1 мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/1-maj/ За подобро да се разбереме Thu, 02 May 2024 11:00:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 1 мај Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/1-maj/ 32 32 Четири тешки сообраќајки за 1 Мај, четворица тешко повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetiri-teshki-soobrakajki-za-1-maj-chetvoritsa-teshko-povredeni/ Thu, 02 May 2024 11:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=773371

Четири тешки сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот празничен ден. За среќа, нема загинати, но повредени се шест лица од кои четворица тешко.

Прво во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Во 15.00 часот, повторно во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Вечерта во 20.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локалниот пат Кочани - брана Гратче, кај место викано „Гоцева шума“, мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од В.П.(56) од Кочани, излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.П., констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Ноќта, пак, во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

The post Четири тешки сообраќајки за 1 Мај, четворица тешко повредени appeared first on Република.

]]>

Четири тешки сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот празничен ден. За среќа, нема загинати, но повредени се шест лица од кои четворица тешко. Прво во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Во 15.00 часот, повторно во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар. Вечерта во 20.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локалниот пат Кочани - брана Гратче, кај место викано „Гоцева шума“, мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од В.П.(56) од Кочани, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.П., констатирани во Општа болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани. Ноќта, пак, во 00.15 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.  

The post Четири тешки сообраќајки за 1 Мај, четворица тешко повредени appeared first on Република.

]]>
Прослава на 1 Мај во случај на дожд https://arhiva3.republika.mk/zivot/proslava-na-1-maj-vo-sluchaj-na-dozhd/ Wed, 01 May 2024 12:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=773000

Кај нас 1 Мај на големо се прославува и прерасна во ден на скари, излети, кампувања, забави во природа. Сето ова може да биде во голема мерка расипано од дожд. Сепак, со добра подготовка и нашите совети ќе бидете во можност да не ви се расипат.

Подготовката на храна е еден од најважните сегменти на прославата. Нема да ви кажеме да земете поголем чадор и печете месо на дожд (иако имаше и такви ентузијасти), но не треба да се откажете од подготовка на храна во природа. Оваа година најдете некое одморалиште кое што има настрешница, па тука “монтирајте” скара или поедноставете ги нештата, па наместо скара подгответе гулаш или чорба во котле. (Помалку работа, а поздрава и повкусна храна). Само пред да заминете на локацијата сите состојки насечкајте ги и подгответе во чинија). Можете да земете електрична скара или онаа со капак. Некои готвачи велат дека дури дождливото време е идеално за скара, бидејќи месото поради влага во воздухот е помеко и повкусно.

Да не се мачите ако дождот истури, се што ќе земете исечкајте го уште од дома (од салатите до лебот) и спакувајте во мали садовите пред заминување.

Знаеме дека за 1 мај има голема гужва по излетиштата, па можеби не ќе можете да успеете да најдете место со настрешница. Можете да земете шаторска настрешница за дворови и инсталирајте ја на место кое ќе го одберете или да монтирате поголем шатор.

Благодарение на популарниот британски Glastonberi фестивал на гумени чизми со различни шаренила, станаа многу популарни. Овој фестивал речиси никогаш не поминал без дожд, па дури и поплави. Свртете и вие дождот да “игра” за вас, направете и вие своја фестивалска атмосфера. Задолжително облечете или земете ги вашите гумени чизми и некое џемперче во случај да не застуди и почне да дува ветер. Пожелно е да се земе и мантил во колку го имате. Сите да ви се исти и пристапите кон прославата авантуристички, како храбри кампери. Не заборавете на ламба (секогаш доаѓа при рака во такви ситуации).

Нема да се преоблекувате, бидејќи на 1 мај не е место за инсталирање на модна писта, но ако врне, ако има кал, ако сè е влажно и сосем сигурно ќе сакате суви чорапи, панталони и други топли тренерки или кошула или џемперче (или јакна).

Земете еден стар транзистор и инструменти. Забавувајте се играјќи и пеејќи, играјќи мноштво друштвени игри. Дождот нека ве зближи и конечно да му се изнараскажете еден со друг како отсекогаш сте сакале со пријателите.

Земе и топли пијалаци во термос, ќебиња и пакет пластични вреќи, да можете во нив набрзина се да соберете, а да не го извалкате и намокрите автомобилот кога ќе се пакувате.

The post Прослава на 1 Мај во случај на дожд appeared first on Република.

]]>

Кај нас 1 Мај на големо се прославува и прерасна во ден на скари, излети, кампувања, забави во природа. Сето ова може да биде во голема мерка расипано од дожд. Сепак, со добра подготовка и нашите совети ќе бидете во можност да не ви се расипат. Подготовката на храна е еден од најважните сегменти на прославата. Нема да ви кажеме да земете поголем чадор и печете месо на дожд (иако имаше и такви ентузијасти), но не треба да се откажете од подготовка на храна во природа. Оваа година најдете некое одморалиште кое што има настрешница, па тука “монтирајте” скара или поедноставете ги нештата, па наместо скара подгответе гулаш или чорба во котле. (Помалку работа, а поздрава и повкусна храна). Само пред да заминете на локацијата сите состојки насечкајте ги и подгответе во чинија). Можете да земете електрична скара или онаа со капак. Некои готвачи велат дека дури дождливото време е идеално за скара, бидејќи месото поради влага во воздухот е помеко и повкусно. Да не се мачите ако дождот истури, се што ќе земете исечкајте го уште од дома (од салатите до лебот) и спакувајте во мали садовите пред заминување. Знаеме дека за 1 мај има голема гужва по излетиштата, па можеби не ќе можете да успеете да најдете место со настрешница. Можете да земете шаторска настрешница за дворови и инсталирајте ја на место кое ќе го одберете или да монтирате поголем шатор. Благодарение на популарниот британски Glastonberi фестивал на гумени чизми со различни шаренила, станаа многу популарни. Овој фестивал речиси никогаш не поминал без дожд, па дури и поплави. Свртете и вие дождот да “игра” за вас, направете и вие своја фестивалска атмосфера. Задолжително облечете или земете ги вашите гумени чизми и некое џемперче во случај да не застуди и почне да дува ветер. Пожелно е да се земе и мантил во колку го имате. Сите да ви се исти и пристапите кон прославата авантуристички, како храбри кампери. Не заборавете на ламба (секогаш доаѓа при рака во такви ситуации). Нема да се преоблекувате, бидејќи на 1 мај не е место за инсталирање на модна писта, но ако врне, ако има кал, ако сè е влажно и сосем сигурно ќе сакате суви чорапи, панталони и други топли тренерки или кошула или џемперче (или јакна). Земете еден стар транзистор и инструменти. Забавувајте се играјќи и пеејќи, играјќи мноштво друштвени игри. Дождот нека ве зближи и конечно да му се изнараскажете еден со друг како отсекогаш сте сакале со пријателите. Земе и топли пијалаци во термос, ќебиња и пакет пластични вреќи, да можете во нив набрзина се да соберете, а да не го извалкате и намокрите автомобилот кога ќе се пакувате.

