На последните мечеви гледаме еден „нов“ Филип Талески.Веќе не се плаши да шутне, има поголема самодоверба а тоа призна и самиот тој по победата над Чешка.
Изгинавме за навивачите, Македонија го продолжува континуитетот да настапува на големите натпреварувања. Не постоеше страв, кога со Миркуловски влеговме во игра на крајот, бев сигурен во себе. Всушност, побарав од Кире да ме стави во игра на крајот и постигнавме гол. Потоа, Миркуловски со својата пожртвуваност додаде до Јагуриновски кој имаше одличен меч и Кузмановски погоди и го заврши својот перфектен меч. Верувавме во победа, знаевме дека нема да биде лесно, но хероите се познаваат кога е најтешко, – изјави Талески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.