1 декември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/1-dekemvri/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Nov 2022 11:06:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png 1 декември Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/1-dekemvri/ 32 32 Прославениот бугарски писател Георги Господинов гостува во Скопје на први декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proslaveniot-bugarski-pisatel-georgi-gospodinov-gostuva-vo-skopje-na-prvi-dekemvri/ Wed, 30 Nov 2022 11:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=579990

На први декември во киното Фросина во МКЦ од 21 ч. ќе се одржи промоција на романот „Засолниште во времето“ со гостување на авторот, прославениот бугарски писател, Георги Господинов. Романот од бугарски на македонски го преведе Душко Крстевски. Објавувањето на романот и промоцијата се дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ на издавачката куќа Или-Или во Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Модератор на промоцијата ќе биде Дарин Ангеловски а промоторки на романот Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.

Во Својот роман „Засолниште во времето“, бугарскиот автор го претставува светот во којшто луѓето го бараат засолништето во минатото. Она што првично било замислено како терапија за луѓето со алцхајмер и деменција, станува дистопија: во секоја европска земја се одржува референдум за изборот на деценијата во која би сакале да се вратат.

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“(Темплум, Или-Или), „И други приказни“ (Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (Или-Или, 2015) , и збирките раскази „И сè стана месечина“ (Или-Или, 2017) и „Сите наши тела“ (Или-Или, 2019).

 

 

 

The post Прославениот бугарски писател Георги Господинов гостува во Скопје на први декември appeared first on Република.

]]>

На први декември во киното Фросина во МКЦ од 21 ч. ќе се одржи промоција на романот „Засолниште во времето“ со гостување на авторот, прославениот бугарски писател, Георги Господинов. Романот од бугарски на македонски го преведе Душко Крстевски. Објавувањето на романот и промоцијата се дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ на издавачката куќа Или-Или во Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Модератор на промоцијата ќе биде Дарин Ангеловски а промоторки на романот Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска. Во Својот роман „Засолниште во времето“, бугарскиот автор го претставува светот во којшто луѓето го бараат засолништето во минатото. Она што првично било замислено како терапија за луѓето со алцхајмер и деменција, станува дистопија: во секоја европска земја се одржува референдум за изборот на деценијата во која би сакале да се вратат. Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“(Темплум, Или-Или), „И други приказни“ (Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (Или-Или, 2015) , и збирките раскази „И сè стана месечина“ (Или-Или, 2017) и „Сите наши тела“ (Или-Или, 2019).      

The post Прославениот бугарски писател Георги Господинов гостува во Скопје на први декември appeared first on Република.

]]>
Георги Господинов на први декември во МКЦ ќе го промовира новиот роман „Засолниште во времето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/georgi-gospodinov-na-prvi-dekemvri-vo-mkc-kje-go-promovira-noviot-roman-zasolnishte-vo-vremeto/ Tue, 29 Nov 2022 15:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=579657

На први декември во киното „Фросина“ во Младински културен центар (МКЦ) од 21 ч. ќе се одржи промоција на романот „Засолниште во времето“ со гостување на авторот, прославениот бугарски писател, Георги Господинов. Романот од бугарски на македонски го преведе Душко Крстевски. Објавувањето на романот и промоцијата се дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ на издавачката куќа „Или-Или“ во Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

Модератор на промоцијата ќе биде Дарин Ангеловски а промоторки на романот Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска.

Во својот роман „Засолниште во времето“, бугарскиот автор го претставува светот во којшто луѓето го бараат засолништето во минатото. Она што првично било замислено како терапија за луѓето со алцхајмер и деменција, станува дистопија: во секоја европска земја се одржува референдум за изборот на деценијата во која би сакале да се вратат.

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“(Темплум, Или-Или), „И други приказни“ (Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (Или-Или, 2015) , и збирките раскази „И сè стана месечина“ (Или-Или, 2017) и „Сите наши тела“ (Или-Или, 2019).

 

The post Георги Господинов на први декември во МКЦ ќе го промовира новиот роман „Засолниште во времето“ appeared first on Република.

