Ракометарот на Бутел, Денис Тот починал по неколкучасовната борба за својот живот, објавуваат македонски медиуми.
Веста не е потврдена од Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување, каде што бил примен и му била укажувана потребната медицинска нега, но неофицијално хрватскиот ракометар не успеал да ја добие најважната битка.
Тот имаше 27 години и во Македонија играше веќе трета сезона. Оваа му беше прва во Бутел, а претходно две помина во Охрид. Потекнува од Ѓаково, а во кариерата имаше настапувано и за Адемар Леон, во шпанската лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.