Директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен ракометен репрезентативец  Наумче Мојсовски, денеска му додели посебна благодарница како признание за посебен придонес и афирмација на ракометот на Филип Миркуловски.

Миркуловски во неделата го одигра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација и си замина на најдобар можен начин, со победа над Чешка и пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.

Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, кој долги години беше клупски и репрезентативен колега со Миркуловски, имаше само пофални зборови за ракометната легенда.

За ракометарот нема последна игра. Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај! Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти! Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра! Ја однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја! Денеска во куќата на спортот му оддадовме признание за особен придонес за афирмација на ракометот . Ти благодариме!, објави АМС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.