Репрезентативниот бек, Филип Талески вели дека можеа да завршат добра и голема работа уште во Злин, но дека ја прокоцкаа во последните дваесетина минути.

Можевме и тука да завршиме добра работа, но прокоцкавме многу. Имавме контрола до 42, 43 минута. Квалитетна одбрана, сигурни во напад. Ги изненадивме на стартот во второто полувреме со брзите голови на почеток. Дури се свестија требаше уште малку да нагазиме за да завршиме голема работа тука. Но, што е тука. И ова реми пред натпревар да ни го дадеа ќе го прифатевме со задоволство. Ова ќе не држи свесни. Знаеме дека Чешка е квалитетен противник. Ќе не анализираат добро и имаат четири дена да се подготват за нас. Очекуваме уште подобра и поквалитетна игра од нив. Очекувам да променат нешто во одбраната за вториот меч. Во напад тоа е тоа од нив. Им недостигаат некои играчи поради повреда. Ние мора да се фокусираме на нашата игра. Не смееме да имаме падови како во второто полувреме. Ако играме како до 42. минута можеме да одиме на светско. Тажни сме бидејќи изгубивме победа и не смееме тоа да го дозволиме во Скопје. Знаеме што не чека во Скопје, полна сала и се надевам дека со поддршка на навивачите ќе се пласираме на Светско првенство, изјави Талески.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.