The post Прослава на 1 Мај во случај на дожд appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-denes-rabotnichkite-prava-se-prekrsheni-i-pogazeni-drzhavata-ne-vodi-grizha-za-tie-koi-se-r-betot-na-ekonomijata/ Wed, 01 May 2024 11:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=772981

Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р’бетот на нашата економија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница.

Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја.

Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот!, пишува Мицкоски во објава на „Фејсбук“.

The post Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата appeared first on Република.

]]>

Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р’бетот на нашата економија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница. Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја. Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот!, пишува Мицкоски во објава на „Фејсбук“.

The post Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата appeared first on Република.

]]>
Што значи одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот ширум светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shto-znachi-odbelezhuvaneto-na-megunarodniot-den-na-trudot-shirum-svetot/ Wed, 01 May 2024 08:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=772934

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја почнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, е одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

The post Што значи одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот ширум светот appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја почнаа својата борба за осумчасовен работен ден. На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, е одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права. На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

The post Што значи одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот ширум светот appeared first on Република.

]]>
СДСМ со честитка за 1 мај: Остануваме на страната на работниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-so-chestitka-za-1-maj-ostanuvame-na-stranata-na-rabotnitsite/ Wed, 01 May 2024 08:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=772930

Од СДСМ испраќаат честитка по повод Први мај - Денот на трудот.

„Нека е честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот.

СДСМ како партија која се води од социјална правда, еднаквост и солидарност како социјалдемократски вредности, секогаш е на страната на работниците.

Со низа мерки и политики СДСМ ги унапредува работничките права, бидејќи напредокот се обезбедува со вреднувани, мотивирани и почитувани, работници.

Откако заврши режимот на Груевски, кој ја рекламираше Македонија како земја со евтина работна сила, СДСМ работеше посветено на враќање на достоинството на работниците, значително ги зголеми платите во сите сектори.

Минималната плата од 8.000 денари, а во некои сектори и помалку, сега е покачена на 22.500 денари и ќе продолжи да расте.

Просечната плата достигна историски највисоко ниво од речиси 40.000 денари. Зголемена е за 50% во однос на 2016 година.

СДСМ предвреме го исполни ветувањето за просечна плата од 500 евра, а за наредниот мандат гарантира европски животен стандард, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.

Исто така исполнето е и ветувањето за недела – неработен ден, ден за одмор со семејствата, а за оние што ќе работат обезбедена е двојно поголема дневница.

Со антикризните мерки за време на здравствената и економската криза, СДСМ спаси илјадници работни места.

Во СДСМ работниците имаат искрен партнер и сојузник во залагањата за заштита и унапредување на работничките права, за повисоки плати.

Со СДСМ работниците никогаш нема да биде оставени сами.

Нека ни е честит Денот на трудот!“, се вели во честитката на СДСМ.

The post СДСМ со честитка за 1 мај: Остануваме на страната на работниците appeared first on Република.

]]>

Од СДСМ испраќаат честитка по повод Први мај - Денот на трудот. „Нека е честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот. СДСМ како партија која се води од социјална правда, еднаквост и солидарност како социјалдемократски вредности, секогаш е на страната на работниците. Со низа мерки и политики СДСМ ги унапредува работничките права, бидејќи напредокот се обезбедува со вреднувани, мотивирани и почитувани, работници. Откако заврши режимот на Груевски, кој ја рекламираше Македонија како земја со евтина работна сила, СДСМ работеше посветено на враќање на достоинството на работниците, значително ги зголеми платите во сите сектори. Минималната плата од 8.000 денари, а во некои сектори и помалку, сега е покачена на 22.500 денари и ќе продолжи да расте. Просечната плата достигна историски највисоко ниво од речиси 40.000 денари. Зголемена е за 50% во однос на 2016 година. СДСМ предвреме го исполни ветувањето за просечна плата од 500 евра, а за наредниот мандат гарантира европски животен стандард, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра. Исто така исполнето е и ветувањето за недела – неработен ден, ден за одмор со семејствата, а за оние што ќе работат обезбедена е двојно поголема дневница. Со антикризните мерки за време на здравствената и економската криза, СДСМ спаси илјадници работни места. Во СДСМ работниците имаат искрен партнер и сојузник во залагањата за заштита и унапредување на работничките права, за повисоки плати. Со СДСМ работниците никогаш нема да биде оставени сами. Нека ни е честит Денот на трудот!“, се вели во честитката на СДСМ.

The post СДСМ со честитка за 1 мај: Остануваме на страната на работниците appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-chovechkiot-e-najskapotseniot-resurs-za-sekoja-drzhava/ Wed, 01 May 2024 08:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=772925

Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права, напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 1 Маj - Денот на трудот.

Според Пендаровски, единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници кои можат да придонесат за напредок и просперитет на државата.

Како што потенцира Пендаровски, за таа цел, секој работник треба да има фер третман од страна на работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.

Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план, нагласува Пендаровски.

The post Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава appeared first on Република.

]]>

Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права, напиша претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 1 Маj - Денот на трудот.
Според Пендаровски, единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници кои можат да придонесат за напредок и просперитет на државата. Како што потенцира Пендаровски, за таа цел, секој работник треба да има фер третман од страна на работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.
Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план, нагласува Пендаровски.

The post Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава appeared first on Република.

]]>
Ако правите скара за 1 мај бидете внимателни со огнот: ЦУК апелира до граѓаните за внимателност https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ako-pravite-skara-za-1-maj-bidete-vnimatelni-so-ognot-tsuk-apelira-do-graganite-za-vnimatelnost/ Wed, 01 May 2024 07:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=772913

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено за Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај.

За првомајскиот празник традиционално граѓаните излегуваат во природа и на излетнички места. Апелираме за внимателност при палење оган на отворено за првомајскиот празник, како и секогаш кога се престојува во природа. Ако се пали оган на отворено при одењето на излет, таму каде што нема посебно направени огништа за правење скара, тоа да се прави внимателно и пред заминување од местото, обврзно да се изгасне жарта од огнот, велат од ЦУК.

The post Ако правите скара за 1 мај бидете внимателни со огнот: ЦУК апелира до граѓаните за внимателност appeared first on Република.

Вообичаено: За првомајските празници променливо облачно и топло, со повремен локален дожд https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/voobichaeno-za-prvomajskite-praznitsi-promenlivo-oblachno-i-toplo-so-povremen-lokalen-dozhd/ Wed, 01 May 2024 06:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=772891

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура е во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 25 степени Целзиусови.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура од четврток до сабота ќе биде во постепено опаѓање.

The post Вообичаено: За првомајските празници променливо облачно и топло, со повремен локален дожд appeared first on Република.

]]>

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура е во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 25 степени Целзиусови. Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од четврток до сабота ќе биде во постепено опаѓање.

The post Вообичаено: За првомајските празници променливо облачно и топло, со повремен локален дожд appeared first on Република.

]]>
Ако не успеавте да земете нов пасош – плажите на Црна Гора се реновирани и отвораат на 1 мај https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/ako-ne-uspeavte-da-zemete-nov-pasosh-plazhite-na-tsrna-gora-se-renovirani-i-otvoraat-na-1-maj/ Sun, 28 Apr 2024 15:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=771896

Црногорските капалишта ќе бидат подготвени за новата туристичката сезона на 1 мај, соопштуваат оттаму.