]]>

На први декември во киното „Фросина“ во Младински културен центар (МКЦ) од 21 ч. ќе се одржи промоција на романот „Засолниште во времето“ со гостување на авторот, прославениот бугарски писател, Георги Господинов. Романот од бугарски на македонски го преведе Душко Крстевски. Објавувањето на романот и промоцијата се дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ на издавачката куќа „Или-Или“ во Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. Модератор на промоцијата ќе биде Дарин Ангеловски а промоторки на романот Оливера Ќорвезироска и Калина Малеска. Во својот роман „Засолниште во времето“, бугарскиот автор го претставува светот во којшто луѓето го бараат засолништето во минатото. Она што првично било замислено како терапија за луѓето со алцхајмер и деменција, станува дистопија: во секоја европска земја се одржува референдум за изборот на деценијата во која би сакале да се вратат. Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“(Темплум, Или-Или), „И други приказни“ (Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (Или-Или, 2015) , и збирките раскази „И сè стана месечина“ (Или-Или, 2017) и „Сите наши тела“ (Или-Или, 2019).  

The post Георги Господинов на први декември во МКЦ ќе го промовира новиот роман „Засолниште во времето“ appeared first on Република.

]]>
Фотографиите на Живко Јаневски се визуелен документ на времето кога се осамостојуваше Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/fotografiite-na-zivko-janevski-se-vizuelen-dokument-na-vremeto-koga-se-osamostojuvashe-makedonija/ Mon, 21 Nov 2022 11:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=576406

Фотографиите на доајенот Живко Јаневски се визуелен документ на времето кога се осамостојуваше Републиката. Во овие фотографски записи снимени во почеток на деведесетите години на минатиот век е документирано времето на големите опшествени промени во Македонија, вели Станко Неделковски, кустос во Музејот на Град Скопје, кој ја уреди изложбата „Живко Јаневски – Точки на интерес“ а ќе се отвори на 1 декември во 19,30 часот во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

Првите денови на плурализмот, новото Собрание, заминувањето на ЈНА од Македонија, протестите за враќање на македонските војници од ЈНА, бројни посети на значајни политички претставници од повеќе земји и организации и бројни други случувања околу Собранието како и бројни културни и спортски настани се документирани преку фотографиите на Јаневски кои биле објавени во првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“. Јаневски почина на 15 март 2000 година во Скопје како уредник на фотографија во дневниот весник „Нова Македонија“.

Сè ова ќе завршело на буниште, ако Станко Неделковски не ги пронашол негативите од фотографиите кои ќе бидат дел од изложбата. По ходниците на НИП-от, кога поранешната издавачка куќа влезе во стечај имало куп картонски кутии полни со материјали. Неделковски, инаку фотограф и вработен во Музејот на Град Скопје почнал да пребарува низ материјалите и на една од тие кутии полна со големи жолти коверти, било испишано „Црно - бели Живко“. Му било дозволено да ги земе. Во ковертот имало 285 негативи, осносно околу 9.500 фотографии. Неделковски успеал да ги дигитализира и од тој материјал направил селекција од 110 фотографии што ќе бидат поставени на изложбата.

Овие фотографии го документираат најважниот период од формирањето на Македонија како самостојна држава, говори можеби за најважниот период, одд 1989 до 1994 година.

НЕДЕЛКОВСКИ: Секако дека периодот е значаен од историски аспект, како визуелен документ на времето кога се осамостојуваше Републиката. Во овие фотографски записи, материјали достапни за оваа изложба, снимени во почеток на деведесетите години на минатиот век, документирано е времето на големите опшествени промени. На филмските негативи се првите денови на плурализмот, новото Собрание, заминувањето на ЈНА од Македонија, протестите за враќање на македонските војници од ЈНА, бројни посети на значајни политички претставници од повеќе земји и организации и бројни други случувања околу Собранието како и бројни културни и спортски настани

Станува збор за извореден материјал, снимен од врвен фоторепортер, кој сега првпат јавно се презентира во форма на изложба.

