Кон крајот на годинава ќе се одржи ракометен спектал на кој ќе учестуваат актуелни и поранешни репрезентативци, најави Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Претседателот Живко Мукаетов најави пријателски натпревар меѓу поранешните репрезентативци на Македонија и актуелните репрезентативци во сениорската селекција.

Во тимот на поранешните репрезентативци ќе бидат оние кои беа дел од селекцијата од СП 2009 па наваму, но веќе се во играчка пензија и актуелните репрезентативци кои ќе се подготвуваат за настапот на СП.

РФМ со овој потег сака да им се заблагодари на некогашните репрезентативци за нивниот придонес во македонскиот дрес за целото ова време.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.