Планираниот тендер за давање на плажите под закуп ќе се одложи за третиот квартал, најавија претставници на ресорните министерства на седницата на Управниот одбор на Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Црна Гора.

Тиа значи дека досегашните концесионери веќе работат под полна пареа за да ги подготват плажите по највисоки стандарди.

Првомајските празници ни се многу важни оваа сезона, бидејќи се совпаѓаат со Велигден. Ние, закупците, кои сме околу 600,700, сме спремни да вложиме огромна сума на пари само за капалиштата да бидат готови до 1 мај, вели угостителот Никола Перишиќ.

Хотелите и рестораните веќе ги обучуваат новите сезонски работници.

Црна Гора годинава очекува повеќе туристи од обично од Македонија, каде граѓаните може да патуваат со лична карта, особено доколку не успеале да добијат пасош со придавка.

The post Ако не успеавте да земете нов пасош – плажите на Црна Гора се реновирани и отвораат на 1 мај appeared first on Република.

]]>

Црногорските капалишта ќе бидат подготвени за новата туристичката сезона на 1 мај, соопштуваат оттаму. Планираниот тендер за давање на плажите под закуп ќе се одложи за третиот квартал, најавија претставници на ресорните министерства на седницата на Управниот одбор на Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Црна Гора. Тиа значи дека досегашните концесионери веќе работат под полна пареа за да ги подготват плажите по највисоки стандарди.
Првомајските празници ни се многу важни оваа сезона, бидејќи се совпаѓаат со Велигден. Ние, закупците, кои сме околу 600,700, сме спремни да вложиме огромна сума на пари само за капалиштата да бидат готови до 1 мај, вели угостителот Никола Перишиќ.
Хотелите и рестораните веќе ги обучуваат новите сезонски работници. Црна Гора годинава очекува повеќе туристи од обично од Македонија, каде граѓаните може да патуваат со лична карта, особено доколку не успеале да добијат пасош со придавка.

The post Ако не успеавте да земете нов пасош – плажите на Црна Гора се реновирани и отвораат на 1 мај appeared first on Република.

]]>
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-gi-povikuva-rabotnitsite-na-protest-po-povod-megunarodniot-den-na-trudot-1-maj/ Sat, 27 Apr 2024 09:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=771616

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси.

- Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Синдикатите покажаа дека можат напорно да работат во интерес на нивните членови и во интерес на работниците. Синдикатите покажаа дека секој сам може да постигне резултат, но имаме можност сплотени да покажеме одлучност во работничката борба, онака како што вашите и нашите членови очекуваат и онака како што работниците очекуваат од нас, наведува тој во писмото повикувајќи го членството на протест.

Трендафилов посочува дека на 1 мај работниците имаат можност и шанса да покажат дека се незадоволни и дека сите тие кои претендираат да ја водат државата треба да го слушнат гласот на работниците.

-Имаме можност да го покажеме нашето, работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, особено поради можноста, пораките, нашите и работничките барања да ги упатиме на неколку денови пред парламентарните избори до сите тие кои претендираат да ја водат Државата. Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија ве замолувам да покажеме одлучност во борбата, борбата која е заедничка, за подобро утре и за подобри работнички права, наведува Трендафилов.

На протестот очекува на ССМ да му се придружат и членови на други синдикати и граѓани.

На Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом до Собрание - Стопанска комора - Влада.

The post ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси.
- Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Синдикатите покажаа дека можат напорно да работат во интерес на нивните членови и во интерес на работниците. Синдикатите покажаа дека секој сам може да постигне резултат, но имаме можност сплотени да покажеме одлучност во работничката борба, онака како што вашите и нашите членови очекуваат и онака како што работниците очекуваат од нас, наведува тој во писмото повикувајќи го членството на протест.
Трендафилов посочува дека на 1 мај работниците имаат можност и шанса да покажат дека се незадоволни и дека сите тие кои претендираат да ја водат државата треба да го слушнат гласот на работниците.
-Имаме можност да го покажеме нашето, работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, особено поради можноста, пораките, нашите и работничките барања да ги упатиме на неколку денови пред парламентарните избори до сите тие кои претендираат да ја водат Државата. Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија ве замолувам да покажеме одлучност во борбата, борбата која е заедничка, за подобро утре и за подобри работнички права, наведува Трендафилов.
На протестот очекува на ССМ да му се придружат и членови на други синдикати и граѓани. На Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом до Собрание - Стопанска комора - Влада.

The post ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај appeared first on Република.

]]>
Десет лица затруени откако запалиле скара за 1 Мај дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/deset-litsa-zatrueni-otkako-zapalile-skara-za-1-maj-doma/ Wed, 03 May 2023 08:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=636308

Вкупно десет лица се затруле со јаглерод моноксид по јадење на месо од скара во германскиот град Валдкрајбург во Баварија, а полицијата покренала истрага против жената (44) која ја разгорила скарата на балконот од нејзиниот стан.

Како што осомничената изјавила во полиција, откако ја запалила скарата на балконот, ја ставила скарата на јаглен во дневната соба и ја затворила вратата од балконот, што било фатално.

Жената, тројца членови на семејството, меѓу кои и 14-годишник и 18-годишник и еден спасувач се здобиле со тешко труење со јаглерод моноксид, а двајца соседи и уште тројца спасувачи се полесно повредени, пишува германскиот портал t-online.

Болничарите ги однеле сите десет лица во болница, а жената ќе одговара за наносување телесни повреди од невнимание.

По овој случај, германската полиција уште еднаш ги предупреди граѓаните на забраната за печење на јаглен или гас во затворени простории.

The post Десет лица затруени откако запалиле скара за 1 Мај дома appeared first on Република.

]]>

Вкупно десет лица се затруле со јаглерод моноксид по јадење на месо од скара во германскиот град Валдкрајбург во Баварија, а полицијата покренала истрага против жената (44) која ја разгорила скарата на балконот од нејзиниот стан. Како што осомничената изјавила во полиција, откако ја запалила скарата на балконот, ја ставила скарата на јаглен во дневната соба и ја затворила вратата од балконот, што било фатално. Жената, тројца членови на семејството, меѓу кои и 14-годишник и 18-годишник и еден спасувач се здобиле со тешко труење со јаглерод моноксид, а двајца соседи и уште тројца спасувачи се полесно повредени, пишува германскиот портал t-online. Болничарите ги однеле сите десет лица во болница, а жената ќе одговара за наносување телесни повреди од невнимание. По овој случај, германската полиција уште еднаш ги предупреди граѓаните на забраната за печење на јаглен или гас во затворени простории.

The post Десет лица затруени откако запалиле скара за 1 Мај дома appeared first on Република.

]]>
Доцните со скарата и ве фати дожд: Уште има шанси да не ви пропадне пикникот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/dotsnite-so-skarata-i-ve-fati-dozhd-ushte-ima-shansi-da-ne-vi-propadne-piknikot/ Mon, 01 May 2023 12:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=635757

Метеоролозите најавија врнежливо време, но тоа не значи дека треба да останете дома и да дозволите да ви пропадне викендот, а со тоа и долго планираната скара во природа со пријателите.