НЕДЕЛКОВСКИ: Изложбата е форма за јавно преставување на овие авторски дела и покрај тоа што дел од фотографиите биле објавениво во тогашниот дневн весник „Нова Македонија“. Фотографиите тогаш имале функција да пренесат видување на некој настан и случување, а сега од една дистанца ќе се потсетиме на тие времиња но со еден нов поглед ќе може да ја видиме креативноста од фотграфски аспект на авторот.

[caption id="attachment_576442" align="alignnone" width="400"] Седница на Собранието 1992 година, Автор: Живко Јаневски[/caption]

Фотографиите од изложбата се дел од секојдневната повеќедецениска работа на Живко Јаневски како фоторепортер на тогаш најголемата издавачка куќа, НИП „Нова Македонија“. Што беше најтешко при составување на изложбата?

НЕДЕЛКОВСКИ: Реално не може да се презентира целокупниот материјал кој е достапен за оваа изложба, морав да направам селекција во која ќе има приказна за времето и креативниот напор на авторот, а да се презентира дел и од интересот кој го имал за создавање на фотографиите и надвор од секојдневните работни задачи во Издавачката куќа.

Материјалот кој вие го пронајдовте во еден од ходниците на НИП „Нова Македонија“ за малку ќе завршел на буниште. Во тој материјал, во тие жолти коверти на кои пишувало „Црно-бели Живко“ имало 285 црно-бели филмови и 9.500 негативи. Можете ли да објасните што се требаше да се направи за да се стигне до изборот од 110 фотографии кои ќе бидат прикажани на изложбата?

[caption id="attachment_576440" align="alignnone" width="600"] Дождлив ден, 1990, автор: Живко Јаневски[/caption]

НЕДЕЛКОВСКИ: Бидејќи материјалите се состоеа од црно-бели филмови, требаше да се дигитализираат и прегледаат што содржат поединечно секој негатив. Со неколку селекции се дојде до изборот кој ќе биде поставен на оваа изложба. Изборот на фотографии одново се обработи и подготви за печатење и се изработија изложбени фотографии.

Како го правевте изборот? Посебно е важно нивното именување и датирање. Како го направивте тоа?

НЕДЕЛКОВСКИ: За истажувањето да биде целосно, продолжив со откривање на фотографиите во изданијата на НИП Нова Македонија во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ каде поголемиот дел на фотографии ги пронајдов и така ги датирав, на изложбата ќе бидат со легенди претставени за кои текстови во кој период се создадени овие фотографии и со наслови кои соодветствуваат на самите фотографии.

Овие фотографии се вредно културно наследство, но и наш пораз, бидејќи говорат за односот кој го има државата кон материјалите и докумените на нашата понова историја.

НЕДЕЛКОВСКИ: Како кустос во Оделот за Современа фотографија и филмски материјал во Музејот на град Скопје задача ми е да се грижам и обработувам културното наследство, а со тоа и да го презентирам на пошироката јавност, а овој проект го подрржаа и финансираа Градот Скопје и Министерството за култура

Колку е важно да се продолжи со истражување на материјалите со кои ќе се збогати современата фотографија на Музеј на Град Скопје?

НЕДЕЛКОВСКИ: Со оваа изложба ќе се збогати збирката на Музејот на град Скопје со 110 фотографии на доаенот на Македонската фотографија Живко Јаневски покрај збирките на Благоја Дрнков, Лазо Величковски, Иво Вељанов, Владимир Плавевски, Цветко Иванов.

[caption id="attachment_576441" align="alignnone" width="640"] Референдум на Албанците во Македонија 1992 година, Автор: Живко Јаневски[/caption]

Кои се вашите сознанија, дали има уште материјали и жолти коверти кои завршиле во отпад?

