Македонската ракометна репрезентација со победа го заврши настапот на 16. Европско првенство. „Црвено-жолтите“ вечерва во Берлин ја Швајцарија со 29:27.

Македонците од средината на првото полувреме ја преземаа контролата на резултатот и со серија од 6:0 поведоа со 10:5. Имаа пет разлика предност и при 13:8, за на пауза да се отиде со 13:9.

(фото: МИА)

Одбраната предводена од голманот Мартин Томовски не беше „порозна“ како во првите две кола, а нападот функционираше сосема солидно против фаворизираниот противник.

Во второто полувреме Швајцарците од 17:12 најпрво намалија на 17:15 во 38. минута, изедначија 23:23 во 51. минута, имаа и водство во последните пет минути, но нашите репрезентативци не се предадоа и заслужено дојдоа до триумфот.

(фото: МИА)

Томовски со 12 одбрани, Марко Митев и Никола Костески со по пет голови беа најефикасни во победничкиот состав.

Македонија со оваа победа заврши на третото место во групата и обезбеди место во носителите во мундијалските квалификации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.