Сте се организирале фино друштво, сте набавиле тон месо, салати, литри и литри алкохол, сте разгореле скара – значи, сѐ е подготвено за Празникот на трудот. Меѓутоа, сивите облаци се закануваат дека ќе ви ги расипат плановите. Дали е сѐ изгубено?

Како што велат големите светски стручњаци, не мора да значи. Секако, ако врне цел ден без престан, тоа веќе може да претставува закана за планираниот Први мај.

Ако имате деца, никако не ви препорачуваме природа, зашто убавиот помин може лесно да се претвори од ден за паметење во ден за лекување грозница.

Во тој случај, најпаметно е забавата да ја преселите во нечија куќа со двор. Скарата можете да ја сместите под настрешница или на самиот влез во гаражата.

Никако не палете оган во затворен простор, зашто може да дојде до општо труење со јаглероден моноксид.

Наместо фризби, топка, бадминтон, подгответе инакви друштвени игри: монопол, ризико, јамб, пикшинери, карти и други кои ќе ги играте во дневната соба. Доколку сите живеете во станови, не би било баш хумано скара да распалите на терасата. Ако немате електрична скара, на месото ништо нема да му фали ако ќебапчињата и плескавиците ги завртите на рингла, а останатото месо во рерна. Исто така, добра и практична идеја е да си нарачате скара од некоја ќебапчилница, и онака речиси сите работат на денот.

Ако вашиот шпорет има грил опција, на коњ сте! Битно е сета храна да не пропадне, а и сите убаво да си поминат. Сепак, ако само роси нема причина да се откажете од природа. И не само тоа, искусните скараџии сметаат дека месото најубаво се пече кога надвор е влажно.

Тогаш месото ја впива влагата од воздухот и ќебапчињата, плескавиците, колбасите, пилешките крилца и останатите парчиња месо се посочни и поубаво мирисаат отколку ако времето е суво.

Идеално би било кога би имале некоја модерна верзија на плинска скара, која доаѓа со капак. Ако немате, старо тенџере, на кое ќе му направите неколку дупчиња, ќе заврши работа.

Исто така, не би било лошо ако главниот скараџија го сместите под настрешница, чадор за сонце или дрво со густа крошна и штетата за месото ќе биде минимална.

Ако сте се одлучиле за излет во шума, не заборавајте да понесете средства за заштита од комарци, крлежи, болви и други инсекти, кои како да полудуваат кога се спрема дожд и кога врне. Исто така, би било прекрасно кога некој од друштвото би понел барем еден шатор, чисто за да имате каде да се засолните ако фати голем дожд.

За жал, ќе мора да заборавите на терање романтика на треба, лежење на ќебе и гледање во сончевото небо. Понесете доволно столчиња на расклопување.

Не заборавајте да понесете стари крпи со кои ги бришете столчињата од влага и кал, а за облека – уште сега спакувајте кабаници и гумени чизми.

Како и да е, кој избор и да го направите, не заборавајте да понесете добро расположение и желба убаво да си поминете. Не треба многу да се трудите за да имате незаборавен Ден на трудот.

The post Доцните со скарата и ве фати дожд: Уште има шанси да не ви пропадне пикникот appeared first on Република.

]]>

Метеоролозите најавија врнежливо време, но тоа не значи дека треба да останете дома и да дозволите да ви пропадне викендот, а со тоа и долго планираната скара во природа со пријателите. Сте се организирале фино друштво, сте набавиле тон месо, салати, литри и литри алкохол, сте разгореле скара – значи, сѐ е подготвено за Празникот на трудот. Меѓутоа, сивите облаци се закануваат дека ќе ви ги расипат плановите. Дали е сѐ изгубено? Како што велат големите светски стручњаци, не мора да значи. Секако, ако врне цел ден без престан, тоа веќе може да претставува закана за планираниот Први мај. Ако имате деца, никако не ви препорачуваме природа, зашто убавиот помин може лесно да се претвори од ден за паметење во ден за лекување грозница. Во тој случај, најпаметно е забавата да ја преселите во нечија куќа со двор. Скарата можете да ја сместите под настрешница или на самиот влез во гаражата. Никако не палете оган во затворен простор, зашто може да дојде до општо труење со јаглероден моноксид. Наместо фризби, топка, бадминтон, подгответе инакви друштвени игри: монопол, ризико, јамб, пикшинери, карти и други кои ќе ги играте во дневната соба. Доколку сите живеете во станови, не би било баш хумано скара да распалите на терасата. Ако немате електрична скара, на месото ништо нема да му фали ако ќебапчињата и плескавиците ги завртите на рингла, а останатото месо во рерна. Исто така, добра и практична идеја е да си нарачате скара од некоја ќебапчилница, и онака речиси сите работат на денот. Ако вашиот шпорет има грил опција, на коњ сте! Битно е сета храна да не пропадне, а и сите убаво да си поминат. Сепак, ако само роси нема причина да се откажете од природа. И не само тоа, искусните скараџии сметаат дека месото најубаво се пече кога надвор е влажно. Тогаш месото ја впива влагата од воздухот и ќебапчињата, плескавиците, колбасите, пилешките крилца и останатите парчиња месо се посочни и поубаво мирисаат отколку ако времето е суво. Идеално би било кога би имале некоја модерна верзија на плинска скара, која доаѓа со капак. Ако немате, старо тенџере, на кое ќе му направите неколку дупчиња, ќе заврши работа. Исто така, не би било лошо ако главниот скараџија го сместите под настрешница, чадор за сонце или дрво со густа крошна и штетата за месото ќе биде минимална. Ако сте се одлучиле за излет во шума, не заборавајте да понесете средства за заштита од комарци, крлежи, болви и други инсекти, кои како да полудуваат кога се спрема дожд и кога врне. Исто така, би било прекрасно кога некој од друштвото би понел барем еден шатор, чисто за да имате каде да се засолните ако фати голем дожд. За жал, ќе мора да заборавите на терање романтика на треба, лежење на ќебе и гледање во сончевото небо. Понесете доволно столчиња на расклопување. Не заборавајте да понесете стари крпи со кои ги бришете столчињата од влага и кал, а за облека – уште сега спакувајте кабаници и гумени чизми. Како и да е, кој избор и да го направите, не заборавајте да понесете добро расположение и желба убаво да си поминете. Не треба многу да се трудите за да имате незаборавен Ден на трудот.

The post Доцните со скарата и ве фати дожд: Уште има шанси да не ви пропадне пикникот appeared first on Република.

]]>
ССМ: Покачување на сите плати за 78 отсто, 60 часа работа неделно е враќање во 19 век https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-pokachuvane-na-site-plati-za-78-otsto-60-chasa-rabota-nedelno-e-vrakane-vo-19-vek/ Mon, 01 May 2023 12:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=635751

Зголемувањето од речиси 80 отсто на платите на политичарите и функционерите и предвидените 60 часа неделно за изградба на коридорите 8 и 10д беа во фокусот на синдикалните обраќања на годинашниот првомајски протест организиран од  Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој побара достоинствена плата и фер услови за сите.