НЕДЕЛКОВСКИ: Претпоставувам дека и на некое друго место има сочувано материјали, а оваа изложба ќе биде само иницијација ако негде има фотографски или филмски материјал не само од Живко Јаневски туку и голем број на фоторепортери кои работеле во издавачките куќи, да се истражат и бидат на вистинското место, во Музеите, каде ќе се зачуваат, заштититат и презентираат.

[caption id="attachment_576443" align="alignnone" width="840"] Патот кон Ресен 1993 година, Автор: Живко Јаневски[/caption]

Живко Јаневски, мајстор на фотографијата

Живко Јаневски (Градско, 1.08.1940 – Скопје 15.03.2000) со фотографија почнал да се занимава како член на белградските фотоклубови „Електромашинац” и „Београд” (1957 /1968). За време на своите студии во Белград како член на фото клубовите освојува низа врвни награди и признанија во земјата и во странство за уметничка фотографија. Во 1962 година ја прави својата прва самостојна изложба во Клубот на Студентскиот дом во Скопје. Во 1965 година има самостојна изложба во Ваљево, и во 1966 и во Белград, Р. Србија, во 1974 самостојна изложба поставува во филмскиот Мотовун, Хрватска за да на истата година биде одликуван за Мајстор на фотографија на Југославија, а во наредната година во Берн, го добил највисокото меѓународно признание за уметничка фотографија ЕФИАП.

[caption id="attachment_576429" align="alignnone" width="696"] Томислав Димовски Бучки и Живко Јаневски[/caption]

Во 1992 ја отвора ретроспективната изложба насловена “Imagines vitae” во Уметничката галерија – Скопје.

Неговиот талент кон крајот на шеесеттите години од минатиот век го забележал филмскиот режисер и сценарист Живоин Павловиќ кој го ангажирал како филмски фотограф за својот игран филм „Кога ќе бидам мртов и бел“, едно од неколкуте филмски остварувања од т.н. „црн бран“ во југословенската кинематографија. Во 1971 година повторно е ангажиран во областа на филмската фотографија, овој пат за потребите на „Црно семе“ - дебитантскиот игран филм на режисерот Кирил Ценевски.

Како фотограф професионално почнал да работи по враќањето во Скопје (1968). Целиот свој работен век го минал во НИП „Нова Македонија како уредник на фотографија на изданијата „Журнал”, „Нова Македонија”, „Вечер”, „Екран”, „Починка”, „Пулс”. Излагал уште на дваесетина групни изложби во најзначајни фото салони во светот. Освоил 84 награди.

Почина на 15 март 2000 година во Скопје како уредник на фотографија во дневниот весник „Нова Македонија“.

Од 2001 година е востановена годишна „Гран при награда Живко Јаневски” за најуспешни фоторепортерски остварувања.

Разговараше: Александра М. Бундлаевска

The post Фотографиите на Живко Јаневски се визуелен документ на времето кога се осамостојуваше Македонија appeared first on Република.

