10 минути дневно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/10-minuti-dnevno/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Jan 2023 12:19:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 10 минути дневно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/10-minuti-dnevno/ 32 32 Трчање 10 минути дневно го продолжува животот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/trchane-10-minuti-dnevno-go-prodolzhuva-zhivotot/ Tue, 10 Jan 2023 12:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=595374

Трчањето е еден од најпопуларните облици на вежбање во светот. Има многу придобивки од тоа, а според познавачите, потребни се само 10 минути дневно.

Основниот мотив на повеќето луѓе е да ја подобрат својата состојба, а истражувањата покажуваат дека речиси 80% од оние кои трчаат, го прават тоа за да останат во форма или да го одржат своето здравје. Испитување објавено во медицинското списание „JAMA“ открива дека само 10 минути трчање дневно може да го продолжи животот. Според тренерот Мајк Бол, тоа е одлична вежба којашто нуди многу придобивки, а најдобриот дел е тоа што може да се трча речиси секаде, без посебна опрема, освен добар чифт патики за трчање.

Иако има луѓе кои ги поместуваат границите на трчањето, како оние кои учествуваат на маратони, на пример има предности и од покусите трчања, како што се оние од 10 минути дневно. Трчањето е одлична кардиовежба и неверојатен начин да ги постигнете вашите цели на слабеење. Во зависност од вашата брзина и тежина, може да очекувате да согорите околу 150 калории трчајќи само 10 минути – рече Бол.

Покрај тоа, кусото секојдневно трчање помага да се зајакнат мускулите на нозете, густината накоските, како и подобрување на здравјето на срцето и крвоточниот систем, а на крајот и на психичкото здравје.

The post Трчање 10 минути дневно го продолжува животот appeared first on Република.

]]>

Трчањето е еден од најпопуларните облици на вежбање во светот. Има многу придобивки од тоа, а според познавачите, потребни се само 10 минути дневно. Основниот мотив на повеќето луѓе е да ја подобрат својата состојба, а истражувањата покажуваат дека речиси 80% од оние кои трчаат, го прават тоа за да останат во форма или да го одржат своето здравје. Испитување објавено во медицинското списание „JAMA“ открива дека само 10 минути трчање дневно може да го продолжи животот. Според тренерот Мајк Бол, тоа е одлична вежба којашто нуди многу придобивки, а најдобриот дел е тоа што може да се трча речиси секаде, без посебна опрема, освен добар чифт патики за трчање.