Протестот на членството, поддржан од граѓани, почна пред седиштето на ССМ, продолжи кон Собранието и заврши пред Владата. На пратениците и на извршната власт им порачаа дека „не е исто покачување од 2.000 денари на година и 2.000 денари на ден“ и оти „Работниците се државата“ - како што гласеше и слоганот на денешниот протест за Денот на трудот.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред Владата рече дека функционерите „си ги покачија платите за 78 проценти, а нас нѐ убедуваат дека 2.000 денари е доволно да преживее македонскиот работник“.

- Со две илјади денари работникот не може да го издржи месецот, додека некои со 78 отсто си го поминуваат месецот лежерно и убаво. Ние, работниците, не се откажуваме - како за нив, така и за нас. Нека ги намалат и тие платите и ние нема да бараме. Но, интенцијата е да се зголемат платите на сите работници, бидејќи гледаме во какво време-невреме живееме и колку се потребни тие пари. Пазарат по продавници и нѐ лажат дека цените се намалени, но ние сме секој ден таму и тоа не се случува. Го повикувам македонскиот работник, пензионер, народ, да излезе и да се сплоти и да им кажеме „не“ на овие што не мислат на нас и си гледаат само за себе, истакна Димовски.

Тој порача дека не го креваат работничкиот глас само денеска, туку борбата  продолжува и утре.

- Имаме работни средби каде јасно ќе кажеме за Општиот колективен договор: К-15 за сите, 78 проценти покачување за сите, рече синдикалниот лидер.

Претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Дејановски праша за кој труд претставниците на Владата си ги зголемиле платите за 800 евра во најголема инфлација.

- И што добивме ние од тоа? Триесет и две години ги гледаме како исплаќаат дневници и патни трошоци, а 32 години македонскиот работник нема добиено ништо. Две илјади денари покачување на година, две илјади денари покачување на ден не е исто, 2.500 евра плата и минимална плата не е исто. Синдикална минимална кошничка од 51 илјада денари, па кој може да преживее? Кој ги прима тие плати во Македонија? Мора да се изедначиме, не може да прифатиме ништо освен истата пресметка на плата како што тие си ја земаат, рече Дејановски.

Тој порача дека работниците треба да бидат обединети и единствени и секој ден да излегуваат на протести за да го добијат тоа што го бараат.

- Без масовност и единство ќе нѐ играат како што сакаат. Мора ова да биде почеток на една голема синдикална пролет, рече претседателот на УПОЗ.

И на пратениците им порачаа дека наместо народни, „сѐ повеќе се ненародни избраници“ и дека работниците паметат сѐ што тие прават и не прават за нив.

Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски рече дека пратениците не треба да заборават дека „од нашата пот го јадат нивниот леб и ги хранат семејствата“.

Пред законодавниот дом тој остави градежнички шлем и ги повика пратениците тие да работат 60 часа затоа што, рече, „ние се изборивме за 40“.

- За нас немаше ни 8 отсто покачување на платите. Не им го забораваме ниту Предлог-законот за 60 часа работна недела. Ако мислат дека ние сме робови и ќе гинеме на градилиштата, ги повикувам да градат со нас, повика Пешевски.

Игор Герасов од Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) додаде дека со шеесетте часа работна недела ги уназадуваат правата кои се изборени уште пред 150 години од американските работници.

- Во 19 век на денешен ден нашите колеги во Америка се организираа токму за тоа, да се намали работното време на 40 часа неделно. Нема да дозволиме во 21 век, по 150 години, македонскиот работник да го враќаат во 19 век. Ако треба секој ден ќе бидеме пред Владата и пред Собранието, истакна Герасов.

The post ССМ: Покачување на сите плати за 78 отсто, 60 часа работа неделно е враќање во 19 век appeared first on Република.

]]>

Зголемувањето од речиси 80 отсто на платите на политичарите и функционерите и предвидените 60 часа неделно за изградба на коридорите 8 и 10д беа во фокусот на синдикалните обраќања на годинашниот првомајски протест организиран од  Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој побара достоинствена плата и фер услови за сите. Протестот на членството, поддржан од граѓани, почна пред седиштето на ССМ, продолжи кон Собранието и заврши пред Владата. На пратениците и на извршната власт им порачаа дека „не е исто покачување од 2.000 денари на година и 2.000 денари на ден“ и оти „Работниците се државата“ - како што гласеше и слоганот на денешниот протест за Денот на трудот. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред Владата рече дека функционерите „си ги покачија платите за 78 проценти, а нас нѐ убедуваат дека 2.000 денари е доволно да преживее македонскиот работник“. - Со две илјади денари работникот не може да го издржи месецот, додека некои со 78 отсто си го поминуваат месецот лежерно и убаво. Ние, работниците, не се откажуваме - како за нив, така и за нас. Нека ги намалат и тие платите и ние нема да бараме. Но, интенцијата е да се зголемат платите на сите работници, бидејќи гледаме во какво време-невреме живееме и колку се потребни тие пари. Пазарат по продавници и нѐ лажат дека цените се намалени, но ние сме секој ден таму и тоа не се случува. Го повикувам македонскиот работник, пензионер, народ, да излезе и да се сплоти и да им кажеме „не“ на овие што не мислат на нас и си гледаат само за себе, истакна Димовски. Тој порача дека не го креваат работничкиот глас само денеска, туку борбата  продолжува и утре. - Имаме работни средби каде јасно ќе кажеме за Општиот колективен договор: К-15 за сите, 78 проценти покачување за сите, рече синдикалниот лидер. Претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи, здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Дејановски праша за кој труд претставниците на Владата си ги зголемиле платите за 800 евра во најголема инфлација. - И што добивме ние од тоа? Триесет и две години ги гледаме како исплаќаат дневници и патни трошоци, а 32 години македонскиот работник нема добиено ништо. Две илјади денари покачување на година, две илјади денари покачување на ден не е исто, 2.500 евра плата и минимална плата не е исто. Синдикална минимална кошничка од 51 илјада денари, па кој може да преживее? Кој ги прима тие плати во Македонија? Мора да се изедначиме, не може да прифатиме ништо освен истата пресметка на плата како што тие си ја земаат, рече Дејановски. Тој порача дека работниците треба да бидат обединети и единствени и секој ден да излегуваат на протести за да го добијат тоа што го бараат. - Без масовност и единство ќе нѐ играат како што сакаат. Мора ова да биде почеток на една голема синдикална пролет, рече претседателот на УПОЗ. И на пратениците им порачаа дека наместо народни, „сѐ повеќе се ненародни избраници“ и дека работниците паметат сѐ што тие прават и не прават за нив. Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП), Иван Пешевски рече дека пратениците не треба да заборават дека „од нашата пот го јадат нивниот леб и ги хранат семејствата“. Пред законодавниот дом тој остави градежнички шлем и ги повика пратениците тие да работат 60 часа затоа што, рече, „ние се изборивме за 40“. - За нас немаше ни 8 отсто покачување на платите. Не им го забораваме ниту Предлог-законот за 60 часа работна недела. Ако мислат дека ние сме робови и ќе гинеме на градилиштата, ги повикувам да градат со нас, повика Пешевски. Игор Герасов од Синдикат на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) додаде дека со шеесетте часа работна недела ги уназадуваат правата кои се изборени уште пред 150 години од американските работници. - Во 19 век на денешен ден нашите колеги во Америка се организираа токму за тоа, да се намали работното време на 40 часа неделно. Нема да дозволиме во 21 век, по 150 години, македонскиот работник да го враќаат во 19 век. Ако треба секој ден ќе бидеме пред Владата и пред Собранието, истакна Герасов.