]]>

Фотографиите на доајенот Живко Јаневски се визуелен документ на времето кога се осамостојуваше Републиката. Во овие фотографски записи снимени во почеток на деведесетите години на минатиот век е документирано времето на големите опшествени промени во Македонија, вели Станко Неделковски, кустос во Музејот на Град Скопје, кој ја уреди изложбата „Живко Јаневски – Точки на интерес“ а ќе се отвори на 1 декември во 19,30 часот во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Првите денови на плурализмот, новото Собрание, заминувањето на ЈНА од Македонија, протестите за враќање на македонските војници од ЈНА, бројни посети на значајни политички претставници од повеќе земји и организации и бројни други случувања околу Собранието како и бројни културни и спортски настани се документирани преку фотографиите на Јаневски кои биле објавени во првиот македонски дневен весник „Нова Македонија“. Јаневски почина на 15 март 2000 година во Скопје како уредник на фотографија во дневниот весник „Нова Македонија“. Сè ова ќе завршело на буниште, ако Станко Неделковски не ги пронашол негативите од фотографиите кои ќе бидат дел од изложбата. По ходниците на НИП-от, кога поранешната издавачка куќа влезе во стечај имало куп картонски кутии полни со материјали. Неделковски, инаку фотограф и вработен во Музејот на Град Скопје почнал да пребарува низ материјалите и на една од тие кутии полна со големи жолти коверти, било испишано „Црно - бели Живко“. Му било дозволено да ги земе. Во ковертот имало 285 негативи, осносно околу 9.500 фотографии. Неделковски успеал да ги дигитализира и од тој материјал направил селекција од 110 фотографии што ќе бидат поставени на изложбата. Овие фотографии го документираат најважниот период од формирањето на Македонија како самостојна држава, говори можеби за најважниот период, одд 1989 до 1994 година. НЕДЕЛКОВСКИ: Секако дека периодот е значаен од историски аспект, како визуелен документ на времето кога се осамостојуваше Републиката. Во овие фотографски записи, материјали достапни за оваа изложба, снимени во почеток на деведесетите години на минатиот век, документирано е времето на големите опшествени промени. На филмските негативи се првите денови на плурализмот, новото Собрание, заминувањето на ЈНА од Македонија, протестите за враќање на македонските војници од ЈНА, бројни посети на значајни политички претставници од повеќе земји и организации и бројни други случувања околу Собранието како и бројни културни и спортски настани Станува збор за извореден материјал, снимен од врвен фоторепортер, кој сега првпат јавно се презентира во форма на изложба. НЕДЕЛКОВСКИ: Изложбата е форма за јавно преставување на овие авторски дела и покрај тоа што дел од фотографиите биле објавениво во тогашниот дневн весник „Нова Македонија“. Фотографиите тогаш имале функција да пренесат видување на некој настан и случување, а сега од една дистанца ќе се потсетиме на тие времиња но со еден нов поглед ќе може да ја видиме креативноста од фотграфски аспект на авторот. [caption id="attachment_576442" align="alignnone" width="400"] Седница на Собранието 1992 година, Автор: Живко Јаневски[/caption] Фотографиите од изложбата се дел од секојдневната повеќедецениска работа на Живко Јаневски како фоторепортер на тогаш најголемата издавачка куќа, НИП „Нова Македонија“. Што беше најтешко при составување на изложбата? НЕДЕЛКОВСКИ: Реално не може да се презентира целокупниот материјал кој е достапен за оваа изложба, морав да направам селекција во која ќе има приказна за времето и креативниот напор на авторот, а да се презентира дел и од интересот кој го имал за создавање на фотографиите и надвор од секојдневните работни задачи во Издавачката куќа. Материјалот кој вие го пронајдовте во еден од ходниците на НИП „Нова Македонија“ за малку ќе завршел на буниште. Во тој материјал, во тие жолти коверти на кои пишувало „Црно-бели Живко“ имало 285 црно-бели филмови и 9.500 негативи. Можете ли да објасните што се требаше да се направи за да се стигне до изборот од 110 фотографии кои ќе бидат прикажани на изложбата? [caption id="attachment_576440" align="alignnone" width="600"] Дождлив ден, 1990, автор: Живко Јаневски[/caption] НЕДЕЛКОВСКИ: Бидејќи материјалите се состоеа од црно-бели филмови, требаше да се дигитализираат и прегледаат што содржат поединечно секој негатив. Со неколку селекции се дојде до изборот кој ќе биде поставен на оваа изложба. Изборот