Францускиот ракометен репрезентативец и член на ПСЖ, Елоим Пранди, ќе го пропушти претстојното Европско првенство (ЕП) во Унгарија и Словачка, откако бил прободен со нож во новогодишната ноќ во Париз.
Тој беше повикан на подготовките на „галските петли“, а денот одмор за прослава на новогодишната ноќ ја искористил да се забавува со пријателите, кога се случил инцидентот за кој полицијата не дава детали. Тој минатата ноќ ја минал во болница.
„Пранди беше жртва на насилнички напад минатата ноќ во Париз и се здоби со неколку убодни рани. Ракометарот е задржан во болница, но не се наоѓа во животна опасност“, објави ПСЖ.
Засега не е познато колку долго ќе отсуствува од терените, но речиси е сигурно дека нема да може да настапи за Франција на претстојното ЕП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.