The post ССМ: Покачување на сите плати за 78 отсто, 60 часа работа неделно е враќање во 19 век appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Да ги унапредиме работничките права, за да донесеме поголем просперитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-da-gi-unapredime-rabotnichkite-prava-za-da-doneseme-pogolem-prosperitet-2/ Mon, 01 May 2023 09:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=635708

На 1 Мај – Денот на трудот, да се потсетиме и да им оддадеме признание на сите оние кои придонесоа за поправеден однос кон работниците, наведува претседателот Стево Пендаровски во првомајската порака.

Истовремено, благодарни сме и на сите кои и денес се борат за обезбедување на пристојни услови за работа, соодветни плати и социјална сигурност, градејќи општество каде чесната работа достоинствено ќе се цени и ќе бидат целосно заштитени работничките права, рече тој.

Пендаровски додаде дека развојот и напредокот на Македонија, воедно и предуслов за младите да останат во својата татковина, во голема мера зависи од условите за работа и современите стандарди на работниците.

Затоа, треба постојано да ги преиспитуваме остварените права на работниците, да спречуваме нивна експлоатација, да размислуваме како да ги унапредиме за да донесеме поголем просперитет. Наша задача е да обезбедиме работниците да го имаат потребното образование и обука, да постои фер третман од работодавачите, да ги отстраниме бариерите за целосно учество на работното место за граѓаните со попреченост. Да се посветиме на обезбедување можности за сите, бидејќи секој работник заслужува почит и има право на достоинствен живот. Честит 1 Мај на сите работници!, нагласува претседателот Пендаровски во порака по повод 1 Мај – Денот на трудот.

The post Пендаровски: Да ги унапредиме работничките права, за да донесеме поголем просперитет appeared first on Република.

]]>

На 1 Мај – Денот на трудот, да се потсетиме и да им оддадеме признание на сите оние кои придонесоа за поправеден однос кон работниците, наведува претседателот Стево Пендаровски во првомајската порака. Истовремено, благодарни сме и на сите кои и денес се борат за обезбедување на пристојни услови за работа, соодветни плати и социјална сигурност, градејќи општество каде чесната работа достоинствено ќе се цени и ќе бидат целосно заштитени работничките права, рече тој. Пендаровски додаде дека развојот и напредокот на Македонија, воедно и предуслов за младите да останат во својата татковина, во голема мера зависи од условите за работа и современите стандарди на работниците. Затоа, треба постојано да ги преиспитуваме остварените права на работниците, да спречуваме нивна експлоатација, да размислуваме како да ги унапредиме за да донесеме поголем просперитет. Наша задача е да обезбедиме работниците да го имаат потребното образование и обука, да постои фер третман од работодавачите, да ги отстраниме бариерите за целосно учество на работното место за граѓаните со попреченост. Да се посветиме на обезбедување можности за сите, бидејќи секој работник заслужува почит и има право на достоинствен живот. Честит 1 Мај на сите работници!, нагласува претседателот Пендаровски во порака по повод 1 Мај – Денот на трудот.

The post Пендаровски: Да ги унапредиме работничките права, за да донесеме поголем просперитет appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден, Владата им го честита празникот со кршење на работничките права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-polovina-milion-luge-zhiveat-vo-siromashtija-so-samo-150-denari-na-den-vladata-im-go-chestita-praznikot-so-krshene-na-rabotnichkite-prava/ Mon, 01 May 2023 09:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=635702

Овој 1 Мај Владата им го честита со закон за зголемување на работната недела, со минимална плата која не се почитува, со кршење на работничките права. Македонија последните 5 години ги живее во мизерија, пред се од економска, но и од гледна точка на сигурност и иднина. Ова прашање не може да ги одбегне моментите на иселување на работната сила, немањето ниту една нова странска инвестиција, немање на новоотворени работни места, работници кои немаат земено плата, инфлацијата која расте, цените кои се во незапирлив скок, а државата е во долгови, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден.

Ова прашање оддамна веќе не е прашање за левицата или десницата, туку прашање за човековото право за достоинствен живот.

Оттука, лажливите пораки на грижа во Владата, додека нечии права на достоинствен живот се кршат, мора итно да се смени.

Работниците и граѓаните заслужуваат поголемо достоинство и грижа, а тоа е единствено можно само преку силна, стабилна и економија кој ќе биде ослободена од притисокот на властите. Потребни се промени за посигурна иднина“ – велат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден, Владата им го честита празникот со кршење на работничките права appeared first on Република.

]]>

Овој 1 Мај Владата им го честита со закон за зголемување на работната недела, со минимална плата која не се почитува, со кршење на работничките права. Македонија последните 5 години ги живее во мизерија, пред се од економска, но и од гледна точка на сигурност и иднина. Ова прашање не може да ги одбегне моментите на иселување на работната сила, немањето ниту една нова странска инвестиција, немање на новоотворени работни места, работници кои немаат земено плата, инфлацијата која расте, цените кои се во незапирлив скок, а државата е во долгови, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден. Ова прашање оддамна веќе не е прашање за левицата или десницата, туку прашање за човековото право за достоинствен живот. Оттука, лажливите пораки на грижа во Владата, додека нечии права на достоинствен живот се кршат, мора итно да се смени. Работниците и граѓаните заслужуваат поголемо достоинство и грижа, а тоа е единствено можно само преку силна, стабилна и економија кој ќе биде ослободена од притисокот на властите. Потребни се промени за посигурна иднина“ – велат од партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 150 денари на ден, Владата им го честита празникот со кршење на работничките права appeared first on Република.

]]>
Кромид со скарата ни под разно, предупредува д-р Перишиќ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kromid-so-skarata-ni-pod-razno-predupreduva-d-r-perishik/ Mon, 01 May 2023 09:07:06 +0000 https://republika.mk/?p=635698

Првата асоцијација со Први мај е скара во природа, а има ли нешто поубаво од скара со кромид? Гастроентеролог д-р Воислав Перишиќ вели - нема полошо

Д-р Перишиќ објасни што е најштетно во скарата и како маринадата може да ги неутрализира штетните состојки.