на фотографии одново се обработи и подготви за печатење и се изработија изложбени фотографии. Како го правевте изборот? Посебно е важно нивното именување и датирање. Како го направивте тоа? НЕДЕЛКОВСКИ: За истажувањето да биде целосно, продолжив со откривање на фотографиите во изданијата на НИП Нова Македонија во Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ каде поголемиот дел на фотографии ги пронајдов и така ги датирав, на изложбата ќе бидат со легенди претставени за кои текстови во кој период се создадени овие фотографии и со наслови кои соодветствуваат на самите фотографии. Овие фотографии се вредно културно наследство, но и наш пораз, бидејќи говорат за односот кој го има државата кон материјалите и докумените на нашата понова историја. НЕДЕЛКОВСКИ: Како кустос во Оделот за Современа фотографија и филмски материјал во Музејот на град Скопје задача ми е да се грижам и обработувам културното наследство, а со тоа и да го презентирам на пошироката јавност, а овој проект го подрржаа и финансираа Градот Скопје и Министерството за култура Колку е важно да се продолжи со истражување на материјалите со кои ќе се збогати современата фотографија на Музеј на Град Скопје? НЕДЕЛКОВСКИ: Со оваа изложба ќе се збогати збирката на Музејот на град Скопје со 110 фотографии на доаенот на Македонската фотографија Живко Јаневски покрај збирките на Благоја Дрнков, Лазо Величковски, Иво Вељанов, Владимир Плавевски, Цветко Иванов. [caption id="attachment_576441" align="alignnone" width="640"] Референдум на Албанците во Македонија 1992 година, Автор: Живко Јаневски[/caption] Кои се вашите сознанија, дали има уште материјали и жолти коверти кои завршиле во отпад? НЕДЕЛКОВСКИ: Претпоставувам дека и на некое друго место има сочувано материјали, а оваа изложба ќе биде само иницијација ако негде има фотографски или филмски материјал не само од Живко Јаневски туку и голем број на фоторепортери кои работеле во издавачките куќи, да се истражат и бидат на вистинското место, во Музеите, каде ќе се зачуваат, заштититат и презентираат. [caption id="attachment_576443" align="alignnone" width="840"] Патот кон Ресен 1993 година, Автор: Живко Јаневски[/caption] Живко Јаневски, мајстор на фотографијата Живко Јаневски (Градско, 1.08.1940 – Скопје 15.03.2000) со фотографија почнал да се занимава како член на белградските фотоклубови „Електромашинац” и „Београд” (1957 /1968). За време на своите студии во Белград како член на фото клубовите освојува низа врвни награди и признанија во земјата и во странство за уметничка фотографија. Во 1962 година ја прави својата прва самостојна изложба во Клубот на Студентскиот дом во Скопје. Во 1965 година има самостојна изложба во Ваљево, и во 1966 и во Белград, Р. Србија, во 1974 самостојна изложба поставува во филмскиот Мотовун, Хрватска за да на истата година биде одликуван за Мајстор на фотографија на Југославија, а во наредната година во Берн, го добил највисокото меѓународно признание за уметничка фотографија ЕФИАП. [caption id="attachment_576429" align="alignnone" width="696"] Томислав Димовски Бучки и Живко Јаневски[/caption] Во 1992 ја отвора ретроспективната изложба насловена “Imagines vitae” во Уметничката галерија – Скопје. Неговиот талент кон крајот на шеесеттите години од минатиот век го забележал филмскиот режисер и сценарист Живоин Павловиќ кој го ангажирал како филмски фотограф за својот игран филм „Кога ќе бидам мртов и бел“, едно од неколкуте филмски остварувања од т.н. „црн бран“ во југословенската кинематографија. Во 1971 година повторно е ангажиран во областа на филмската фотографија, овој пат за потребите на „Црно семе“ - дебитантскиот игран филм на режисерот Кирил Ценевски. Како фотограф професионално почнал да работи по враќањето во Скопје (1968). Целиот свој работен век го минал во НИП „Нова Македонија како уредник на фотографија на изданијата „Журнал”, „Нова Македонија”, „Вечер”, „Екран”, „Починка”, „Пулс”. Излагал уште на дваесетина групни изложби во најзначајни фото салони во светот. Освоил 84 награди. Почина на 15 март 2000 година во Скопје како уредник на фотографија во дневниот весник „Нова Македонија“. Од 2001 година е востановена годишна „Гран при награда Живко Јаневски” за најуспешни фоторепортерски остварувања. Разговараше: Александра М. Бундлаевска

The post Фотографиите на Живко Јаневски се визуелен документ на времето кога се осамостојуваше Македонија appeared first on Република.

]]>