Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години ремизираше против Украина 23:23 на стартот на младинскиот ЕХФ шампионат што се одржува во Варна, Бугарија. Младите ракометари до ремито дојдоа со голот на Шулески во последните секунди од натпреварот.
Првото полувреме помина во изрманета игра на двете селекции, Украина најчесто ја имаше предноста од еден гол. Украина во еден момент имаше и предност од два гола (3:5) но Македонија успеа да израмни на 5:5 и 6:6, но на одмор се замина со резултат 9:10.
Во второто полувреме, Украинците подобро започнаа и поведоа со 10:12, но Иваноски и Тодески донесоа израмнување на 12:12. Потоа следеше лош период на македонските ракометари од 12 минути без постигнат гол што Украина го искористи за да направи предност од плус пет (13:18) во 45 минута.
Шулески со шест гола беше најдобар во македонскиот табор, Ивановски и Тодевски дадоа по пет, а по два имаа Белистојановски и Петковски.
Утре Македонија во второто коло ќе игра против Косово од 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.