Молдавија.

Исклучителна можност за љубителите на филмската уметност беше синоќешната проекција на нов документарен филм, насловен „100 години од „Улис“ (100 years of Ulysses) по повод 100 години од објавувањето на една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време - „Улис“ од Џејмс Џојс.

Режија/Director: Руан Маган (Ruán Magan), Сценарио/Screenplay: Френк Каланан (Frank Callanan), Руан Маган (Ruán Magan), Улоги/cast: Питер Кунан (Peter Coonan), Ристерд Купер (Risteard Cooper), Тим Крид (Tim Creed).

По повод 100-годишнината од нејзиното објавување, на 3-ти февруари 2022 година RTÉ 1 го емитуваше „100 години од Улис“, новиот документарен филм потпишан од историчарот Френк Каланан и режисерот Руан Маган, кој има за цел да ја отклучи една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време. Низ интервјуа со писатели и научници, вклучувајќи ги Ејмеар Мекбрајд, Пол Мулдун, Џон МекКурт и Маргарет О’ Калаган, со употреба на архивски филм и фотографии, новонарачани уметнички дела од Џес Тобин, Брајан Лалор и Холи Переира и прекрасна оригинална музика од Наташа Полберг, овој филм ги носи гледачите на просветлувачко патување во срцето на еден од најинспиративните и највлијателните романи, откривајќи како тој остана релевантен до денешен ден.

Руан Маган е наградуван сценарист, режисер и продуцент чија работа на драмата, и документарните филмови допре до милионска публика низ целиот свет. Тој е познат по документарните филмови „Ангел“ (2012), „Ирската револуција“ (2019) и „Глад“ (2020).

The post „Фокус на Ирска“ на Киненова: „100 години од Улис“- филм за една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време appeared first on Република.

]]>

Откако минатата година на МФФ Киненова за прв пат беше претставена ирската кинематографија, годинава соработката продолжи со програмата „ Фокус на Ирска“ која се реализира во соработка со Амбасадата на Ирска за Романија, Македонија и Молдавија. Исклучителна можност за љубителите на филмската уметност беше синоќешната проекција на нов документарен филм, насловен „100 години од „Улис“ (100 years of Ulysses) по повод 100 години од објавувањето на една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време - „Улис“ од Џејмс Џојс. Режија/Director: Руан Маган (Ruán Magan), Сценарио/Screenplay: Френк Каланан (Frank Callanan), Руан Маган (Ruán Magan), Улоги/cast: Питер Кунан (Peter Coonan), Ристерд Купер (Risteard Cooper), Тим Крид (Tim Creed). По повод 100-годишнината од нејзиното објавување, на 3-ти февруари 2022 година RTÉ 1 го емитуваше „100 години од Улис“, новиот документарен филм потпишан од историчарот Френк Каланан и режисерот Руан Маган, кој има за цел да ја отклучи една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време. Низ интервјуа со писатели и научници, вклучувајќи ги Ејмеар Мекбрајд, Пол Мулдун, Џон МекКурт и Маргарет О’ Калаган, со употреба на архивски филм и фотографии, новонарачани уметнички дела од Џес Тобин, Брајан Лалор и Холи Переира и прекрасна оригинална музика од Наташа Полберг, овој филм ги носи гледачите на просветлувачко патување во срцето на еден од најинспиративните и највлијателните романи, откривајќи како тој остана релевантен до денешен ден. Руан Маган е наградуван сценарист, режисер и продуцент чија работа на драмата, и документарните филмови допре до милионска публика низ целиот свет. Тој е познат по документарните филмови „Ангел“ (2012), „Ирската револуција“ (2019) и „Глад“ (2020).

The post „Фокус на Ирска“ на Киненова: „100 години од Улис“- филм за една од најнепробојните и експлозивни книги на модерното време appeared first on Република.

]]>