Прашав еден од моите пациенти, тој снабдува ресторани, како го прават месо за на скара. Ми вели - прво битно е да се избере месото. Откако месото ќе се сомели се меша со антиоксидативен коктел со масло. Значи додадете маслиново масло, оригано и малку сенф. Нека отстои во фрижидер преку ноќ, 8-10 часа. Потопувањето во ова масло има силно антиоксидативно дејство. Значи, кога станува збор за термичка обработка, кога црвеното месо добива прооксидантни материи, таа маринада ќе ги неутрализира. Ова не го кажувам напамет, во една шведска студија спроведена во Малме се наведува дека европската заедница издвоила 50 милиони евра за да ги види ефектите од токму овие супстанции врз меленото месо што ќе се пече на скара.Исто и со колбасите, таа смеса мора да се кисне барем неколку часа. А кога станува збор за месо како свински врат, го ставаш во маринадата и го оставаш да стои цел ден, рече тој.

Посилната и тешка храна, додава тој, се неутрализира со добра салата.

Нека има многу зеленило! Салата од зелка, зелена салата, целер, целерот е многу добар. Од голема важност е поради каротеноидите, а кромидот ве отекува затоа што има пробиотски материи. Нè ожеднува. Не е пријатно чувство, и не би го советувал да се јаде со скарата, освен ако не е млад кромид, тоа е друга приказна, рече тој гостувајќи во утринската програма на Прва телевизија.

The post Кромид со скарата ни под разно, предупредува д-р Перишиќ appeared first on Република.

]]>

Првата асоцијација со Први мај е скара во природа, а има ли нешто поубаво од скара со кромид? Гастроентеролог д-р Воислав Перишиќ вели - нема полошо Д-р Перишиќ објасни што е најштетно во скарата и како маринадата може да ги неутрализира штетните состојки.
Прашав еден од моите пациенти, тој снабдува ресторани, како го прават месо за на скара. Ми вели - прво битно е да се избере месото. Откако месото ќе се сомели се меша со антиоксидативен коктел со масло. Значи додадете маслиново масло, оригано и малку сенф. Нека отстои во фрижидер преку ноќ, 8-10 часа. Потопувањето во ова масло има силно антиоксидативно дејство. Значи, кога станува збор за термичка обработка, кога црвеното месо добива прооксидантни материи, таа маринада ќе ги неутрализира. Ова не го кажувам напамет, во една шведска студија спроведена во Малме се наведува дека европската заедница издвоила 50 милиони евра за да ги види ефектите од токму овие супстанции врз меленото месо што ќе се пече на скара.Исто и со колбасите, таа смеса мора да се кисне барем неколку часа. А кога станува збор за месо како свински врат, го ставаш во маринадата и го оставаш да стои цел ден, рече тој.
Посилната и тешка храна, додава тој, се неутрализира со добра салата.
Нека има многу зеленило! Салата од зелка, зелена салата, целер, целерот е многу добар. Од голема важност е поради каротеноидите, а кромидот ве отекува затоа што има пробиотски материи. Нè ожеднува. Не е пријатно чувство, и не би го советувал да се јаде со скарата, освен ако не е млад кромид, тоа е друга приказна, рече тој гостувајќи во утринската програма на Прва телевизија.

The post Кромид со скарата ни под разно, предупредува д-р Перишиќ appeared first on Република.

]]>
НАкС повикува: Колку сме повеќе, толку сме посилни! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naks-povikuva-kolku-sme-poveke-tolku-sme-posilni/ Mon, 01 May 2023 09:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=635697

Независниот академски синдикат, кој се формираше во 2016 година, со заложба за подобрување на квалитетот на високото образование и науката, почитување на универзитетската автономија, како и подобрување на општествениот и социјален статусна академската заедница, на Меѓународниот ден на трудот испраќа порака дека синдикалното здружување вреди.

Нивниот повик ви го пренесуваме во целост:

По неколкугодишната борба со различните чинители, водејќи дебата базирана на аргументи, анализи, истражувања, алармирајќи за проблемите и застапувајќи квалитетни решенија, НАкС го иницираше потпишувањето на првиот гранков Колективен договор во одделот на високото образование и науката во независна Македонија и во соработка со СОНК, само во последните две години се избори за:

1.Загарантирана исплата на минатиот труд на вработените од основниот буџет на МОН;

2.Дефинирање на основната плата на вработените;

3.Утврдување на платите согласно сложеноста на работните места;

4.Поставување на горен праг на оптовареност за наставниот кадар во делот на наставата;

5.Проширување на основот за покренување штрајк, со вклучување на одбраната на универзитетската автономија како основана причина за штрајк;

6.Зголемување на коефициентите на платите на наставниот и ненаставниот кадар;7.Системско решение за покачување на платите базирано на зголемувањето на просечната плата по истек на важењето на Колективниот договор;

8.Ваквите решенија за делот од платата што се исплаќа од основниот буџет на МОН резултираат со кумулативно покачување на платите од околу 40 % за само две години, и тоа преку:

➢покачување на коефициентите за пресметка на плата за 10%, од 01.09.2021,

➢покачување на коефициентите за пресметка на плата за 10%, од 01.09.2022,

➢договорено покачување на основицата за пресметка на плата од околу 17%, со важност од 04.05.2023;

9.Повторно воведување стипендии за постдипломци и докторанди;

10.Отворање конкурси за апликативни проекти и научно-истражувачки проекти, како и опремување на лаборатории;

11.Отпочнување на процесот на вработување соработнички кадар во областа нависокото образование и науката.

Ништо од ова немаше да го оствариме без несебичната работа на колегите во НАкС, без партнерите од СОНК, кои ни се придружија во борбата за подигнување на достоинството на академската заедница, како и без разбирањето на соговорниците во социјалниот дијалог - Министерството за образование и наука.

На Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката до нашите колеги, наставен и ненаставен кадар кој работи во областа на високото образование и науката,дека синдикалното здружување вреди и дава резултати!

Оттука, ве покануваме да ни се придружите за да бидеме уште побројни затоа што ни престои уште многу борба за подобри работнички права и затоа што работничките права мора постојано да се бранат. Колку сме повеќе, толку сме посилни!

The post НАкС повикува: Колку сме повеќе, толку сме посилни! appeared first on Република.

