Голманот на македонската ракометна репрезентација, Мартин Томовски, кој вчера имаше фантастично издание со 14 одбрани во дуелот против Словенија, порача дека клучно за успех против Црна Гора, во второто коло на Европското првенство, ќе биде да се коригираат недостатоците од воведниот натпревар.

И покрај поразот од Словенија, имавме многу позитивни моменти. Игравме побрзо и поубедливо, а одбраната беше на едно повисоко ниво. Денес е нов ден и ќе се обидеме да ги коригираме сите наши грешки и недостатоци. Верувам дека ќе се радуваме на победа против Црна Гора – најави Томовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.