10 проценти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/10-protsenti/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 11:49:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 10 проценти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/10-protsenti/ 32 32 10 проценти од жителите во Македонија имаат бубрежна слабост, но многу помал број завршуваат на дијализа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/10-protsenti-od-zhitelite-vo-makedonija-imaat-bubrezhna-slabost-no-mnogu-pomal-broj-zavrshuvaat-na-dijaliza/ Thu, 16 May 2024 11:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=778820

Околу 10 проценти од жителите во државава имаат некаква бубрежна слабост, но многу помал број завршуваат во терминална фаза на дијализа. Бројот во Македонија се движи од 1.400 до 1.600 со тенденција на раст. Кај бубрежните болести нема граници за возраста, има и бебиња, а и пациенти над 90 години, информираше денеска во одговор на новинарско прашање Душко Ѓоргиев од Здружение „Нефрон".

При присуство на отворниот ден за дијализа во болницата Д.мед Медикал во општината Ѓорче Петров, Ѓорѓиев оцени дека државава има врвна европска дијализа, но оти се уште горлив проблем е кадаверичната трансплатнација.

-Секогаш кажуваме тоа може да биде и подобро, нијанси се во прашање во организација и подобрување на условите за дијализа. Меѓутоа, Македонија има добра дијализа што не е проблемот со трансплантацијата. Сега болна точка ни е трансплантацијата. Покрај она што кажавме и васкуларните пристапи. Ако дијализата сега во најголем процент е решена се уште имаме горлив проблем со кадаверичната трансплантација, имено, трансплантација од починати лица. Затоа потребна е национална кампања, едукација, подигање на свеста кај луѓето за дарување на органи. Инаку, трансплантацијата од познат дарител, од ливинг дарител, од утврден дарител оди тековно и се чека само додека се направат потребните испитувања, изјави Ѓорѓиев.

Според него, за трансплантација чекаат околу 150 лица, меѓутоа, како што рече, таа бројка не е реална.

 Ако немаме кадаверична трансплантација, тогаш пациентите не прават типизација испитувања кои што чинат многу, а за една година треба да ги повторат. Со заживување на кадаверичната трансплантација, бројот на пациентите кои ќе бидат на листата за кадавер ќе се зголеми, појасни Ѓорѓиев.

Медицинската директорка на болницата, Елена Бабаљ Бансколиева, специјалист интернист супспецијалист нефролог, посочи дека овој здравствен капацитет како прва приватна болница и лидер во дијализата, 14 години обезбедува високо квалитетна хемодијализа и хемодијафилтрација со индивидуализиран пристап кон секој пациент. Таа нагласи дека перформанс индикаторите сведочат за германскиот квалитет кој секојдневно го спроведуваат.

Емилија Сомчевски, финансова и оперативна директорка, рече дека оваа специјална болница е дел од германска групација - прва германска инвестиција во областа нефрологија со дијализа, од неодамна во нови модерни простории со современа апаратура. Се заблагодари на Германската амбасада, Македонско - германското стопанско здружение, на вработените и на здружението „Нефрон", како и на пациентите за кои се грижат.

The post 10 проценти од жителите во Македонија имаат бубрежна слабост, но многу помал број завршуваат на дијализа appeared first on Република.

]]>

Околу 10 проценти од жителите во државава имаат некаква бубрежна слабост, но многу помал број завршуваат во терминална фаза на дијализа. Бројот во Македонија се движи од 1.400 до 1.600 со тенденција на раст. Кај бубрежните болести нема граници за возраста, има и бебиња, а и пациенти над 90 години, информираше денеска во одговор на новинарско прашање Душко Ѓоргиев од Здружение „Нефрон". При присуство на отворниот ден за дијализа во болницата Д.мед Медикал во општината Ѓорче Петров, Ѓорѓиев оцени дека државава има врвна европска дијализа, но оти се уште горлив проблем е кадаверичната трансплатнација. -Секогаш кажуваме тоа може да биде и подобро, нијанси се во прашање во организација и подобрување на условите за дијализа. Меѓутоа, Македонија има добра дијализа што не е проблемот со трансплантацијата. Сега болна точка ни е трансплантацијата. Покрај она што кажавме и васкуларните пристапи. Ако дијализата сега во најголем процент е решена се уште имаме горлив проблем со кадаверичната трансплантација, имено, трансплантација од починати лица. Затоа потребна е национална кампања, едукација, подигање на свеста кај луѓето за дарување на органи. Инаку, трансплантацијата од познат дарител, од ливинг дарител, од утврден дарител оди тековно и се чека само додека се направат потребните испитувања, изјави Ѓорѓиев. Според него, за трансплантација чекаат околу 150 лица, меѓутоа, како што рече, таа бројка не е реална.
 Ако немаме кадаверична трансплантација, тогаш пациентите не прават типизација испитувања кои што чинат многу, а за една година треба да ги повторат. Со заживување на кадаверичната трансплантација, бројот на пациентите кои ќе бидат на листата за кадавер ќе се зголеми, појасни Ѓорѓиев.
Медицинската директорка на болницата, Елена Бабаљ Бансколиева, специјалист интернист супспецијалист нефролог, посочи дека овој здравствен капацитет како прва приватна болница и лидер во дијализата, 14 години обезбедува високо квалитетна хемодијализа и хемодијафилтрација со индивидуализиран пристап кон секој пациент. Таа нагласи дека перформанс индикаторите сведочат за германскиот квалитет кој секојдневно го спроведуваат. Емилија Сомчевски, финансова и оперативна директорка, рече дека оваа специјална болница е дел од германска групација - прва германска инвестиција во областа нефрологија со дијализа, од неодамна во нови модерни простории со современа апаратура. Се заблагодари на Германската амбасада, Македонско - германското стопанско здружение, на вработените и на здружението „Нефрон", како и на пациентите за кои се грижат.

The post 10 проценти од жителите во Македонија имаат бубрежна слабост, но многу помал број завршуваат на дијализа appeared first on Република.

]]>