Наспроти информациите на клубот Бутел и хрватските медиуми дека ракометарот Денис Тот синоќа бил претепан во скопскиот клуб „Привилиџ“, сепак тој на скопската Клиника за реанимација, анестезија и интензивно лекување бил донесен без видливи знаци на насилство, но во критична состојба и без срцева акција, потврди за „Фокус“, директорката на КАРИЛ, доктор Маја Мојсова.

Ракометарот е во критична состојба. Слободно, можам да кажам дека се бориме за неговиот живот. Но, тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме се што можеме во моментот за да му го спасиме животот – вели доктор Мојсова во изјава за „Фокус“.

Претходно, од неговиот матичен клуб потврдиле дека е претепан, но не кажувале повеќе детали.

Дури, во медиумите излегоа информации дека тој на една од скопските клиники бил донесен со бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно дека бил удиран со тапи предмети, но и со раце и нозе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.