]]>

Независниот академски синдикат, кој се формираше во 2016 година, со заложба за подобрување на квалитетот на високото образование и науката, почитување на универзитетската автономија, како и подобрување на општествениот и социјален статусна академската заедница, на Меѓународниот ден на трудот испраќа порака дека синдикалното здружување вреди. Нивниот повик ви го пренесуваме во целост: По неколкугодишната борба со различните чинители, водејќи дебата базирана на аргументи, анализи, истражувања, алармирајќи за проблемите и застапувајќи квалитетни решенија, НАкС го иницираше потпишувањето на првиот гранков Колективен договор во одделот на високото образование и науката во независна Македонија и во соработка со СОНК, само во последните две години се избори за: 1.Загарантирана исплата на минатиот труд на вработените од основниот буџет на МОН; 2.Дефинирање на основната плата на вработените; 3.Утврдување на платите согласно сложеноста на работните места; 4.Поставување на горен праг на оптовареност за наставниот кадар во делот на наставата; 5.Проширување на основот за покренување штрајк, со вклучување на одбраната на универзитетската автономија како основана причина за штрајк; 6.Зголемување на коефициентите на платите на наставниот и ненаставниот кадар;7.Системско решение за покачување на платите базирано на зголемувањето на просечната плата по истек на важењето на Колективниот договор; 8.Ваквите решенија за делот од платата што се исплаќа од основниот буџет на МОН резултираат со кумулативно покачување на платите од околу 40 % за само две години, и тоа преку: ➢покачување на коефициентите за пресметка на плата за 10%, од 01.09.2021, ➢покачување на коефициентите за пресметка на плата за 10%, од 01.09.2022, ➢договорено покачување на основицата за пресметка на плата од околу 17%, со важност од 04.05.2023; 9.Повторно воведување стипендии за постдипломци и докторанди; 10.Отворање конкурси за апликативни проекти и научно-истражувачки проекти, како и опремување на лаборатории; 11.Отпочнување на процесот на вработување соработнички кадар во областа нависокото образование и науката. Ништо од ова немаше да го оствариме без несебичната работа на колегите во НАкС, без партнерите од СОНК, кои ни се придружија во борбата за подигнување на достоинството на академската заедница, како и без разбирањето на соговорниците во социјалниот дијалог - Министерството за образование и наука. На Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката до нашите колеги, наставен и ненаставен кадар кој работи во областа на високото образование и науката,дека синдикалното здружување вреди и дава резултати! Оттука, ве покануваме да ни се придружите за да бидеме уште побројни затоа што ни престои уште многу борба за подобри работнички права и затоа што работничките права мора постојано да се бранат. Колку сме повеќе, толку сме посилни!

The post НАкС повикува: Колку сме повеќе, толку сме посилни! appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Сите владини мерки се насочени кон подобар животен стандард на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-site-vladini-merki-se-nasocheni-kon-podobar-zhivoten-standard-na-graganite/ Mon, 01 May 2023 08:04:52 +0000 https://republika.mk/?p=635686

Изразувам огромна почит кон сите кои со својот труд обезбедуваат стимул и развој на нашата држава. Дури и во услови на најголемата економска и енергетска криза која ја паметиме во изминативе децении, вели премиерот Ковачевски во видео честитката по повод Денот на трудот – 1 Мај.

Системските решенија до кои дојдовме преку социјалниот дијалог дадоа резултат и го зацврстија партнерството и со синдикатите и со сите засегнати страни. Токму затоа, денес, минималната плата е над 20.000 денари, што е зголемување од 100 проценти во однос на 2016-та година. Предвремено го исполнивме ветувањето за просечна плата над 500 евра, а и ги зголемивме платите во образование, во здравство и во безбедносните сектори, наведува премиерот Ковачевски во првомајската честитка.

Тој потенцира дека Владата постави здрава основа и затоа и минималната и просечната плата, континуирано ќе растат.

Го почитуваме и цениме трудот на секој работник и поради тоа, денес ние веќе не сме дестинација со евтина работна сила. Денес, инвеститорите ја препознаваат стабилноста и можноста за раст и развој на државата која е земја членка на НАТО, земја со отпочнати преговори со Европската Унија и инвестираат и отвораат нови, добро платени работни места, потенцираше премиерот.

Осврнувајќи се на минатата година, Ковачевски нагласува дека 2022 година е заокружена со нови инвестиции од над 430 милиони евра и 2.300 нови работни места, а само во технолошко-индустриските зони имаме над 16.500 вработени, што за повеќе од 10.000 во од 2017-та, па досега.

Ова темпо продолжува и понатаму. Со реализацијата и изградбата на коридорите 8 и 10-д, овозможуваме нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за 2 отсто годишно во наредните 5 години, вели премиерот Ковачевски.

Тој истакнува дека сите мерки и системски решенија кои ги носи Владата се насочени кон подобар животен стандард на граѓаните.

Оваа зима пак, не изоставивме никого. Покажавме одговорност и донесовме неколку пакети антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра, со кои го заштитивме животниот стандард, но и работните места. Ова е време на солидарност, но и време кризата да се препознае како можност. Знаеме дека секогаш може подобро и повеќе и за тоа и се бориме. Оваа посветена работа ќе продолжи и понатаму. За Вас вратите во Владата се секогаш отворени. Заедно, рамо до рамо, ќе ги решаваме сите предизвици, а во мене и во Владата вие секогаш ќе имате сојузник, додава премиерот Ковачевски во честитката упатена до сите граѓани по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот во негови име и во име на Владата.

The post Ковачевски: Сите владини мерки се насочени кон подобар животен стандард на граѓаните appeared first on Република.

Пендаровски: Да ги унапредиме работничките права за да донесеме поголем просперитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-da-gi-unapredime-rabotnichkite-prava-za-da-doneseme-pogolem-prosperitet/ Mon, 01 May 2023 07:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=635684

На 1 Мај - Денот на трудот, да се потсетиме и да им оддадеме признание на сите оние кои придонесоа за поправеден однос кон работниците, наведува претседателот Стево Пендаровски во првомајската порака.

Истовремено, благодарни сме и на сите кои и денес се борат за обезбедување на пристојни услови за работа, соодветни плати и социјална сигурност, градејќи општество каде чесната работа достоинствено ќе се цени и ќе бидат целосно заштитени работничките права, рече тој.

Пендаровски додаде дека развојот и напредокот на Македонија, воедно и предуслов за младите да останат во својата татковина, во голема мера зависи од условите за работа и современите стандарди на работниците.

Затоа, треба постојано да ги преиспитуваме остварените права на работниците, да спречуваме нивна експлоатација, да размислуваме како да ги унапредиме за да донесеме поголем просперитет. Наша задача е да обезбедиме работниците да го имаат потребното образование и обука, да постои фер третман од работодавачите, да ги отстраниме бариерите за целосно учество на работното место за граѓаните со попреченост. Да се посветиме на обезбедување можности за сите, бидејќи секој работник заслужува почит и има право на достоинствен живот. Честит 1 Мај на сите работници!, нагласува претседателот Пендаровски во порака по повод 1 Мај - Денот на трудот.

The post Пендаровски: Да ги унапредиме работничките права за да донесеме поголем просперитет appeared first on Република.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавените првомајски протести https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/poseben-rezhim-na-soobrakaj-vo-skopje-poradi-najavenite-prvomajski-protesti/ Mon, 01 May 2023 07:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=635680

СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по неколку сообраќајници во центарот на Скопје поради одржување два синдикални првомајски протеста.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ssm-i-kss-deneska-na-ulitsa-se-bara-pravda-za-rabotnikot/

Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на улица „50 Дивизија“, по улица „Јордан Мијалков“, булевар „Климент Охридски“ се до Владата на булевар „Илинден“.

Исто така, со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на улица „Мирче Ацев“ кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на булевар „Илинден“ пред Владата.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, информира Министерството.

The post Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавените првомајски протести appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по неколку сообраќајници во центарот на Скопје поради одржување два синдикални првомајски протеста. https://republika.mk/vesti/makedonija/ssm-i-kss-deneska-na-ulitsa-se-bara-pravda-za-rabotnikot/ Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на улица „50 Дивизија“, по улица „Јордан Мијалков“, булевар „Климент Охридски“ се до Владата на булевар „Илинден“. Исто така, со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на улица „Мирче Ацев“ кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на булевар „Илинден“ пред Владата.